Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Економија КИНА И САД поведоа „бродска“ трговска војна 14.10.2025 Од денеска, САД и Кина наметнуваат пристанишни такси на товарни бродови што превезуваат сè, од играчки до сурова нафта. Со ова, трговскиот конфликт меѓу двете најголеми економии во светот, се проширува и на поморскиот превоз. Министерството за транспорт на Кина објави детален документ во кој се пропишуваат посебни пристанишни такси за бродови во сопственост или управувани од ...
Финансии / Банкарство Турската централна банка нема да издава поголеми банкноти 14.10.2025 Турската централна банка нема планови за воведување нови банкноти со повисока вредност од сегашните, иако инфлацијата значително ја намалува куповната моќ на лирата, објави порталот „Туркие тудеј“. Највисоката деноминација во земјата – банкнота од 200 турски лири – вреди околу 4,78 американски долари, што создава практични тешкотии за граѓаните и ...
Економија ПРОТИВ 13 ЧАСОВЕН РАБОТЕН ДЕН И ВРАЌАЊЕ НА 13-ТА И 14-ТА ПЛАТА, грчките државни службеници во штрајк 14.10.2025 Државните службеници во Грција денеска излегуваат на 24-часовен штрајк, на повик од Синдикалната федерација на државните службеници (АДЕДИ), поради новиот нацрт-закон за труд кој предвидува воведување 13-часовен работен ден и други измени, објави електронското издание на весникот „Катимерини“. Минатата недела АДЕДИ повика ...
Економија ВИСОКИТЕ КИРИИ ГО СПРЕЧУВААТ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НА ГЕРМАНИЈА, последици од станбената криза 13.10.2025 Високите кирии станаа едни од најголемите социјални и економски проблеми во Германија. Растечките трошоци за домување во големите градови не само што влијаат врз домаќинствата со пониски приходи, туку и сериозно го загрозуваат економскиот раст и мобилноста на работната сила, се наведува во извештајот објавен од Институтот за ...
Бизнис ХРВАТСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ СТРАВУВААТ ЗА СВОЈАТА КОНКУРЕНТНОСТ, ЕУ го намалува буџетот за земјоделскиот сектор 13.10.2025 Според најавите од Брисел, во следниот буџетски период учеството на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) би се намалило за повеќе од 20 проценти и би паднало на историски минимум на 15 отсто од европскиот буџет. Доколку најавите се остварат, Хрватска би останала без околу 1,3 милијарди евра за земјоделство за седум ...
Економија Кризата во Франција влијае на напредокот на технолошкиот сектор во земјата 13.10.2025 Франција се соочува со политичкa криза повеќе од една година, а таа неизвесност сè повеќе влијае на технолошкиот сектор во земјата.Политичките турбуленции и предлогот за буџет кој веројатно нема да биде усвоен на време сериозно го оптоваруваат овој динамичен сектор, кој сè повеќе предупредува дека францускиот брод „полека тоне“. Тоа е драматичен ...
Општество Во студентските домови има слободни места за сместување! 13.10.2025 Министерството за образование и наука известува дека од денеска е отворена можноста за пријавување студенти за сместување во студентски домови каде што останаа слободни места по Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2025/2026 година. Во објавата на МОН ...
Бизнис ВО АВГУСТ НАМАЛЕН БРОЈОТ НА СТРАНСКИТЕ И НА ДОМАШНИТЕ ТУРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА 13.10.2025 Бројот на туристите во август 2025 година изнесува 226 179 кои оствариле 846 221 ноќевања. Бројот на туристите во август годинава во однос на август 2024 година е намален за 2,8 отсто, кај домашните туристи има намалување за 4,0 отсто (108 483 туристи), а кај странските намалувањето е за 1,6 отсто (117 896 туристи), објави денеска Државниот завод за ...
Lifestyle Samsung ја претставува Dual Screen промоцијата: двојна забава со купување Samsung ТВ 13.10.2025г Дополнителен 24-инчен или 27-инчен Full HD Smart TV како подарок при купување на одбрани Samsung телевизори Samsung Electronics со големо задоволство ја најавува својата најнова Dual Screen промоција, која трае од 13 октомври до 9 ноември 2025 година. Оваа возбудлива кампања им овозможува на купувачите да го удвојат своето искуство при ...
Економија Македонците на мобилен месечно зборуваат по 226,57 минути 13.10.2025 Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во првиот квартал годинава изнесува 1.941.996 и е намален за 1,72 проценти во однос на последниот квартал лани, а зголемен од 0,62 проценти во однос на истиот квартал од претходната година. Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) заклучно со март годинава имале 1.588.395 ...
