Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Во едукативниот културен центар „Лабораториум“ денеска и утре се одржува Саемот на креативни индустрии. Организиран е од здружението „Балкан синема ситис“ и Унијата на македонски организации во креативните индустрии (УМПАКИ), со поддршка од Министерството за култура и туризам и Британскиот совет, На истиот ќе се престават над 50 учесници од различни креативни сектори. Како што најавуваат организаторите, посетителите ќе можат да видат неколку ...
Во завршна фаза се активностите за изградба на скијачкиот центар во Михајлово во Кавадарци. Како што информираше градоначалникот на Општината, Митко Јанчев, деновиве ќе се прави монтажа на геоплатното и церадата за акумулација на вода за вештачки снег со капацитет од 3.200 м3. Центарот ќе располага со ски лифт во должина од 370 метри и капацитет од 600 лица на 1 час, скијачки појас со капацитет од 800 лица, четири сезонски вртелешки, снежни ...
Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта Скопје склучи договор за набавка на индустриска сол за патишта – во времетраење од две години со друштвото за трговија и услуги Лугос ЛЦ експорт-импорт ДООЕЛ Скопје. Вредноста на договорот е 141.600.000 денари или 2.302.439 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 4,4 милиони евра склучи ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта со „ТЛ компани ...
Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), во државна сопственост, Скопје, склучи договор за ремонтни активности во ТЕ за 2024 година – услуга за специјализирана работна рака, со заштитното друштво, печатницата, Графо пром ДООЕЛ Битола. Договорот е во вредност од 36.970.934 денари или 601.153 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ЕСМ склучи договор со Марковски компани, вреден над 1 милион евра Нови ...
Опозициската СДСМ на денешниот 30. Конгрес на партијата, кој се одржа во хотелот Александар палас во Скопје, ги избра новите членови на Централниот одбор. Детален преглед на сите нови членови, ОВДЕ. Одборот има 113 членови, а меѓу нив нема звучни досегашни актуелни функционери на партијата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Фани Каранфилова Пановска нова заменик претседателка на СДСМ, на местото на Сања Лукаревска СДСМ на Конгрес денеска бира ново раководство ...
На денешниот 30. Конгрес на опозициската СДСМ, Фани Каранфилова Пановска е избрана за нова заменик претседателка на партијата. Таа доаѓа на местото на актуелната пратеничка на партијата, Сања Лукаревска, која поднесе оставка на функцијата по последните избори. Каранфилова Пановска е поранешна директорка на фондацијата Отворено општество Македонија и долго време е активна во граѓанскиот сектор. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кои се новите членови на ...
Со банките Владата договорила каматна стапка од 1,95% за парите од унгарскиот кредит, наменети за компаниите, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски. – Договорена е каматна стапка од 1,95 проценти, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите. Ценам дека е ова историски договор со историска најниска каматна стапка, изјави Мицкоски. За да добијат кредит компаниите ќе треба да имаат ...
Следниот викенд на 30. ноември во Солун, Грција, ќе биде пуштена воведната линија од 9,6 километри од метрото, кое почна да се гради во 2003 година, пренесуваат грчките медиуми. Го градеше конзорциум од грчката компанија Актор, италијанската Уибилд и јапонската Хитачи рејл. Изградбата доцнеше од бирократски причини, но и поради тоа што при пробивањето на тунелите беа пронајдени над 300.000 археолошки наоди. Градежниците открија и ...
Јавното претпријатите за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта Скопје склучи договор за набавка на материјали за тенкослојна ознака на коловоз (боја, разредувач и перла за обележување на патишта) во времетраење од две години со друштвото за производство, градежништво, транспорт, трговија и услуги ТЛ компани 2001 ДООЕЛ експорт-импорт Битола. Вредноста на договорот е 271.400.000 денари или 4.413.008 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ...
Дино, златен ретривер, обучено терапевтско куче, од пред неколку дена ги смирува патниците на аеродромот Скопје, информираа од ТАВ Македонија. Додека чекате да се качите на својот лет, можете да го погалите и да си поиграте со него. -Патувањето може да биде стресно и токму затоа се потрудивме да го направиме вашето патување порелаксирано. Дино ќе биде присутен на излезите (гејтовите) и со него ќе имате можност да се забавувате и опуштите ...
