Пред вечерашниот меч помеѓу Арсенал и Баерн Минхен, во центарот на вниманието е Хари Кејн. Голгетерот на „Баварците“ кој блеска со својот тим, и веројатно ќе стане најдобриот голгетер во историјата на Англија, самиот бил пред трансфер на „Емирати“, но сплет на околности го спречиле да го облече дресот на „топчиите“. Кејн против Арсенал постигнал 15 голови во 21 натпревар, вклучувајќи го и оној гол во 1/4 финалето во Лигата на шампионите 2024 ...

Партизан ќе мора да бара нов тренер откако Жељко Обрадовиќ попладнево самиот си поднел оставка од функцијата шеф на стручниот штаб на „црно- белите“, пренесуваат белградските медиуми. Обрадовиќ беше видно исфрустриран по серијата катастрофални изданија на тимот во Евролигата, Партизан наспроти големите амбиции е при самото дно на табелата со скор 4-9, a трофејниот стратег очигледно не најде начин да го извлече најдоброто од оваа група на ...

Иван Чупиќ се покажа како вистински погодок за нов тренер на Вардар, „црвено-црните“ се со перфектен скор во домашното првенство, додека во Лигата на Европа се први во групата, на две кола до крајот осигурувајќи го пласманот во следната фаза. Чупиќ имаше причина за задоволство на вчерашното гостување во Хрватска во кое Вардар го демолираше домаќинот Сесвете, за печат на пласманот во следната рунда. Хрватскиот стратег во изјавата за ...

Пелистер ќе стори се за да ги замрси сметките на европскиот првак Магдебург на вечерашниот дуел во Битола, но македонскиот шампион се соочи со неочекуван проблем непосредно пред овој дуел. Имено, битолчани попладнево објавија дека тренерот Гарабаја во тимот ќе го нема Саид Хаидарирад, иранскиот голман кој имаше добри настапи во ЛШ сезонава, но вечерва поради болест нема да може да им помогне на соиграчите. „Саид Хаидарирад поради вирус ќе го ...

Центарот за едукација на тренери при ФФМ го комплетираше третиот модул (од вкупно осум) од УЕФА ПРО курсот. Модул исполнет со интензивна програма согласно УЕФА конвенцијата за 2025/26, во рамки на која на 22 кандидати им беа пренесени бројни нови содржини, практични тренинг сесии и теоретски предавања. Во позитивна работна атмосфера, на отворањето на третиот модул, кандидатите ги презентираа работните задачи што им беа доделени како обврска ...

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо уште еднаш ја покажа својата дарежлива страна, подарувајќи персонализирани луксузни часовници од „Џејкоб и Ко“ на сите свои соиграчи во португалската репрезентација која ја освои Лигата на нации во јуни 2025 година , победувајќи ја Шпанија во големото финале на „Алијанц Арената“ во Минхен. Како што откри новинарот на SIC, Нуно Луз, Роналдо лично ги нарачал часовниците од својот пријател и ...

Вечерва Атлетико Мадрид игра против Интер во 5. коло во групната фаза во Лигата на шампионите, а во центарот на вниманието беше Диего Симеоне. Аргентинецот како играч настапвуаше и за двата тима, а сега долго време е на клупата на шпанскиот тим. Со Интер Симеоне го освои Купот на УЕФА, а овој клуб и натаму му е во убави сеќавања. „Можам себе да се замислам како тренер на Интер. Мсилам дека тоа ќе се случи во иднина. Не зависи тоа само од ...

Раководството на Рома подготвува понуда за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Џошуа Зиркзе, и истата ќе биде испратена во следните денови, соопштува „Газета“. Понудата ќе биде на заем од јануари до крајот на сезоната, и потоа ќе има откупна клаузула во износ од 40 милиони евра, која ќе се претвори во задолжителна доколку „волчицата“ се пласира во Лигата на шампионите. Самиот напаѓач веќе дал „зелено светло“ за враќање во Италија. Холанѓанецот ...

Тренерот на кошаркарите на Партизан, Жељко Обрадовиќ не успеа да направи изненадување и да го реши во својата корист дуелот со Панатинаикос, но слабата третата четвртина не само што не успеа, туку на крајот претрпе убедлив пораз. Воедно, неговите кошаркари ја имаа една од најцрните низи во историјата на Евролигата, откако Панатинаикос направи серија од неверојатни 25-0 во третата делница. „Не погодивме ниту една тројка од првата четвртина, ...

Селекторот на Турција, Ергин Атаман, пред почетокот на квалификациите за Светското првенство, упати отворена и многу остра критика кон форматот на натпреварувањето на ФИБА. Атаман пред утрешната пресметка со Босна и Херцеговина рече дека системот е лошо организиран, и не му е јасно како нема место на Мундијалот за тимот кој играл во финалето на Евробаскетот. „Вие сте финалист на Евробаскетот, а сепак немате сигурен билет за Светското ...

