Само еден ден по поразот од ПСЖ во Лигата на шампионите, во Барселона има простор за задоволство, но од друга причина. Клубот успеа да го задржи еден од најдобрите играчи во моментов. Станува збор за Френки де Јонг, кој стави крај на шпекулациите за неговата иднина, откако се согласи да потпише нов договор со „Каталонците“. Се е веќе договорено, а Холанѓанецот ќе потпише новдоговор со важност до 2029 година, што значи дека уште најмалку четири ...

Дефанзивецот на Јувентус, Хуан Кабал ќе отсуствува околу шест недели од терените. Колумбиецот се повреди на натпреварот против Виљареал во 2. коло од вкупната фаза на Лигата на шампионите (2:2) и беше заменет во 16. минута. Торинскиот клуб објави дека играчот претрпел умерена руптура на бицепс-феморис мускулот. Колумбиецот ќе биде надвор од терените приближно шест недели. Малку е веројатно дека ќе се врати на теренот пред натпреварот против ...

Фудбалерот на Ливерпул, Флоријан Вирц е на удар од јавноста и критичарите во Англија, откако регистрираше уште еден натпревар без гол или асистенција. Поранешниот играч на Ливерпул, Џејми Карагер исто така рече дека е време Германецот да остане на клупата некое време додека тимот не го пронајде ритамот и формата од минатата година. Сепак, постои еден параметар што стои во одбрана на Вирц. Имено, Вирц создал најмногу шанси за своите соиграчи ако ...

Легендарниот француски фудбалер Тјери Анри, го објасни поразот на Барселона од ПСЖ во 2. коло во Лигата на шампионите. Каталонскиот тим иако водеше, на крајот загуби 1-2 на домашен терен од актуелниот европски првак. Анри вели дека Барселона одиграла многу високо во одбраната, и затоа дошло до поразот. „Не можеш да играш во Лигата на шампионите со толку висока дефанзивна линија. Кога играш против добри тимови, те казнуваат за тоа, и токму тоа се ...

Поранешниот играч, а подоцна и тренер на Рома, Даниеле Де Роси постигна договор за целосно раскинување на договорот со „вочицата“, една година откако беше отпуштен од позицијата. Но, досега тимот од Рим продолжи да му исплаќа плата, со оглед дека имаше договор до 2027 година, а двете страни досега не постигнаа договор за неговот целосно раскинување. Сега елитните италијански медиуми тврдат дека Де Роси ќе прекине секаков однос со Рома, и со тоа ...

Манчестер Јунајтед го скратил списокот на менаџери, кои би можеле да го наследат Рубен Аморим на клупата на тимот од „Олд Трафорд“. Се сведува се на едно име, за кое Манчестер можеби ќе треба да плати и отштета. Станува збор за Оливер Гласнер, сегашниот менаџер на Кристал Палас, кој прави „џуда“ со оваа екипа, минатата сезона освојувајќи го ФА Купот и оваа сезона Лига Купот. Сепак, тој има важечки договор, и ќе мора да за него да се плаќа ...

Кошаркарската репрезентација на Србија доживеа срамна елиминација од Финска во 1/8 финалето на неодамна завршениот Евробаскет во Рига. „Орлите“ пристигнаа на континенталното првенство со огромни очекувања и важеа за прв фаворит на турнирот, но повредата на капитенот Богдан Богдановиќ во натпреварот од второто коло од групната фаза сè промени. Без својот лидер, Србија веќе беше елиминирана во раната фаза, а Богдановиќ го започна своето ...

Дефанзивецот на Ливерпул, Џовани Леони, е опериран откако ги скина вкрстените лигаменти. 18-годишниот Италијанец ја заработи повредата на 23 септември на натпреварот од англискиот Лига куп против Саутемптон (2-1), што беше негово деби за клубот. Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, изјави дека играчот би можел да ја пропушти сезоната. Леони дојде во Ливерпул од Парма во август оваа година. Договорот беше вреден 31 милион евра. Неговиот договор со ...

Бернардо Силва е во последната година од својот договор и како што стојат работите, ова ќе биде неговата последна сезона на „Етихад“. Долго време се шпекулираше дека Силва ќе биде како Де Брујн минатата сезона, при крајот на неговата неверојатна турнеја во Манчестер. Пристигна во летото 2017 година за 50.000.000 евра и се исплати секој цент. Тој ги освои сите можни трофеи, вклучувајќи шест титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите. Тој ...

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски, го објави списокот на фудбалери за престојните два квалификациски натпревари против Белгија на гости и Казахстан на домашен терен. Милевски во составот ги повика главно оние фудбалери кои беа во комбинација во досегашниот квалификациски циклус. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ ...

Благоја Милевски, селекторот на македонскиот национален тим ги објави имињата за престојните два квалификациски натпревари против Белгија и Казахастан. Потоа Милевски се осврна на списокот на повикани играчи, и на престојните два натпревари. „Идентичен е списокот како на последниот собир, освен Лирим Ќамили кој поради повреда нема да биде. Имаме двајца повратници во имињата на Ашковски и Давид Бабунски, и се надевам дека пред се сите ќе бидат ...

