СВР Скопје информира дека денеска по повод верскиот празник Водици, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром. Во центарот на град Скопје за сообраќај ќе биде затворена улицата „Филип Втори Македонски“ на потег од крстосница со булеварот „Гоце Делчев“ до ...

Премиерот Христијан Мицкоски од денеска па во наредните неколку дена ќе присуствува во САД. Премиерот коj ќе биде придружуван од министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков во Вашингтон ќе присуствуваат на инагурациската церемонија на новиот американски ...

Измамниците со лажни телефонски повици за сообраќајни несреќи, „олеснија“ 76-годишна жена за 130.000 денари. „На 17.01.2025 година во 18.30 часот во СВР Скопје, Р.С.(76) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 14.00 часот примила телефонски повик од едно женско лице и едно машко лице, коишто и кажале дека нејзината ќерќа предизивикала сообраќајна несреќа – прегазила дете, и за да не оди во затвор, требала да им даде пари на истите. ...

По наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, уапсен е Раде Трајковски-Штекли. Неофицијално, тој бил уапсен во близина на хотел во околината на Гевгелија при обид за бегство. Непотврдено, се апсат и лица соработници на Штекли, кои се поврзани со продажба на наркотични средства. Штекли во последната година имаше три обиди за ликвидација. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Раде Трајковски Штекли, кој преживеа трет обид за ...

Во рамките на одбележувањето на 80-годишнината на Македонскиот народен театар, на 25 јануари со почеток во 20 часот ќе се одигра премиерната изведба на претставата „Народен пратеник“ од авторот Бранислав Нушиќ, а во адаптација и режија на Егон Савин. Култното режисерско име Егон Савин се враќа во МНТ по подолг период. Ова е негова трета претстава во театарот, претходно ги има поставено „Злосторство и казна“ (1994) и „Лаж и паралаж“ (1996). Во ...

Во декември 2024 година, пазарот на криптовалути првично се искачи на рекордни 3,91 милијарди американски долари. Ова беше поттикнато од регулаторниот оптимизам, институционалното усвојување и новото историски највисоко ниво на Биткоин од 108 илјади американски долари, што беше предизвикано од вклучувањето на MicroStrategy во Nasdaq 100, како и од континуираните аквизиции на БТК. Релито попушти кон крајот на декември кога Федералните резерви ...

Македонската ракометна репрезентација синоќа изгуби од Холандија на Светското првенство во ракомет во Вараждин, Хрватска, со резултат 37-32 (18-15). Претходно нашата репрезентација на првиот натпревар на првенството одигра нерешено со Унгарија. Следниот, последен, натпревар, го играме со Гвинеја утре. Македонија има само еден бод, а е во групата со Холандија, Унгарија и Гвинеја. За да продолжи понатаму е потребна победа над Гвинеја. ПОВРЗАНИ ...

По Промедика и М.Г. Фешен и најголемиот акционер во Македонијатурист АД Скопје, Скопски пазар АД Скопје, кој поседува 19,76% од акциите на угостителското друштво, предложи кандидат за член на Надзорниот одбор (НО) на Македонијатурист. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Загревање за нова „битка“ во Македонијатурист преку избор на нов Надзорен одбор Од таму го предлагаат единствено Марјан Ѓорчев за независен член, кој е дипломиран економист. Станува збор за ...

На 14 јануари исчезна велешанката Василка Трајкова (71) била облечена во темно сива јакна, сини пантолони и црни чизми. „На 15.01.2025 во 09.00 часот во СВР Велес, Д.Т.(77) од Велес пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга В.Т.(71), лице со здравствени проблеми“, соопштија од СВР Велес, од каде додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на жената. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии со апел за помош од јавноста. ...

Родителски надзор врз семејството во кое починаа двете новороденчиња во Прилепско, одреди Центарот за социјални работи по извршениот увид во домот. „Врз основа на увидот констатирано е дека во семејството има уште три малолетни деца, условите каде што живее семејството не се екстремно лоши и нехумани, како што се прикажува во јавноста, туку напротив, родителите имаат обезбедено, греење во домот, храна и облека за децата, единствено што ...

Денеска беше пуштена во употреба железничката пруга од Куманово до Бељаковце, источната делница на Коридорот 8, која е првата фаза од железницата кон Бугарија. Истата е со должина од 30,8 километри, се градеше 28 години и чини над 78 милиони евра. На неа се изградени три нови железнички станици – Ново Куманово, реконструирана е постоечката железничка станица Куманово, има шест стојалишта, пет мостови, еден тунел, пропусти со различен ...

