Во Основниот кривичен суд денеска во 10 часот продолжува судењето за свирепите убиства на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски. Првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо ќе одговара на вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната. Палевски на претходните рочишта ја негираше вината, нарекувајќи ги доказите против него манипулативни и нецелосни. Тој тврдеше дека на денот на убиствата бил зафатен со приватни обврски и партиски ...

Пред 24 години, на 28 април 2001 година за време на воениот конфликт во земјата се случи масакрот на осумте припадници на македонските безбедносни сили помеѓу селата Селце и Вејце на Шар Планина во месноста Брезовица. Во пресрет на 19 годишнината од загинувањето на осумте припадници на безбедносните сили во 2001 година на патот Селце-Вејце, Oдборот на бранители на Македонија денеска преку соопштение им одд На 28 април 2001 беа убиени ...

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска пејачка и текстописец. Елена стекна голема популарност откако ја претставуваше Македонија на „Изборот на песна за Евровизија“ во 2006 година со песната „Нинанајна“ на Дарко Димитров и Раде Врчаковски. На инстаграм сподели кратко оригинално роденденско видео! – Јас сум најбогата личност на светот, затоа што ве имам вас најдобрите обожаватели на свет и ги имам ...

Овен Овнови, оваа недела сте полни со енергија и подготвени да го завршите заостанатото. Сепак, бидете внимателни кога комуницирате со вашето семејство – лесно може да избувнете. Викендот носи можност за романтична средба или продлабочување на врската. Бик Вашата сезона е во полн ек! Фокусирајте се на лични цели и стабилност. Финансиски може да очекувате некој помал прилив. Неделата е одлична за одмор, хедонизам и дружење со старите ...

Не знаеме дали некогаш било направено такво истражување, но нè ни звучи неверојатно дека орхидејата можеби е најпопуларниот цвет во затворен простор. И како да не биде, со сите тие раскошни форми, широк спектар на бои и уште повеќе нивни комбинации. Веќе сите знаеме дека со доаѓањето на пролетта природата се буди и вообичаено во овој период од годината започнува познатото пролетно чистење – токму тоа го бара и орхидејата. Еве како да го ...

Физичките придобивки од вежбањето се јасни на сите, од подобрување на општото здравје, како и на срцето до подобрување на функцијата на белите дробови. Има и многу придобивки за менталното здравје, бидејќи студиите покажаа дека вежбањето може да помогне да се подобри расположението, како и да се ублажат симптомите на депресија и анксиозност, пишува „Јаху“. Но, постои уште една област во животот каде вежбањето може да има значително влијание – ...

Според прогнозите на УХМР, и денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи. На одредени места се очекуваат и поинтензивни процеси во форма на невреме, со обилен дожд, силен ветер и можност за изолирана појава на град. Минималните утрински температури ќе се движат меѓу 4 и 10 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 15 до 23 степени. Во Скопје, попладнето ќе донесе нестабилност со локални поројни врнежи и ...

Андреј Жерновски со реакција на изјавата на актуелниот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски: – Како да е член на некоја невладина организација Се’ очекував, но ова не. Ваква изјава да даде актуелен министер за надворешни работи е, во најмала рака, скандалозно. Има ли некој во негова пристојна близина да му објасни на која позиција е избран и која задача би требало да ја извршува ?!? Наместо да биде мотор и движечка сила во процесот на ...

Северина Вучковиќ го прослави својот 53-тиот роденден, а големата роденденска прослава се одржала на еден селски имот. Северина славела во друштво на семејството, пријателите и колегите, а дел од атмосферата од прославата откри во фотографии и видеоснимки коишто го објави на својот профил на Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by Severina (@severina) „Девојка од село го прослави роденденот“, напишала кратко Северина со ...

По конференцијата во Мадрид каде меѓу другото зборуваше и за смената на генерациите, Новак Ѓоковиќ сега најави нов тип на ангажман. Потребно е време за луѓето да сфатат дека го нема Роџер, Рафа, Енди, дека нема да ме има ниту мене…“, изјави Ѓоковиќ во Мадрид, а потоа на својот Инстаграм профил откри каков ќе биде неговиот ангажман во наредниот период. View this post on Instagram A post shared by Aman (@aman) Како што може да се види, Ѓоковиќ ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната прес-конференција пред претставниците на медиумите, ги соопшти новите услуги од Основните судови, кои од сега за граѓаните се достапни на националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk. “Денеска имам чест да означам заокружување на еден значаен чекор кон дигитализирањето на најважните услуги за граѓаните. На Националниот портал за електронски услуги – ...

