Работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој на оваа функција е повеќе од една година, денес е на разгледување пред пратениците на македонското Собрание. Интерпелацијата, која ја поднесе пратеничката група на Левицата, пред народните избраници ја образложи пратеникот Сашко Јанчев, кој истакна дека за „некадарноста на министерот Тошковски од аспект на неговите карактерни особини доволно говори фактот што тој досега не ни ...

Протестот на семејствата на загинатите деца во пожарот во Кочани продолжи пред Собранието, а таму емотивен говор одржа и таткото на загинато момче кое почина лекувајќи се во болницата во Литванија. “Одам во Литванија мислејќи дека ќе се подобри, а доктори од тамошната болница ми велат “Погрешен начин на третирање првично”. Треба да се најде вината, дали е во државата дали е во здравството. Секоја чест за децата од Црвениот крст најголема ...

Прилепчанец му го украл пиштолот на полицаец додека го приведувал и избегал. Според информациите на МВР, вчера полициски службеници од ОВР Прилеп, додека постапувале по наредба од Основен суд Прилеп за приведување на С.Ќ. на ул.„Дебарца” во населба Тризла во Прилеп, биле физички нападнати од С.Ќ., кој му го одзел службениот пиштол на еден од полициските службеници, и се дал во бегство. Во исто време, се собрала поголема група на луѓе кои на ...

Министерството за економија и труд прво ќе ги согледа конечните резултати што ги даде мерката за ограничени цени и маржи, а потоа ќе одлучи што ќе правиме понатаму, најави денеска заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески. „Од она што го имаме досега од Државниот завод за статистика резултатите се добри, но ги чекаме крајните резултати кои ќе бидат готови наредната недела. Ако има потреба би продолжиле со мерката, а ако нема ...

На денешниот протест кој е организиран од семејствата на децата загинати во Кочани родителите дојдоа правдата за своите чеда да ја побараат пред Обвинителството во Скопје, а како што е предвидено истиот ќе продолжи кон плоштадот “Македонија” и ќе заврши пред македонското Собрание. Претставници на семејствата на трагично загинатите деца со емотивни говори настапија пред зградата на Обвинителството со обвинение прво кон самото обвинителство и ...

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.А. (72) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“. Него, одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена по што е спроведен во казнено поправната установа „Затвор-Битола“. Пријавевениот, во периодот од ноември 2024 до април 2025 година, во неговиот дом во Кичево и на други места, извршил други полови дејствија врз малолетничка ...

Времето за 1 мај, четврток, ќе биде претежно сончево со услови за краткотраен локален дожд и грмежи, информира УХРМ. Утре ќе се задржи сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во четврток попладне и во петок ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветер. Во деновите од викендот ќе биде стабилно, сончево и топло со мала до умерена облачност, а од почетокот на следната седмица се ...

Изминатиот викенд во Варна, Бугарија, се одржа хуманитарниот меч помеѓу фудбаските легенди на домаќинот и Македонија. Плејада од врвни мајсотри на фудбалската игра од типот на Стоичков, Божинов, Пандев, Христов, Најдоски и многу други беа дел од овој хуманитарен спектакл кој имаше за задача да собере средства за помош на семејствата на настраданите во катастрофата во Кочани. Бугарските медиуми денеска објавуваат дека од натпреварот се собрани ...

Северна Македонија е „тажна приказна“ со оглед на тоа колку долго таа земја чека на процесот на преговори…Црна Гора останува најверојатниот кандидат од регионот на Западен Балкан што може да стане нова членка на Европската Унија за време на мандатот на сегашната Европска комисија, по што следува Албанија, изјави комесарката за проширување Марта Кос. Во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ), Кос објасни дека би било неуспех ако ниедна нова ...

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи вчера во емисијата „24 анализа” на ТВ 24 предупреди на сериозни проблеми со јавните финансии и економската политика на Владата. „Реалноста е таа дека ние сме влезени во циклус од 6 до 9 месеци на невраќање на ДДВ и неплаќање на обврски кон стопанството, коешто Владата не го кажува, а што го кажуваат самите стопанствениците”, изјави Битиќи, притоа нагласувајќи дека кога Владата станува најголем должник, било ...

