Барселона го претрпе првиот пораз во Ла Лига сезонава, и тоа крајно болен откако каталонците беа декласирани со 4-1 на гостувањето против Севилја. Левандовски промаши пенал за израмнување при 2-1, казната стигна со два гола на Севилја во финишот, а Педри не го криеше разочарувањето по потпросечното издание на каталонскиот гигант. „Ужасно… слободно можам да кажам дека Барса одамна нема одиграно така слаб меч како овој со Севилја. Се мачевме со ...

Вицешампионот ТФТ триумфално ја почна новата сезона откако тимот на Боро Смилковски по голема борба стигна до гостинска победа против Кожув од 79-87. Тимот од Гевгелија пред една седмица несреќно загуби во суперкупот од МЗТ Скопје, а денеска избраниците на тренерот Апостолов загубија уште еден меч што го играа во неизвесна завршница. Првото полувреме мина во израмнета кошарка, а ТФТ е првиот тим што посериозно се одлепи, и тоа по фуриозната ...

Ракометарите на Е. Пелистер со доминантно издание го оставија зад себе поразот од Вардар, откако вечерва лесно и убедливо го совладаа Охрид со резултат 33-27. Охриѓани во претходниот месец им создадоа многу проблеми на Алкалоид и на Вардар, но овојпат налетаа на ривал кој беше поквалитет во секој аспект и кој заслужено стигна до убедлива победа. „Пелистерци“ подобро отворија и поведоа со 6-3, Охрид само за момент се приближи стигнувајќи до 7-6, ...

Манчестер Сити лани беше исфрлен од ритам по тешката повреда на коленото на Родри, а шпанскиот играч за врска има сериозни проблеми и на стартот од оваа сезона, откако повторно се повреди на денешниот дуел со Брентфорд. Шпанецот се жалеше на болка во коленото и не играше во ЛШ против Монако, Гвардиола во изјавата коментираше дека проблемот не е наивен, но трофејниот стратег неочекувано реши да се „коцка“ и го вклучи Родри во стартниот тим против ...

Манчестер Сити успеа да врзе две победи во низа откако славеше со 0-1 на гостувањето против Брентфорд. Еден момент на магија на Ерлинг Халанд беше доволен за тимот на Пеп Гвардиола да ги осигура трите бода, и тоа во раната фаза на мечот. Гвардиол испрати додавање од сопствената половина, Халанд успеа да го надмудри домашниот дефанзивец и да стигне прв до топката, потоа и рутински да ја смести во мрежата на Келехер. Сити имаше повеќе од играта во ...

Екипата на Металург Автокоманда успеа да се пласира во втората рунда од ЕХФ Европскиот куп откако славеше и на вториот дуел од двомечот со Диферданж од Луксембург. Откако на првиот меч славеа со убедливи 40-25, ракометарките на Металург денеска го запечатија пласманот во следната рунда со нова победа над истиот ривал, изразена со конечни 31-24. Триумфот во ниту еден момент не беше доведен во прашање, македонскиот претставник во првото полувреме ...

Битигхајм е без пораз по првите шест кола од втората Будес-лига, а најзаслужен за тоа е Мартин Томовски откако македонскиот голман бранеше брилијантно и на денешниот дуел со Лудвигсхафен. Битигхајм славеше со конечни 29-24, а во главна улога повторно беше Томовски, кој имаше уште еден меч за паметење на голот на победничката екипа. Македонецот имаше 16 интевенции со одлични 40% успешност, со што Томовски уште еднаш покажа дека е најдобар голман ...

Реал Мадрид е тимот што ќе влезе во октомвриската репрезентативна пауза како лидер на Ла Лига откако Барселона го испушти врвот по денешниот „кикс“ на гостувањето против Севилја (4-1). Каталонците повторно одиграа катастрофално прво полувреме во кое примија два гола, со кои Севилја поведе со 2-0 преку Алексис Санчез (од пенал) и Ромеро. Рашфорд со прекрасен удар пред самиот крај на полувремето намали на 2-1, но за разлика од претходните мечеви ...

