Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Скопје/Охрид, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Наречението на новоизбраниот Митрополит Дебарско-кичевски, Георгиј ќе се изврши на Петровден, на 12-ти јули 2025 година, во храмот „Св. Климент Охридски и Св. Пантелејмон“ на Плаошник. – Епископската хиротонија и интронизацијата за Митрополит Дебарско-кичевски ќе се изврши на 13-ти јули 2025 година, на Павловден, во Соборниот храм на Охридските архиепископи „Св. Софија“ во Охрид, информираат од Светиот ...
Струга/Скопје, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 12-ти јуни 2025 година, во 04:30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека околу 02:00 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струга, две лица, со употреба на сила внеле 22-годишна девојка од Скопје во патничко возило и заминале од местото. – Во 09:11 часот во СВР Охрид, лекар од Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје пријавил дека девојката побарала помош кај нив и ѝ биле ...
Охрид, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 45-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. – На 8-ми август 2024 година, полициски службеници извршиле претрес на апартмани во Охрид, кои ги користи пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин и дробилка ...
Охрид, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на претстојниот празник на Св. Еразмо, кој и оваа година традиционално ќе се прослави на 14-ти и 15-ти јуни 2025 година, во сабота и недела, на профилите на социјалните мрежи каде се објавуваат активностите на манасторот, беше објавено сведоштвото на жена, која сведочи за чудотворната моќ на Светецот Еразмо Охридски. На 14-ти јуни 2024 година донесов масло, алишта, проскур и вода за здравје на мојот ...
Охрид, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – По традиција, продолжува соработката на Супер радио со најголемите компании во градот, државата и регионот. Во најубавиот период од годината, време е за уште едно лето со Тамаро и Плазма во Охрид. Во големиот маркет на Тамаро на улицата „АСНОМ“, синоќа се одржа првата дружба за ова лето. Поделивме многу подароци и донесевме многу насмевки кај купувачите, особено најмладите охриѓанчиња. – И ова лето продолжува ...
Охрид, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во месец април во Охрид биле издадени 10 одобренија за градење, објавија од Државниот завод за статистика на Република Македонија. Од нив по пет се на физичко лице и деловен субјект. Предвидена е градба на 207 станови, најмногу двособни, со вкупна корисна површина од 12.431 м². Во анализираниот период во општина Струга нема издадени одобренија, додека во Дебрца дури 13 одобренија. На ниво на Република ...
Скопје/Охрид, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) доби нов духовен водач за Дебарско-кичевската епархија. На денешната седница на Светиот архиерејски синод, без ниту еден глас против, за нов митрополит е избран Неговото Високопреподобие, игуменот Георгиј (Ѓорѓевски). Со овој избор, завршува периодот на вакуум што траеше од ноември минатата година, кога се упокои митрополитот Тимотеј, еден ...
Охрид, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) од Охрид, утре, 13-ти јуни, започнува Ипа вело викендот „На точак, Охрид и Струга да видам“, во чии рамки, во сабота, на 14-ти јуни, ќе се одржи рекреативна велосипедска тура Охрид-Струга-Радожда. Овој спортски настан, се одржува по деветти пат, а главната цел е актуелизирање на ИПА иницијативата за велосипедско поврзување на двата крајезерски ...
Охрид, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува деградирањето на животната средина во Охрид и околината и неодговорниот однос на поединци кон најскапото што го имаме – чистата околина и убавината на градот и Охридското Езеро. Потврда за ова е и вистинската мини депонија, во непосредна близина на тениското игралиште кај плажата и хотелот „Орце Николов“. Градежен шут, предмети од домаќинство и секаков вид ѓубре е исклучително лоша слика за сите ...
Охрид, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Минатата година во Охрид се регистрирани вкупно 399 живородени бебиња, покажуваат конечните податоци на Државниот завод за статистика. Оваа бројка е за 28 помалку во однос на 2023 и за 15 помалку во однос на 2022 година. Од новороденчињата 206 биле машки, а 193 женски. Според брачната состојба, 375 се добиени во брак, а 24 се вонбрачни. Инаку Охрид и 2024 година, како и претходните три ја заврши со негативен ...
Охрид, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 11-ти јуни 2025 година, во 21:45 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 24-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:00 часот во семејниот дом агресивно се поднесувал кон неговиот 26-годишен брат, оштетил дел од покуќнината и без дозвола го зел возилото на брат му. – Тој бил пренесен во здравствена установа и по целосно документирање на случајот, ...
Охрид, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на месец април Охрид го посетиле вкупно 27.920 туристи, од кои 7.984 биле домашни, а 19.936 се странски. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата изнесува 48.592. Во однос на структурата на странските туристи најмногубројни биле Турците 4.558, следуваат гостите од Германија 2.825, Србија 2.101 и Франција 1.745. На ниво на Република Македонија во април ја ...
Скопје/Охрид, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска на седница треба да избере митрополит на Дебарско-кичевската епархија, која остана без прв човек, откако минатата година во ноември по кусо боледување на 73 години почина тогашниот митрополит, господин Тимотеј. Засега единствен кандидат за оваа висока црковна позиција е јеромонахот Георгиј, кој на празникот Педесетница доби ново ...
Охрид, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај плажите „Славија“ и „Орце Николов“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните ...
