Белград
6ᴼ /
5ᴼ
Никаде на друго место во Македонија добитен тикет во следните 3 дена не може да ти донесе и уште 1000 евра дополнително освен во Златна Копачка! Од денес па се до четврток, се бара мајсторот кој ќе има најмногу погодени парови на добитен тикет и освен добивката, ќе освои и 1000 евра. Како? Многу едноставно. Следи ги овие лесни 4 правила, играј во Златна Копачка и награди го својот победнички дух. Не ја пропуштај оваа можност бидејќи секој тикет ...
Фудбалерите на Еуромилк од Горно Лисиче забележa четири победи во новото првенство на Третата лига-север и се цврсто решени да се вратат во Втората лига. Да потсетиме, една сезона беа и прволигаши. Трета лига – север 4 коло Еуромилк – Отља 6-0 БВК Камењане – Башкими Љуботен 6-1 Беса Сарај – Аеродром 1-1 Ржаничино – Лопате 2-1 Беса Слупчане – Кадино 4-2 Куманово – Фортуна 1-1 Пчиња – Студеничани 2-0 На табелата води Еуромилк со 12 бода. Трета ...
Од претставниците на Фудбалската федерација на Македонија во комисиите на УЕФА најтешка задача во натпреварите во европските купови што ќе се одиграат неделава му е доверена на Роберт Марковиќ, комесар за безбедност и интегритет во ФФМ. Тој ќе се грижи за безбедноста на мечот во второто коло во групната фаза во Лига на Европа меѓу Макаби Тел Авив од Израел и Динамо од Загреб што ќе се одигра на 2 октомври на стадионот во Бачка Паланка во Србија. ...
Јирген Клоп одлучи да направи пауза од тренерската работа и стана директор за спортски операции во Ред Бул, но нема недостаток од покани. Според медиумите од Саудиска Арабија, Ал Итихад го насочил вниманието кон германскиот стручњак, откако се раздели со Лоран Блан. Французинот ја освои двојната круна минатата сезона, но по слабиот старт во новата сезона, тоа не му помогнапремногу. Се додава дека приоритетна цел е Клоп, иако прашањето е дали ќе ...
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, изјави дека на англискиот клуб му се потребни големи промени и додаде дека не го препознава клубот каде што играл. Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се на 14. место на табелата во Премиерлигата со седум бода. Англискиот клуб ја освои последната титула пред 12 години кога Руни го носеше дресот на клубот од „Олд трафорд“. „Едноставно не знам што се случува. Се обидов да бидам менаџер и не ...
Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија Кристијан Грчевски го објави поширокиот список на ракометарки повикани за подготовка и настап за претстојните квалификациски натпревари со репрезентацијата на Германија и Словенија во рамки на квалификациите за пласман на ЕП 2026 година. Во овој прозорец Македонија нема да смета на својот прв голман, Јован Мицевска. Сениорките прво ќе оддиграат натпревар против селекцијата ...
Верувале или не Виктор Вембанјама продолжува да расте. За време на медиумскиот ден пред почетокот на новата НБА сезона, центарот на Сан Антонио спарс официјално беше висок 2 метри и 23,5 сантиметри. А тоа е за 2,5 сантиметри повеќе во споредба со истиот период минатата година. Дури и минатата сезона, Спарс веруваше дека неговото тело сè уште се развива, а сега, на 21 година, е значително повисок. Тренерот на Спарс потврди дека Вембанјама добил ...
На Светското првенство за играчи до 20 години во Чиле, беше воведено ново правило – зелениот картон. За прв пат беше употребен на натпреварот помеѓу Мароко и Шпанија, кога селекторот на Мароко Мохамед Уаби побара да се провери досуден пенал. По прегледувањето на снимката, одлуката беше поништена, а Шпанецот беше казнет за симулирање. Мароко победи со 2-0. Селекторите и капитените можат да побараат од судијата еднаш во секое полувреме да ја ...
Поранешниот македонски репрезентативец, едно од најславните домашни кошаркарски имиња Ѓорѓе Војновиќ кариерата ја почна во дресот на Работнички, тим за кој имаше бројни блескави партии. Во подкастот „ПРЕСИНГ“ открива и една досега нераскажана приказна – како кошаркарите на Работнички едвај успеале да побегнат од Сараево, само неколку часа пред почетокот на братоубиствената војна во Босна и Херцеговина во 1992 година, во последната ...
Хулијан Алварез го игра убедливо најдобриот фудбал во кариерата во тимот на Атлетико Мадрид. Аргентинецот беше лично пофален од Диего Симеоне, а логично е дека постои интерес за Алварез. Сепак, од тимот од главниот град на Шпанија, велат дека Аргентинецот е недопирлив. Ако сака да си замине, ќе мора да тимот што ќе го купи да стави многу пари на сметката на клубот од „Метрополитен“. Барселона би сакала да го купи, но во моментов тоа се чини како ...