Момчето на 17-годишна возраст од скопско Волково, кое вчера доживеа струен удар откако се качил на цистерна-вагон, која потоа се запалила, има изгореници и е во критична состојба. Како што велат од Ургентниот центар за државната агенција МИА, лекарите вложуваат напори за спасување на неговиот живот. Тоа е хоспитализирано на интензивна нега. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ 17-годишно момче доживеало струен удар откако се качило на цистерна-вагон, по што таа се ...

Со почетокот на новата година, сите ние добиваме шанса да започнеме нешто ново. Ова е време кога размислуваме за нашите цели, соништа и желби, но и за тоа како можеме да ги прифатиме нашите уникатности. Новата кампања на dm доаѓа во вистинско време. Самиот почеток на 2025 година dm го одбележува со нова тема на комуникација: Прифаќање на различноста и славење на автентичноста и индивидуалноста на секоја личност. Едноставно кажано – да го ...

Новороденчињата близначиња од прилепското село Славеј, починале поради премрзнување, велат од болницата во Прилеп. „На 30.12.2024 година, во нашата установа, мајка родена во 2001 година, во својата четврта бременост (близначка), се породи спонтано. Близначињата се недоносени, родени во 34. гестациска недела. Првото новороденче, машко, е со родилна тежина од 1.970 грама, а второто, женско, со тежина од 1.780 грама. На 10.01.2025 година, по ...

На пазарот со поштенски услуги владее страшна нелојална конкуренција, а иако се едни од најбрзорастечките бизнис-сектори како последица на развојот на е-трговијата, логистиката и доставата изминативе години не добиваат никаква поддршка од државата, изјави за „Блумберг Адриа“ Игор Гешовски, сопственик на најголемата компанија за поштенски услуги Еко логистик сервис (ЕЛС). Изјавата следува по објавата на најновиот извештај за е-трговија во ...

Две новороденчиња близначиња, машко и женско починале вчера во прилепското село Славеј. Јавен обвинител од основното јавно обвинителство од Прилеп нареди обдукција за да се утврди причината за нивната смрт. „Екипата на Итната помош штом пристигнала констатирала смрт кај едното бебе, а другото било префрлено во прилепската болница во тешка состојба каде починало. Семејството живее во екстремно лоши услови и има уште три деца. Наредив обдукција ...

По завршувањето на истражната постапка која ја водеше Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во која учествуваа полициски службеници од Истражниот центар на ОЈОГОКК и од Одделот за организиран и сериозен криминал на МВР на Македонија, јавниот обвинител од ова обвинителство до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против 10 лица и едно правно лице. Седуммина обвинети како членови на ...

Трибјут бендот Marigold Box е целосно посветен на легендарните песни на бендот од Сиетл, Нирвана. Без костими, без перики, само вистинската суштина на Курт Кобејн. Се смета за меѓу најдобрите Nirvana трибут бендови во цела Европа, а во 2025 година ќе свират на најважниот трибјут фестивал во цела Германија – Thunder Rail Festival, како и во познати клубови во Швајцарија, Србија, Италија. Тие ја враќаат моќната и верната музика во живо на Курт ...

На први февруари во Скопје, Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) ќе ја одржи првата седница на своето Собрание во 2025 година, на која делегатите ќе имаат можност да разгледаат и усвојат неколку предлог-одлуки кои треба да овозможат реализација на амбициозната годишна програма за работа на Институтот, усвоена на претходната седница на Собранието. Постапувајќи согласно препораките на делегатите, во период помеѓу двете ...

На 78-годишна возраст вчера почина култниот режисер Дејвид Линч. Линч имаше проблеми со здравјето, откако пред неколку години во 2020 година му беше дијагностициран белодробен емфизем, поради хронично пушење цигари, навика што ја стекнал на само 8-годишна возраст. Ги остави цигарите во 2022 година, но тоа не му помогна. Ќе го паметиме по култната серија, една од најдобрите на сите времиња, Твин Пикс, филмовите Mulholand Drive, The Elephant ...

На вонредното Собрание на акционери на Македонијатурист АД Скопје на 17. февруари се очекува вистинска „битка“ за нов состав на Надзорниот одбор (НО) на угостителското друштво. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Ќе остане ли Доне Таневски претседател на НО на Македонијатурист, Скопски пазар предложи негово разрешување Предлогот за вонредно собрание за избор на ново раководство на НО го даде најголемиот акционер, Скопски пазар АД Скопје, кој засега нема свои ...