Во хотелот Александар палас во Скопје, на Конгрес, опозициската СДСМ денеска ќе бира ново раководство. На истиот според најавите од партијата се очекува да се изберат новите членови на највисоките тела на СДСМ, Централниот и Надзорниот одбор. Денеска треба да биде познато и името на новиот заменик-претседател на партијата. Фокус објави дека новиот лидер на партијата, Венко Филипче за оваа функција ќе ја предложи Фани Каранфилова-Пановска, ...
Русија деновиве со напад на воен објект во украинскиот град Дњепар, за првпат го употреби своето ново оружје, кое рускиот претседател Владимир Путин, го нарече „Орешник“. The Russian media are sharing a video of the new hypersonic ballistic missile "Oreshnik" that hit a Ukrainian military facility on Thursday night. pic.twitter.com/TA8rZiLfO1 — Politsturm International (@PolitsturmInter) November 21, 2024 ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Русија врз Украина го ...
Макстил АД Скопје преку Македонската берза информираше дека на 22. ноември е настаната промена во сопственоста на акциите со право на глас. -Имено, Duferco Skop SA, како мнозински акционер ја зголеми сопственоста и на наведениот датум се стекна со 1.290 акции, со што во моментов поседува вкупно 83,59% од главнината на акции со право на глас на Макстил, велат од таму. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Duferco Skop SA купи уште 1.000 акции на Макстил Duferco Skop ...
Државниот завод за статистика (ДЗС) информираше дека просечната нето-плата во септември изнесува 41.585 денари. Податоците на ДЗС покажуваат дека нема промени во делот на највисоката просечна нето-плата за овој период, таа е во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности и изнесува 96.455 денари, следи Воздухопловен транспорт – 63.527 денари, па Научно истражување и развој – 62.743 денари, Производство на основни ...
Четвртата генерација на BMW X3 ја доживеа својата македонската премиера. Увозникот за BMW во Македонија и Косово, компанијата М Кар со гордост го претстави новиот BMW X3, симбол на перформанси, удобност, дизајн и напредна технологија. Со свежа, динамична аура, новиот BMW X3 ја истакнува својата спортска страна, нудејќи премиум корисничко искуство, извонредна агилност и великодушна пространост кои ги надминуваат очекувањата. Благодарение на ...
Како и што најави, македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, денеска имаше средба со Радмила Шекиринска, за да и честита за новата функција – заменик генерален секретар на НАТО. Како што информираат од нејзиниот Кабинет средбата поминала во пријатна атмосфера. -Искрени честитки за престижната функција, којашто е не само лично, туку и државно признание, доказ дека единството и консензусот меѓу носителите на највисоките функции се ...
Складирањето на електрична енергија со батерии е од клучно значење за иднината на енергетскиот сектор во Македонија, особено во контекст на зголемувањето на обновливите извори на енергија. Како што земјата преминува кон поголемо учество на обновливите извори на енергија, постои потреба за ефикасни решенија кои ќе обезбедат континуитет во снабдувањето со електрична енергија. Батериските системи играат важна улога во управувањето со ...
Македонските граѓани ќе патуваат во Кина без виза. Тоа треба да случи од 30. ноември 2024 година, кога земјата планира да го прошири безвизниот режим за девет земји, меѓу кои е и Македонија. Кина ќе го продолжи и периодот на безвизен престој во земјата од сегашните 15 на 30 дена. Политиката за ослободување од визи ќе се применува и за граѓаните на Бугарија, Романија, Хрватска, Црна Гора, Малта, Естонија, Летонија и Јапонија. Фото: Игор ...
Пресудата која Основниот Кривичен Суд во Скопје ја донесе против 13 лица за трговија со дете, полов напад и силување, и производство и дистрибуција на детска порнографија е огромно разочарување и несоодветно ја рефлектира тежината на извршените дела, велат од Платформа за родова еднаквост. „Овие дела не се само сериозно нарушување на правата на жртвата туку и директен напад врз основите на родовата еднаквост и заштита на децата. Изречените ...