Бојан Миовски стигна до нов гол во дресот на Глазгов Ренџерс, прв за македонскиот ас во шкотската Премиер-лига по летниот трансфер од Џирона. Ренџерси се мачеа на гостувањето против Фалкирк, но сепак стигнаа до предност токму благодарение на Македонецот кој се најде на вистинско место во вистинско време, па немаше проблеми на вториот дирек да ја смести топката во мрежата. ⚽️ GOAL | Falkirk 0-1 Rangers | Bojan Miovski Rangers are dominating ...

Одлично дерби се одигра на Националната Арена во Скопје, во кое Вардар и Струга ТЛ одиграа нерешено 2-2, и натаму останаа непоразени во првенството. Стружани имаа два пати водство, можеа и до три бода, но беа суровно казнети за фактот што не стигнаа до 1-3, па Јанкулов во финишот од средбата дојде до бод. Малески претходно имаше супер шанса да зголеми на два разлика, и се чини да ја донесе победата, меѓутоа откако не успеа, Вардарци го казнија ...

Мартин Едегард го очекува пауза од фудбалските терени откако капитенот на Арсенал го повреди коленото во првото полувреме од мечот со Вест Хем. Деталните прегледи ги потврдија стравувањата дека станува збор за проблем со лигаментите, но добра вест за Артета е што станува збор за медијалните, а не за предните вкрстени лигаменти во левото колено. Како што објавија „топчиите“, плејмејкерот сигурно ќе ги пропушти наредните средби за својата ...

Рома продолжува со стариот рецепт, со минимални победи да го чува врвот на табелата во Калчо-лигата oткако избраниците на Гасперини по голема борба славеа на тешкото гостување против Фиорентина со 1-2. Од петте победи на Рома сезонава, дури четири се со еден гол разлика, а „волчицата“ веќе собра 15 бода со скромна гол-разлика 7-2. Успехот на денешниот дуел е уште поголем ако се знае дека Фиорентина прва поведе преку Кеан, но гостите од Рим ...

Кристал Палас во седмото коло го претрпе и првиот пораз во новата сезона во Премиер-лигата откако по голема борба загуби од Евертон со 2-1. Една седмица откако го зеде скалпот на шампионот Ливерпул, Палас потклекна на „Гудисон парк“, и тоа на меч на кој до 75. минута имаше предност од 1-0. Ндоје од пенал израмни на 1-1, а херој на домаќините беше Грилиш, кој ја донесе победата со гол во 93. минута. Њукасл славеше со 2-0 на домашен терен против ...

Премногу кратко траеше авантурата на Ерик тен Хаг во Баер Леверкузен откако Холанѓанецот доби отказ по само неколку во овој клуб, но последните информации говорат дека Те Хаг е блиску до нов ангажман, и тоа во неговиот поранешен клуб Ајакс. Холандскиот гигант од сезонава е предводен од Џони Хеитинга, но резултатите се далеку под очекувањата, Ајакс е моментно трет во домашното првенство, додека во ЛШ претрпе два пораза без притоа да постигне ниту ...

Пелистер триумфално ја стартуваше новата сезона откако битолчани лесно и убедливо славеа на гостувањето во „Кале“ против Работнички со убедливи . „Центарци“ поради финансиските долгови настапија без странските засилувања, со неколку јуниори во тимот, а со таков состав не можеа посериозно да му се спротивстават на Пелистер, кој и сезонава е меѓу главните кандидати за највисок пласман. Стојановски ги постигна првите шест поени за Работнички, мечот ...

Струга ТЛ има предност на Националната Арена во дербито против Вардар, и продолжува со одличните игри сезонава. Голот го постигна Буњамин Шабани во 19. минута, откако со глава ја затресе мрежата на Талески по центаршут на Фал. Претходно шанса имаше Компаоре, кој се најде во идеална позиција, меѓутоа Талески одбрани. Вардар имаше повеќе посед на топката, но не беше конкретен по голот на Ангелети. Ударот на Мато не донесе опасност по голот на ...