Барселона во официјално соопштение објави дека вториот домашен натпревар на тимот во Лигата на шампионите против Олимпијакос на 21 октомври исто така ќе биде преместен на Олимпискиот стадион „Олимписки Луис Компањас“ на Монжуик. Информацијата доаѓа само неколку часа откако Каталонците претрпеа пораз од Пари Сен Жермен во нивниот прв домашен натпревар во ЛШ доцна синоќа. Клубот конкретно изјави дека работата за враќање на „Камп Ноу“ продолжува и ...

Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски најде нов клупски ангажман, потпишувајќи договор со кој до крајот на оваа сезона ќе го води тимот на Етникос Ахнас. Станува збор за кипарски прволигаш што моментно се наоѓа на шестото место на табелата, а од Ангеловски ќе се очекува во наредниот период уште повеќе да се приближи до врвот. Етникос ќе биде четвртиот клупски предизвик во тренерската кариера на Ангеловски, откако тој имаше одлични ...

ПСЖ со одлично издание стигна до голема победа на гостувањето против Барселона, а играчите на европскиот првак по мечот не заборавија на провокациите што пред дуелот доаѓаа од главните играчи на каталонскиот гигант. Ламин Јамал беше нагласен во коментарите и објавите по социјалните мрежи, најавувајќи дека „ќе покаже дека е најдобар во светот“ откако ја загуби трката за „Златната топка“ од Дембеле, кој настапува за ПСЖ, но поради повреда не беше ...

Шкендија најавува максимална мотивираност на вечерашното гостување против Рајо Валјекано (18.45 часот) во првото коло од Конференциската лига на УЕФА, исторски прв меч на тетовскиот клуб во главната фаза од едно европско натпреварување. Ждрепката сакаше првиот меч за тетовци да биде и оној најтешкиот, ако се знае дека Рајо е дел од силната шпанска Ла Лига, а нашите клубови традиционално минуваат лошо против ривалите од Примера. Конкретно, ...

Раководството на Милан заврши одлична работа со доаѓањето на Лука Модриќ, а маестралните изданија на Хрватот придонесоа италијанскиот гигант уште сега да почне да кова план за нов ваков мегатрансфер за наредното лето. Роберт Левандовски е најновата желба на Милан, уште една фудбалска легенда пред крајот на својата кариера, но играч што исто како и Модриќ е беспрекорно физички подготвен што му овозможува се уште да игра на највисоко ниво. ...

Манчестер Сити не успеа да стигне до цел плен на гостувањето против Монако, освојувајќи само еден бод по голот на Дајер од пенал во 90. минута за конечни 2-2. Навивачите на англискиот гигант не го кријат незадоволството, особено од настапите на Бернардо Силва кој игра катастрофално во последната година од договорот со „граѓаните“. Бројките на Португалецот на мечот со Монако беа катастрофални, Силва доби само еден од петте дуели во кои влезе, ...

Томас Милер и официјално е најтрофеен германски фудбалер на сите времиња откако легендарниот офанзивец се закити со првиот пехар во дресот на Ванкнувер вајткепс. Милер и Ванкувер славеа со 4-2 во финалето на Купот на Канада и четврта година по ред го освоија овој трофеј. Милер во пресрет на финалето беше израмнет со пензионираниот Тони Крос со по 34 пехари на делба на врвот во оваа категорија во германскиот фудбал, а успехот со Ванкувер го ...

Кевин де Бруине јасно стави до знаење дека се целосно смирени страстите по малиот конфликт со Антонио Конте на дербито со Милан, откако Белгиецот повторно беше стартер против Спортинг Лисабон и токму по неговите две асистенции Расмус Хојлунд ги постигна головите за првата победа на Наполи во ЛШ сезонава. Белгиецот не го криеше задоволството од конечниот исход, а на новинарско прашање одговори и за ситуацијата со Конте, откако Де Бруине бурно ...

Ерлинг Халанд синоќа го одигра јубилејниот 50. натпревар во Лигата на Шампионите, на кој големиот ас постигна два гола за Манчестер Сити против Монако во ремито од 2-2. Норвежанецот игра неверојатно во ЛШ, па така по 50 одиграни средби во елитното натпреварување тој има просек поголем од еден гол по натпревар (52 гола на 50 меча). За бројките да бидат уште поимпресивни, Халанд самиот има дадено повеќе голови од девет клубови кои во првите свои ...

Луис Енрике уште еднаш ја демонстрираше својата тактичка генијалност откако и без четири клучни првотимци на ПСЖ успеа да стигне до триумф на гостувањето против Барселона. Шпанскиот стратег изненади на прес-конференцијата по натпреварот, изјавувајќи дека без оглед на исходот на синоќешниот дерби дуел, Барселона останува негов фаворит за трофејот во Лигата на Шампионите. „За мене нема дилема, Барселона е главниот фаворит за шампион сезонава. ...

