Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Српскиот водител Огњен Амиџиќ е во преговори со челниците на телевизијата „Пинк“ во врска со ангажманот во музичкото натпреварување „Пинкови ѕвездички“, а водителот сега се огласи по тој повод. Како што се зборува, Огњен Амиџиќ треба да ја наследи улогата на покојниот Саша Поповиќ и во „Пинковите ѕвезди“ да биде задолжен на кандидатите да им соопшти кој поминал во следниот круг. Музичкото натпреварување започнува наесен на телевизијата „Пинк“, а ...
Фолк-пејачот Јордан Митев неодамна ги израдува своите обожаватели кога објави дека тој и неговата сопруга Славица Митева чекаат син. Тоа ќе ја надополни нината семејна среќа, откако во 2023, додека пејачот беше на турнеја во Австралија, неговата сопруга ја роди ќерката Кристина. Среќната вест прв на социјалните мрежи ја сподели Јордан, по што следуваа многу честитки од неговите фанови. Јордан по раѓањето на неговата наследничка одржа неколку ...
Ела Дворник не можеше да го сокрие емотивниот момент кога се потсети на својот татко, легендарниот „крал на фанкот“ Дино Дворник, кој денес ќе го наполнеше 61 година. Познатата инфлуенсерка на социјалните мрежи објави фотографии од својот татко, придружени со порака која разнежни многумина: „Татко ми денес ќе имаше 61 година. Наместо да жалиме што го нема, повеќе сме среќни што имавме можност да го имаме. И понатаму живее во приказните на ...
Фолк пејачот Драган Којиќ Кеба и официјално стана дел од стручното жири во најпопуларното музичко натпреварување на Балканот – „Ѕвездите на Гранд“. Тој денеска го потпиша договорот со продукцијата, со што ја потврди долгогодишната соработка која често ја имаше и во форма на гостувања и замени во минатите сезони. Од „Гранд“ се огласија со официјално соопштение: „Со особено задоволство ја известуваме јавноста дека од оваа сезона, во величествениот ...
Фустанот со пораката на актерката во Сараево ги трогна присутните, деталите се неверојатни Актерката Алена Џебо беше едно од највпечатливите лица на црвениот тепих на Сараевскиот филмски фестивал. Таа ги воодушеви публиката, критичарите и фотографите со својот моден избор – се појави во долга, бела креација со едноставни линии, но со многу силна симболика. На фустанот се истакнуваа рачно нацртани детски цртежи – куќи, дрвја, цвеќиња и срца – што ...
Победничката на првата сезона на српското реално шоу „Задруга“, Кристина Кија Коцкар, до неодамна престојуваше во Чикаго, а потоа ги информираше сите дека оттаму отпатувала за Порторико. Кристина Кија Кокар во моментот е на одмор во Порторико, од каде што објавува атрактивни фотографии од плажа. View this post on Instagram A post shared by 𝓚𝓲𝓳𝓪 𝓚𝓸𝓬𝓴𝓪𝓻 (@kijakockar) На најновите фотографии, таа носи бело бикини, кое ги превлече ...
Изборот за песна на Евровизија во 2026 година ќе се одржи во Виена, Австрија. Главниот град на Австрија по третпат ќе биде домаќин на најголемиот европски музички спектакл. Во минатото натпреварот се одржа во 1967 и 2015 година. Со ова Виена се изедначи со Копенхаген, Малме и Стокхолм, кои исто така беа домаќини на Евровизија по три пати. Полуфиналето на најголемото музичко натпрреварување ќе се одржи на 12 и 14 мај, а големото финале е закажано ...
Филип Живојиновиќ, сопругот на Александра Пријовиќ, вчера го прослави својот 40-ти роденден. По овој повод, честитките доаѓаа од сите страни, а интересно е што тој не е единствениот во семејството кој славеше на 19 август. Имено, Александра јавно му го честиташе роденденот на Филип, а нејзината мајка Борка Михајловиќ го стори истото, но на својот партнер кој е роден на истиот ден. Имено, Борка објави фотографија на Инстаграм со своето момче ...
Поранешната српска водителка Адријана Чортан ужива во семејниот живот со својот сопруг бизнисмен. Откако се омажи за него, таа се повлече од јавниот свет, а вљубениот пар често посетува луксузни дестинации. Чортан, инаку поранешната девојка на познатиот српски кантавтор Жељко Јоксимовиќ, е активна на социјалните мрежи и често објавува содржини од заеднички патувања. Адријана ја воодушеви јавноста кога покажа како ги храни кокошките наутро, а ...
Александар Тарабунов е еден од нашите најпознати пејачи во поп музиката, а работи и во хорот на Националната опера и балет. Тој е син на познатиот пејач на народна музика, Ванчо Тарабунов и е во среќна врска со Калина. Тарабунов ќе одржи концерт во Скопје на 10 декември и вели дека концертот ќе биде остварување на неговата животна желба. Тој изјави дека од неговите почетоци во 2009 имал желба за поголем концерт и драго му е што наскоро ќе си ја ...
