Од ноќеска после полноќ, цената на бензините се зголемува за еден денар, а на дизел горивото останува иста, соопштија во Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 74,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 76,5 денари за литар. Цената на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) останува непроменета и ќе изнесува 71 денар за литар. Непроменета останува и цената на маслото за горење Екстра ...

Аналитичарите предупредуваат дека војната меѓу САД и Израел со Иран би можела да ги зголеми цените на нафтата до 100 долари за барел. Консултантската фирма „Вуд Мекензи“ предупредува дека повисоките цени на нафтата и гасот се сигурни и дека цените на нафтата потенцијално би можеле да надминат 100 долари за барел доколку протокот на танкери низ Ормускиот теснец не се обнови брзо. Тие велат дека сообраќајот на танкери е ефикасно запрен, откако ...

Со највисоки воени почести утре претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе го пречека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој ќе престојува во официјална посета на Македонија. По пречекот ќе следува тет-а-тет средба, како и пленарен состанок помеѓу македонската делегација и делегацијата на НАТО. Руте ќе се сретне и со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието Африм Гаши, а потоа ќе се обрати пред пратениците во ...

Авиокомпанијата „Визер“ денеска соопшти дека привремено, до 7 март, ги суспендира летовите до и од Саудиска Арабија. Претходно, компанијата информираше дека поради актуелната безбедносна состојба на Блискиот Исток привремено, исто така до 7 март ги суспендира и летовите до и од Израел, како и кон Дубаи и Абу Даби во Обединети Арапски Емирати, и кон Аман, во Јордан. „Одлуката е донесена како превентивна мерка за да се гарантира безбедноста на ...

Властите ја зголемија безбедноста околу потенцијални американски и израелски цели во Грција, како и на бизниси и аеродроми, поради нападите врз Иран предводени од Америка, пренесува Грчката новинска агенција Екатимерини. Портпаролката на полицијата, Констанција Димоглиду, изјави дека мерките се протегаат надвор од дипломатските мисии и вклучуваат комерцијални и деловни објекти кои би можеле да бидат цел. Безбедносните мерки се зголемени и на ...

Масовата евакуација на градови низ Блискиот Исток може да стане неопходна доколку бидат нападнати цивилни нуклеарни централи и дојде до радиолошко ослободување, предупреди денеска Рафаел Гроси, генералниот директор на МААЕ, нуклеарниот инспекторат на ОН, пренесува „Гардијан“. Тој кажа дека има „силно чувство на фрустрација“ бидејќи договор меѓу САД и Иран за иранската нуклеарна програма не бил постигнат во неодамнешните преговори. Гроси ...

Демократската унија за интеграција дава поддршка на САД во време на предизвици за меѓународниот поредок и за безбедноста, соопшти денеска лидерот Али Ахмети. Тој нагласи дека ставот на партијата е јасен и непоколеблив, целосна солидарност со САД и со секој напор за заштита на мирот, стабилноста и глобалната безбедност. Ахмети посочи дека сојузот со САД не е само дипломатска ориентација, туку стратешка и вредносна определба. „Наш избор е да ...

Училиштата во селата Трахони, Епископи, Акротири и Асоматос, сите кои се наоѓаат во границите на британската база Акротири, денес се затворени „како мерка на претпазливост“ откако воздухопловната база во Акротири беше погодена од дрон кратко по полноќ, пренесува медиумоте Кипар Мејл. Кипарската новинска агенција цитираше извор од Министерството за образование кој го потврди затворањето на училиштата и изјави дека доколку децата сепак ...

Американскиот писател Дан Симонс (Dan Simmons), познат по својот класичен научно-фантастичен роман „Хиперион“ (Hyperion) и по богатото творештво во жанровите фантастика и хорор, почина на 21 февруари 2026 година во возраст од 77 години. Тој починал по компликации од мозочен удар во Лонгмонт, Колорадо, објави списанието Локус. Симонс бил роден на 4 април 1948 година во Пеорија, Илиноис. Пред да стане професионален писател работел како ...

Овогодишниот избор за стрип на годината ја потврди популарноста на италијанските и други увозни стрипови, но и високото мислење на публиката од регионот за легендарните домашни автори. Stripovi.com е највлијателниот портал за стрипови во регионот на бивша Југославија, основан во Загреб од 2001 година како комбинација на форум и онлајн енциклопедија. Оваа онлајн заедница од 2007 година организира избор за најдобар стрип на годината, по углед ...

