На Твитер се шири видео од кученце што го снимиле неговите посвоители на пат од засолништето до новиот дом. Кучето од видеото, кое за 24 часа го погледнале повеќе од милион луѓе, е емотивно и не ги крие чувствата за фактот дека има нови сопственици и нов топол дом. Во видеото кучето се умилкува, се мази и речиси цвили во друштво на својот нов сопственик. La reacción de un perrito al ser adoptado 🥺 pic.twitter.com/7NBAIIBWaD — Animales y ...
Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) пред неколку недели ја предупредила Германија за можни напади врз гасоводи во Балтичко Море, објави денеска германскиот магазин Шпигл, откако беше објавено дека истекува гас од руските гасоводи кон Германија. Германската влада летово добила дојава од ЦИА, објави Шпигл, цитирајќи неименувани извори, и додаде дека Берлин претпоставува дека бил планиран напад на гасоводите Северен тек 1 и 2. ...
Министерството за внатрешни работи информира дека денеска и утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателката на Словачка, Зузана Чапутова. На 08.09.2022 (четврток) и 09.09.2022 (петок) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателот на Италија, Серџо Матарела. Од тие причини, соопштија од МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен ...