Економија Царините ќе го намалат економскиот раст на САД, според анкетата на економистите 13.10.2025 Силниот раст на деловните инвестиции треба да ги компензира послабите трошоци и падот на светската трговија и да ја одржи американската економија блиску до нејзиниот долгорочен тренд на раст, покажува новото истражување на Националното здружение на бизнис економисти (NABE). Сепак, побавниот раст на вработеноста, повисоката невработеност и ...
Економија Франција доби нова влада 13.10.2025 Француското претседателство го објави новиот владин кабинет, предводено од премиерот Себастијан Лекорну. Владата е формирана со цел да се избегне продлабочување на политичката криза во земјата и да се усвои буџетот за 2026 година. „Единственото нешто што е важно е интересот на земјата“, истакна тој на социјалната мрежа „Икс“, заблагодарувајќи им се на министрите, „кои учествуваат во ова владино ...
Lifestyle Galaxy Z Fold7 и Watch8 Classic: моќ, елеганција и живот без пауза 13.10.2025г Постојат уреди што ги користиш и уреди што стануваат дел од твојот живот. Galaxy Z Fold7 и Galaxy Watch8 Classic не се само технологија. Тие се изјава за самодоверба, за прецизност и за стил кој не прави компромис. Замислете телефон што не е само алатка, туку ваш личен асистент, мини канцеларија, уредувач на слики, креативен простор и извор на ...
Финансии / Банкарство Со кои акции беше реализиран повеќе од половина од вкупниот промет на Македонската берза минатата недела? 13.10.2025г Неделен извештај за периодот 06.10.2025 – 10.10.2025 г. Минатата недела, во периодот од 06.10.2025 – 10.10.2025 година на Македонската берза на хартии од вредност на официјалниот пазар беше остварен вкупен промет од 80,4 милиони денари или околу 1,3 милиони евра. Повеќе од половина или 51,4 % од овој ...
Економија Инвестиции во кадар и одржливо рударство во фокусот на излагањето на Ивица Карапетров на Подекс-Повекс ’25 13.10.2025г На шеснаесеттото стручно советување со меѓународно учество „Подекс-Повекс ’25“, кое ги обедини највлијателните имиња од рударската и геолошката фела, особено внимание предизвика панел-дискусијата посветена на „Патот кон одржлив развој во рударството“. Ивица Карапетров, заменик генерален директор на рудникот за ...
Економија Декемвриските пензии во Србија повисоки за 6.000 динари 13.10.2025 Пензиите во Србија од декември годинава ќе бидат зголемени за 12,2 отсто од декември. Според најновите податоци од август, просечната пензија била 50.657, а по зголемувањето, нејзиниот износ треба да изнесува околу 56.842 динари (околу 485 евра). Со најавеното зголемување од 12,2 отсто, просечната пензија ќе биде повисока за околу 6.000 динари ( околу 51 евро). ...
Економија Енергетските системи под притисок од брзиот раст на обновливи извори 12.10.2025 Обновливите извори на електрична енергија продолжуваат силно да растат низ целиот свет, а се очекува глобалниот капацитет да се зголеми повеќе од двојно до 2030 година, според најновата среднорочна прогноза на Меѓународната агенција за енергија (МАЕ). Меѓутоа, брзиот раст на варијабилните обновливи извори врши зголемен притисок врз енергетските системи. ...
Бизнис Во следната деценија во светот ќе расте потрошувачката на живинско месо 12.10.2025 Во текот на следната деценија, во светот потрошувачката на месо од живина ќе достигне 45 отсто во вкупната потрошувачка на месо во светот. Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) предвидува дека во текот на следната деценија, глобалната потрошувачка на живинско месо ќе се зголеми за 16 отсто, на 160 милиони метрички тони, и дека ќе достигне 45 ...
Општество Глобалниот животен век се врати на нивото пред пандемијата на Ковид-19 12.10.2025г. Глобалниот животен век во 2023 година се врати на нивото забележано пред пандемијата на Ковид-19, зголемувајќи се на 76,3 години за жените и 71,5 години за мажите, според долгогодишната студија за смртноста „Глобално оптоварување на болести“ (Global Burden of Disease). Од 1950 година, животниот век е зголемен за повеќе од 20 години за двата пола. ...
Бизнис Компаниите во трка за пилоти, нудат подобри услови за работа и бонуси 12.10.2025 Многу авиокомпании во светот се борат да привлечат нови пилоти, поради зголемувањето на воздушниот сообраќај. За да се привлече пилотски персонал компаниите нудат подобри услови за работа, а се зголемува и возраста за пензионирање. За време и по пандемијата на коронавирусот, обуката на пилоти беше прекината бидејќи авиокомпаниите одлучија да почекаат и да ...
