Ракометарите на Охрид се пласираа во финалето на турнирот од Групата 4 од Купот на Македонија, кој се игра во салата „Билјанини извори“. Претпладнево Охрид во полуфиналето го совлада Прилеп со 32:27, полувреме 19:13. Во финалето Охрид ќе се сретне со подобриот од натпреварот Тиквеш – Аеродром, кој се игра попладнево. Најефикасен во редовите на Охрид беше Винисиус со 7 гола, Мацуока постигна 5. Статистика ГРК Охрид: Чаневски, Мацуока 5, ...

Кадетите на ГРК Охрид синоќа во салата „Билјанини извори“, загубија од Еурофарм Пелистер 22:25 (8:13) во разигрувањето за пласман на Ф4 турнирот од Кадетската лига на Македонија. И покрај поразот, младите „гладијатори“ покажаа борбеност, игра и залагање, особено во второто полувреме, што ветува добра иднина на ракометот во Охрид. Клучно беше првото полувреме кое младите охридски ракометари го отворија во грч и речиси половина полувреме беа ...

Денеска не очекува променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа во источните делови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Во Охрид слично време, со максимална температура до 18 степени. На почетокот од новата работна недела ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд ...

ФК Воска Спорт објави дека се повлекува од македонската Прва лига, откако Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги санкционираше за недозволено напуштање на теренот на натпреварот против Вардар во последното коло. ФК Воска Спорт АД се казнува со одземање на 9 (девет) бодови од вкупниот број на освоени бодови во тековната натпреварувачка сезона од Прва МФЛ и парична казна од 2.500,00 евра поради напуштање на натпреварот со ФК Вардар АД ...

Од денес достапни две нови услуги од Основните судови, Уверение од кривична евиденција за физички лица и Уверение од кривична евиденција за правни лица на Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk. Овие услуги се дел од пакетот на најчесто користени судски потврди за неосудуваност, кои сега може да се добијат без чекање пред шалтери и архиви. Пакетот за неосудуваност веќе ги вклучува и потврда од казнена евиденција и потврда ...

Во текот на изминатите 24 часа, најмногу дожд наврна во Охрид, 17 литри на метар квадратен, соопштија од Управата за хидрометеоролшки работи на Република Македонија (УХМР). По Охрид следуваат Маврови Анови со 14 l/m2, Лазарополе со 10 l/m2, 8 l/m2 во Претор, 7 l/m2 во Крушево, 6 l/m2 во Тетово и Попова Шапка, 4 l/m2 во Битола и Тополчани, 3 l/m2 во Прилеп, 2 l/m2 во Скопје Зајчев Рид, Крива Паланка, Штип и Пожаране и 1 l/m2 во Скопје ...

Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Во Охрид времето денес променливо облачно со повремен дожд. Максималната температура до 17 степени. Денес и утре ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има ...

Фудбалските ветерани на Бугарија и Македонија на 27 април во Варна ќе одиграат хуманитарен натпревар, а собраните средства ќе бидат наменети за помош на настраданите во катастрофалниот пожар во Кочани во кој до сега животот го загубија 62 млади лица. За Бугарија ќе настапат фудбалери од ѕвездената генерација која го освои 4-то место на СП во 1994 година во САД, предводена од Христо Стоичков, а голот на Македонија ќе го чува охридската ...

Во рамки на проектот на Општина Охрид, „Културата расте со децата. За сите деца“, денес напладне во ООУ „Св. Наум Охридски“ во село Пештани ќе биде прикажана детската театарска претстава „Плашливиот лав” во изведба на актерите од Театар „Отпишани“. „Плашливиот Лав” е детска театарска претстава која носи силна порака за другарство и социјализација кај децата. Автор на претставата е Марјан Анѓеловски, а главните улоги ги играат Јасмин Рамани и ...

