Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Килијан Мбапе има 18 гола на 18 натпревари на светските првенства, еден помалку од Лионел Меси. Мбапе досега има десет погодоци на натпреварите од нокаут фазите, што е апсолутен мундијалски рекорд. Усман Дембеле и Килијан Мбапе се првиот напаѓачки тандем што меѓу себе си поделил шест асистенции на еден ...

Напаѓачот на САД , Кристијан Пулишиќ , кој се мачеше со повреда на Светското првенство, рече дека е подготвен да го одигра целиот натпревар, дури и до продолжение доколку е потребно, и дека репрезентацијата на САД е подготвена да изведува пенали доколку е потребно во осминафиналниот натпревар против Босна и Херцеговина. Американците ќе бидат големи фаворити во Сан Франциско, но не ја сфаќаат Босна лесно, откако го елиминираа четирикратниот ...

Фудбалската федерација на Еквадор поднесе жалба до ФИФА откако околу 1.000 бучни мексикански навивачи се собраа и направија бучава во текот на ноќта пред хотелот на тимот во Мексико Сити, во пресрет на натпреварот меѓу двата тима во осминафиналето на Светското првенство, објави Ројтерс. Локалната полиција потоа пристигнала на местото на настанот и ги растерала навивачите. Фудбалското седиште на јужноамериканскиот тим се пожали дека ваквото ...

Селекторот на шведската репрезентација, Грем Потер, ги наведе причините за поразот од Франција со 0:3 и елиминацијата во 1/16 финалето на Светското првенство во 2020 година. Англичанецот призна дека неговата селекција не е на нивото на Франција, и дека дури и неговата селекција да одиграла подобро, не е сигурен дали тоа ќе било доволно за пласман понатаму. „Се соочивме со навистина силен тим. На крајот, подобриот тим победи, нема сомнение за ...

Без селектор е репрезентацијата на Холандија, откако беше елиминирана од Светското првенство по поразот од Мароко на пенали во 1/16 финалето. Куман, кому ова му беше втор мандат на клупата на „лалињата“, беше селектор од 2023 година. Претходно селектор на Холандија беше во периодот од 2018 до 2020 година. Нему му истече договорот, и истиот нема да биде продолжен. Холанѓаните беа едни од фаворитите да стигнат далеку на овој Мундијал, но наидоа ...

Уште еден домаќин на овогодинешниот Мундијал се пласираше во 1/8 финалето. После Канада, сега тоа го стори и Мексико со синоќешната победа над Еквадор од 2-0. Мексиканците тргнаа офанзивно уште од стартот, имаа веднаш неколку шанси, а потоа можеа да бидат казнети откако Еквадор ја погоди стативата по одбраната на голманот Ранхел. Кињорес по една одлична акција по левата страна го отвори резултатот. Доби топка од Алварадо во 22. минута, продре ...

Фудбалерите на Франција се пласираа во осминафиналето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико откако вечерва во шеснаесеттина финалето славеа над Шведска со рутински 3-0. Франција поведе со 1-0 со голот на Мбапе во 20. минута, но поради минимален офсајд погодокот беше поништен. До крајот на првиот дел Французите имаа уште многу шанси, меѓу кои и две стативи, но фортуната ја држеше Шведска во егал (0-0) се до судиското надополнување ...

Фудбалерите на Шведска имаат многу среќа што губат само 1-0 на полувреме против Франција во шеснаесеттинафиналето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Франција поведе со 1-0 со голот на Мбапе во 20. минута, но поради минимален офсајд погодокот беше поништен. До крајот на првиот дел Французите имаа уште многу шанси, меѓу кои и две стативи, но фортуната ја држеше Шведска во егал (0-0) се до судиското надополнување кога Мбапе конечно ...

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, се збогува со Леброн Џејмс. Една од најголемите ѕвезди во историјата на кошарката ги информираше Лејкерси дека франшизата може да продолжи без него, бидејќи планира да ја игра сезоната 2026-27 на друго место. Тоа практично значи крај на една голема ера во Лос Анџелес, каде што Леброн пристигна во 2018 година и ја освои титулата во НБА со Лејкерс во 2020 година. Дончиќ и Џејмс го носеа дресот на ...

Дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони, е под истрага на обвинителството во Милано поради сомнение за детска проституција. Фудбалерот добил известување за започнување на истрагата во вторник и наскоро ќе биде испрашан. Тој е обвинет за сексуални односи со 17-годишно девојче, пишува Газета дело Спорт. Истрагата против Бастони е дел од поголем случај што се однесува на синџир на малолетничка проституција и услуги за ескорт во областа на ...

Македонскиот фудбалски шампион Вардар во контролен натпревар триумфираше против Виртус од Сан Марино со 3-2, како дел од подготовките на клубот во Италија. Вардарци поведоа со 1-0 со голот на Закариќ во 7. минута. На 2-0 зголеми Дарко Велковски во 20. минута. Тимот од Сан Марино со два гола во 52. и 55. минута израмни на 2-2, додека конечните 3-2 ги постави Закариќ во 80. минута. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на ...

