Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Собранискиот спикер Гаши за утре ја закажа првата официјална координација на пратеничките групи. На неа, како што информираат собраниските служби ќе се договара динамиката на формирање на собраниските комисии имајќи ја предвид намерата на новата власт веднаш да го смени Законот со кој ќе овозможи одредени министерства да се укинат но и да се отворат нови. Собранискиот спикер Гаши во интервју за Радио Слободна Европа потврдува дека овој закон ...
Македонскиот олимпиец Дарио Ивановски победи на главната трка од 21 километар на осмото издание на атлетскиот викенд „Охрид трчат“ што се одржа денеска на улиците во Охрид. Полумаратонот Дарио го истрча за еден час 10 минути и една секунда. Зад него на второто место со време од 1:14:00 заврши Михаил Валковски, трет беше Николај Николов, двајцата од Бугарија. „Почестен сум наградата за победата ја добив од претседателката на државата. ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица осомничени за дејствија на Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Двајца од нив се осомничени за продолжено извршување на кривичното дело, додека еден за помагање. Од декември 2023 година, во координирани активности на повеќе полициски ...
Реал Мадрид со блескав финиш на натпреварот ја совлада Борусија Дортмунд во финалето на Вембли и по 15. пат стана шампион на Европа, Карвахал и Винисиус беа стрелци на головите за кралскиот клуб. Реал Мадрид знае како се победува во финалиња, играа по 18. пат и победија дури 15. пат. Борусија Дортмунд може да жали за пропуштените шанси кои беа многу. Германците одлично го почнаа мечот, доминираа во првото полувреме во кое Реал Мадрид не ...
Зијадин Села се обидува да изгради алиби пред своите зошто ја утна страната, и наместо да биде победник остана со губитниците, велат од Движење БЕСА, дел од коалицијата ВРЕДИ. Броењето ресори со кои раководат Албанци е концепт кој не доведе ништо добро за нашата кауза. Напротив, благодарение на политичката корупција на режимот на ДУИ, чии функционери ги гледаа ресорите како алатки за богатење наместо да бидат сервис на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ...
Алијанса за Албанците денеска, преку партиско соопштение, предупредува дека ќе има „политичко-институционално егзекутирање на Албанците во Македонија“ со тоа што во новата влада само четири министерства ќе ги водат министри Албанци. „Во текот на овие три децении, Албанците воделе најмалку пет од 15 министерства, потоа шест од 15 ресори и на крајот осум од 16 министерства, без да се споменуваат министрите без ресор и вицепремиери. Се случува ...
Мечка со две мали мечиња среде пат. Видео со нив е постирано на платформата Х, со опис дека е во Маврово. Во еден момент, додека се на асфалтот, тие ги забележуваат луѓето пред нив кои ги снимаат и уште двајца зад нив кои ги набљудуваат, по што мечката ги поведе мечињата во шумата. Проценките велат дека на територијата на националниот парк има околу 170 мечки. Нивниот лов е забранет во Македонија, иако се бележи тренд на нивно размножување ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Вила Билјана во Охрид се сретна со македонскиот атлетичар на средни и долги патеки, маратонецот Дарио Ивановски, којшто утре ќе се натпреварува на 8. издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“. Претседателката Сиљановска Давкова упати честитки до најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски и неговиот тренер, мајорот Игор Јакимовски за пласманот на Летните oлимписки игри во Париз оваа ...
Со тест по мајчин јазик, денеска 14.834 ученици го започнаа полагањето на државната матура за учебната 2023-2024 година. Шаќири од Струга: Прелиминарни резултати од полагање на матурскиот испит ќе има најдоцна на 8 јули Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска беше во посета на Средното училиште „Нико Нестор“ во Струга каде учениците во завршните години го полагаа првиот дел од матурскиот испит за учебната 2023/24 година. Тој ...
Александар Лазовски, стипендист и признат студент лидер за вештачка интелигенција (AI) и образование, ја заврши својата магистратура (2023–24) со просек 4.0 на реномираниот Харвард. Александар беше дел од програмата за лидерство во образование, организации и претприемништво и истражуваше како технологијата може да се искористи за обезбедување квалитетно образование на глобално ниво, со посебен акцент на користењето на вештачка интелигенција ...
Професорот по Уставно право, Денис Прешова, тврди дека неспојливи се функциите пратеник и премиер, кои сега Талат Џафери ги извршува. Според него, Уставот е јасен, а даде и свое експертско мислење на темата. Посочува дека тие правила мора да се почитуваат. Прешова посочува дека Џафери демонстрира самоволие. Целиот став на Прешова: „Судејќи по фактот дека некако јавноста почна да го заборава проблемот со акумулираните функции на Талат Џафери ...
