Белград
6ᴼ /
5ᴼ
По Партизан, и вториот српски претставник во Евролигата екипата на Црвена Звезда е поразена во првото коло од најелитното европско клупско натпреварување. Италијанскиот тим на крајот славеше во Белградска арена со 92-82, и со тоа кошаркарите на Армани му подарија на својот тренер Еторе Месина победа за својот роденден. Впечатокот е дека индивидуалниот квалитет на Армани на крајот преовлада на страната на гостите, како и фактот дека Звезда играше ...
Панатинаикос го доби првиот натпревар од Евролигата сезонава, откако на домашен терен во Атина го совлада составот на Баерн Минхен со 87-79. Дуелот го одбележа дебито на Ти-Џеј Шортс за „зелено-белите“ во најелитното европско клупско натпреварување, но ќе има меч за заборав, со оглед дека за нешто повеќе од 10 минути минати на теренот, не постигна ниту еден поен за својот нов тим. Затоа Нан имаше „симултанка“ и беше далеку најефикасен за ...
Кошаркарите на Реал Мадрид се поразени на стартот од Евролигата, откако изненадувачки загубија од Виртус Болоња со 74-68. „Кралевите“ имаа предност по првата четвртина, и се чинеше дека го имаат мечот под контрола. Меѓутоа Болоња со импресивен втор период, замина на полувреме со предност. Домашниот тим во ниту еден момент не дозволи во второто полувреме да има противникот предност, одлично се бранеше и на крајот успеа да слави триумф. Едвардс со ...
Екипата на Валенсија претрпе шокантен пораз на домашен терен од Овиедо, во последниот натпревар од 7. коло во шпанската Ла Лига. Овој меч требаше да се одигра вчера, но поради обилните дождови, се одложи за денеска. Столе Димитривски повторно беше на клупата, а неговиот соиграч прими два гола во финишот од средбата. Шокот за Валенсија е уште поголем ако се има во предвид дека при водство од 1-0, промаши пенал и шанса да го дуплира водството. ...
Кошаркарите на Анадолу Ефес со 85-78 го совладаа тимот на Макаби и така имаа успешен старт на отворањето на новата сезона во Евролигата. Турскиот тим кој играше како домаќин во Подгорица, на крајот славеше триумф, и покрај тоа што имаше доста проблеми во текот на мечот, особено во првото полувреме, кога на паузата Макаби замина со предност. Сепак, во вториот дел Ефес направи пресврт и успеа да го добие натпреварот. Лојд и Смитс со по 16 поени ...
Најтрофејниот тим во Лигата на шампионите, Реал Мадрид немаше проблеми на гостувањето во Казахстан кај дебитантот Каират Алмати. Одбраната на казахстанската екипа немаше одговор за Килијан Мбапе, кој постигна три гола во победата од 0-5 на „кралевите“. Првиот гол Французинот го постигна од пенал во 25. минута од средбата. На асистенција на Тибо Куртоа, во 52. минута напаѓачот на Реал го зголеми резултатот на 0-2. Во 74. минута од средбата Мбапе ...
Роберт Левандовски повторно игра како порано и јасно е дека го следат многу великани. Иако има 37 години, тоа не се чувствува во играта на Полјакот, кој и натаму ги решета противничките играчи. Сега доаѓа бомбастичната информација дека Левандовски е на мета на Милан. Милан е познат по доведувањето ветерани со краток рок на траење, Лука Модриќ е најновиот во низата такви, претходно се обидоа со Оливие Жиру, а сега Левандовски би можел да го следи ...
Бразилскиот фудбалер кој сега игра за Бетис, Ентони, конечно се пронајде себеси. Сега може отворено да зборува за моментите во Манчестер каде што не поминал добро. Тој го призна тоа. „Само моето семејство знае колку беше тешко да се биде таму. Да тренирам одделно. Но, знаев дека овој неверојатен момент доаѓа. Секако, се плашев дека на крајот можеби нема да се случи, но чекав бидејќи имав толку многу вера. Сега кога имам повеќе време, има многу ...
Кошаркарите на Партизан загубија од Дубаи со 89-76 на стартот од новата сезона во Евролигата. На своето деби во елитното натпреварување, Дубаи ги шокираше црно-белите и им нанесе убедлив пораз. Партизан го започна натпреварот многу лошо и од самиот почеток почна да игра во брз ритам што му одговара на тимот од Дубаи. Гостите му дозволија на тимот од Дубаи да избега, Муса и Бертанс веднаш погодија две отворени тројки и поведоа со 8-2. Шутерската ...