Амбасадата на Кралството Шпанија, Фудбалската федерација на Македонија и Министерството за спорт денеска во просториите на ФФМ го промовираа првиот шпанско–македонски „Фудбалски речник на Ла Лига“, како свој заеднички проект изработен во соработка со Институтот Сервантес. На промоцијата беа присутни првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ, Министерот за спорт, Борко Ристовски, амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз, како и ...

Факт е дека Кристијано Роналдо е магнет за публиката, спонзорите, парите… Но, малкумина очекуваа дека дури и поради него, организација како ФИФА ќе ги пречекори сопствените принципи и правила. Токму ова се случи со соопштението на светската куќа на фудбалот во врска со суспензијата што требаше да ја добие 40-годишниот Португалец. Роналдо, како што е познато, доби директен црвен картон во Даблин против Република Ирска и поради тоа требаше да ...

Легендарниот англиски фудбалер Џејми Варди, после 13 години го напушти Лестер и се пресели во Италија. Стана напаѓач на Кремонезе, новиот член на Серија „А“. За тој клуб постигна два гола во осум насапи. Меѓутоа во текот на последниот меч против Рома на гости, се соочил со непријатност. Ограбувачи му влегле во неговата вила на езерото Гарда, и го ограбиле. Варди ја купил вилата за нешто од два милиони евра. Живее таму со сопругата и со ...

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните. ТИМ НА 14. КОЛО Историјата во ПМФЛ вели: ако сакаш да играш долго во Европа, тогаш треба да се откажеш од титулата. Така беше во 2018 година кога Вардар ...

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, повторно со „отровни стрели“ кон Барселона, овој пат критикувајќи ја финансиска состојба во каталонскиот клуб. Хенес, гостувајќи на подкаст, ги анализираше меѓународните натпреварувања на Баерн, а посебен избор имаше за Барселона. „Во која било друга земја, тие повеќе не би биле во Првата фудбалска лига. Кога имате 1,3 милијарди евра долг, како воопшто може да функционира? Апсурдно и ...

Суперѕвездата на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, даде позитивна слика за соблекувалната во својот тим, и покрај бројните гласини и пишувања во медиумите за незадоволство во тимот. Неколку написи во локалните шпански медиуми го доведоа во прашање односот меѓу Чаби Алонсо и одредени играчи, но Куртоа ги негираше таквите обвинувања без многу двоумење. Поранешниот тренер Карло Анчелоти минатата недела изјави дека „реми во Мадрид често е синоним за ...

Кошаркарите на Реал Мадрид триумфираа со 75-74 против Хапоел Тел Авив во драматичен натпревар во Евролигата. Но, „кралскиот тим“ можеше и да ја испушти победата од рака… Во последниот напад, хрватскиот интернационалец Марио Хезоња имаше офанзивен скок околу 7-8 секунди пред крајот и само требаше да почека некој да го фаулира, а потоа да стави крај на натпреварот. Но, од причини познати само нему, одлучи да шутира тројка од 10 метри и, како ...

Лука Дончиќ имаше извонредна партија заокружена со 43 поени во убедливата победа на ЛА Лејкерс во градската дерби пресметка против ЛА Клиперс во НБА Купот. Сето тоа очигледно ги фрустрираше кошаркарите на Клиперс, а најнервозен меѓу нив беше Крис Дан, кој во еден дуел го турна Дончиќ, во желба да испровоцира и физичка пресметка. Дончиќ најпрво стана и се упати кон Дана, која потоа го турна со топка во градите. Се создаде мешаница во која ...

Адем Мекиќ, заедно со капитенот Андреј Магдевски и повратникот Џејкоб Вајли, изминатово лето беше издвоен како еден од носителите на видно изменетиот состав на нашата најдобра селекција. Но повредата на средбата со Унгарија, го спречи да биде во тимот за наредните мечеви, оние со Романија на гостински терен, и со Унгарија на домашен. Сега, тие проблеми се одамна зад искусното крило, и Мекиќ се чувствува подготвен да го даде својот максимум на ...

Ракометарите на Е. Пелистер денеска во Битола од 20:45 часот го пречекуваат европскиот шампион Магдебург. Јасно е дека составот на Рубен Гарабаја го очекува нов тежок предизвик, по поразот од ПИК Сегед на гостински терен, но стратегот на „пелистерци“ пред мечот истакнува дека секој е подготвен да го даде максимумот во желбата за позитивно издание пред своите навивачи. „Имаме искуство од првиот натпревар со Магдебург против кого навистина е ...

Женската фудбалска репрезентација до 19 години триумфално го отвори настапот во квалификациите за Европското првенство. На стартот на турнирот што се игра во Струмица, вчера беше совладана Грузија убедливо со 3-0. „Со оглед на фактот дека ова ни беше прв натпревар на турнирот, тешко влеговме во него, но како одминуваше времето успеавме да наметнеме своја игра и она што претходно беше договорено девојките го исполнија и на крајот заслужено ...

