Црвениот крст на Република Македонија ја продолжува својата хуманитарна мисија, ангажирајќи ги сите расположливи ресурси за поддршка на настраданите граѓани и нивните семејства од неодамнешниот пожар во Кочани. Црвениот крст упати голема благодарност до сите кои досега донираа и ги повика граѓаните и натаму да ја покажат својата хуманост и заеднички да помогнат во справување со последиците од оваа трагедија. Секој кој сака да даде свој ...

Времето денеска (среда) ќе биде претежно сончево со умерен до засилен северен ветер. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од -3 до 10 степени. Синоптичарите најавуваат период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нулата, а дневните температури ќе бидат во пораст и ќе достигнат 18 степени. До петок ќе дува умерен северен, а од петок јужен ветер кој во деновите од викендот ќе биде со ...

Министерството за образование и наука во соработка со УНИЦЕФ, Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје и Комората на психолози изготвија насоки за постапување на училиштата, наставниците и родителите во услови на кризна состојба со цел да им овозможат психолошка поддршка на учениците по трагедијата во Кочани. -Насоките имаат цел да им помогнат на училиштата да пружат психолошка поддршка на учениците по трагичниот настан ...

Низ повеќе градови во Македонија вечерва се одржаа собири на граѓани во спомен на жртвите од трагичната несреќа во Кочани. Граѓаните излегоа да изразат поддршка и грижа во овие најтешки моменти. Во Скопје собирот почна со 16 минути молк. Присутните изразија сочувство и заедништво создавајќи ѕвездено небо со мобилните телефони, запалија свеќи и оставаа цвеќиња. Низ транспарентите како „Народот страда додека системот одмара“, „Грутка во грлото, ...

Во околу 50 контроли што Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ги извршил на 16 и 17 март на територијата на државата во угостителски објекти со лиценца за кабаре, ноќен клуб, диско клуб и за диско клуб на отворен простор, утврдено е дека 22 имале лиценци, на 15 им била истечена, а за неколку немало податоци дека воопшто поседувале лиценца. Со оглед дека овие угостителски објекти не работат деновиве поради денови на жалост, ДПИ ги обезбедил ...

За случајот со пожарот во дискотеката во Кочани досега приведени се 18, а задржани се 16 лица. Вкупно се извршени разговори со 71 лице, од кои 42 во Скопје и 29 лица во Кочани. За 14 лица е изречена мерка притвор во траење од 48 часа. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска на прес-конференција во МВР, посочи дека се вршат претреси и сослушувања и дека клучното коешто го превземаат како дејствие „е утврдување на конкретни ...

Погребите на нашите сограѓани на 59 македонски души ќе бидат во четврток, 20 март, соопшти денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој имаше заедничка прес-конференција со Митрополитетот на Брегалничката епархија г.Иларион. -На погребот ќе присуствува и поглаварот на МПЦ, ОА г.г Стефан, ќе има и неколку владици од Синодот, повеќе владици од Синодот. Црквата прави се за овие чеда да бидат испратени на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поради трагедијата во дискотеката во Кочани одлучи да бидат разрешени началници, помошници и командири во Штип и Кочани. Разрешение се: 1. Началник на Сектор за внатрешни работи Штип 2. Помошник началник на СВР Штип 3. Началник на Одделение за полиција Штип 4. Началник на Одделение за криминалистичка полиција Штип 5. Началник на Одделение за внатрешни работи Кочани 6. Командир на Полициска ...

Во храмовите на Македонската православна црква – ОА утре и во петок по литургијата на претходно осветени дарови, ќе биде отслужен парастос за жртвите во трагедијата во Кочани, а потоа и молитва за исцеление на повредените. – Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан повелува утре, среда, 19.3.2025 и в петок, 21.3.2025 г. по Претходноосветената Литургија да се отслужи Парастос за невино настраданите во трагедијата во ...

Владата преку соопштение апелира да не се пласираат дезинформации за бројот на загинати во пожарот во Кочани. – Ова се моменти на тага и солидарност, кога сите мора да покажеме одговорност и почит кон жртвите. Во јавноста се пласираат шпекулации и дезинформации во врска со бројот на загинатите. Владата со целосна одговорност потврдува дека бројот на жртви е 59. Сите други тврдења за 100 или 120 загинати се неточни и неосновани. Ваквите лажни ...