Во Охрид изминативе 24 часа наврнаа 13 литри дожд на м2, додека најмногу дожд имало во Крушево каде се забележани 26 литри, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Маврови Анови наврнале 23 l/m2, 14 l/m2 во Скопје-Петровец, 13 l/m2 во Битола, 11 l/m2 Попова Шапка, 8 l/m2 Крива Паланка, Претор и Тополчани, 7 l/m2 во Лазарополе, 3 l/m2 во Берово, 2 l/m2 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Прилеп и Пожаране, 1 l/m2 во Тетово и Демир ...

Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Во Охрид времето денес променливо облачно со услови за дожд. Максималната температура до 20 степени. Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ...

ГРК Охрид, синоќа, славеше над Тиквеш во Кавадарци со 20:24, полувреме 6:14. Охрид мечот го реши уште во првото полувреме кога создаде огромна предност од +8 која умешно ја сочува до крајот. Најефикасни на натпреварот беа Орјоникидѕе со 9 погодоци и Ѓорѓески со 16 интервенции, од кои 3 одбранети пенали. Статистика ГРК Охрид: Чаневски, Ојлески, Јукиќ 5, Ристевски, Тасески, Шафранко 1, Јотиќ 1, Кукоски, Крстевски, Пешиќ 2, Кукуловски, ...

Во рамки на одбележувањето на годишнината од херојската смрт на Христо Узунов, македонскиот револуционер и војвода на охридските револуционерни чети, делегација на Општина Охрид, претставници на политичките партии, претставници од институции, почитувачи на неговиот лик и дело денеска положија цвеќе пред спомен-бистата во Градскиот парк. Општинска делегација присуствуваше и на панихидата и се поклони на гробот на Узунов во кичевското село ...

На денешната седница на Советот на општина Дебрца едногласно беше донесе одлука од Буџетот на општината да се доделат 200.000 денари финансиска помош за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани. Средствата ќе бидат префрлени на наменската сметка за донации на Црвениот крст, информираат од Општината. Во пожарот кој избувна утрото на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени. ...

Отсекот за превенција при СВР Охрид реализираше едукативна кампања од областа на безбедноста на сообраќајот, а под мотото – „Стави појас“. Притоа, полициските службеници на неколку сообраќајни пунктови, преку непосредна комуникација со возачите на моторни возила ја нагласија потребата, но и законската обврска за користење безбедносен појас при управување со моторните возила, во и надвор од градските средини, информираат од МВР. На возачите, ...

Министерството за здравство планира да набави 100 амбулантски возила кои ќе бидат распределени низ болниците во државата, изјави денеска во Куманово министерот за здравство Арбен Таравари. Посочи дека планот треба да помине на Влада и очекува наскоро да почне процедурата. Модерните возила ќе се распределат низ болниците во државата, поголемите и онаму каде што има најголем недостаток. Инаку од 2014-та година, за жал, не се набавени возила ...

Камион „застава” без регистерски ознаки, кој превезувал огревно дрво излетал од патот и удрил во паркиран автомобил, при обид да избега од полицијата, три лица избегале од местото, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, ноќеска еден час по полноќ, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при ОВР Струга, на локален пат во атарот на струшкото село Мислешево, затекнале товарно моторно возило ...

Со пригодна свеченост што синоќа се одржа во ЦК „Григор Прличев“, ООУ „Христо Узунов“ го одбележа патрониот празник. На свеченоста присуствуваше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски. Во рамки на културната програма настапија учениците од второ, петто и деветто одделение под менторство на своите наставници. Програмата беше збогатена со музички точки и настап на училишниот хор. Годинава се одбележаа 120 години од ...

Со пригодна свеченост што синоќа се одржа во ЦК „Григор Прличев“, ООУ „Христо Узунов“ го одбележа патрониот празник. На свеченоста присуствуваше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски. Во рамки на културната програма настапија учениците од второ, петто и деветто одделение под менторство на своите наставници. Програмата беше збогатена со музички точки и настап на училишниот хор. Годинава се одбележаа 120 години од ...

Денот на националната независност и празникот на децата – 23 Април, беше одбележан со шарен и радосен базар во ОУ „Братство Единство“ во Охрид. Учениците од прво до деветто одделение подготвија разни јадења и рачно изработени украсни предмети, кои беа изложени на штандови во училишниот двор. Настанот се одвиваше во празнична атмосфера и предизвика голема возбуда кај учениците и родителите. Базарот понуди живописни сцени – учениците ги ...

Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Во Охрид времето денес променливо облачно со повремен дожд. Максималната температура до 19 степени. До крајот на оваа седмица ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на ...

Во четврток, 24 април, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид организира Отворен ден. Тоа е одлична можност да се запознаете со нашите студиски програми, да присуствувате на наставни часови, да погледнете апликативни проекти и да поразговарате со нашите студенти и професори, информираат од Универзитетот. Посебен акцент ќе биде ставен на панелот по повод Меѓународниот ден на девојките во информатичките ...

Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки, апелира Министерството за внатрешни работи откако се забележани случаи на лажни покани во врска со наводна тековна истрага. Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека до неколку граѓани и правни лица, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага. Апелираме до граѓаните ...

Времето денес, претпладне сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и појава на град. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 19 степени. Слично време не очекува и во четврток, променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа ...

По повод смртта на новинарот Илче Стојаноски, ЗНМ и медиумската заедница од Охрид утре, среда (23 април) организираат комеморација која ќе се одржи во 10 часот во Големата сала на Општина Охрид. Стојаноски почина вчера во Охрид на 75 годишна возраст. Целиот професионален работен век го помина во Центарот за печат и радио Охрид. За својот труд Стојаноски за време на својот работен век има добиено голем број награди и признанија. Погребот е ...

Доктори специјализанти од Охридско-струшкиот регион ќе бидат вработени во Општата болница Охрид со цел надминување на проблемот со недостиг на лекари. Како што информираше директорот на Општата болница, Горан Маркоски станува збор за анестезиолог, радиолог, инфектолог, педијатар и двајца гинеколози кои треба да придонесат за поефикасни услуги за пациентите. Благодарение на проектот на Владата и Министерството за вработување на приватни ...

Во текот на празничните денови (18-21.04.2025) продолжувајќи со континуираните сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи издале вкупно 2252 платни налози за сторени прекршоци од страна на учесниците во сообраќајот претежно по однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Притоа, заради неправилно паркирање евидентирани биле 308 прекршоци, 1018 заради возење со ...

Нивото на водата во Охридското Езеро според денешните мерења спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи се наоѓа на котата 693,32 метри надморска височина. Водостојот денеска е 25 сантиметри под просекот за април или 22 сантиметри над дозволениот минумум. Неделната анализа покажува мали варијации за сантиметар до два од денешните измерени 693,32 метри. Температурата на водата денес е 13 степени што е за околу 3 степени над просекот ...

На 21.04.2025 во 15.30 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 53 годишно лице од Франција и „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 42 годишно лице од Куманово. Во несреќата, возачот на возило „киа“ и 19 годишната сопатничката од Франција се здобиле со тешки телесни повреди, ...

Утре од 12.00 часот НУ Библиотеката „Григор Прличев“ – Охрид и оваа година традициoнално ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право кој е прогласен од УНЕСКО во 1995 година. Утре во Прличевата одаја ќе бидат прогласени најчитателите за 2024, за деца и возрасни, најчитаните автори и дела а на бројни донатори на книги ќе им бидат врачени благодарници. Годинава, македонската порака ја напиша проф. д-р Славица Велева, а ќе биде ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
51%
1014
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
3.6
48%
1015
weather icon

Загреб

15ᴼ / 13ᴼ
2.57
47%
1016
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
54%
1017
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.62
81%
1017
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
1.03
57%
1017
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
6.17
65%
1011
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
31%
1013
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
34%
1013
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
7.2
60%
1015
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
40%
1016
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
7.2
93%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Цинк

3.07

Родиум

350443.14

Иридиум

258288.78

Кобалт

66.14

Сребро

2840.84

Рутениум

56199.51

Паладиум

45911.27

Злато

166450.52

Калај

43.90

Алуминиум

3.18

Платина

60154.05

Бакар

10.68