Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, отворено призна дека повеќето натпревари од Премиерлигата повеќе не се чисто фудбалско уживање за него. Холанѓанецот верува дека тимовите станале премногу зависни од прекини и дека ритамот на играта е сè понестабилен како резултат на тоа. Тој кажа дека Премиерлигата е исклучително натпреварување, но дека естетиката на играта се променила. „Мислам дека прекините од корнер се најмногу изразени тука во Англија. ...

Шкендија ја продолжи победничката серија во ПМФЛ, откако во 20. коло на свој терен денеска ја совлада екипата на Пелистер со 2:1. Херој на тетовци беше искусниот Бесарт Ибраими, кој после негативата, постигна два гола, и така донесе три бода за тетовските „црвено-црни“. Уште во 7. минута Спировски донесе предност за Пелистер. Откако по нафрлена топка од корнер, Спировски се најде на вистинско место, и успеа да го совлада Гаје. Голот беше ...

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК гостуваше едно од најголемото имиња на македонскиот спорт во историјата, Владо Илиевски. Но, Илиевски и дефинитивно не е само спортска икона на Македонија, туку пред се и човек со огромно срце, хуманитарец кој долго време е вклучен во бројни хуманитарни мисии како почесен амбасадор на Меѓународниот сојуз за цивилно општество. Сето тоа, како начин за поддршка на лица на кои им е ...

Селекторот на женската сениорска репрезентација, Александар Ашаданов, го објави поширокиот список на кошаркарки на кои ќе смета за претстојните натпревари во рамките на вториот квалификациски ФИБА „прозорец“ за Евробаскетот во 2027 година. Согласно со планираните активности, нашите најдобри кошаркарки ќе тренираат во Скопје, Првиот собир е закажан за 7. март (сабота) со почеток во 18.30. часот, во салата „Градски парк“ во Скопје. Во вториот ...

По првото полувреме на последниот меч од 20. коло во Првата лига, во Тетово Шкендија и Пелистер играат 1:1. Во седмата минута Стефан Спировски донесе шокантна предност за Пелистер. По изведен корнер, топката стигна со Спировски, кој од 2-3 метри ја спроведе во голот. Иако голот првично беше поништен поради осфсајд, сепак, ВАР собата сигнализираше дека голот е чист, односно дека Мурати задоцнил со излегувањето, и така голот беше признат. ...

Се играше 26. коло од германската Трета лига кога домаќинот Швајнфурт го пречека тимот на Сарбрикен. Мечот заврши 2-2, откако домашниот тим „прокоцка“ предност од 2-0, па во финишот гостите мораа да се спасуваат. Меѓутоа пред тие два гола е видено едно од најголемите промашувања можеби и во историјата на фудбалот. Гостинскиот играл Доминик Бауман при 2-0 за домашните, можеше да намали, меѓутоа неразбирливо е како играчот на гостите го промаши ...

Шкендија има негатива од 0-1 од 7. минута, откако Стефан Спировски успеа да донесе водство за Пелистер на ова тешко гостување. Гостите од Битола го изведоа вториот корнер, а топката се одби од Ајетовиќ, стигна до Спировски, и овој стрела во мрежата. Иако судиите првично досудија офсајд, сепак, по преглед на ВАР снимката, одлучено е голот да важи, со оглед дека топката од Ајетовиќ дојде до играчот на гостите. Веднаш после голот, Љатифи ја ...

Борусија Дортмунд во финишот на сезоната во Бундеслигата ќе биде без услугите на капитенот Емре Џан. Дефанзивецот на дулеот со Баерн Минхен ги скина лигаментите на левото колено, и поради тоа ќе паузира долго време, потврди неговиот клуб. Џан само што се врати на терените отсуствувајќи поради повреда, го чека нова долга пауза. „Повредата на Емре е исклучително тешка. Не само за него, туку за сите нас. Тој е наш капитен, секогаш го става тимот ...

Победата на Ал Наср на гости против Ал Фајха со 3-1, беше во сенка на повредата на првата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо кој го напушти теренот во 81. минута поради повреда, а тоа веднаш предизвика тревога не само во неговиот клуб, туку и во цела Португалија. Роналдо го напушти теренот со болна гримаса, а не е познато колку ќе паузура светската „ѕвезда“. Со оглед дека до почетокот на Мундијалот има уште три месеци, тогаш и оправдано е ...

Македонската женска ракометна репрезентација, ги почна подготовките за натпреварот во рамките од квалификациите за пласман на ЕП 2026 година и мечевите против Белгија. Првиот меч со Белгија ќе се одигра на 4. март на гости, додека вториот дуел се игра во сабота во Куманово. Селекторот Кристијан Грчевски за овие два меча повика 20 ракометарки за овие два предизвици. Девојките досега се со скор од два порази во два натпревари од Германија и од ...

Четири гостински победи остварија екипите кои се на делба на првото место во Првата македонска лига, што од друга страна значи дека нема промени на првенствената табела… ТОП 8 ВАРДАР – БОРЕЦ БАСКЕТ 70:95 По релативно изедначениот прв период, велешани направија висока предност во вториот. Десет минути во кои реализираа парцијално (20-6). за водство (47:28), кое на крајот им беше доволно за успех на ова гостување. Најискусниот во нивните ...