Познато е дека младата српска пејачка Зорана Миќановиќ е „мајстор“ за забави и приватни прослави, а видеото кое неодамна се појави на интернет го покажа тоа уште еднаш. Зорана пееше на забава каде што зеде 2.000 евра за три секунди. Имено, на пејачката ѝ лепеа банкноти од 500 евра. И додека повеќето нејзини колеги се жалат на лошата сезона и недостатокот на настапи, за неа нема зима, што го докажуваат бројните видеа од настапи. Инаку, Зорана е ...
Емотивна приказна за бардот на македонското глумиште Ненад Стојановски сподели Војо Љ. Цветановски, кој е познат како пантомимичар, писател, режисер, колумнист и уличен артист. Во приказната е и ќерката на Ненад Стојановска, актерката и пејачка Јана Стојановска. Таа имала само 13 години кога го загубила татко ѝ, а сестра ѝ, актерката Ана Стојановска 9. На вчерашен ден, 19 август во 1952 година е роден Ненад Стојановски, кој почина многу млад, на ...
Подводната фотографија на русокосата хрватска пејачка е навистина зачудувачка: „Како морска самовила е“. Убавата хрватска пејачка Доменика Жувела сподели сцени на Инстаграм кои открија какво било нејзиното лето. Доменика, инаку кума на Хана Хуљиќ, објави серија фотографии кои ги евоцираат нејзините опуштени и безгрижни моменти, од уживање на плажа до пливање во морето. View this post on Instagram A post shared by D O M E N I C A (@dome.nica) ...
Мирослав Кацаров е еден од највпечатливите Тв ликови кај нас. Неговата кариера почна во „Бекстејџ“ а потоа продолжи со емисијата „Голден карпет“ со интересни гости, игри и провокации. Во 2023 година, тој во Рим на романтичен начин ја побара својата сакана Ивана Зафировска за жена. Миро за „Еспресо” тогаш рече дека претходно го испланирал целото патување како изненадување за Ивана, која е одбојкарка. „Ја побарав Ивана за жена во еден ресторан на ...
По тешкиот период обележан со смртта на нејзиниот татко Ивица, контроверзната старлета Ава Карабатиќ се врати на забавната сцена, во својот препознатлив, провокативен стил. Иако накратко се повлече од јавноста, Ава во последните месеци е активна на Тикток, каде што секојдневно објавува содржини што не остануваат незабележани. Меѓу провокативните видеа и фотографии, нејзината порака до „мразачите“, заедно со фотографија од плажа во оскудно ...
Илина Арсова, која веќе три години живее во Америка, и е на докторски студии на Универзитетот Тенеси во САД каде што и предава, се врати во Македонија. Нашата позната планинарка и уметница која има освоено многу врвови, го освои и срцето на познатиот актер и шоумен Игор Џамбазов, но таа љубов поради далечината меѓу нив заврши. Илина изминативе денови објавуваше фотографии и видеа од нејзиниот омилен Лагадин во Охрид каде што има куќа, а меѓу нив ...
Марко Стојковиќ, попознат како МС Стојан, го отврзал паричникот и одлучил да купи вила на Кипар. Имено, српскиот пејач сака да поминува време на Кипар, па затоа решил и да купи имот во Аја Напа, за кој платил дури 200.000 евра. Неговиот имот се наоѓа во истата област како и куќата на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ. – Стојан навистина го сака Кипар. Имал можност да купи имот и ја искористил таа шанса. Станува збор за модерна зграда и кога ќе ...
Убавата Ива Чагаљ (18), ќерка на хрватскиот пејач Јошко Чагаљ Јола, објави неколку фотографии од Грција, поточно од островот Миконос, на Инстаграм. Таа се фотографираше пред еден ресторан таму во пругаста летна облека. View this post on Instagram A post shared by iva 🙂 (@iva_cagalj) Ќерката на хрватскиот пејач има повеќе од 20.000 следбеници на Инстаграм. Таа е популарна и на социјалната мрежа ТикТок каде што ја следат 90.000 луѓе. Таа ...
Актерот Милан Васиќ сподели посебен емотивен момент со својот син Деспот на социјалните мрежи. Имено, актерот за првпат се прошета со својот наследник, а насмевката на неговото лице покажува колку татковството го радува. – Нашата прва прошетка… Милан и Деспот Васиќ – напиша актерот покрај фотографијата. Да потсетиме, актерот неодамна стана татко за првпат, а го прослави доаѓањето на својот син, Деспот, како што доликува. На мрежите, неговиот кум ...
Фолк пејачот Адил Максутовиќ неодамна беше во Македонија. Тој одржа концерт во Охрид на една од плажите, а публиката до доцна во ноќта се веселеше со неговите хитови. Но, Адил во Србија немаше среќа како во Македонија. .Пејачот Адил Максутовиќ се оглси преку Инстаграм откако беше објавено дека неговиот концерт во Ташмајдан, како и концертот на неговата колешка Николија, меѓу другите, е одложен. „Драга публико, драги пријатели, за жал, ...