Ветеранот Рики Рубио би можел неочекувано да се врати на евролигашката сцена и да заигра за Панатинаикос! Оваа сензационална вест ја пренесуваат извори од Шпанија, според кои Панатинаикос стапил во контакт со поранешниот НБА-играч и член на Барселона, испраќајќи му примамлива финансиска понуда. Наводно, и Жељко Обрадовиќ разговарал со искусниот 36-годишен бек и му го претставил проектот на клубот. Се чека одговорот на Рубио, кој побарал една ...

НОВА ЕПИЗОДА ОД СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ НА ЕКИПА – „ПРЕСИНГ“ – Со легендата на Вардар и македонскиот фудбал, членот на шампионската вардарова генерација од 2002 година, поранешен македонски репрезентативец, а во моментов еден од најпознатите македонски фудбалски агенти. За сите случувања на актуелното Светско првенство 2026… Дали африканскиот и азискиот фудбал веќе сериозно ја намалува разликата со европскиот и јужноамериканскиот?? Крајно емотивно ...

Фудбалската репрезентација на Норвешка се пласираше во осминафиналето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико откако вечерва славеше над Брегот на слоновата коска со 2-1. И двете репрезентации тргнаа многу внимателно, па по првите 15 минути не видовме ниту една шанса на двете страни на теренот. Првата шанса на натпреварот ја имаше Брегот на Слоновата Коска, откако во 20. минута Конан стрелаше покрај голот на Норвежаните. Нова шанса ...

Искусниот стратег Борче Христов е назначен за нов тренер на македонскиот фудбалски второлигаш Пелистер. Христов има повеќе ангажмани во минатото, последно го водеше Тиквеш, а претходно работеше во Борец, Работнички, Еуромилк Горно Лисиче, Македонија Ѓорче Петров и Шкендија, додека во меѓународната кариера работеше во Карабах и Зира. Христов ќе има тешка задача да го врати битолскиот гигант во елитата следната сезона. Крадењето авторски ...

Фудбалерите на Шкендија ги завршија летните подготовки во Словенија, ремизирајќи 2-2 против украинскиот прволигаш Зорја во последниот контролен натпревар. Украинскиот тим прв поведе во 21. минута со голот на Јелавиќ, но тетовци експресно се вратија во игра и израмнија преку Трумчи во 30. минута од средбата. Во второто полувреме двете екипи постигнаа по уште еден погодок. Стрелец за македонскиот претставник беше Тамба во 72. минута, ...

Аргентинскиот капитен Лионел Меси уште еднаш ја покажа својата хумана страна, донирајќи пет милиони долари за помош на жртвите од разорните земјотреси што ја погодија Венецуела. Покрај финансиските средства, по иницијатива на Меси се испратени и три авиони со неопходна медицинска помош за настраданите региони. Овој хуманитарен гест доаѓа во време кога 39-годишниот капитен на Аргентина блеска на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. ...

Фудбалската репрезентација на Норвешка има предност од 1-0 на полувреме против Брегот на Слоновата Коска во натпревар од шеснаесеттина финалето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. И двете репрезентации тргнаа многу внимателно, па по првите 15 минути не видовме ниту една шанса на двете страни на теренот. Првата шанса на натпреварот ја имаше Брегот на Слоновата Коска, откако во 20. минута Конан стрелаше покрај голот на Норвежаните. ...

Драган Стојковиќ Пикси е на листата на потенцијални кандидати за нов селектор на Шкотска, репрезентација која ќе биде противник на Македонија во новата сезона од Лигата на нации. Заминувањето на 62-годишниот Стив Кларк како селектор на Шкотска ја натера репрезентацијата да бара нов тренер. Кларк ги предводеше Шкотланѓаните на три големи натпреварувања, но одлучи да се повлече по елиминацијата во групната фаза на Светското првенство. Работата ...

Македонскиот ракометен суперлигаш, Тиквеш денеска го промовираше Тоше Ончев за свое најново засилување во трката за што подобар пласман следната сезона на домашен план. Ончев во Кавадарци доаѓа од редовите на МКК Куманово каде ја мина последната сезона. Претходно во Македонија, настапуваше и за Вардар, Пелистер, Работнички, Охрид, Голден Арт… Во странство беше дел од словенечки Тримо Требње, шпански Новас, како и француските Вернуј и Сент ...

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс, ги напушта Лос Анџелес Лејкерс по осум сезони и ќе ја продолжи кариерата во друг НБА клуб. Како што објави ESPN, повикувајќи се на менаџерот на Леброн, Рич Пол, четирикратниот шампион на НБА ги информираше челниците на Лејкерс дека повеќе не сметаат на него и дека ќе ја дочека сезоната 2026/27 во нов дрес. Лејкерс му кажаа на Џејмс дека го сакаат назад, но најдобриот стрелец на сите ...