Екипата на Пелистер синоќа го дозна и последниот ривал во групната фаза од ФИБА Европа купот во кој битолчани ќе ја бранат честа на македонската кошарка како единствен тим од мак-баскетот што ќе биде дел од европската кошаркарска сцена. Приевидза од Словачка ќе биде последниот член на групата Д каде што е сместен и Пелистер, заедно со екипите на Цедевита јуниор од Хрватска и Керавнос од Кипар. Предвидено беше дел од оваа група да биде и Левице ...

Нема дилема, најубавиот гол во второто коло е дело на Федерико Гати откако дефанзивецот на Јувентус постигна погодок за паметење на гостувањето против Вилјареал. „Старата дама“ беше во негатива од 1-0 кога на стартот од второто полувреме гостите изведоа аут, топката во мешаницата стигна до Гати, кој со неверојатен удар со ножички го матираше голманот на „жолтата подморница“. Фантастичиот погодок на Гати на „Ел Мадригал“ може да го погледнете на ...

ПСЖ е првиот тим во историјата што на три гостувања по ред излегува како победник против Барселона откако „светците“ вечерва по голема битка славеа над каталонскиот гигант со 1-2. Триумфот е уште посладок ако се знае дека францускиот тим настапи без речиси половина тим, но Луис Енрике сепак најде начин да го земе скалпот на својот поранешен клуб. Барса има за што да жали бидејќи имаше и водство од 1-0 преку Феран Торес и го диктираше темпото, но ...

Фенербахче труимфално ја почна новата евролигашка сезона, славејќи над Париз со 96-77 за победнички старт на одбраната на титулата освоена пред неколку месеци. Гостите од Франција парираа повеќе од едно полувреме, но турскиот гигант покажа квалитет во клучните моменти, успеа да се одлепи и потоа да слави со убедливи „плус 19 поени“. Хол беше одличен со 22 поени, а 20 поени реализираше новиот Американец Хортон Такер, додека прв стрелец на Париз ...

Филип Кузмановски не го криеше разочарувањето по поразот во дербито со Вардар, по кој Пелистер сега има три бода заостанување во однос на вечниот ривал. Капитенот на „пелистерци“ беше брутално искрен по завршувањето на натпреварот, вината за конечниот исход лоцирајќи ја исклучиво во сопствените редови. „Ни се повторуваат истите грешки. Бевме мотивирани максимално, добро го познаваме противникот, ги победивме мечевите пред стартот на сезоната, ...

Вечното дерби мина во спортска битка на теренот, но за жал мега-дуелот имаше и темна страна – поради однесувањето на навивачите. „Чкембари“ веднаш по влегувањето во салата направија огромен инцидент фрлајќи запален факел кон соседната трибина поради што битолчани подоца беа отстранети од арената, а до голем инцидент дојде и по завршувањето на мечот во „Јане Сандански“ откако гостинските ракометари беа нападнати додека се движеа кон ...

Алекса Аврамовиќ поради повреда го пропушти триумфот на Дубаи над неговиот поранешен клуб Партизан, но не станува збор за повредата од Евробаскет 2025 туку за сосема нов проблем што воопшто не е наивен. Како што информира добро упатениот новинар Един Авдиќ, Аврамовиќ го очекува пауза од околу два месеци откако бил повреден – од клупскиот физиотерапевт на Дубаи. „Она што јас го знам дека Алекса ќе паузира меѓу два и три месеци. Го повредил ...

Кошаркарите на Жалгирис како гости го приредија најголемото изненадување во првото коло од Евролигата откако го совладаа тимот на Монако со резултат 84-89. Литванскиот гигант одигра маестрален меч во кој имаше целосна котнрола над резултатот и заслужено стигна до триумф, не дозволувајќи актуелниот европски вицепрвак победнички да ја стартува новата сезона. Жалгирис играше како по ноти во голем дел од мечот, што придонесе на три минути до крајот ...

Вардар по четири порази во низа конечно го најде лекот за Е. Пелистер, по голема битка совладувајќи го вечниот ривал со 31-28, прва победа за Иван Чупиќ против битолчани по доаѓањето на хрватскиот стратег на клупата на „црвено-црните“. Вардар покажа сила и карактер кога беше најважно, различни играчи преземаа одговорност во различни делови од мечот, а кога беше најважно блеснаа голманот Валач и Филип Талески, кои ставија печат на заслужениот ...

weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
86%
1017
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
78%
1018
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
73%
1016
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.0
89%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
88%
1018
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
5.14
83%
1011
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
72%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
82%
1013
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
88%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
2.06
88%
1017
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
11.32
100%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
76%
1013
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1533

Currency

38.273

Currency

65.8934

Currency

7.48586

Currency

0.68919

Currency

0.34063

Currency

0.5251

Currency

1.24455

Currency

0.58842

Кобалт

58.42

Сребро

1876.20

Калај

40.49

Паладиум

46361.38

Никел

473258.99

Бакар

10.96

Цинк

3.22

Платина

52864.82

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Злато

134976.58

Родиум

255598.44