Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Кочани најави дека ќе има намалување на цените на нафтените деривати за повеќе од 2 денари. Според премиерот, заедно со Министерството за енергетика и минерални суровини работеле со снабдувачот ОКТА, која на компаниите што соработуваат со нив ќе им даде попуст од отприлика 45-50 долари по тон. Како што вели Мицкоски, тоа ќе значи намалување по 2 денари за литар. -Разговарав и со голем дел од ...

Вчеравечер (12/13.03.2026) во СВР Тетово, неколку професори од Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, пријавија дека добиле информации од родители на ученици, дека М.Р. праќал пораки до учениците односно се заканувал оти ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од СВР Тетово и по добиена судска наредба, извршен е претрес во с.Палатица, ...

На 13.03.2026 година, во СВР Битола било пријавено дека во стан во Битола, без траги на насилство, е пронајден починат А.Д. (19) од Битола. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола, која прибрала докази и составила записник, додека во текот на истрагата ...

На 12.03.2026 година во 17:55 часот, во СВР Битола е пријавено дека од село Саждево, крушевско, во Општа болница Прилеп бил донесен А.И. (20) од село Саждево, без знаци на живот. Според пријавеното, тој починал по удар од струен удар, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила увидната екипа на ОВР Прилеп, а информацијата ја објави Скопје1.мк. На 12.03.2026 година во 17:55 часот, во СВР ...

На 12.03.2026 година во 21:05 часот, во ОВР Кочани е пријавено дека во близина на село Мојанци, кочанско, избувнал пожар во објект во склоп на Прочистителната станица, сопственост на ЈП Водовод – Кочани. Лицето В.И. (56) од село Мојанци, кој го пријавил пожарот, заедно со двајца соселани, обидувајќи се да го изгаснат со ПП апарат, вдишале чад и добиле лекарска помош од Итната медицинска служба. На терен веднаш е интервенирано од ...

Соседите со месеци слушале расправии и повици за помош од станот каде што живееле мајката и шестгодишната ќерка кои трагично настрадаа во скопската населба Тафталиџе, раскажува нивната сосетка Тања Спировска во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ. Во разговор за 4ТВ, таа вели дека насилството не било изолиран случај, туку проблем кој траел подолго време и за кој повеќе соседи пријавувале. „Немав страв дека станува збор за лажно пријавување, затоа ...

„Веќе една недела граѓаните се соочуваат со континуиран раст на цените на основните производи и на нафтените деривати. Во овој период Министерството за економија и Владата молчат, без ниту една конкретна мерка за ублажување на притисокот врз семејните буџети“, велат од ДУИ. „Од понеделник се очекува ново зголемување на цените на дериватите. Ова директно ќе влијае врз цените на транспортот, храната и услугите, дополнително зголемувајќи ги ...

Коментаријаќи го воениот сојуз меѓу Хрватска, Албанија и Косово, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека верува дека се подготвуваат за напад на Србија во иднина. „Се подготвуваме за нивниот напад. Тие чекаат моментот што ќе се случи во иднина да избувне поголем конфликт меѓу Европејците и Русите и уште поголем на Блискиот Исток. Сè што правиме, го правиме за да ја одбраниме нашата земја. Не можеме да ги напаѓаме земјите ...

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во емисијата „24 Анализа“ изјави дека на денешната комеморација за загинатите во Кочани недостасувале фотографии од жртвите, оценувајќи дека тоа било сериозен пропуст, но не и намерен чин за навреда кон семејствата. „Јас во животот сум присуствувала на многу комеморации и првото што недостигаше денеска во собраниската сала беа фотографиите на загинатите. Не сакам да навлегувам во детали, не сум била ...

Лука Дончиќ и Анамарија Голтес беа во центарот на вниманието овие денови, а НБА ѕвездата официјално го потврди раскинувањето на нивната свршувачка. НБА ѕвездата Лука Дончиќ го потврди раскинувањето на неговата свршувачка со Анамарија Голтес, со која доби две ќерки за време на нивната десетгодишна врска. Во својата последна изјава за ESPN, тој откри и дека се бори за старателство над своите ќерки Габриела и Оливија. „Ги сакам моите ќерки ...