Вардар утревечер ќе го игра клучниот дуел од втората фаза од ЕХФ Лигата на Европа, на кој триумф над Бенфика ќе значи и пласман во нокаут рундата од ова европско натпреварување. Сите во таборот на „црвено-црните“ се максимално мотивирани, но тренерот Чупиќ се соочува со проблем, Јака Малус се жали на повреда и неговиот настап на утрешниот меч со Бенфика е сериозно доведен во прашање. „Јака денеска нема да тренира и дури утре ќе видиме дали ќе ...

Фудбалерите на Пелистер заминаа за Тетово еден ден пред дуелот со Шкендија, настојувајќи во мечот да влезат максимално подготвени и да го дадат својот максимум. Битолскиот клуб имаше лош прв дел од сезоната, но во Битола одигра нерешено 0:0, со претендентот за шампионскиот наслов во државното првенство. “Шкендија има одличен тим, ростер за респект, солидна клупа и играат на меѓународната сцена. Ние немаме што да загубиме, имаме неколку добри ...

Двократниот европски шампион Вардар утре на домашен терен ја пречекува Бенфика во клучниот натпревар за освојување на второто место во главната групна фаза во второто по ранг натпреварување на стариот континент, Лигата на Европа. Тренерот на „црвено-црните“ Иван Чупиќ говореше за тоа што го очекува неговиот тим утре. „Две работи се во игра. Се надевам дека ќе ја наполниме салата и ќе имаме убава вечер и дека ќе запишеме победа со која би ...

Двократниот европски шампион Вардар утре на домашен терен ја пречекува Бенфика во клучниот натпревар за освојување на второто место во главната групна фаза во второто по ранг натпреварување на стариот континент, Лигата на Европа. Пред утрешниот натпревар на официјалната прес-конференција говореше и Урош Митровиќ кој даде свое мислење за утрешниот меч… „Ни останаа должни по првиот меч и тоа ќе го покажеме утре. Утре ќе дадеме се од себе на ...

Во просториите на Спортската Сала во Куманово викендов се одржа годинешното собрание на ОФС Куманово каде присуствуваше и Стојче Атанасовски шефот на кабинетот на претседателот на ФФМ. Претседателот на ОФС Куманово Александар Маневски ги поздрави присутните и го презентираше извештајот за работа ОФС Куманово за 2025 година . Од позначајните точки што беа усвоени на собранието се: Финансискиот извештај за работата на ОФС Куманово и ...

Алисон Бекер ќе продолжи да го брани голот на Ливерпул и во следната сезона откако управата на клубот решила да ја активира клаузулата за продолжување на соработката уште една сезона. Договорот на Бразилецот истекува на 30 јуни годинава, но неговите одлични партии само ја зацврстија одлуката на Арне Слот и на клупските директори, клаузулата за автоматско продолжување што може да ја активира клубот веднаш да стапи во сила. За ова биле ...

Микел Артета не го криеше задоволството откако Арсенал славеше на градското дерби со Челси, со што „топчиите“ ја задржаа предноста што ја имаат во однос на Манчестер Сити во трката за титулата. Салиба и Тимбер ги постигнаа головите за победа, но Артета по мечот главната благодарност му ја упати на голманот Давид Раја, за наверојатната интервенција во судиското продолжение кога по центаршутот на Гарначо топката не закачи никого и одеше кон ...

Македонската кошаркарска репрезентација денеска со почеток во 17 часот ќе гостува на селекцијата на Азербејџан во Баку, во обид да стигне до четвртата победа во низа во претквалификациите за Евробаскет 2029. Апсолутно е јасно, Македонија важи за голем фаворит против ривалот што пред неколку месеци го совладавме со 87-49 во Скопје, но новиот селектор Берокал јасно стави до знаење дека покрај резултатот акцент ќе стави и на играта, се со цел ...

Големо задоволство владее во таборот на Јувентус откако „старата дама“ со фантастичен камбек се врати од два гола негатива и ремизираше 3-3 на гостувањето против Рома. Ова беше директен дуел за четвртото место на табелата кое води во ЛШ, „црно-белите“ од Торино се повеќе заостануваат по слабите резултати во последно време, но Федерико Гати, кој го постигна израмнувачкиот погодок во судиското продолжение, верува дека токму со овој покажан ...

Лука Дончиќ блескаше во дресот на ЛА Лејкерс во убедливата победа над Сакраменто, а мотив плус за Словенецот беше што во првите редови од трибините забележа добро позната „фаца“. Новак Ѓоковиќ дојде во САД за претстојниот турнир во Индијан Велс, а српскиот тенисер искористи дел од времето за да проследи и меч во НБА-лигата, токму на Ел-еј лејкерс. Дончиќ не го криеше воодушевувањето што повторно го виде спортскиот великан во живо, со кого си ...

