Белград
6ᴼ /
5ᴼ
Легендата на германскиот фудбал Карл-Хајнц Румениге, не се согласува со тоа што Њукасл плати толку многу пари за ангажман на доскорашниот голгетер на Штутгарт, Ник Волтемаде. За време на летниот преоден рок, англискиот тим му плати на Штутгарт 85 милиони евра, плус пет милиони евра во бонуси. Баерн Минхен исто така беше заинтересиран за голгетерот. „Не мора да го исполниме секое барање за некој да биде среќен. Особено не сопствениците на ...
Во вториот дел натпреварот помеѓу Башкими и Вардар кој се игра во Куманово, беше во неколкуминутен прекин. Причината за тоа е што навивач од трибината падна на теренот, и се здоби со повреди. Интервенираше и амбулантното возило кое веднаш дојде на местото на настанот, и гледачот го однесе во болница. Повеќе детали околу состојбата на навивачот се очекува во текот на денешниот ден. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на ...
Башкими и Вардар одиграа без голови во дербито на 8. коло кое се одигра во Куманово. Двата тима одиграа борбено, цврсто, со многу дуели, многу прекршоци, неколку шанси и во главна улога одбраните на двата тима. Во вториот дел се случи и инцидент кога еден од гледачите од трибината падна на теренот во Куманово, и се повреди, по што следуваше интервенција и од амбулантното возило. Првата шанса гледачите во Куманово ја видоа во 30. минута кога ...
Христијан Малески е херојот на Струга ТЛ во натпреварот против Пелистер. Стружани долго време се мачеа да дојдат до предност во дуелот со битолскиот тим. Бледи Шкемби во игра потоа го уфрли Малески, кој врати со два гола во финишот од средбата. Првиот во 84. минута, а вториот во четвртата минута од судиското надополнување. За стружани ова беше седмата победа во осмиот меч, има само едно „реми“ против Шкендија на домашен терен и се искачи на ...
Барселона го продолжи договорот со својот играч Марк Бернал до 2029 година, со отктупна клаузула од 500 милиони евра. Бернал беше една година надвор од терените поради операција на лигаментите, а сега е дел од долгорочен проект на еден од најдобрите тимови во Светот. „Ова е најдобриот ден во мојот живот“, коментираше Бернал по потписот на договорот. Тој е еден од многуте извори од прочуената школа на Барселона, „Ла Масија“, и еден од оние кои ќе ...
Тренерот на Наполи, Антонио Конте го анализираше првиот пораз во Серија „А“, откако неговиот тим синоќа загуби од Милан со 2-1 во петото коло во италијанскиот шампионат. Со тоа Милан сега е првопласиран на табелата со ист број на бодови како Рома и Наполи. Конте ја коментираше реакцијата на Де Брујне, кој истакна незадоволство откако беше изваден од теренот на Сан Сиро. „Се обидов да донесам свежи играчи за игра еден на еден, бидејќи Милан многу ...
Нема голови на двата натпревари од 8. коло кои се играат денеска во Куманово и во Струга. Во Куманово на мечот помеѓу Башкими и Вардар во првите 45. минути се игра добар фудбал, со многу дуели, жестоки стартови, и со по една шанса на двете страни. Во 30. минута обидот на Омерагиќ заврши над голот на Јашар, додека најдобрата шанса во првиот дел ја имаше тимот на Башкими. По еден противнапад, Хаџиќ го проигра Симоновски, кој излезе сам пред голот ...
Поранешниот селектор на Италија , Лучијано Спалети, би можел да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Тимот на Ал-Итихад го разгледува Италијанецот како можна опција и потенцијална замена за Лоран Блан, кој неодамна доби отказ од оваа позиција. Покрај Спалети, во комбинација е и поранешниот тренер на Барселона Чави, како и екс тренерот на Милан, Серхио Консеисао. Чави беше кандидат и за тренерското место на Баер Леверкузен, меѓутоа на ...
Светската фудбалска организација ФИФА сака да ги промени правилата околу изведувањето на пеналите, односно по промашените удари од 11 метри на фудбалерите. Меѓународната федерација на фудбалските асоцијации има намера да ги измени правилата, со тоа што по одбрана на голманот, играчите нема да може да натрчаат на одбиена топка и да ја сместат во голот. Ако голманот успее да го одбрани пеналот, тогаш ќе се досуди гол-аут. Нејасно е што ќе се случи ...
40-годишниот Лука Модриќ, одигра уште една одлична партија во победата на Милан над Наполи од 2:1. Хрватскиот капитен ги одигра сите 90 минути во тежок натпревар во кој Милан имаше еден играч помалку од 57-та минута, но успеа да ја зачува предноста и да оствари победа со која го зазеде првото место во Серија А. Модриќ повторно заработи бројни пофалби со својата игра, при што италијанските медиуми и тренерот Масимилијано Алегри го фалат, а ...