Ја видоа “кошничките“ денешната саботна пазарна кошничка? Пиперките 150 денари, доматите 130, компирите 80… За тричлено семејство со функционерски плати надградени и проширени со 78%, таман е. Шо да прајме ние другите кои не сме според стандардите на Мицко и “кошничките“, кои сме со 4 или повеќе членови во семејството и плус со плата од 500 евра? Да си тргаме кусо-долго кои 3 члена денеска ќе јадат, а кои ќе лижат сладолед преку стакло? А за ...

На 26.04.2025 во 01.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ј.(31) од Скопје. На 25.04.2025 во 20.30 часот на кружен тек од ул.„Кирил и Методиј”, ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов” и ул.„Костурски Херои”, тој со патничко возило „фоксваген” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во пешакот Ѓ.П.(87) од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош пешакот бил пренесен во Комплексот клиники ...

Град Белград изгради гробишта за домашни животни во Блок 51, на Бежањ, средината на август минатата година, обезбедувајќи долго очекувано решение кое ги исполнува стандардите. Сепак, за сопствениците на миленици, проблем претставуваат високите цени. За некои животни, трошоците за погреб изнесуваат и до 1.000 евра, па некои се одлучуваат за алтернативни методи на погребување – на пустите места во околината на градот. Од отворањето, на ...

Последната криминална престрелка на Бит Пазар со смртни последици е уште еден доказ за сериозното нарушување на јавната безбедност и нефункционирањето на институциите под раководство на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Граѓаните на Скопје и цела Македонија се чувствуваат небезбедно на улиците, додека криминалот и насилството се шират на секој чекор. Наместо ефикасна превенција и реакција, сведоци сме на институционален хаос и ...

Овен Мај носи можности за дополнителни приходи преку краткорочни проекти или работни места со скратено работно време. Сепак, трошоците може да се зголемат поради семејните обврски. Совет: направете план за трошење. Бик Финансиската стабилност се подобрува, особено во втората половина од месецот. Можни се бонуси или покачување. Ова е добар период за инвестиции, но без ризик. Бикот ќе има чувство на контрола над парите. Близнаци Можни се ...

Почина повредениот во престрелката што вчера попладне се случи во близина на полициската станица на Бит-пазар, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). -Повредениот А.С. (31) им подлегна на повредите, соопштија од МВР. Како што претходно информираа од полицијата, денеска околу 14 часот на улицата „Војдан Чернодрински“ на Бит-пазар се случило пукање од огнено оружје. – Денеска (25.04.2025) околу 14.00 часот во СВР Скопје е ...

Денеска (25.04.2025) околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар има пукање од огнено оружје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и било констатирано дека се работи за престрелка помеѓу две групи од по пет до шест лица, при што едно лице е повредено и е пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. На местото на настанот ...

Како носител на првиот меѓународен патент за лек со додадена вредност – Омепразол во течна форма: готов за употреба – „Алкалоид“ беше покровител на Првата меѓународна конференција за современ пристап во третманот на ГЕРБ кај педијатриските пациенти, организирана во Загреб, Хрватска. Повеќе од 200 здравствени професионалци од областа на педијатријата, гастроентерохепатологијата, нутриционизмот, експерти од фармацијата и од фармакологијата, ...

Вчера околу 21.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„10“ во с.Миладиновци, скопско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(21) од село Миладиновци, удрило во двајца малолетници од истото село. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишeн малолетник, а со телесни повреди се здобил 12-годишeн малолетник, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од полицијата. ...

Професионален развој и политичко минато Даниела Димовска е актуелна судијка во Основниот кривичен суд Скопје. Нејзината професионална траекторија започнува во политичките коридори, пред да се префрли во судската фела. Таа работела како асистентка на пратеникот Влатко Ѓорчев, еден од најгласните гласноговорници на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа како советничка во кабинетите на двајца поранешни претседатели на Собранието: Љубиша Георгиевски и Трајко ...