Се играше 55. минута од дербито на Арената, во кое Вардар имаше голема шанса да израмни, но не искористи пенал. Судијата Стојанов еден момент во шеснаесетникот го окарактеризира како играње со рака од страна на Илиевски, а потоа стигна повик и од ВАР собата. Откако го гледаше, Стојанов ја потврди својата одлука. Мато се реши да го изведе пеналот, но Ангелети му го одбрани обидот. Сепак, во 60. минута од средбата, Мато по една соло акција откако ...

Нов гол на Националната Арена во Скопје, и повторно Струга ТЛ е во предност. Во 64. минута од средбата Шабани, стрелецот на првиот гол, асистира одлично до Компаоре, кој што со глава се „поклони“ и погоди во голот на Талески за ново водство на гостите. Голот доаѓа само неколку минути по израмнувачкиот, одличен гол на Мато. Претходно истиот играч промаши и пенал, кој беше сомнителен, но Стојанов го потврди и по прегледување на ВАР снимката. ...

Килијан Мбапе беше стрелец за Реал Мадрид на синоќешниот дуел со Вилјареал, но голгетерот пред самиот крај на мечот заработи повреда поради која мораше да биде заменет. Сепак, денешните информации околу здравствената состојба на Мбапе се позитивни, па нема сомнеж дека напаѓачот ќе биде дел од француската репрезентација за претстојниот октомвриски прозорец. „Триколорите“ утре ќе го имаат првиот собир, а на него се очекува да биде и Мбапе, кој ...

Струга ТЛ од 19. минута има предност на Националната Арена против Вардар. После една добра акција на стружани, од левата страна Фал центрираше до Шабани кој со глава го совлада Талески. Претходно одлична шанса имаше Компаоре, кој одкосо од десно шутираше, но Талески одбрани во корнер. Вардар иако тргна офанзивно, сепак, не успеа да направи ниту една шанса да дојде до гол. Гостите се поконкретни и порасположени за игра. На вториот меч во Кратово, ...

Манчестер јунајтед бил сериозно оштетен при последниот пораз што го претрпеа „црвените ѓаволи“ (3-1 против Бретфорд), призна денеска шефот на судиите во Премиер-лигата, Хауард Веб. Станува збор за ситуацијата при резултат 2-1 кога беше досуден пенал за стартот на Колинс над Мбеумо, кога гостите бараа црвен картон за дефанзивецот на Брентфорд. Главниот судија Посон му покажа жолт картон на Колинс, а ВАР по долга анализа реши да не се вмеша, со ...

Игор Тудор се соочува со голем проблем во пресрет на дербито против лидерот Милан откако Бразилецот Бремер отпадна од комбинација за настап на оваа средба. Бремер е предводник на одбраната на Јуве од стартот на сезонава откако претходно отсуствуваше со месеци по тешката повреда на коленото. Тој пред неколку дена се пожали на нова повреда, лекарите сторија се за да го оспособат, но дефанзивецот ја загуби трката со времето и воопшто не се најде на ...

Јувентус ќе го пречека Милан во големото италијанско дерби, дуел на кој „старата дама“ ќе се обиде да ги прескокне „росонерите“ кои моментно се на делба на првото место со Наполи и со Рома. Милан врза четири победи по шокантниот пораз на домашен терен од Кремонезе на стартот, а „росонерите“ заиграа во топ-ритам кога во форма влезе Лука Модриќ, кој летово пристигна како слободе играч од Реал Мадрид. За тренерот на Јуве, Игор Тудор, е јасно дека ...

Барселона сонува дека следното лето ќе успее да го доведе Ерлинг Халанд како нова „деветка“ по најавеното заминување на Роберт Левандовски, но тоа се чини како „невозможна мисија“ за каталонците ако го прашате Пеп Гвардиола. Трофејниот стратег на Сити е презадоволен од настапите на Норвежанецот кој веќе има 11 гола зад своето име сезонава и јасно стави до знаење дека нема да дозволи Халанд да си замине од Манчестер. „Можете ли да ми кажете еден ...