После поразите од Манчестер Јунајтед и од Брајтон на домашен терен, се погласни станаа шпекулациите дека Челси ќе го менува тренерот Енцо Мареска од кормилото, со оглед дека тимот сега заостанува во битката за титулата. Сепак, од лондонските сини стигна и демант за такво нешто. Од таму велат дека се изненадени од гласините за смена на Италијанецот, и дека до тоа нема да дојде. „Мареска е идеален менаџер и тоа го видовме во изминатите осум ...
Фудбалскиот клуб Сараево ќе го добие третиот тренер од почетокот на сезоната, откако се раздели и со Хусреф Мусемиќ. Мусемиќ го презеде кормилото на 10 август, веднаш откако тимот имаше слаб старат на сезоната во првенството на БиХ. Мусемиќ по шести пати се врати во овој тим, меѓутоа ниту тој не успеа да ја крене екипата од летаргијата во новата сезона, па така дојде до спогодбен раскин на договорот. „За жал, не успеавме да ја „разбудиме“ ...
Милан славеше со 2-1 против Наполи во дербито на 5. коло од италијанското првенство и со тоа се искачи на првата позиција на табелата. Овој триумф наиде на големо задоволство кај најискусниот во составот на „росонерите“, Лука Модриќ кој камерите го уловија како слави победа по последниот судиски свиреж. “It’s just the love for football, I really love football. I love football so much, that’s why I keep this motivation. When you win, it’s a ...
Легендарниот шпански голман Хозе Аракистејн почина на 88-годишна возраст, оставајќи зад себе богата фудбалска кариера и неизбришлива трага во историјата на Реал Мадрид. Тој се приклучи на редовите на Кралскиот клуб во 1961 година, а во следните седум сезони одигра 97 натпревари. Во тој период, тој освои шест титули во шпанското првенство, Кралскиот куп во 1962 година и историскиот Куп на шампионите во 1966 година, кога „кралевите“ го победија ...
Американскиот бек, Мек Смит (27 год, 190 см) ќе биде четвртиот американски кошаркар во дресот на МЗТ Скопје за претстојната сезона, откако денеска потпиша едногодишен договор со клубот од Аеродром. Смит се очекува неделава да им се приклучи на своите нови клупски колеги и да му се стави на располагање на стручниот штаб за стартот на домашното првенство и на АБА2-лигата. Првиот следен меч за МЗТ е против Маџари следниот викенд, а на регионална ...
Денеска се играат последните натпревари од 8. коло во Првата фудбалска лига на Македонија. Башкими на свој терен го пречекува Вардар, во дуел кој е оценет како натпревар со висок ризик. Од клубот уверуваат дека гостите ќе имаат ист пречек како и сите останати екипи кои играле на стадионот во Куманово. Марко Симоновски верува дека домашниот терен и поддршката од публиката ќе бидат дополнителен мотив за постигнување позитивен резултат против ...
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, верува дека сопствениците треба да преземат драстични мерки бидејќи клубот се распаѓа. Менаџерот Рубен Аморим освои само 34 бода од 33 натпревари во Премиер лигата во кои го започна тимот. Поранешниот англиски репрезентативец не верува дека во моментов може да се свртат работите во неговиот поранешен клуб. „Не гледам ништо што ми дава самодоверба. Мислам дека се потребни големи промени. ...
Кожув загуби ново финале против МЗТ Скопје и покрај тоа што во Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ прикажа одлична игра и се бореше за трофејот до самиот крај. Неизвесноста траеше до последните 30 секунди од средбата кога пресуди преискусниот Водајн Стојановски погодувајќи обид за три поени од „невозможна“ позиција. Тренерот на гевгеличани Апостоли Апостолов е презадоволен од прикажаното на неговите избраници кои докажаа дека можат да бидат ...
И покрај поразот на Манчестер Јунајтед од Брентфорд со 3-1 во 6-тото коло од Премиер лигата , клубот сè уште изразува доверба во главниот тренер Рубен Аморим , објави Би-Би-Си. Според изворот, господинотЏим Ратклиф смета дека перформансите на Португалецот треба да се оценуваат на крајот од целосната сезона, нагласувајќи дека клубот е задоволен од насоката во која се движи. Претставниците на Манчестер Јунајтед, исто така, ги негираа гласините за ...
Денеска продолжува осмото коло од новиот шампионат во Првата македонска фудбалска лига, а на програмата е веројатно најинтересниот дуел од оваа етапа. Во Куманово, кај разиграниот Башкими, гостува Вардар, екипа која сама по себе предизвикува инспирација и желба за надигрување. Башкими е изненадувањето на сезоната, во тоа нема дилеми. На нивниот стадион веќе гостуваа неколку екипи, но ниту една не успеа лесно да помине кај новиот прволигаш. ...