Неодамнешната дебата околу изборот на јазик на Африм Гаши за време на конститутивната седница на собранието ја истакнува трајната сложеност на јазичната политика во Македонија. И покрај регулаторните рамки воспоставени од 2008 година, прашањето за изборот на јазикот продолжува да одекнува во политичкиот терен, служејќи како фокусна точка за различни засегнати страни. Од 2008 година е регулирана употребата на албанскиот јазик. На денот на ...
Членот на Централниот одбор на СДСМ, Аднан Џафероски, синоќа на неговиот фејсбук профил напиша па избриша неколку статус-коментари за партиски состанок на СДСМ синоќа на Бихаќка. Со оглед на тоа што го имаше пишувано, очигледно е дека партискиот состанок во СДСМ се претворил во вистински дебакл: „ВЕЧЕРВА ВО СЕДИШТЕТО НА СДСМ ИМА ПОВЕЌЕ НАСИЛНИЦИ И КРИМИНАЛЦИ ОД ЧЛЕНОВИ НА ЦЕНТРАЛНИОТ ОДБОР. ФИЈАСКО НА КРИМИНАЛНОТО РАКОВОДСТВО НА СДСМ ...
Пратеникот на СДСМ и вицепремиер Фатмир Битиќи, во емисијата „Клан дебата“ изјави дека добивал смртни закани за време на предизборната кампања за што е поднесена и пријава до Министерството за внатрешни работи. Разговарајќи за реториката во предизборната кампања, Битиќи му се обрати на пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО ДПМНЕ, кој бил дел од истата емисија. „Знам што се случи заради вашата кампања. Прашајте го министерот за внатрешни ...
За денеска е закажана нова седница и нов обид да се избере наследник на Добрила Кацарска во претседателското столче во Уставен суд. Согласно Деловникот, постапката за избор се повторува се додека не се избере претседател на Уставниот суд. Досега немало случај да не се избере претседател дури ни во четвртото гласање, како што беше вчера. Неизвесно е дали една од кандидатките ќе го добие потребното двотретинско мнозинство за да застане на чело ...
Во текот на вчерашниот ден Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од Парламентарните избори 2024 година со што мандатот на Панче Тошковски како министер за внатрешни работи во преодната Влада за спроведување на избори на пратеници официјално заврши, а согласно Законот за Влада досегашниот заменик министер за внатрешни работи, Назим Буши ја презема надлежноста, односно ќе ја врши функцијата министер за внатрешни работи до ...
По синоќешната седница на Централниот одбор на СДСМ, од која до овој момент сѐ уште нема официјално соопштение, почнува трката за лидерската позиција во партијата којашто доживеа катастрофален пораз на изборите на 8 мај. На седницата на ЦО на СДСМ, на која се водела долга дискусија за која не се соопштуваат детали, е потврдено дека изборот на новиот партиски лидер ќе се одржи на 30 јуни. Во медиумите веќе подолго време се вртат имињата на ...
Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица. Тројца од обвинетите се гонат за: -едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.4 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и двете казниви по чл.123 ст.3 од Кривичниот законик, -едно кривично дело – Грабнување од чл.141 ст.2 в.в. ...
Милијардер планира да однесе подморница за две лица до потонатиот брод Титаник. Милијардер од Охајо планира да спушти подморница наменета за големи длабочини до локацијата на Титаник за да докаже дека индустријата е побезбедна по несреќата на OceanGate што се распадна минатата година. Патрик Лахеј, ќе се нурнат на повеќе од 12.400 стапки (3.700 метри) до местото на потонатиот брод во подморница за две лица. „Сакам да им покажам на луѓето ...
Во организација на поетесата Олга Панкина, позната руска македонистка и преведувачка во Москва, Русија, се одржа литературна вечер посветена на академик Влада Урошевиќ во рамки на нејзиниот отворен проект „Читаj jа Македониjа!”. Проектот што доследно го реализира од 2014 година, се покажал како многу успешен, појаснува Олга Панкина, која има преведено и препеано на руски околу 300 македонски автори – поетски, прозни, драмски, ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши најавува дека на првата седница што ќе ja закаже, уште пред формирањето на Владата, ќе се најдат измени на системските закони за да се овозможи формирање нови и трансформација на постоечките министерства. Но, исто така на дневен ред би можеле да се најдат и измени со кои ќe се избегнат предвремени избори за градоначалници. Сега сме исправени пред предизвикот да имаме носители на општините кои ќе се ...