Душан Алимпијевиќ е пред назначување за нов селектор на српската кошаркарска репрезентација. Според најавите, Алимпијевиќ ќе присуствува на седницата на КСС закажана за 30 септември и официјално ќе ја преземе тренерската функција што ја водеше Светислав Пешиќ, кој официјално го заврши својот мандат на клупата на репрезентацијата. Алимпијевиќ моментално е тренер на Бешикташ, тим кој се натпреварува во Еврокупот, па претстојните рокови во ...
Уго Екитике го пропушти натпреварот на Ливерпул против Кристал Палас, а причината беше бизарниот црвен картон што го доби на натпреварот од Лига купот. Екитике го постигна она што се покажа како победнички гол на „црвените“ против Саутемптон во Лига купот, а потоа доби исклучително неодговорен црвен картон. Францускиот напаѓач доби жолт картон, а потоа, прославувајќи го голот, го соблече дресот и заработи втор жолт, автоматски и црвен картон. ...
Денвер Нагетс ги започнаа подготовките за новата НБА сезона. Традиционално првиот ден е посветен за медиумите пред кои и овој пат говореше најголемата ѕвезда на тимот, Никола Јокиќ. Со оглед на тоа што договорот на српската ѕвезда истекува во 2027 година се појавија разни гласини за негово заминување од Денвер и преселба во Лос Анџелес каде би создал застрашувачки тандем со Лука Дончиќ, но според неговата последна изјава шансите тоа да се случи ...
Флоријан Вирц минатото лето се одлучи да ја промени средината и ја одбра понудата на Ливерпул каде реализираше трансфер вреден 116 милиони евра. Очекувањата за младиот Германец се огромни на „Енфилд“ особено по рекордната сума издвоена за негов ангажман, но засега кариерата во „црвениот“ дрес не му оди во најдобар можен правец. Вирц се уште се бара во Премиерлигата, често на штета на неговите соиграчи па засега нема одиграно ниту еден целосен ...
Лацио стави крај на серијата од два порази во низа во Серија А и воедно стигна до втората победа во сезоната откако во 5. коло славеше на гостувањето кај Џенова со убедливи 0-3. Канцелиери во 4. минута донесе гостинска предноста, а со голот на Кастеланос во 30. минута резултатот гласеше 0-2. Закагњи го постави конечниот резултат со гол во 63. минута. Si rialza la @OfficialSSLazio e lo fa alla grande a Marassi! ✅#GenoaLazio ...
Евертон и Вест Хем Јунајтед ремизираа со 1-1 во последниот натпревар од 6. коло во Премиерлигата, натпревар кој го означи дебито на Нуно Еспирито Санто на клупата на „чекичарите“. Кин во 18. минута донесе предност за Евертон, а домаќините истата ја задржаа до 65. минута кога Бовен изедначи на 1-1 поставувајќи го конечниот резултат. Со осмиот освен бод во сезоната Евертон е на деветтата позиција на табелата, додека Вест Хем и понатаму е во зоната ...
Лука Миторвиќ, српскиот центар кој претходната сезона ја помина во редовите на Црвена Звезда е блиску до нов ангажман во кариерата и потшис со евролигашот Макаби Тел Авив, пренесуваат израелските медиуми. Преговорите се во завршна фаза и наскоро се очекува потпис на повеќегодишен договор помеѓу евролигашот и искусниот 32-годишник кој би бил вториот Србин во тимот по Урош Трифуновиќ. За Митровиќ тоа ќе биде втор мандат во Израел откако претходно ...
Кошаркарската федерација на Македонија преку соопштение му одговори на Кошаркарскиот клуб Кожув во врска со случувањата пред натпреварот од Суперкупот на Македонија кога на гевгелиските навивачи не им беше дозволено да присустуваат на средбата во главниот град. КФМ се огради од одговорност велејќи дека и покрај тоа што не биле запазени препозициите (пријава на навивачка група најдоцна 72 часа пред почетокот на натпреварот) биле направени напори ...
Дани Алвес, легендарниот бразилски фудбалер пред самиот крај на пребогатата кариера го потресе голем скандал за силување во ноќен клуб во Барселона поради кој помина и неколку години во затвор. Беше прогласен и за виновен, но подоцна неговата казна беше поништена од страна на Апелацискиот суд. Поради скандалот Алвеш остана без семејството и финансиите соочувајќи се речиси сам до проблемите. Сега откри интересна приказна за единствениот човек кој ...
Денвер Нагетс и официјално ги започна подготовките за новата НБА сезона во која со оглед на новите засилувања во тимот ќе биде еден од претендентите за титула. Но, голем проблем за франшизата од Колорадо овој пат може да биде Никола Јокиќ кој се претстави во непретпознатливо светло пред американските медиуми на денешниот тренинг на тимот. Јасно е дека репрезентативецот на Србија кој беше дел Евробаскетот има доволно време да се врати во форма, ...