Судија на претходна постапка им одреди „краткотраен притвор“ од 48 часа на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, на поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и на уште 12 лица осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. – Судот во Кочани го прифати барањето на обвинителството по предлогот за определување мерка краткотраен притвор за сите 14 осомничени лица. Изречена е мерката краткотраен ...

Гостиварци ги споделија тагата и болката што цела Македонија и регионот ги чувствува поради загубените млади човечки животи во пожарот што се случи во дискотека во Кочани. Собирот кој се одржа на градскиот плоштад попладнево го организираше Општина Гостивар, а присуствуваа градоначалникот Ваљбон Лимани, општинската администрација, советниците, професори и ученици од гостиварските училишта и други граѓани. „Се собравме заедно сите ...

Во земјава и денеска е ден на жалост за настраданите во несреќата во Кочани. За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена е и програмата на медиумите. Отворени се книги на жалост во Собранието, во МНР и во македонските амбасади низ светот. Во знак на сочувство за настраданите во пожарот во ...

Попладнево на градскиот плоштад во Гостивар се одржа мирен собир за оддавање почит на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани. Собирот го иницираа млади луѓе кои се организираа преку социјалните мрежи. Младите со голема болка го доживуваат овој трагичен настан и изразија длабоко сочувство на семејствата на жртвите. Општина Гостивар исто така, најави собир и положување на цвеќе во спомен на жртвите, кој ќе се одржи во 15 ...

Времето денес (понеделник) ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен, а во источните од северен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 20л/м2), грмежи и засилен ветер (над 60км/ч.). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Максималната дневна температура во гостиварскиот регион ќе ...

Градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов поднесе неотповиклива оставка од функцијата по трагичната несреќа во Кочани во која загинаа 59 лица. – Оваа загуба е огромна! Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме сите. Тие деца беа наши деца. Ги познавав повеќето од нив, ги познавав и нивните семејства, а со дел од нив и семејни пријатели. Шокот и скршеноста што ги чувствувам ќе траат целиот мој живот. Оваа трагедија ги ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска соопшти дека досега е извршена обдукција на околу 15 лица кои настрадаа во дискотеката во Кочани. Увидот уште се врши, рече Тошковски, а 45 лица се во критична состојба и се транспортираат во странство. Приведени се пет лица на територијата на СВР Скопје и СВР Тетово, меѓу кои и поранешен министер, како и 11 лица во СВР Штип кои се во краткотраен притвор од 48 часа. -Македонија нема ...

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес-конференција информира дека пациентите од пожарот во Кочани се во генерално стабилна состојба, а 20 пациенти се во критична состојба. Тој најави дека можни компликации се очекуваат денеска и утре. Како што рече, има нови пациенти кои биле дел од трагичниот настан во Кочани, но не се пријавиле вчера, туку се пријавиле денеска. – Завршивме со состанокот на Кризниот штаб и направивме пресек ...

Над 140 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени во текот на вчерашниот ден, 90 се наоѓаат во болниците во земјава, а 44 се прифатени во болници во странство. Уште осум повредени треба да бидат пренесени во Хрватска и во Романија, информира директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Клековски синоќа информира дека во Клинички центар се хоспитализирани 20 повредени, во ГОБ 8 септември – 20, во „Свети Наум ...

Во спомен на жртвите од трагичната несреќа во Кочани, од денеска е седумдневна жалост на територија на цела држава. Знамињата се спуштаат на половина копје. Ваквата одлука беше донесена на вчерашната вонредна владина седница, по трагичниот настан што се случи вчера наутро во Општина Кочани каде во несреќен случај при пожар на дискотека животот го загубија 59 млади лица, а над 100 луѓе се хоспитализирани и им се укажува лекарска грижа. – Секој ...