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“, гостин едно од најголемите имиња во македонската фудбалска историја, Бобан Бабунски. Поранешниот македонски репрезентативец, но потоа и селектор на сениорската и младата репрезентација на Македонија, се присети и на одлуката на ФК Вардар и тогашниот тренер Андон Дончевски да не му дозволат да патува за Чиле на Светското првенство 1987 со младата репрезентација на Југославија која стана ...

Еторе Месина не е повеќе претседател на кошаркарските операции на Олимпија, објави клубот од Милано. Во 2019 година, Месина (66) беше назначен за тренер и претседател на кошаркарските операции на миланскиот клуб. Сепак, тој се повлече од функцијата тренер на Олимпија во ноември 2025 година, но ја задржа позицијата претседател на кошаркарските операции. „На крајот од продуктивната соработка што траеше седум сезони, Олимпија сака да му се ...

Ашраф Хакими не го криеше своето задоволство откако мароканската репрезентација се квалификуваше во осминафиналето на Светското првенство, истакнувајќи дека менталната сила е клучот за успехот против Холандија. Мароканците ја елиминираа Холандија во осминафиналето по изведувањето на пенали. По 90 минути и продолженија, резултатот беше 1-1, а потоа мароканската селекција беше поуспешна по пенал-рулетот. Капитенот на африканската репрезентација ...

По три сезони пауза, РК Вардар повторно се враќа во Лигата на шампионите. Во групната фаза „црвено-црните“ ќе играат против Нант, Мелсунген и Висла Плоцк, а враќањето во елитата носи нов предизвик, но и нова можност клубот повторно да се покаже на највисоката европска сцена. Тренерот Иван Чупиќ зборува за првите впечатоци по ждрепката, за силата на ривалите, за тоа каде ја гледа шансата на Вардар и каква порака им испраќа на навивачите пред ...

Неуспехот на јужнокорејската репрезентација на Светското првенство се претвори во сериозна криза што ја потресе целата земја. По елиминацијата веќе во групната фаза, разочарувањето на навивачите се претвори во гнев, а легендарниот Мјунг-бо Хонг се врати дома веќе како поранешен селектор – со строги полициски безбедносни мерки. Корејската експедиција слета на аеродромот Инчеон околу четири часот наутро, очигледно за да избегне голем број ...

Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје – „ЗОНА АЗУРИ“. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!? „Слоновите“ се наоѓаат во одлична форма и имаат шест победи и едно реми на своите последни седум натпревари. Само две африкански репрезентации ја минале пречката на своето деби во ...

Нејт Сестина е подготвен за првиот настап во дресот на македонската сениорска репрезентација. По повредата на раката која го спречи да дебитира во февруарскиот ФИБА „прозорец“, силното крило максимално подготвен го дочека новиот повик и веќе е дел од подготовките на избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал. Играчот со евролигашко искуство веднаш се стави во функција на тимот кој ги одработува последните подготовки пред клучните ...

Германските фудбалери беа во шок откако не успеаја да ја оправдаат фаворитската улога против Парагвај и по пенал-рулет беа елиминирани уште во 1/16 финалето од овој светски шампионат. Капитенот Јосуа Кимих беше брутално искрен во својата изјава по натпреварот. „Чувството е ужасно, апсолутно ужасно… Сепак, заслуживме да ни се случи вакво нешто, да бидеме елиминирани. На последните три натпревари игравме со селекции што не се највисока класа, и ...

Интер преку клупско соопштение ја потврди разделбата од четири искусни фудбалери кои беа дел од успешната ланска сезона, но летово ќе ги променат клупските бои. Голманот Јан Зомер ја предводи листата на заминувања, заедно со дефанзивците Ачерби, Дармијан и Де Фрај. Искусниот Зомер дојде во Интер во 2023 од редовите на Баерн и настапи на 100 средби во Серија А, давајќи значаен придонес во освоеното скудето минатата сезона. Ачерби (38 години ) ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
4.63
43%
1004
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
9.77
81%
999
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
82%
1006
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
5.66
40%
1003
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
5.7
43%
999
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
97%
1005
weather icon

Атина

22ᴼ / 21ᴼ
6.26
73%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 22ᴼ
6.69
65%
1007
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
4.12
88%
1004
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
8.23
47%
999
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
11.83
76%
1002
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.2
68%
1012
Currency

61.661

Currency

55.576

Currency

73.839

Currency

37.963

Currency

39.049

Currency

66.809

Currency

8.3401

Currency

0.67083

Currency

0.34801

Currency

0.52401

Currency

1.1058

Currency

0.59198

Алуминиум

3.02

Калај

46.87

Кобалт

33.53

Иридиум

326330.08

Бакар

12.40

Платина

48804.83

Злато

125211.08

Сребро

1611.91

Родиум

293375.56

Рутениум

61086.42

Паладиум

31893.54

Цинк

3.76