Обединетите Арапски Емирати ги укинуваат визите за македонските граѓани. Ваква вест сподели премиерот Христијан Мицкоски. Според него, ова се должи, пред се, на неговата последна посета на Емиратите. -Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја! Наскоро со конкретната примена на одлуката за безвизното патување ќе се ...

Вчера во 21.20 часот на улица „Западен булевар“ во Кавадарци, полициски слчужбеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ж.Л.(53) од Кавадарци. Со возилото „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал, на улицата предизвикал сообраќајна незгода, при што удрил во патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(58) од Кавадарци, а по ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Бурни атмосферски процеси и тоа поради влијанието на плитката фронтална долина која се наоѓа над нашиот дел од Европав ќе имаме и за време оа овој викенд (26 и 27 април). Времето во нашата Република Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално Атмосферските процеси ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко ...

Има нешто што ме мачи повеќе време и никако не можам да останам рамнодушен. Се работи за вкоренетиот простотилак на нашиот народ. Каде сме неписмени, уште сме прости, лоши и злобни и сето тоа без срам или размислување за последиците – го исфрламе од себе во јавниот простор без последици… Толстој рекол: “Злобата на човекот доаѓа од неговата немоќ.” Не можам да сфатам како може некој со таква леснотија да нарекува со погрдни зборови актуелни и ...

Кривичниот суд го одобри обвинителниот акт против Васил Јованов кој на пешачки премин кај Силбо, на Партизанска, ја прегази и усмрти младата модна дизајнерка Фросина Кулакова кон крајот на Јануари годинава. – „Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека Советот за оценка на обвинителниот акт, ГО ОДОБРИ обвинението на Основното јавно обвинителство со КО бр. 271/25 од ...

Теа Таировиќ и Иван Вардај вчера го изговорија судбоносното „да“ на интимна церемонија одржана на брегот на Дунав во Нови Сад. Во друштво на најблиските пријатели и членови од семејството, младенците ја прославија љубовта во романтичен амбиент под цветна купола, во присуство на околу 120 гости. Иако сакале свадбата да остане далеку од очите на јавноста, сега се појави фотографија што ги разнежи многумина, таа на која Теа и Иван позираат со ...

Премиерот Мицкоски, со своето однесување, изјави и постапки, постапува на начин кој ги поткопува стандардите и одговорноста што се очекуваат од еден државен лидер, реагираат од ДУИ. „Однесување што можеби би му се толерирало на претседател на партиска општинска организација, но никако на премиер на мултиетничка држава. Тој урива сè што е градено со труд и посветеност со години – меѓуетничките односи, довербата меѓу граѓаните, лојалноста и ...

Во недостаток на атрактивни стратегии програми на институциите, младите во Северна Македонија и понатаму се соочуваат со сериозни предизвици бидејќи заложбите и ветувањата на властите најчесто остануваат само на хартија, а во реалноста нема доволно промени. Невработеноста е висока, желбата за емиграција е постојано присутна, а довербата во државните институции е на исклучително ниско ниво. Последните податоци од повеќе релевантни извори ...

Силика гел пакетчињата кријат огромен потенцијал во секојдневниот живот, особено кога станува збор за борба против влага во домот. Малите пакетчиња што често ги наоѓаме во кутии со нови чевли, чанти, јакни или електронски уреди обично завршуваат директно во ѓубре. Често се означени со „не се за јадење“, па многумина мислат дека немаат друга функција освен да го пополнат просторот во пакувањето. Сепак, овие мали кеси кријат голем потенцијал, ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
100%
1006
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
95%
1007
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
0.0
92%
1008
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1006
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.7
94%
1006
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.87
97%
1008
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
0.89
75%
1005
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
81%
1006
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
100%
1006
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
97%
1004
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
1.34
89%
1007
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
2.57
80%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.29

Алуминиум

3.07

Кобалт

64.04

Паладиум

54077.56

Рутениум

45750.51

Калај

46.06

Сребро

2497.79

Злато

159436.20

Платина

67484.42

Родиум

336779.07

Иридиум

215504.98

Бакар

11.83