Марио Илиевски го постигна најубавиот погодок во досегашниот дел од кариерата по ремек-делото на македонскиот репрезентативец на големото косовско дерби меѓу Приштина и Дрита. Резултатот гласеше 0-0 до пред самиот крај на полувремето кога Илиевски стапи на сцена, и со фантастичен удар од речиси половина терен го матираше противничкиот голман. Тоа за жал не беше доволно за триумф бидејќи Дрита во второто полувреме израмни на 1-1, но нема ...

Лео Меси блесна во сиот свој сјај, носејќи голем пресврт и победа на Интер Мајами на гостувањето против Орландо (2-4) во рамките од МЛС-лигата. Орландо неочекувано по 25 минути игра водеше со 2-0, но тоа беше знак за Меси да ги преземе работите во свои раце. Силвети го псотигна првиот погодок за Интер Мајами, по што Лео стрелаше прецизно од дваесетина метри, вистинско ремек-дело за неговиот прв гол на официјалните средби во 2026 година. ...

Денвер нагетс се најде во незгодна ситуација во важен дел од сезоната, откако загуби на домашен терен од Минесота со 108-117 и веќе не се наоѓа меѓу Топ 4 екипите во Западната конференција. Јокиќ и Мареј повторно немаа соодветна помош од соиграчите, што беше главна причина за да се забележи третиот пораз на последните четири средби. Јокиќ издоминира против Гобер со 35 поени, 13 скокови и 9 асистенции, Мареј имаше 25 поени за Денвер, но и тоа ...

Резултатската криза на Олимпик Марсеј барем за момент е прекината откако оваа екипа славеше на дербито со Лион со 3-2, прекинувајќи ја серијата од четири кола без триумф во францускиот шампионат. Новиот тренер Беје дебитираше со пораз минатиот викенд, но овојпат мора да биде горд на своите избраници кои стигнаа до трите бода иако се најдоа во негатива од 0-1 и од 1-2. Клучно за домаќините се покажа влегувањето на Паишао на самиот старт од ...

Рома и Јувентус одиграа дерби за паметење што изобилуваше со прекрасни погодоци и интересни моменти, како одговор на сите критичари кои ја нарекуваат италијанската лига „најздодевна во големата петорка“. Римјаните имаат за што да жалат, водеа со 3-1 и делуваа во целосна контрола, но падот на концентрација во завршните 20 минути им овозможи на гостите од Торино да се вратат и со гол во судиското продолжение да стигнат до бод (3-3). Бразилецот ...

Сан Антонио делуваше незапирливо во изминатиот месец во кој спарси врзаа 11 победи, но оваа серија им беше прекината вечерва, со убедливиот пораз од 114-89 на гостувањето против Њујорк. Пресудна се покажа неверојатната серија од 26-2 што домашниот тим ја направи на крајот од првата и почетокот од втората четтвртина, стигнувајќи до предност од над 20 поени. Сан Антонио се обиде да се врати, но никси беа на висина на задачата и не дозволија ...

Ракометарите на Куманово со моќно издание и убедлива победа од 30-20 над Струга направија значаен чекор кон обезбедување на опстанок во елитното македонско ракометно друштво. Радовиш е веќе испаднат, а токму овие два тима ќе водат битка за избегнување на претпоследното место кое значи бараж за опстанок. Сепак, кумановци со денешната игра покажаа дека се доминантни во однос на Струга, не дозволувајќи победата во ниту еден момент да биде ...

Бетис и Севилја ремизираа 2-2 во големото градско дерби одиграно вечерва, исход од кој далеку поразочарани ќе бидат домашните фудбалери. Имено, дуелот почна одлично за Бетис, откако Антони блесна во сиот свој сјај и со ножички го доведе домашниот тим во водство во 16. минута. Кога Фидалго погоди за 2-0 во 37. минута се чинеше дека домаќинот ќе се радува на трите бода, но фудбалерите на Севилја имаа поинакви планови. Санчез стрелаше прецизно ...

Маџари успеа да договори уште еден трансфер со која најпријатното изненадување во досегашниот дел од сезоната дополнително добива на квалитет во пресрет на клучните битки. Србинот Јован Савиќ е ново име во тимот на тренерот Тодоровиќ, откако овој кошаркар го стави потписот на договорот со Маџари, со важност до крајот на сезонава. Савиќ ќе ги покрие позициите четири и пет во тимот на Маџари и се очекува да биде од голема помош во борбата под ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
7.2
64%
1015
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
46%
1014
weather icon

Загреб

23ᴼ / 20ᴼ
1.54
44%
1015
weather icon

Софија

19ᴼ / 18ᴼ
1.03
45%
1015
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.46
45%
1013
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 19ᴼ
1.54
50%
1015
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
4.92
50%
1017
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
52%
1013
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
45%
1013
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
2.68
43%
1014
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
1.54
46%
1014
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
4.63
49%
1017
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

37.9669

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Сребро

2583.47

Иридиум

253540.09

Платина

66101.93

Кобалт

45.39

Паладиум

48065.37

Злато

151875.00

Алуминиум

3.50

Родиум

319899.93

Калај

54.78

Цинк

0.00

Бакар

12.64

Рутениум

51376.89