Во едно неодамнешно интервју, Ханка Палдум ја обвини Светлана Цеца Ражнатовиќ дека без дозвола зела неколку нејзини песни. Станува збор за „Траžio si sve“, „Volela sam, volela“ и дуетот „Crni sneg“ со Аца Лукас. Цеца од овие песни, кои првично не беа особено забележани, направи вистински евергрини. Авторот на првите две песни, рокерот Милиќ Вукашиновиќ, истакна дека Цеца сè платила согласно законот, а за „Crni sneg“ авторот Хари Мата Хари ...

Европската радиодифузна унија (EBU) во саботата ги ревидираше правилата за знамиња пред овогодинешниот натпревар за песна на Евровизија, дозволувајќи им на гледачите да носат палестински знамиња и други транспаренти што се легални според швајцарскиот закон. Организаторите објавија дека секое знаме што не е поврзано со расизам, насилство или забранети терористички организации ќе биде дозволено во публиката, објави Ynet. Сепак, официјалните ...

Додека јавноста реагира за скандалот со братот на градоначалникот Бобан Стефковски кој дивееше по скопските улици а беше ослободен од МВР, се поставува прашањето кој ќе сноси политичка одговорност? – прашаа денеска од СДСМ. Дали лично градоначалникот Стефковски се јавувал во Министерството за внатрешни работи за да изврши притисок за ослободување на неговиот брат? Граѓаните заслужуваат чесно, одговорно и транспарентно раководење, а не ...

Синусната главоболка е предизвикана од воспаление и конгестија на синусите – шуплини исполнети со воздух лоцирани во черепот, околу носот, челото и образите. „Синусите можат да се воспалат поради инфекција или алергии, што доведува до насобирање на воздух, течност и слуз, создавајќи притисок и предизвикувајќи болка во челото, образите и горната вилица“, објаснува д-р Нишант Реди, специјалист за синуси во Њу Џерси. Меѓутоа, поради сличноста на ...

Во Скопје денеска ќе се одржи „Марш за ангелите“ што го организираат семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Организаторите најавуваат дека маршот ќе почне пред Oбвинителството во 12 часот и 5 минути, како симболика за, како што велат, задоцнетата реакција на институциите, ќе продолжи кон плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието. – Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на ...

Дигиталниот аутизам е развојна состојба кај децата која се јавува поради зависност од екрани и се манифестира преку тешкотии во комуникацијата, повторувачки и стереотипни дејства, но за разлика од „класичниот“ аутизам, кој е трајно нарушување, детето со оваа форма може да се врати на уреден развоен пат. Дигиталниот аутизам или скринизам може едноставно да се објасни како зависност од секаков вид екран – мобилни телефони, ТВ, компјутери, ...

Пратениците денеска треба да расправаат за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратеничката група „Левица“. Пленарната седница е закажана во 11 часот. Интерпелацијата е поднесена на 14 април поради тоа што, според „Левица“, министерот Тошковски несоодветно ја извршувал функцијата, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали ...

Пред да се обиде да ја продаде својата петнаесетгодишна ќерка на семејство од Германија за 9.000 евра, Беранац М. И. (41) го испишал девојчето од училиште и ја известил образовната институција дека повеќе не сака да посетува настава. Речиси во исто време, тој ја потврдил согласноста малолетничката да може да патува надвор од границите на Црна Гора и да престојува во странство со Е. З. – таткото на младиот човек за кого планирале да ја омажат. ...

Утрото ќе биде ведро и посвежо, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 25 степени. Во наредните денови следува сончево и ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, беше во посета на Радовиш, каде што се сретна со граѓаните и разговараше за предизвиците со кои се соочуваат во секојдневниот живот. „По десет месеци од новата власт, разочарувањето е големо. Цените продолжуваат да растат, платите стагнираат, а граѓаните сè потешко врзуваат крај со крај“, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Филипче нагласи дека СДСМ со месеци дава конкретни предлози и закони за ...