Пелистер ќе мора што поскоро да го остави зад себе разочарувачкиот пораз на дербито со Вардар и да се врати на победнички патеки, а денешната задача не е нималку лесна ако се знае дека во „Боро Чурлевски“ пристигнува засилениот Охрид. Охриѓани никогаш досега немаат освоено бодови во Битола, но полни со самодоверба ќе влезат во денешниот меч откако пред помалку од два месеци го победија Пелистер во финалето од турнирот што се одигра токму во ...

Интер Мајами ја прекина серијата од два меча без триумф во МЛС-лигата откако убедливо триумфираше над Њу Ингланд со резултат 4-1. Во главна улога беше Лео Меси, кој не се запиша меѓу стрелците, но затоа асистираше при три од четирите гола на својот тим. Аргентинецот беше асистент при првите два погодоци што ги постигнаа Аленде и Алба, а потоа во вториот дел асистираше и при третиот гол за Интер Мајами, повторно дело на Аленде. Конечните 4-1 ги ...

Никола Малешевиќ по две години се врати назад во Пелистер, а српскиот кошаркар ќе биде значаен адут на „зелено-белите“ во новата натпреварувачка сезона. „Пелистерци“ во првото коло попладнево (15 часот, СРЦ Кале) ќе му гостуваат на Работнички, дуел на кој Малешевиќ и соиграчите ќе сторат се за да стигнат до триумф. „Пред нас е тежок натпревар на гостински терен против еден од фаворитите за висок пласман на табелата. Напорно работевме и се ...

Алекс Переира е новиот шампион во полутешка категора во УФЦ откако во извонредна борба славеше над Магомед Анкалаев. Со оваа победа Бразилецот Переира се врати на тронот, и тоа само седум месеци по поразот од истиот ривал, покажувајќи дека во моментов сепак е подобар борец од Дагестанецот. Се очекуваше неизвесност, но борбата траеше помалку од 90 секунди, Переира успеа да го турне Анкалаев на подот, по што следеше серија брутални удари. Судијата ...

Три порази по ред има Силекс во ПМФЛ, а сега излез од мини кризата ќе бара на дуелот против Тиквеш во Кратово. Кратовската екипа со серијата на лоши резултати падна на табелата, меѓутоа сега сака враќање на победничките патеки. И покрај тоа што имаат три порази, велат дека атмосферата во тимот е одлична, и дека сите се подготвени да дадат максимум за да ги освојат трите бода од мечот против Тиквеш на домашен терен. „На дуелот со Тиквеш одиме на ...

Арсенал го победи Вест Хем и се искачи на врвот на премиерлигашката табела, но тој триумф беше скапо платен ако се знае дека капитенот Мартин Едегард заработи нова повреда поради која мораше да биде заменет уште во првото полувреме. Стратегот Микел Артета не криеше дека е загрижен за состојбата на норвешкиот плејмејкер кого го очекува нова пауза од терените. „Од она што ми беше кажано, се чини дека беше удар колено во колено. Од она што самиот ...

weather icon

Белград

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
85%
1017
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
92%
1017
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
2.57
70%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.85
91%
1018
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
95%
1018
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
5.14
83%
1010
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1011
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1012
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
83%
1017
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.34
96%
1016
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
6.69
94%
1007
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
3.6
81%
1014
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1533

Currency

38.273

Currency

65.8934

Currency

7.48586

Currency

0.68919

Currency

0.34063

Currency

0.5251

Currency

1.24455

Currency

0.58842

Алуминиум

2.91

Платина

52864.82

Сребро

1876.20

Рутениум

29192.88

Родиум

255598.44

Злато

134976.58

Иридиум

145787.60

Цинк

3.22

Калај

40.49

Бакар

10.96

Кобалт

58.42

Никел

473258.99