Бизнис УЈП И СТОПАНСКАТА КОМОРА ВО ЗАЕДНИЧКА МИСИЈА ЗА УСПЕШНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА СИСТЕМОТ ЗА Е-ФАКТУРИРАЊЕ 12.10.2025Г Делегација на Управата за јавни приходи, предводена од директорката Елена Петрова, оствари средба со претседателот Бранко Азески и претставници на Стопанската комора на Северна Македонија. На состанокот беа презентирани активностите и динамиката за воведување на системот за е-фактурирање, како една од клучните реформи во ...
Општество Слемот е светски книжевен жанр кој отвора современи теми, Елена Пренџова 12.10.2025 Елена Пренџова по звање е професор по англиски јазик и книжевност, со магистратура, преведувач, препејувач, но и вљубеник и поборник на слемот како нов жанр во современото доба и во начинот на размислувањето. Пренџова е учесник на првата работилници за слем што во земјава ја одржа Мајкл Џеј од Германија. Со неа беше и прилепскиот актер Игор Трпчески ...
Економија ЕУ и Западен Балкан се наоѓаат на клучен момент во нивното заедничко економско и политичко патување.,на 13 и 14 октомври во Тирана ќе се одржи Инвестицискиот форум ЕУ-ЗБ6 12.10.2025 Во Тирана на 13 и 14 октомври ќе се одржи Инвестицискиот форум ЕУ-ЗБ6 (Европска Унија-Западен Балкан). Веста ја објави премиерот Еди Рама, кој преку објава на социјалната мрежа Фејсбук наведува дека ова е историски настан и „уште еден важен чекор за ...
Lifestyle Џеф Безос со совети за успех: Не, дипломата не е бескорисна, но ... 11.10.2025 „Можно е да имате 18, 19 или 20 години и да се откажете од колеџ за да станете одличен претприемач, но тоа се исклучоци“, изјави основачот на Амазон, Џеф Безос. Според негово мислење, најголемите приказни за успех од технолошкиот свет започнаа на универзитетите, но за успешните без диплома вели дека „тие се исклучок, а не правило“. Во неговиот настап по ...
Финансии / Банкарство ЕЦБ разработува сценарија за воведување на дигиталното евро! 11.10.2025 Дигиталното евро би можело да предизвика повлекување на депозити од комерцијалните банки во вредност до 700 милијарди евра, во случај на граѓаните да пристапат кон други видови на плаќање, покажува симулацијата на Европската централна банка (ЕЦБ). Европските министри за финансии минатиот месец се согласија за план за воведување на дигиталното евро, ...
Општество Одбележан јубилејот - 100 години авијација во Битола 11.10.2025 Аеро-клубот „Мирко Тодоровски“ на спортскиот аеродром „Логоварди“ одбележа јублеј - 100 години авијација во Битола. Според документација во клубот, првите летови над градот се регистрирани во 1925 година, а во 1935 била воспоставена редовна авионска линија на релација Белград - Ниш - Скопје - Битола - Солун. На свечена академија, што се одржа под мотото „СТОлетие“, се ...
Општество Доделување на државната награда „11 Октомври“ 11.10.2025г Во Собранието денеска ќе биде доделена државната награда „11 Октомври“ за 2025 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија. Наградата за животно дело во областа на културата и уметноста ќе им се врачи на: Теута Ајдини Легени, актерка; проф.Летка Димовска, ...
Општество Oдбележување на Денот на народното востание 11.10.2025г Во земјава денеска се одбележуваат 84 години од почетокот на народното востание кое почна во 1941 година во Прилеп и Куманово. Со ова започна востанието против фашизмот и борбата за ослободување на македонскиот народ. Празникот годинава ќе биде одбележан со свечена академија во Прилеп и доделување на истоимената награда во Скопје. Свечената академија под мотото „На вистинската ...
Економија Трамп најави нови 100 отсто дополнителни царини за увозот од Кина, Пекинг објави дека ги проширува ограничувањата за извоз на ретки земни метали 11.10.2025 Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина, како и ограничувања за извозот на технолошки производи. „Дознавме дека Кина зазела исклучително агресивен став во трговијата и испратила крајно ...
Финансии / Банкарство Приватноста главна причина за доминацијата на плаќањата во готово во некои земји од ЕУ 10.10.2025 Употребата на готовина опаѓа низ цела Европа, но повеќе од половина од сите трансакции сè уште се извршуваат со банкноти, покажува ново истражување од Европската централна банка (ЕЦБ) за 2024 година. Сепак, во однос на вредноста на плаќањето, уделот на готовината е значително помал. Според анкета спроведена меѓу 40.000 ...