Лука Модриќ по преминот во Милан не заборави да игра фудбал и брзо се наметна како еден од предводниците на тимот на Масимилијано Алери притоа забележувајќи еден гол и една асистенција. Американскиот новинар Матео Бонети изнесе интересен факт кој говори за издржливоста, но и посветеноста и мотивацијата на Хрватот кој и покрај тоа што е во петтата деценија од животот не размислува за пензија, а ниту за премин во ниските лиги. „Уште една ...
Работата на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим , не е целосно сигурна и тој сака раководството на клубот итно да види подобрување на неговата изведба во следниот натпревар против Сандерленд , што може да се покаже како фатално за него доколку не победи. Шефовите на клубот дури почнаале да изготвуваат прелиминарен план за дејствување во случај на одлука за разделба со Португалецот. Во меѓувреме, веќе неколку дена, англискиот печат ...
Нова управа дојде на чело на МЗТ Скопје во 2011 година и нивото на фукнционирање се крена на далеку повисока стапка… Тренерот Александар Тодоров како гостин во новата емисија во подкастот „ПРЕСИНГ“ открива како минале првите висински подготовки на аеродромци во Маврово, во стилот на Реал Мадрид и Барселона, како што со насмевка коментира стратегот што ја донесе првата титула во МЗТ. „Сакаме подготовки висински, МЗТ не бил на такви подготовки 15 ...
Македонската репрезентација за фудбалери до 18 години ремизираше (2-2) против Словачка на контролниот натпревар во Братислава. Селекцијата предводена од Димитар Капинковски со головите на Мустафи во 26. минута и Иљази во 44. минута имаше предност од 1-2 на полувреме. Во продолжението Трајков одбрани пенал и беше еден од најзаслужните за позитивениот резултат против силниот состав на словачката репрезентација. Крадењето авторски текстови е ...
Поранешниот кошаркар на Партизан, Матијас Лесор гостувајќи на српски кошаркарски подкаст се осврна кон фамозната четвртфинална серија против Реал Мадрид во сезоната 2023/24 кој ќе остане запомнета по тепачка и бројни суспензии во моментите кога српскиот тим имаше предност од 2-0. На крајот Реал Мадрид успеа да направи целосен пресврт, славеше со 3-2 и ја освои Евролигата, а Лесор верува дека многу од работите можеше да бидат различни доколку не ...
Македонската репрезентација ќе биде без крилниот офанзивец Лирим Ќамили на престојните два квалификациски натпревари за пласман на Светското првенство 2026 против Белгија во Гент и против Казахстан во Скопје. Фудбалерот на дански Сондерјиске заработи незгодна повреда на последниот натпревар за својот тим, изминатиов викенд против Копенхаген, поради која беше принуден и предвреме да го заврши дуелот во данското првенство. По деталните лекарски ...
Фабио Канавро, славниот италијански фудбалер не успеа да го преслика успехот од играчката кариера во менаџерската. Последниот ангажман го имаше во Динамо Загреб каде не се прослави па замина по само неколку месеци. Сега има шанса да се врати на работа и тоа со интересна понуда од страна на репрезентацијата на Узбекистан која во претходните четири години ја предводеше поранешниот македонски селектор Сречко Катанец. Преговорите се во тек, а ...
Душан Алимпијевиќ и официјално е именуван за нов селектор на српската кошаркарска репрезентација, информираат од Кошаркарскиот сојуз на Србија. Алимпијевиќ ја презеде селекторската функција од Светислав Пешиќ, кој официјално го заврши својот мандат на клупата на репрезентацијата. Алимпијевиќ моментално е тренер на Бешикташ, тим кој се натпреварува во Еврокупот, па претстојните рокови во квалификациите за Мундобаскет нема да бидат проблем за ...
Ѓорѓе Војновиќ доживеа блескави моменти како дел од раководството на Македонската кошаркарска федерација кое се израдува на чудото во Литванија на ЕП 2011 и најголемиот успех во нашата кошаркарска историја. Успешниот бизнисмен во најновото издание на подкастот „ПРЕСИНГ“ говори на бројни теми, воедно го открива и моментот што според него пресудил да дојде до сериозен пад на клупската кошарка во Македонија, што потоа се пренесе и врз резултатите ...
Капитенот на српската кошаркарска репрезентација, Богдан Богдановиќ заработи тешка повреда на Евробаскетот по што најверојатно ќе го пропушти и почетокот на новата сезона во НБА. Станува збор за парцијално кинење на проксималната тетива на задната ложа поради која се уште е надвор од тренажен процес, откри претседателот на кошаркарските операции на Лос Анџелес Клиперс, Лоренс Френк. Новата сезона во НБА започнува на 22. октомври, а покрај ...
Реал Мадрид патуваше 13 часа за да мине над 4.00 километри за од шпанската престолнина да стигне до Казахстан, каде најтрофејниот европски клуб денеска од 18.45 часот ќе му гостува на Каират во второто коло од Лигата на Шампионите. Покрај заморот кај играчите, проблем за тренерот Чаби Алонсо е отсуството на неколку првотимци, и тоа сите играчи од одбраната. Карвахал и Трент Александер Арнолд се повредени, па како десен бек принудно ќе игра ...