Навивачите на Манчестер Сити очигледно се презаситени од една ѕвезда во својот тим, а тоа го покажаа откако нивниот тим синоќа загуби со 0-2 од Баер Леверкузен на „Етихад“ во Лигата на шампионите. 100-от натпревар на Гвардиола во Лигата на шампионите како тренер на Манчестер Сити сигурно е за заборав. Шпанецот направи 10 измени во тимот кој неодамна загуби од Њукасл со 2-1 во Премиерлигата, а единствениот играч кој го задржа своето место во ...

Партизан доживеа нов дебакл во Евролигата, и со седми едноподруго пораз, овој пат на гостувањето против Панатинаикос. По израмнето прво полувреме, Партизан тотално се загуби во вториот дел на крајот доживувајќи пораз од 91-69. Жељко Обрадовиќ едноставно немаше решение за играта на својот тим, изгледаше беспомошен, а во еден момент „пукна“ за време на тајмаутот бидејќи играчите не го слушаа. „Тука или тука, во ред? Додадете ја топката внатре“, ...

ЛА Лејкерс ги победија ЛА Клиперс со 135-118 изминатава ноќ во градското дерби во НБА лигата. Лејкерс го победија тимот на Клиперс и се пласираа во нокаут фазата од НБА Купот по убедлив триумф во кој постигнаа дури 135 поени! Тие го обезбедија првото место во Групата Б со скор од 13-4 оваа сезона… Клиперс повторно беа ослабени. Богдан Богдановиќ, Дерик Џонс, Бредли Бил и Џордан Милер не играа, додека Лејкерс го вратија Леброн Џејмс, но ...

Претставниците на Фудбалската федерација на Македонија во комисиите на УЕФА продолжуваат и на крајот на ноември со своите настапи на меѓународната сцена. На 27 ноември на Малта, на мечот меѓу домашниот Хамрун и Линколн Рид од Гибралтар, во рамките на Конференциската лига, главен судија ќе биде Јован Качевски, a ќе му помагаат Дарко Јовчевски и Гоце Петрески, четврти судија ќе биде Игор Стојчевски. Влатко Илиоски е одреден да биде биде главен ...

Екипата на Барселона претрпе убедлив пораз на гостувањето кај Челси во петото коло во Лигата на шампионите. „Каталонците“ одиграа подпросечен натпревар во Лондон, и беа сосема заслужено поразени, а за триумфот на англискиот тим многу им помогна и црвениот картон на Араухо кон крајот на првиот дел. Првиот гол Челси го постигна во 27. минута од средбата кога Кунде си постигна автогол по додавањето од десната страна од страна на Кукуреља. Потоа ...

Кошаркарите на Партизан тонат се подлабоко во Евролигата, откако го претрпеа и деветиот пораз во 13-тиот натпревар сезоната. Белградските „црно-бели“ беа поразени на гостувањето во Атина кај Панатинаикос со 91-69. Тренерот Жељко Обрадовиќ ќе има што да им каже на своите избраници, особено за играта во третиот период кога постигнаа мизерни шест поени, наспроти 25-те на домашната екипа. Иако добро почна Партизан, сепак, на полувремето замина со ...

Ракометарите на Вардар дојдоа до четвртиот триумф во петтиот натпревар во ЕХФ Европската лига, откако убедливо со 24-38 го совлаа тимот на Сесвете на гостувањето во Хрватска. Со тоа „црвено-црните“ го потврдија првото место и пласманот во главата рунда во ова натпреварување. „Црвено-црните“ одиграа фантастичен натпревар, а победникот го решија уште по првиот дел, кога имаа предност со 9-18. Во вториот дел не само што не дозволија Сесвете да ...

Ракометарите на Вардар со огромна предност од дуелот против Сесвете во Загреб, заминуваат на полувремето, откако имаат водство од 23-12 по првите 30 минути на мечот од ЕХФ Лигата на Европа. Со тоа „црвено-црните“ се на добар пат да дојдат до петиот триумф во шестиот меч во групната фаза од ова натпреварување. Уште од самиот старт избраниците на Иван Чупиќ водеа, и како го одминуваше крајот, само ја зголемуваа предноста, за на крајот да ...

Се одиграа првите натпревари од 5. коло во групната фаза во Лигата на шампионите. Се случи големо изненадување во Истанбул, каде што домашниот тим на Галатасарај загуби од белгиски Унион со минимални 0-1. Ајакс им приреди ново разочарување на своите фанови, и на домашен терен загуби од Бенфика, останувајќи без ниту еден бод во ЛШ. Галатасарај ја имаше иницијативата, но тешко доаѓаше до прилика за гол. Во 27. минута домашниот тим ја погоди ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1002
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
79%
1002
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
2.06
90%
1003
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
82%
1001
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.31
98%
1002
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.38
97%
1002
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.58
79%
1004
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
77%
1004
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1004
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
2.24
93%
1002
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
94%
1001
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
90%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

336779.07

Алуминиум

3.03

Злато

159231.39

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51

Сребро

2460.50

Кобалт

64.04

Паладиум

546.56

Бакар

11.69

Платина

67162.91

Цинк

3.25

Калај

46.91