Цените на нафтата скокнаа, а акциите паднаа додека воениот конфликт на Блискиот Исток изгледа дека ќе трае неколку недели, заканувајќи се да го наруши глобалното економско закрепнување и можеби повторно да ја разгори инфлацијата. Брент скокна за 6,4% на 77,57 долари за барел, иако во еден момент накратко надмина 82,00 долари, додека американската сурова нафта се искачи за 6,2% на 71,17 долари за барел. Златото кое е безбедно засолниште ...

Израел започна нови воздушни напади насочени кон Техеран и ја прошири својата воена кампања за да вклучи напади врз милитантите на Хезболах поддржани од Иран во Либан, откако американскиот претседателот Доналд Трамп сигнализираше дека американско-израелскиот воен напад врз ирански цели може да продолжи со недели. Израел соопшти дека напаѓа локации поврзани со шиитските муслимански милитанти на Хезболах во Либан, еден од главните сојузници на ...

Во моментов нема причини за голема грижа, но ќе ги следиме состојбите и соодветно ќе реагираме, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по одржувањето на третата седница на Советот за безбедност, на која главна тема беа случувањата на Блискиот Исток, опасностите за земјава, како и македонските граѓани кои се наоѓаат во некоја од тие земји. Седницата се фокусираше на безбедносната состојба во земјава по воените дејствија на САД и ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче денеска го поддржа нападот на САД и Израел врз Иран. Тој смета дека нападот е оправдан, исто како што тоа беше случај со интервенцијата во Венецуела, како и дека овие активности се за доброто на двата народи. Филипче посочи дека САД се наш стратешки партнер, а во актуелната состојба со Иран претходно биле исцрпени дипломатските механизми пред да се случи ...

Иранскиот клерикален режим сега се соочува со можноста да се обиде да најде наследник на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи по неговото убиство во заедничките американско-израелски напади. Лидерот, кој владееше со железна тупаница речиси четири децении, нема официјално прогласен наследник. Наместо тоа, избрано тело од 88 високи свештеници, познато како Собрание на експерти, ќе го избере следниот лидер. Тоа е задача што клерикалното тело ја ...

Најмалку девет демонстранти беа застрелани и убиени кога толпите го пробија надворешниот ѕид на американскиот конзулат во пакистанскиот град Карачи по веста за американските и израелските напади врз Иран во кои беше убиен врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи. „Смрт за Израел, смрт за Америка“, извикуваа демонстрантите. Во меѓувреме, во Ирак, полицијата испука солзавец и шок-бомби за да ги растера стотиците проирански демонстранти кои се ...

Иран денеска најави дека одмаздата за нападите од САД и Израел ја смета за свое легитимно право и должност по смртта на ајатолахот Али Хамнеи. Земјата започна нов бран напади низ Блискиот Исток утрово, а експлозии се слушнаа во неколку главни градови и поголеми градови. Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека започнала шестти бран ракетни и беспилотни напади врз Израел и американските бази во регионот, според полуофицијалната ...

Ќе се спојат Клиниката за кардиологија и Државната клиника за кардиохирургија, со цел обезбедување повисок степен на интегрираност, координација и ефикасност во третманот на пациентите со кардиоваскуларни заболувања, одлучи Владата по предлогот на Министерството за здравство, за рационално искористување на постојните човечки, просторни и технолошки ресурси на двете установи. „Со донесената одлука за спојување на двете клиники формираме ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова закажа седница на Советот за безбедност, која ќе се одржи денеска во 18 часот во Вилата Водно. Ккао што информираат од кабинетот, тема на седницата ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток, што кулминираше со убиството на лидерот на Иран, ајатолахот Али Хамнеи. САД и Израел вчера го нападнаа Иран, кој возврати со напади на повеќе држави во заливот. ...

Меѓународниот аеродром во Дубаи и еден од најголемите симболи на емиратот, хотелот Бурџ Ал Араб, претрпеа штета откако иранските одмазднички напади во текот на ноќта се проширија низ земјите од Персискиот Залив и поширокиот Блиски Исток. Четири лица беа повредени на аеродромот, соопшти канцеларијата за медиуми на емиратот рано во неделата. Канцеларијата за медиуми на Дубаи изјави на X дека „холот на Меѓународниот аеродром Дубаи претрпел мала ...

Володимир Зеленски вели дека времето и местото на следната рунда мировни преговори меѓу САД, Русија и Украина ќе зависат од безбедносната состојба на Блискиот Исток и нивото на реални дипломатски можности. Украинскиот претседател во саботата изјави дека ќе издаде нови директиви до украинскиот преговарачки тим на разговорите, без да прецизира за што станува збор. Тој рече дека следната рунда разговори веројатно ќе се одржи во Абу Даби на ...