Утрово околу 10 часот се случи сообраќајна несреќа на бул. „Цветан Димов“ во Скопје. Според првичните информации, учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблици управувано од М.Д.(75), паркирано комбе „фиат“ со кумановски регистарски таблици, претходно управувано од Х.И. кое пак по сила на ударот се придвижило и удрило во паркирано товарно возило „ман“ со скопски регистарски таблици, претходно управувано од Л.С.. Од ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,40 % во однос на одлуката од 22.04.2025 година. Од 29.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар) Моторен бензин ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против В.Х.(49) од општина Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста“ по член 144 став 3 во врска со став 1 и член 45 од Кривичниот законик. На 24.04.2025 во семејниот дом В.Х. физички ја нападнала нејзината 29 – годишна снаа за син, по што е лишена од ...

Денеска објавуваме нов скандал. Граѓаните ќе видат она што одамна го знаат: функционерите на власта прават што сакаат, без никаква одговорност. Со ДПМНЕ и Панче Тошковски на чело на МВР, наместо ред и поредока, царуваат неказнивоста и селективноста, истакна на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ „На 20 април 2025 година, точно во 18:31 часот, на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, полицијата со радар фаќа возило ...

Изминатиов викенд (26/27.04.2025) полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, постапувајќи во делот на контролите на сообраќајот на патиштата низ земјава вкупно издадоа 1570 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци повеќето по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Притоа, заради непрописно паркирање издадени биле 216 платни налози, за возење со брзина поголема од дозволената 758 санкции, а пак по ...

Охриѓанец со автомобил „пасат“ удрил во метален столб со камери за видеонадзор на граничниот премин Табановце, соопшти денеска кумановската полиција. – Вчера околу 18.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на граничниот премин Табановце се случила сообраќајна незгода во која возило „пасат“ управувано од С.Љ. (59) од Охрид удрило во метален столб со камери за видеонадзор, информираше СВР Куманово. Во незгодата нема повредени, увид ...

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против две лица кои како соизвршители се товарат дека сториле едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 и уште едно кривично дело – Убиство во обид предвиден со член 19 од Кривичниот законик. На 01.11.2024 година во Арачиново двајцата браќа на возраст од 23 и 31 година со умисла и на подмолен начин лишиле од ...

На 27.04.2025 во 16.10 часот на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Н.Л.(49) од Тетово, затоа што управувал патничко моторно возило ,,хонда“, со тетовски регистерски таблици, со брзина од 111 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 50 км на час, информира МВР. Н.Л. е задржан во полициска станица и по документирање на ...

Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев се огласи во јавноста по последната анкета на „Маркет вижн“ за потребите на „МКД.мк“. Според Апасиев, „договорот за мерење на рејтингот бил потпишан на денот на погребите на жртвите во кочанската трагедија“. -На денот на ПОГРЕБОТ во Кочани (кога ДПМНЕ ги обвинуваше сите за “некрофилија”) – Мицкоски ставил потпис на владин договор за маркетинг услуги и мерење рејтинг! Толку е постот, стои во ...

Утре во Скопје ќе се одржи протестен „Марш за ангелите“ што го организираат семејствата на загинатите во трагичниот пожар во клубот „Пулс“ во Кочани. Маршот ќе почне пред Oбвинителство во Скопје во 12 часот и 5 минути, како симболика за задоцнетата реакција на институциите, ќе продолжи кон плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието. – Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
100%
1006
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
95%
1007
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
0.0
92%
1008
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1006
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.7
94%
1006
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.87
97%
1008
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
0.89
75%
1005
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
81%
1006
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
100%
1006
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
97%
1004
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
1.34
89%
1007
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
2.57
80%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2497.79

Бакар

11.83

Цинк

3.29

Калај

46.06

Злато

159436.20

Алуминиум

3.07

Паладиум

54077.56

Платина

67484.42

Иридиум

215504.98

Родиум

336779.07

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51