Агенцијата за управување со одземен имот ги проценила конфискуваните парцели на Водно на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, бегалецот Никола Груевски, кој стана политички азилант во Унгарија, на 5,8 милиони евра, објави Фокус. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Колку вреди одземениот имот на Груевски Станува збор за имот кој е конфискуван за случајот “Плацеви на Водно”, а се работи за поголема парцела од 11.000 метри квадрати (поделена на три дела) и ...

Како и што се очекуваше Трајче Заев, на братучедот Вице Заев, (кој е брат на поранешниот премиер Зоран Заев), му ги продаде сите свои акции во струмичките акционерски друштва Герас Цунев конфекција и Герас Цунев трговија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Ќе ги продаде ли Трајче Заев акциите на Вице Заев во Герас Цунев-трговија и Герас Цунев-конфекција Тоа може да се види од дветте решенија на Комисијата за хартии од вредност, кои ги објави Македонската берза. ...

Над 600 граѓани, меѓу кои најголем број млади лица кои се на зимски распуст, го искористија бесплатниот превоз до скијачките центри Нижеполе и Копанки, организиран од страна на Општина Битола во соработка со ЈП Пелалинк, информираат од таму. Утре, 17.01.2025 е последниот ден од реализацијата на оваа еднонеделна активност, која со голем интерес беше прифатена од страна на граѓаните. „Општина Битола во соработка со ЈП Пелалинк, ЈП „Стрежево“, ...

По М.Г. Фешн, уште еден од најголемите акционери во Македонијатурист АД Скопје, Промедика предложи свои кандидати за нови членови на Надзорниот одбор (НО) на Друштвото, откако претходно најголемиот акционер, Скопски пазар АД Скопје побара вонредна седница на Собранието на акционери за смена на НО на угостителското друштво. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ М.Г. Фешн предложи свои кандидати за членови на НО на Македонијатурист, Доне Таневски не е меѓу нив ...

Деветгодишното дете кое почина на Клиниката за детски болести во Скопје, во штипската Клиничка болница било донесено на 14 јануари, информираа денеска од Клиничка болница-Штип. „Детето е донесено на Одделот за детски болести во ЈЗУ Клиничка болница -Штип на 14 јануари во 18 часот во тешка општа состојба со засегната свест. Веднаш се реализирани биохемиски иследувања и КТ на глава и поради тешката состојба со медицинска придружба во 19 часот ...

Од вечерва на полноќ цената на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за два денари, а цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат исти, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Иста останува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1). Со новата одлука, цената на дизелот ќе изнесува 75,50 денари за литар. За 1,051 денари поскапува и Мазутот М-1 НС и ...

Пратеничката на “Европскиот фронт“, Илире Даути денеска поднесе оставка од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, а Собранието ја констатираше истата. Оставкатата следи откако пред неколку дена во Собранието помина интерпелацијата за нејзе. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Пратениците гласаа за разрешување на Даути Истата беше поднесена од опозициската Левица, поради блокирање на Законот за бранителите. ...

Страниците од приказната на момците од Браво бенд, како што и најавија, продолжуваат да се испишуваат со нови нумери, а овој пат место на нив има за песната со наслов „Те љубам“. Свежина во звукот сега дечките внесуваат преку Весна Малинова, која се потпишува како автор на музиката и текстот и која во музицирањето на Браво бенд го внесува својот препознатлив стил. Аранжманот, пак, на оваа поп-балада е со потписот на Јован Лазаревиќ – Тукс и ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше за проодноста на патните правци по обилните врнежи од снег. РЦУК – Битола, известува дека патниот правец за с.Гопеш кој после обилните врнежи од снег не беше прооден, од вчера од 15ч. е исчистен со камион од ЈКП Нискоградба-Битола. Тројцата српски државјани кои таму биле појдени на викенд, одбиле да се вратат во Битола. Истите изјавиле дека имаат храна и огрев и дека очекуваат патот да биде ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
4.12
66%
1015
weather icon

Белград

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
70%
1018
weather icon

Загреб

10ᴼ / 6ᴼ
1.03
69%
1019
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
58%
1017
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
0.72
95%
1018
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
0.64
85%
1021
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
2.57
75%
1011
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
87%
1014
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
62%
1015
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.09
75%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
1.34
58%
1018
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
100%
1012
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Сребро

2840.84

Рутениум

56199.51

Алуминиум

3.18

Цинк

3.07

Калај

43.90

Родиум

350443.14

Бакар

10.68

Иридиум

258288.78

Кобалт

66.14

Платина

60154.05

Паладиум

45911.27

Злато

166450.52