Јавното обвинителство ќе бара краткотраен притвор за десет лица, за кои во текот на денешниот ден се обезбедени докази за евентуална одговорност за синоќешниот пожар во ноќниот клуб во Кочани, информираше вечерва jавниот обвинител на РСМ Љупчо Коцевски и обвинителите од тимот што постапуваат на случајот. Од денешниот увид на лице место, според Коцевски, јавни обвинители утврдиле дека објектот немал хидрантска мрежа, ималo само два ПП апарати, ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) инфомира дека минатата и оваа недела спроведени се 154 вонредни инспекциски надзори во магацини и ладилници за храна, при што утврдени се недоследности кај 41 оператор, за што се издадени решенија за наредба, изречени се 15 парични казни и уништени се десеттина килограми небезбедна храна. Кај седум од контролираните оператори утврдени се незадоволителни хигиенски услови, а кај двајца, производите не ...

МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со синоќешниот пожар во ноќен клуб во Кочани има осомничено повеќе од 20 лица, од кои 15 се во полициска станица, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Легална лиценца за работа фирмата немала и повеќе детали, Тошковски во овој дел од истрагата, рече дека не може да открие, но посочи дека, како и многу други работи од минатото е поврзана со мито и ...

Седумдневна жалост ќе биде прогласена по повод трагичната несреќа во Кочани во која, според официјалните информации, загинаа 59 лица, а 155 се повредени. Одлуката ќе биде донесена на денешната владина сендица што ќе се одржи во 16 часот. – Владата на денешната седница која ќе се оддржи во 16:00 часот ќе донесе одлука за 7-дневна жалост поради трагедијата во Кочани. Ќе се донесе и заклучок за итна и вонредна инспекција на сите ноќни клубови, ...

Со пуштањето во употреба на големиот тунел Муриз, попладнево, што е дел од автопатот „Патот на Арбр“ (Руга е Арбрит), од Дебар до Тирана веќе се пристигнува за еден час. Во присуствуваа жители од поширокиот регион, со зурли, тапани, оро, беше пречек премиерот Еди Рама, заедно со вицепремиерката, воедно и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, како и други министри. Вообичаени говори немаше, освен поздравување со граѓаните ...

Распишана е централна потерница за четири лица, во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна синоќа, а во која, според информациите со кои располагаат надлежните до 11:30 часот загинале 59 лица, од кои 35 се идентификувани, а од нив пак 31 се од Кочани, четири се од Штип. Како што изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, според податоците до 12 часот во пожарот се повредени 155 лица, кои се хоспитлизирани во ...

По големиот пожар во дискотека во Кочани, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош, информираше Министерството за здравство. Распределба на хоспитализираните пациенти: •Детска хирургија – 4 •Клиника за пластична хирургија – 11 •Клиничка болница Штип – 45 •Општа болница Кочани – 30 •Св. Наум Охридски – 29 •8 Септември – 17 •КАРИЛ – 16 Од вкупниот број ...

Педесет и едно лице загина во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на групата ДНК. Според информациите кои утрово ги сподели Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски пожарот настанал поради употреба на пиротехнички средства. Огнот избувнал од искри од пиротехнички средства, прскалките зафатиле тавански дел од објектот кој бил лесно запалив и брзо се проширил, кажа министерот. Тошковски рече дека се ...

Ново куче во домот може да биде многу возбудлива, но и стресна одлука. За сопственикот тренингот може да бара многу, но ако штотуку планирате да земете куче, секако размислете за следниве раси. Настрана од можноста да посетува часови за обука и однесување, сопственикот е прилично сам кога го тренира своето куче. Ако не почне рано, обично тоа значи фрустрирачко искуство и за себе и за животното. Стручњакот за однесување на кучињата, Вил ...

Двете лица чиј чамец се преврте во Мавровското Езеро се извлекле и се наоѓаат во возило на итната медицинска помош, информираше пред малку директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Тие претходно успеале да го вратат чамецот во нормална позиција и потоа да се вратат во него. Случајот бил пријавен преку единствен број за итни повици 112 околу 12.30 часот од страна од случаен минувач, по што беше покренета спасувачка ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
100%
1000
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
75%
996
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
94%
994
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
80%
1000
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.89
100%
1001
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
97%
994
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
0.89
85%
1004
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
81%
999
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
100%
998
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.6
93%
1001
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
95%
996
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
5.14
71%
1003
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

48.47

Паладиум

53434.54

Сребро

2457.28

Рутениум

45750.51

Цинк

3.33

Родиум

336779.07

Алуминиум

3.07

Иридиум

221848.72

Бакар

11.66

Платина

83354.78

Злато

157055.75

Кобалт

64.04