Израел денеска соопшти дека започнал уште еден бран напади врз Иран, додека Иранците се бореле со неизвесност по убиството на нивниот врховен лидер во американските и израелските напади, додека претседателот Доналд Трамп предупреди на последици од одмазда. Часови откако двете нации соопштија дека во воздушен напад е убиен ајатолахот Али Хамнеи во воената кампања за соборување на владата на Исламската Република, неговите државни медиуми ја ...

Иранските државни медиуми рано утрово потврдија дека врховниот лидер на Исламската Република Иран, ајатолахот Али Хамнеи, е убиен во голем заеднички напад на САД и Израел со што земјата влегува во неизвесна политичка фаза и се зголемува ризикот од поширока регионална ескалација. Според иранската државна телевизија, 86-годишниот Хамнеи загинал во воздушен удар насочен кон неговиот комплекс во центарот на Техеран. Сателитски снимки од ...

Смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен во заеднички воен напад на САД и Израел, активира формален процес на избор на наследник што може значително да ја обликува иднината на земјата, од внатрешната политичка стабилност до режимот на санкции против Исламската република и економската перспектива на земјата. Хамнеи, кој имаше 86 години, ја презеде функцијата во 1989 година по смртта на ајатолахот Рухолах ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави за Аксиос дека располага со неколку „излезни опции“ по започнувањето на воената операција „Епски без“ (Epic Fury) против Иран наведувајќи дека кампањата може да трае подолго или да заврши во рок од два до три дена. Во телефонско интервју за Аксиос од неговиот дом во Мар-а-Лаго, Трамп рече дека има избор „да продолжи и да го преземе целиот“ Иран или да ја заврши операцијата за неколку дена и да им ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „постојат многу индиции“ оти иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хаменеи „повеќе не е со нас“, но не потврди експлицитно дека тој е убиен, објави Си-Ен-Ен. Претходно, иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи во изјава за американската телевизија Ен-Би-Си изјави дека, според неговите информации, Хаменеи и другите високи ирански функционери се живи. Иран досега не објави ...

Американската војска соопшти дека досега нема пријавено загинати или повредени припадници на Соединетите Држави во операцијата „Епски бес“ (Epic Fury) против Иран при што штетата на американските објекти била минимална и не ја нарушила оперативната способност на силите, истакна Централната команда на силите на САД во официјално соопштение. Претседателот на САД, Доналд Трамп ја нарече операцијата која започна рано во саботата „најголемата ...

Поморскиот сообраќај низ Ормутскиот Теснец, една од најважните светски рути за транспорт на нафта, е значително нарушен по американско-израелските напади врз Иран и возвратните акции на Техеран, јавуваат светските медиуми повикувајќи се на податоци од аналитичката компанија Кејплер. Според најновите податоци од сервисите за следење на бродови, дел од нафтените танкери се вратиле назад или ја смениле рутата за да избегнат пловење низ теснецот ...

Согласно последниот развој на безбедносната состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека во рамки на институцијата е формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е достапен 24 часа дневно за сите потреби поврзани со помош, поддршка и асистенција на македонските државјани. Министерството апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја внимателно ...

Автопатот во должина од 57 километри почна да се гради во 2014 година, а досега се пуштени 40-ина километри и тоа делниците Врбјани–Ботун и Климештани–Охрид, додека другиот дел сè уште е во изградба. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ изминативе две години ветуваше дека целата автопатска делницата ќе биде завршена до крајот на 2026 година. Но според последните најави, тоа нема да се случи оваа година. Со усвоените законски измени во Собранието се ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1017
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
92%
1013
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
5.14
90%
1013
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
75%
1016
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
0.99
97%
1015
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.63
97%
1012
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
0.45
89%
1018
weather icon

Тирана

15ᴼ / 14ᴼ
2.06
93%
1015
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
100%
1015
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 5ᴼ
2.24
85%
1015
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
2.06
94%
1013
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
5.14
96%
1019
Currency

61.673

Currency

55.014

Currency

73.851

Currency

37.982

Currency

38.991

Currency

67.109

Currency

8.2527

Currency

0.66651

Currency

0.34784

Currency

0.52406

Currency

1.096

Currency

0.58649

Родиум

302217.02

Иридиум

321507.47

Калај

46.57

Цинк

3.75

Сребро

1667.87

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Алуминиум

2.99

Паладиум

32633.01

Бакар

12.57

Платина

49640.75

Злато

130085.14