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски предупредува дека енергетиката мора да се третира како критична инфраструктура и прашање на државна безбедност, особено во услови на глобални конфликти и политичка нестабилност. Во анализа објавена на социјалните мрежи, Миноски посочува дека во време на кризи, како што се војната во Украина и тензиите на Блискиот Исток, стабилноста на секоја економија зависи од три клучни столба – енергетската ...

На 11.03.2026 во 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Кузман Јосифовски Питу“, бул.„Кочо Рацин“ и ул.„Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Г.(55) од с.Волково, скопско и патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Со тешки телесни повреди се здобило ...

На 11.03.2026 околу 11:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје од водите на реката Вардар извадија тело на женско лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на почината било дадено на обдукција. Подоцна е констатирано дека се работи за 50-годишната А.Х.И.(50) од Скопје, за која во меѓувреме член нејзиното семејство пријавил дека утрото после 08 часот излегла од дома и не се вратила. Увид ...

Тригодишно дете од Штип синоќа итно било хоспитализирано на Педијатриското одделение во штипската Клиничка болница, откако испитувањата покажале присуство на „бензодијазепам“ (седативи) во неговиот организам. Според информациите од СВР-Штип, мајката (24) го донела детето во болницата претпладнето, по што лекарите веднаш реагирале поради симптоми на труење. Детето е задржано на опсервација под лекарски надзор. Полицијата и Центарот за ...

На денешното продолжение од судскиот процес за трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани, каде пред една година загинаа 63 лица, сведокот Дарко Стојков, инспектор во подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Виница, ги опиша сериозните пропусти во безбедносните стандарди на објектот. Стојков, кој бил дел од екипата за увид во објектот заедно со тројца други инспектори, посочи дека во моментот на проверката во „Пулс“ имало ...

Македонија се соочува со продолжено намалување на наталитетот, а најновите податоци покажуваат дека бројот на новородени деца и стапката на фертилитет продолжуваат да опаѓаат. Според последните статистики, во 2024 година во земјава се родени 16.061 деца, што претставува најниско ниво досега. Паралелно со падот на бројот на новородени, се намалува и стапката на фертилитет, објави 4news.mk Во 2024 година таа изнесува 1,44 живородени деца по ...

Првата недела од војната против Иран ги чинеше САД повеќе од 11,3 милијарди долари, според брифингот на Пентагон пред членовите на Конгресот, објави денес „Њујорк тајмс“. Повикувајќи се на анонимни извори кои биле присутни на брифингот во вторник, весникот наведува дека бројката не ги вклучува многу од трошоците поврзани со подготовката на нападот, што укажува дека конечната бројка би можела да биде значително поголема. Претставници на ...

Грчките власти најавија целосно затворање на источната внатрешна обиколница во Солун во двата правци. Причината е рушењето на мостот „Агиос Павлос“, клучен дел од големиот инфраструктурен проект Flyover кој го менува градскиот сообраќај. Затворањето ќе започне во петок, 13 март во 23 часот и ќе трае цели 48 часа, до недела, 15 март во 23 часот. Сообраќајот ќе биде стопиран на делницата помеѓу клучките К7 (Ептапирхио) и К8 (Тријандрија), што ...

Лекарската комора на РСМ, заедно со европските докторски асоцијации и Министерството за здравство, денеска го одбележува 12 Март, Европскиот ден за подигнување на свеста против насилството врз здравствените работници, кој претставува аларм за „тивката пандемија” што го нагризува здравството и општеството. Претседателот на Комората, проф. д-р Калина Гривчева Старделова, истакнува дека кога еден лекар е нападнат вербално, физички или преку ...

Професорот кој сексуално вознемирувал ученичка во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ доби само мерки на претпазливост. Тој се сомничи дека ѝ барал да имаат полови односи. Судот одлучи да му го одземе пасошот, да му забрани да се доближува до девојчето, а професорот не смее ниту да оди на работа. „На лицето определени му се мерки за претпазливост. Одземање на патна исправа, забрана за приближување на неколку лица и забрана за ...

На крајот на месец Март, Македонија преминува од зимско кон летно сметање на времето. Стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред, на 29 март во 02:00 часот, а потоа ги поместуваме часовниците за еден час нанапред, до 03:00 часот. Со оваа промена, денот ќе станува „подолг“, а ноќта за еден час пократка. Летното сметање на времето ќе трае до последната недела во октомври, кога часовниците повторно се враќаат еден час наназад. ...