Маја Гроздановска- Панчева важи за една од најубавите жени на македонската естрада. Иако подолго време нема снимено авторска песна, таа е присутна во музиката, како вработена во хорот на Националната опера и балет. Маја е сопруга на Дарко Панчев, нашата златна „деветка“, легендарниот фудбалер и имаат две ќерки,. Надица и Марија. Во многу наврати, споделувајќи слики од своите наследнички, Маја покажа дека тие ја наследиле нејзината убавина. Во ...
Првиот солистички концерт на популарната пејачка Николија Јовановиќ, кој беше најавен за 29 август, е откажан, како и настапот на пејачот Адил Максутовиќ, закажан за 5 септември. Организаторите преку својата партнерска фирма задолжена за продажба на карти соопштија дека сите концерти на стадионот „Ташмајдан“ за оваа година се одложуваат до понатамошно известување. „Важно објавување! Се одложуваат сите концерти на ‘Ташмајдан’ закажани за 2025 ...
Предава хармоника во средното музичко училиште во Скопје, паралелно настапува и учествува на фолк-фестивали, се грижи за семејството. Тоа е Зуица Лазова, една од највредите жени на македонската естрада, мајка на Анастасија и на Стефан. Нејзин нов предизвик е учеството во проектот „Македонијо, во срце те носиме“, каде што заедно со повеќе колеги пеат преработки на македонски патриотски песни. Зуица е сопруга на Наум Петрески, златното грло на ...
Пејачката Ана Николиќ, која ова лето настапуваше со полна пареа низ целиот регион, реши да направи кратка пауза и побара од нејзиниот партнер и продуцент Рале да го откаже настапот во Будва закажан за 18 август. Ова предизвикало жестока кавга меѓу нив двајца. Според близок извор, Ана последниот месец имала претежок распоред, со концерти во Црна Гора, Хрватска, Босна, каде настапувала пред преполни клубови. Поради тоа, таа почувствувала замор и ...
Сека Алексиќ и Вељко Пиљикиќ уште еднаш покажаа дека нивната љубов и заедништво се совршена хармонија. Пејачката и нејзиниот сопруг уживаат во летниот одмор заедно со синовите Јаков и Јован, а Сека сподели фотографии полни со насмевки и нежност на Инстаграм. Додека блескаше во лежерен фустан за на плажа, Вељко ги покажа своите извајани мускули, што веднаш го привлече вниманието на нејзините следбеници. Вељко е познат по неговиот специфичен ...
Еден од најголемите заводници на поранешна Југославија, актерот и музичар Франо Ласиќ, плени со својот шарм и виталност дури и во осмата деценија од животот. Ова лето, 70-годишниот музичар одлучи да се повлече од градската врева и да ужива на хрватското крајбрежје со своето семејство. Друштво му прават сопругата Милена, која е 32 години помлада од него, и нивниот петгодишен син Николас. View this post on Instagram A post shared by Milena Lasić ...
Хрватската пејачка Доменика Жувела (32) повторно ја крена температурата на социјалните мрежи со најновите фотографии од летото. На објавите таа прикажа дел од своите безгрижни моменти – од капење во морето до релаксирање на плажа, но една фотографија им го одзеде здивот на сите. Станува збор за подводен кадар на кој Доменика рони, а во преден план доаѓаат до израз нејзините облини. Фановите не застанаа со комплименти: „Најубавата Корчуланка“, ...
Марко Новески беше познат како „Марко дај побрзај“, а нашиот водител сега има нов прекар, Марко- „Листа за триста“ по квизот кој го води. Тој важи за една од нашите најпозитивни јавни личности, неговата девиза на социјалните мрежи е „шириме позитива“. Марко се ожени во време кога пандемијата уште не беше завршена, во 2021 година. Познатиот македонски водител стапи во брак со саканата Цена Плавевска во Скопје. Парот го изговори судбоносното „ДА“ ...
Популарната српска актерка Јелисавета Орашанин неодамна отпатува на монденскиот грчки остров Миконос, од каде што секојдневно споделува објави на својот инстаграм-профил. Најголемо внимание привлече со фотографии во костим за апење што го одземаат здивот, а сега одлучи да ѝ покаже на публиката како го поминува времето навечер. Во своео друштво Јелисавета го посети познатиот клуб на Миконос, каде што прво вечераа, а потоа танцуваа до доцна ...
Сара Пројковска и Ана Костадиновска беа тандем кој ретко се повторува. Едната професор по пијано на Факултетот за музичка уметност, другата професор по пеење во ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“. Заедно, тие беа придружни вокали на речиси сите наши пејачи и манифестации, сѐ до 16 март. А, приватно, биле блиски како сестри. Последниот стих заедно го испејаа токму на тој ден, 16 март во Кочани, во дискотеката „Пулс“, каде што Сара, заедно со уште 62 ...