АС Сењак, фирмата на Салаудин Арифи, познат уште и како сват на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е компанијата со најголема добивка за 2023 во Кичево. Оваа компанија поседува акции во АД Европа, а минатата година го купи мнозинскиот дел од мелницата Жито Караорман. АС Сењак има раширена мрежа на нискоградба. Има и подружница во скопски Сарај за трговија на големо со храна и пијалоци. Минатата година ги продаде своите акции во „Жито Полог“. ...
„Доколку сакате потврда за кандидатурата за која што подолго време размислувам и ја најавувам, денеска конечно падна одлуката дека ќе се кандидирам за претседател на СДСМ. Одговорот дали јас ќе бидам идната претседателка ќе го даде членството на партијата “ вели ексминистерката за одбрана и сегашна пратеничка Славјанка Петровска, во вечерашниот „Претрес“. Согласно статутот на СДСМ, претседателот на партијата се бира на непосредни избори кои, ...
Институциите како ДИК и Управниот суд утврдија дека на 8 мај ДУИ и Мултиетничкиот фронт се обидоа повторно да ја искриват волјата на граѓаните со закани и насилство, велат од ВРЕДИ. Затоа беше одлучено на 22 мај да се гласа во селото Ларце. Но, машинеријата на Мултиетничкиот фронт повторно се обиде да врши притисок и закани врз жителите и членовите на комисиите, носејќи на гласачкото место како набљудувачи министри и полицајци од ДУИ со цел ...
Двата потенцијални партнери за Влада, ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ, реагираа по прес-конференцијата на Али Ахмет, во име на Европскиот фронт. Од ВРЕДИ велат дека се преговара за новата Влада и дека таа ќе ја сочинуваат победникот од македонскиот блок и победникот од албанскиот блок. Оттаму додаваат дека ВРЕДИ како коалиција на здружената албанска опозиција на изборите на 8 мај потврдила дека е носител на етничкиот легитимитет на албанските гласачи. ...
Уставен суд е длабоко поделен околу прашањето кој треба да ја наследи Добрила Кацарска како претседател. Денеска пропаднаа четири обиди за да се изборот на претседател на Судот – два во претпладневните гласања, два во попладневните. Има двајца кандидати: Татјана Васиќ-Бозаџиева и Ана Павловска-Данева. За да се избере претседател на судот е потребно двотретинско мнозинство, односно еден кандидат да има шест гласови од вкупно девет уставни ...
Уставен суд денеска бира нов претседател кој ќе дојде на местото на Добрила Кацарска чиј тригодишен мандат завршува на 2ри јуни и нема право на реизбор. Кој ќе седне во удобната претседателска фотелја, треба да се дознае наскоро. Во трката се 8 уставни судии. Новиот прв човек на Уставен се бира со двотретинско мнозинство од судиите на седница, со тајно гласање. Секој од нив може да предложи кандидат за претседател. Советничката на Венко ...
Инетегративците најавуваат битка за легитимитетот и тврдат дека со влезот на ВРЕДИ во идната валда се прекршува Охридскиот договор. Лидерот на ДУИ и на коалицијата Европски фронт, Али Ахмети, денеска на прес-конференција во седиштето во Мала Речица уште еднаш го негираше лигитимитетот на Вреди, и нагласи дека со нивниот влез во новата влада, се прекршува Охридскиот рамковен договор. Најави дека почнуваат битка за почитување на волјата на ...
Нема зголемена смртност на кардиохирургија, фантомски пациенти не постојат а разрешувањето е незаконски. Ова го тврди сменетиот директор Марјан Шокаровски, кој на прес конференцијата имаше засилување од речиси сите вработени на клиниката. Вработените не се штедеа да аплаудираат кога Шокаровски прашуваше зошто некој сака да ја уништи кардиохирургија, но и која била целта на министерот во заминување да направи вакви тектонски пореметувања на ...
По дваесетина години на Власт, Али Ахмети и ДУИ за прв пат се опозиција. Како коалиција Европски фронт освоија 18 мандати, но сепак победникот на изборите ВМРО-ДПМНЕ одлучи да формира владина коалиција со ВРЕДИ која има 14 мандати. По ова за прв пат по 20-тина години Али Ахмети и пратеници на ДУИ седнаа во собранието на столчињата наменети за опозициските пратеници. Сепак, очигледно тоа не им се допаѓа, па многу брзо, без објаснување ја ...