Фудбалерот на Реал Мадрид, Федерико Валверде изрази големо незадоволство од сопствената игра по дебаклот од градскиот ривал Атлетико кој во првото мадридско дерби оваа сезона славеше со преубедливи 5-2. Ѕвездата на „кралевите“ имаше феноменална мината сезона, но не успеа да ја преслика играта и под водство на новиот тренер Чаби Алонсо по што вели дека е фрустриран. „Фрустриран сум. Свесен сум како играм. Секој фудбалер знае кога не игра како што ...
ЕКИПА како специјализиран портал кој повеќе од една деценија информира за македонскиот спорт, воден од интенцијата за нова посериозна промоција на македонскиот спорт, реализира нов проект во медиумскиот простор во Македонија – специјализиран спортски подкаст „ПРЕСИНГ“. Проект кој е наменет за навраќање на спомените од минатото, анализа на актуелните состојби во мак-спортот, како и размена на предлози и визии за негов развој во иднина. И сето ...
Почетокот на новата сезона во Евролигата за Црвена Звезда носи домашен натпревар против Милано за кое тренерот Јанис Сферопулос нема да може да смета на четири кошаркари. Дел од составот нема да бидат Урош Плавшиќ, капитенот Огњен Добриќ, новајлијата Девонте Грем и искусниот Ајзеа Кенан кој заработи тешка повреда на предните вкрстени лигаменти пред само неколку дена. Грем би требало да биде достапен за второто коло, додека Добриќ кој се уште се ...
Шпанија е во тага по ужасната вест за смртта на 19-годишниот голман Раул Рамирез. Рамирез заработи тешки повреди на главата за време на меч за неговиот тим Депортиво Колиндрес проитв Ревиља во рамките од четвртата шпанска лига. Голманот беше пренесен веднаш во болница, каде им подлегнал на повредите. Сите тимови, меѓу кои и Реал Мадрид изрази жалење за оваа голема загуба. El Real Madrid, su presidente y su Junta Directiva lamentan profundamente ...
Англискиот тим Манчестер Сити е заинтересиран за потпис на играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Александар Павловиќ. 21-годишниот дефанзивен играч од средниот ред на Баерн Минхен се разгледува како опција за Родри, кој во последно време се почесто е повреден. Тренерот на „Граѓаните“ Пеп Гвардиола е импресиониран од игрите на младиот играч. Сити планира да одвои околу 50 милиони евра за неговите услуги, но се чини дека тоа нема да биде ...
Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо не го смета долгиот лет на Реал Мадрид до Казахстан за изговор при евентуален неуспех на утрешниот меч. Во вторник, Реал Мадрид ќе игра на гостински терен против Каират во второто коло од Лигата на шампионите. Летот од Мадрид до Алмати наводно траел седум часа. „Треба да се адаптираме. Малку го променивме нашиот вообичаен прирачник, но во фудбалот, најпаметните тимови се оние кои најдобро се адаптираат. Ова е ...
Во вториот дел натпреварот помеѓу Башкими и Вардар кој се игра во Куманово, беше во неколкуминутен прекин. Причината за тоа е што навивач од трибината падна на теренот, и се здоби со повреди. За среќа, брзата интервенција на медицинските лица спречија голема несреќа. Младиот фан е добра здравствена состојба, информираат од Башкими. „Драги родители, навивачи и пријатели на клубот. За време на денешниот натпревар против Вардар имаше инцидент со ...
Во организација на Судиската комисија при македонската кошаракарска федерација изминатиот викенд во Скопје се одржа претсезонскиот семинар за кошаркарски судии, делегати и контролори. Настанот го проследија околу 70 судии и 40 делегати и контролори, што претставува значаен одзив и потврда за сериозниот пристап кон подготовките за новата натпреварувачка сезона. Забележително беше и присуството на сосем нови 12 кандидати за судии кои го проследија ...
Кошаркаскиот клуб Кожув реагира откако вчера автобусот со нивни навивачи беше вратен назад и не им беше дозволено присуство на натпреварот во Супер-Купот против МЗТ кој се играше во Кале. Од тимот од Гевгелија велат дека присуството на фановите било уредно пријавено од страна на клубот, и дека сакале само да создадат спортска атмосфера. „Во врска со случувањата пред натпреварот од Суперкупот на Македонија, сакаме да ја информираме јавноста дека ...
Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри, се жали на болка во истото колено на кое имаше операција на скинати предни вкрстени лигаменти минатата сезона, што го става во прашање неговото патување во Монако во Лигата на шампионите. Минатогодишниот освојувач на Златната топка ја пропушти победата на Сити од 5-1 во Премиер лигата над Барнли во саботата откако почувствува болка по тренингот во петокот. „Тој рече: „Не можам да играм, имам ...