„Шведска беше една од првите земји во светот што зазеде поинаков пристап во борбата против чадот од тутун – и се покажа дека тој пристап беше вистински, бидејќи земјата е на пат да стане првата непушачка земја во Европа“, рече Патрик Хилдингсон, потпретседател за комуникации и корпоративни работи на Swedish Match, најголемиот светски производител на орални никотински производи, на конференцијата „ReThink: Learning from Sweden“ организирана од ...
Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант, и за лидерот на терористичката организација Хамас, Мохамед Диаб Ибрахим ел Масри. Според МКС Нетанјаху и Галант „целно и намерно“ го користеле гладот како оружје против палестинското население во Појасот Газа, оневозможиле обезбедување вода, струја и медицинска помош на луѓето, како и на ...
Русија за првпат во напад на воен објект во Днипро, Украина, го тестираше своето ново оружје – „орешник“, балистички проектил со среден дострел. Оваа следи откако Украина доби дозвола од САД да користи американски ракети АТАКМС на територија на Русија. Украина веќе користи и британско оружје со долг дострел. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Колкава моќ имаат ракетите АТАКМС, за кои САД дозволи Украина да ги користи на територијата на Русија ...
Синоќа 19-годишна девојка прегази жена во скопски Чаир, која почина на лице место. Засега нема официјални информации за идентитетот на починатата жена, а како што информираше Министерството за внатрешни работи во нејзе со возило “сеат алтеа” со скопски регистерски таблички удрила А.Џ. од Скопје. Несреќата се случила на булеварот Христијан Тодоровски Карпош во Скопје Девојката по несреќата била пренесена во Градската општа болница „8 ...
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски од денеска е во дводневна посета на соседна Србија. Како што информираа од Владата, тој ќе има тет-а-тет средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и со неговиот српски колега, Милош Вучевиќ. Мицкоски ќе присуствува и на третиот меѓународен Саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“, а дел од македонската делегација на Саемот се и Љупчо Димовски, ...
Во затворот Скопје, попознат како Шутка, на 34-годишна возраст почина син на турски градоначалник. Се работи за Онур Ѓунај, син на Мустафа Ѓуна, градоначалник на Општината Ѓузелбахче, дел од градот Измир. Ѓунај починал пред два дена, а од Министерството за внатрешни работи информираа дека откако му се слошило, бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, каде и што починал. Лекар констатирал смрт, а неговото тело било ...
Денеска треба да се нормализира јавниот сообраќај во Скопје. Вчера Владата одлучи на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје, кое остана без нафта, поради долг, да му позајми гориво од државните резерви. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Град Скопје ќе добие на заем нафта од државните резерви Деновиве низ Скопје возеа само неколку автобуси на ЈСП, кои работат на гас. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Скопје ем загадено, ем без јавен превоз ЈСП избрало неприфатлива понуда за ...
Од Тетекс АД Тетово преку Македонската берза информираа дека на седница на Одборот на директори на Друштвото одржана на 20. ноември, за извршни директори на Друштвото се избрани Бобан Гоговски, за главен извршен директор и Павлинка Трповска за извршен директор. Гоговски и претходно беше на истата позиција. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Колкава плата лани имал Бобан Гоговски, генералниот директор на Тетекс Директорот на Тетекс, Бобан Гоговски купи акции во ...
Од Макстил АД Скопје преку Македонската берза информираа дека на 21. ноември е настаната промена во сопственоста на акциите со право на глас. -Имено, Duferco Skop SA, како мнозински акционер ја зголеми сопственоста и на наведениот датум се стекна со 1.000 акции, со што во моментов поседува вкупно 83,58% од главнината на акции со право на глас на Макстил, велат од таму. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Duferco Skop SA купи уште 500 акции на Макстил Макстил со ...
Град Скопје ќе добие на заем нафта од државните резерви, одлучи денеска на вонредна седница македонската Влада. Оваа следи откако Скопје речиси остана без јавен превоз, поради тоа што Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје остана без нафта поради неплатен долг. Во сообраќај се само 25 автобуси на ЈСП, кои возат на гас. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ЈСП избрало неприфатлива понуда за набавка на Еуродизел, велат од Бирото за јавни набавки Скопје ем ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2024 година, изнесува 41.585 денари, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС) Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, изнесува 109.8. Ваквото зголемување, како што велат од таму, се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по ...