Арсенал стигна до нов значен триумф во Премиерлигата совладувајќи го Њукасл Јунајтед во дербито на 6. коло и тоа по целосен пресврт реализиран во 96. минута од средбата. Очекувано, до победоносен гол Арсенал стигна преку „најсилното оружје“ – корнерите. А, колку се доминантни кога станува збор за овој сегмент од играта доволно говори и фактот дека од сезоната 2023/24 на „топчиите“ им нема рамен. Имено, голот на Габриел е 36-тиот од овие ситуации ...
Барселона се искачи на врвот на табелата во Ла Лига по триумфот над Реал Сосиедад со 2-1 и тоа по целосен пресврт во 5. коло. Оваа победа наиде на големо задоволство кај тренерот Ханси Флик кој на преконференцијата за медиуми издвои и еден фудбалер кој го смета за незаменлив во тимот. Станува збор за Педри кој одигра нов фантастичен натпревар. „Тој е посебен. Тој е нашиот лидер, тој е незаменлив.. Кога е на теренот тој е насекаде. Тој е многу ...
МЗТ Скопје ја продолжи жетвата на трофеи на домашната сцена откако во драматичното финале на Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ славеше над Кожув благодарение на неверојатниот Војдан Стојановски. Македонскиот репрезентативен капитен на 30 секунди до крајот на средбата погоди обид за три поени од „невозможна“ позиција носејќи предност за „сино-белите“ од два напада која беше доволна за 33. трофеј во клупската историја. View this post on ...
Пеп Гвардиола повторно има сериозен проблем откако клучниот играч за врска, Шпанецот Родри се пожали на болка во истото колено поради кое го пропушти поголемиот дел од ланската сезона. Тој беше стартер против Манчестер јунајтед, Наполи и Арсенал, потоа доби заслужен одмор во лига-купот против Хадерсфилд, но Гвардиола останал изненаден откако Родри во петокот му соопштил дека нема да може да настапи против Барнли. „Родри тренираше и само дојде и ...
Баскет Кам по четврти пат по ред го освои трофејот во Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ триумфирајќи против младиот Вардар во големото финале одиграно во СРЦ „Кале“. Тимот од Македонска Каменица влезе на натпреварот како голем фаворит, а и покрај тоа што го потцени противникот во првото полувреме, ја потврди улогата во вторите 20. минута за мирен финиш и нов трофеј па тренерот Тони Симиќ не го криеше задоволството од прикажаната игра. „Во ...
Арсенал успеа да направи целосен пресврт и да слави на гостувањето кај Њукасл Јунајтед во дербито на 6. коло во Премиерлигата. Херојот на „топчиите“ беше Габриел кој го искористи „најсилното оружје“ на лондонскиот клуб – корнерите за да донесе презначајни три бода за својот тим. Задоволството по триумфот не го криеше ниту тренерот Микел Артета кој изјави дека нема подобро чувство од победа во последната минута. „Неверојатно чувство. Тоа е ...
МЗТ Скопје се радуваше на нов трофеј во својата историја откако во финалето на Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ славеше над Кожув во драматична завршница во која херој на аеродромци беше Војдан Стојановски погодувајќи шут за три поени од „невозможна“ позиција на 30 секунди пред крајот на средбата. Тренерот Васко Атанасов не го криеше задоволството од новиот успех наговестувајќи борба за одбрана на сите трофеи во првенството. „Видовме доста ...
Македонскиот интернационалец Тодор Тодороски го постигна првиот гол во албанската Суперлига стрелајќи на натпреварот помеѓу неговиот Фљамуртари и Егнатиа. Фљамуртари загуби со 1-2, а македонскиот фудбалер постигна гол за изедначување во 85. минута кој сепак не беше доволен за освојување на бодови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без ...
Милан му го нанесе првиот пораз на Наполи во новата сезона славејќи во дербито на 5. коло од Серија А со 2-1. „Росонерите“ стигнаа до предност уште во 3. минута од средбата кога мрежата ја затресе Салемакерс, а веќе во 31. минута домаќините преку Пулишиќ стигнаа и до двојна предност. Милан остана со играч помалку во 57. минута по директниот црвен картон на Еступиан по што Де Брујне беше сигурен од белата точка за намалување на негативата на 2-1. ...
Валенсија го надигра Реал Мадрид и со триумф од 94-98 во финалето од Суперкупот на Шпанија одиграно во Малага стигна до првиот трофеј во сезоната. Победникот во неизвесниот натпревар беше решен во самата завршница во која пресуди мирната рака на кошаркарите на Валенсија од линијата за слободни фрлања. Де Лареа со 21 поен беше лидер на Валенсија додека 19 поени за Реал Мадрид постигна Хезонја. ALÇA-LA JOSEP 🧡 Tu primera copa como capitán del ...