Италијанската Кошаркарска Федерација експресно го реши селекторското прашање по оставката што Џамарко Поџеко си ја поднесе по завршувањето на настапот на „аѕурите“ на Евробаскет 2025. За нов селектор денеска и официјално беше именуван Лука Банки, кој потпиша тригодишен договор како предводник на италијанскиот национален тим, со важност на мандатот до ОИ 2028 годиа. Банки исто така беше дел од Евробаскет 2025, но како предводник на Летонија, ...
Ал Итихад му врачи отказ на Лорен Блан, по што за главен кандидат за нов тренер на актуелниот првак на Саудиска Арабија беше потенциран Јирген Клоп, легендарниот германски стратег кој пред една година се повлече од тренерската професија. Малку требаше за да стигне одговор од легендарниот тренер на Ливерпул, кој јасно стави до знаење дека нема намера да му се врати на фудбалот во поинаква улога од онаа што ја има во моментов – како директор за ...
Жозе Мурињо вечерва за првпат ќе ја предводи Бенфика на натпревар од Лигата на Шампионите, а судбината сакаше тоа да биде токму против Челси, клубот во кој Португалецот испиша златни страници полни со успеси на англиската фудбалска сцена. И Челси и Бенфика се без бодови по првите натпревари во ЛШ, Мурињо нема сомнеж дека ќе стори се за да ги замрси сметките на поранешниот клуб, но статистиката вели дека „специјалниот“ во последно време се мачи ...
Со денешниот дуел од 18 часот меѓу дебитантот Дубаи и АБА-шампионот Партизан и официјално ќе биде означен стартот на новата сезона во Евролигата, историска како прва во која ќе учествуваат 18 клубови. Дубаи и Хапоел се дебитанти во ова натпреварување додека Валенсија се врати назад во елитното друштво, како дел од најквалитетната евролигашка сезона во која најмалку пет-шест екипи влегуваат со реални шанси да се искачат на врвот на кој од крајот ...
Поранешната „ѕвезда“ на ЖРК Вардар, Андреа Лекиќ неодамна ја заврши блескавата ракометна кариера, а Лекиќ веќе доби нова улога со која ќе остане да биде дел од ракометниот спорт во татковината. Имено, Ракометниот Сојуз на Србија денеска објави дека Лекиќ е именувана за нов генерален менаџер на сите женски селекции на нашиот северен сосед. „Почнува една нова приказна во мојата кариера. И многу сум среќна што тоа ќе биде како дел од српскиот ...
Луис Енрике има огромни проблеми во пресрет на гостувањето против поранешниот клуб Барселона, откако стана јасно дека стратегот на ПСЖ нема да може да смета на четири клучни играчи за мечот во Каталонија. Дембеле и Дуе се повредени веќе извесен период и јасно е дека ќе се вратат на терените дури по репрезентативната пауза, но проблем е што во одбраната ќе недостига капитенот Маркињос, додека во напаѓачката линија ќе го нема Кварацхелија. ...
Наполи го претрпе првиот пораз во новата сезона на дербито со Милан, а во фокусот на јавноста се најде реакцијата на Кевин де Бруине кога тренерот Антонио Конте реши да го повлече белгискиот ас од игра. Конте веднаш по мечот порача дека за Белгиецот е подобро да биде лут на својата игра отколку на тренерската одлука, а трофејниот стратег на денешната прес-конференција испрати нова порака на истата тема – дека таков престап нема да биде толериран ...
Дисциплинската комисија при ФИФА ги одреди санкциите кон националните федерации по септемврискиот циклус од мундијалските квалификации, што значеше и нови казни за Србија и за Хрватска. Србите се жестоко казнети со дури 80.000 франци, поради дискриминирачкото однесување на нивните навивачи при убедливиот пораз во Белград во Скопје. Меѓу другото, наведено е дека казната се однесува и на исвиркувањето на гостинската химна, непримерни гестови кон ...
Се е подготвено за стартот на новата кошаркарска сезона предвиден за викендов, во која Работнички речиси сигурно ќе мора да настапи без странските кошаркари кои нема да можат да бидат регистрирани поради БАТ забраните кон најтрофејниот македонски кошаркарски колектив. Долговите се големи, па така Работнички има дури шест БАТ-процеси што се водат против „центарци“. Истата бројка беше и пред речиси цел месец, а фактот дека управата не успева да ...
Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните. ТИМ НА 8. КОЛО Ако за Шкупи некако и се очекуваше дека ќе биде меѓу тимовите најсериозни кандидати за испаѓање, барем во овој есенски дел со оглед на ...