Метео анализа на Славчо Попоски: На ден петок 13-ти март 2026 и за време на викендот (14/15 март 2026) територијата на Македонија ќе биде под влијание на висински или плиток циклонски систем кој ќе биде присутен над нашиот дел од Европскиот Континент. Токму поради ова атмосферата нема да биде во целост стабилна па така по претежно сончевото и стабилно утро и претпладне, во попладневните часови ќе имаме повеќе облачност кога ќе се создаваат ...

Пролетните земјоделски активности во Крива Паланка повторно ги активираа пожарникарите. Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) алармира дека само од почетокот на март имале десетина интервенции, најчесто на отворен простор каде се опожарени големи површини мешовита шума и пасишта. Командирот на ТППЕ Крива Паланка, Иле Коцевски, предупредува дека несовесното палење стрништа и фрлањето догорчиња веќе предизвикале сериозни материјални ...

Дарко Лазиќ го загуби својот брат Драган , кој загина во сообраќајна несреќа кога неговиот мотоцикл се судри со патничко возило. Пејачот скршен од болка, придружуван од пријатели, колеги и членови на семејството е во родната куќа. Дарко со солзи во очите и скршен од болка, сепак најде сила да им се обрати на новинарите кои вечерва се пред неговиот дом. – Ќе бидам многу краток, нема да зборувам многу. Не знам што да ви кажам. Изгубив голем дел ...

Актерот Кирил Поп Христов, познат како Кили, почина на 58-годишна возраст. Кили, кој се пресели да живее во Еквадор во 2014 година со сопругата и ќерката, починал таму од инфаркт, во сон. Кирил Поп Христов-Кили беше македонски актер кој остави значаен белег во театарот, филмот и телевизијата. Роден е на 30 јули 1967 година во Скопје, каде што го поминал и поголемиот дел од својот живот и професионална кариера. Љубовта кон актерството ја ...

Тело на женско лице денеска претпладне било извадено од водите на реката Вардар во близина на мостот кај Стадионот, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од МВР соопштија дека телото било извлечено од полициски службеници од СВР Скопје. По насоки на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, додека увидот на местото на настанот е во тек. Се очекуваат повеќе дедали за случајот од надлежните институции подоцна во денот. ...

Два случаи на семејно насилство пријавени во кривопаланечката полиција. На 10.03.2026 во 12:05 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Т.Д.(18) од Крива Паланка затоа што физички го нападнал неговиот татко. На 10.03.2026 во 00:45 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Е.В.М.(49) од Крива Паланка затоа што физички нападнал 16- годишник, син на неговата сопруга. Се преземаат мерки за ...

На 11.03.2026 во 01:45 часот на магистралниот пат Крив Паланка – Куманово, кај место викано „Мотел“, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка ги лишија од слобода И.Ц.(60) од Скопје и М.Ј.(39) од Косово поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“. Имено, при вршење на редовна контрола во сообраќајот полициските службеници запреле патничко моторно возило „шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки, при што во ...

На 10.03.2026 околу 15:00 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода П.Д.(66) од Република Грција. Тој се сомничи дека околу 12:00 часот во просторија за тушеви во бања во Штип допирал по телото 14-годишник од Штип. Според пријавеното, малолетникот со родителите отишле во бањата и откако се разделиле со неговиот татко во машкиот дел, П.Д. тргнал по него и го извршил делото. Лицето е задржано во полициски станица и по целосно ...

Лажни пораки наводно испратени од МВР за сообраќајни прекршоци стигнуваат до граѓаните. Од СВР Охрид алармираат граѓаните да не наседнуваат на овие измами и да не ги отвораат линковите за наплата. Во СВР Охрид пристигнуваат пријави од граѓани за добиени СМС пораки на нивните мобилни телефони, наводно испратени од Одделението за моторни возила при МВР со известување за безбеден град дека нивното патничко моторно возило било евидентирано за ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.96
55%
1014
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
2.72
64%
1013
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.2
77%
1018
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.63
60%
1013
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.77
68%
1011
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
1.16
79%
1017
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
0.89
46%
1010
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.9
44%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.77
50%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
5.36
67%
1012
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
1.34
74%
1017
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
1.98
100%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Платина

55652.94

Злато

137126.15

Сребро

2005.37

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.27

Родиум

278103.96

Калај

56.77

Бакар

13.54

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Паладиум

43435.66

Цинк

0.00