Скопје/Охрид, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Почеток на плоштадот Чинар, почеток на катната гаража, повеќе инфраструктура во руралните средини и ќе ја превршиме онаа динамика која што веќе сме ја започнале и наметнале во изминатите 4 години, најави за до крајот на мандатот актуелниот градоначалник на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков. За поткастот ВМРО-ДПМНЕ зборува со вашиот градоначалник“, тој напомена дека Охрид долги години беше позната како ...
Охрид, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Препордобен Исакиј Исповедник. Во времето на царот Валент настана големо гонење на Православието од страна на аријанците, коишто и самиот цар ги помагаше. Кога слушна за ова гонење, Исакиј, пустиник од некаде на Исток, ја остави пустината и дојде во Цариград за да ги храбри правоверните и да ги изобличува еретиците. Токму во тоа време царот Валент тргна ...
Охрид, 12. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – „Заборавениот звук на Садило“ е насловен концертот, што во спомен на Климе Садило ќе се одржи вечерва, со почеток од 20:00 часот, во предворјето на катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид. – И оваа година ќе можете да уживате во настапите на КУД „Далги“ при Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, Охридскиот камерен оркестар, како и изведбата на драмата „Виолина што одекнува низ вековите“ од м-р Михаил ...
Охрид, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 28. степени. – Во следните денови времето ќе биде претежно сончево и топло. Во петок и во сабота ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај) ...
Охрид, 12. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Од 26-ти мај 2025 година, започнаа градежни активности, санација на мост на река ...
Охрид, 11. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во спортската сала во училиштето во Лескајца, учениците од деветто одделение од ООУ „Братство Единство“ од Охрид, традиционално го одбележаа завршувањето на своето основно образование со свечена полуматурска прослава. Овој настан ги обедини учениците од трите наставни јазици – македонски, албански и турски, се’ во духот на почитувањето и мултикултурниот соживот. Прославата претставуваше симбол на соживотот што ...
Охрид, 11. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј, со своите музејски објекти и локалитети, влезе во конкуренција за наградата Жива 2025 (Best Slavic Heritage Site) – Најдобар локалитет на словенското наследство, а се однесува на прославување на местата на културно наследство кои одразуваат исклучителна историска, уметничка и културна вредност а воедно имаат одржливи практики. – Наградата Жива ...
Охрид, 11. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Делегација на вооружените сили на Унгарија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал Габор Беренди престојува во дводневна официјална посета на Армијата на Република Македонија. По приемот со високи воени почести, во Кампот за обука на вода во Охрид, генерал Беренди оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Во рамки на заедничката обука ...
Охрид, 11. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – На почетокот на следниот месец Охрид се претвора во најдобрата коктел дестинација оваа сезона. За 4-ти и 5-ти јули е најавено првото издание на Ohrid Cocktail Festival. – Охрид станува епицентар на коктел културата! Подгответе се за коктели што ги разигруваат сетилата, богата музичка програма и атмосфера што нема да сакате да ја пропуштите, стои во објавата за настанот, за кој детали се најавуваат наскоро. ...
Охрид, 11. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 51/11, 123/12 и 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 99/18, 89/22 и 171/22) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на РМ бр. 147/08), Градоначалникот на Општина Охрид организира ...
Охрид, 11. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во петок продолжуваат настаните посветени на најмладите во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“ . Од 18:00 часот на сцената кај ТЦ „Амам“ ќе биде изведена детска театарска претстава „Пинокио“ на Балада продукција. Следниот петок, 20-ти јуни на истата сцена и од истиот термин ќе биде изведена детска театарска претстава „Во царството на другарството“ на театар Хит Комедија. ...
Охрид, 11. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Модерната технологија овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледа една стара фотографија направена пред многу години во центарот на градот, сега во вид на кратко, AI генерирано видео. Следете не на Facebook и YouTube за повеќе вакви видеа. (Крај) извор: ...
Охрид, 11. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта.плажа кај пешачка патека Денешната доза е снимена утрово во вид на кратка видео репортажа од охридската Пожарна до плажа „Горица 3“ и назад. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на ...
Охрид, 11. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Перчо Божиноски, претседател на Советот на Општина Охрид, вработен во охридската Гимназија, а претходно вработен во Средно стручно училиште, бесрамно манипулира со изјави со цел да го исправи она што го направи во гимназијата со самото негово доаѓање – обид за уништување на угледот на Гимназијата, реагираат од ОО на СДСМ од Охрид. – Перчо Божиноски изнесе дека учениците од средните стручни училишта можеле да ...
Охрид, 11. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во последното деноноќие, на преспанскиот дел од Националниот парк „Галичица“, биле пронајдени една артилериска граната од 75 милиметри и рачна бомба, при што од страна на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) било интервенирано за безбедно отстранување на овие неексплодирани убојни средства (НУС) од минати војни. Од ДЗС апелираат до граѓаните, при прошетки во природата во случај кога ќе пронајдат ...
Охрид, 11. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во 2014 година регионот Охрид-Преспа беше прогласен за прекуграничен биосферен резерват на УНЕСКО. Дејан Пановски, македонскиот претставник во Билатералниот секретаријат за Охридско Езеро, кој беше еден од носителите на иницијативата, по повод одлуката на УНЕСКО, тогаш истакна дека таа претставува признание на посветеноста и на вредностите, одличен импулс за засилена туристичка промоција и со тоа ...