Баерн Минхен во летниот преоден рок ќе се обиде да го донесе фудбалерот на Јувентус, Адриен Рабио. Италијанскиот новинар, Николо Шира, наведува дека Баерн стапил во контакт со мајката на Рабио, Веронике, која е и негов менаџер. Инаку, Вероник Рабио е позната по бескомпромисниот однос за време на преговорите, а поради неа на Адриен претходно му пропаднаа неколку здлеки. Меѓу другото, „Газета дело Спорт“, на почетокот на 2023 година тврдеше дека ...

Унгарија ќе потпише договор за соработка со Шведска во областа на одбранбената индустрија, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан пред средбата со шведскиот премиер Улф Кристерсон во Будимпешта. Орбан изјави за државното радио дека Унгарија и Шведска ќе ги решат сите отворени прашања меѓу двете земји, како и ќе постават цели за воена соработка, пренесе Ројтерс. Тој додаде дека унгарскиот парламент на седницата во понеделник ќе го ратификува ...

Поранешниот бразилски репрезентативец Дани Алвеш, вчера беше осуден на затворска казна од четири ипол години. Алвеш силувал девојка во ноќен клуб во Барселона ноќта меѓу 30 и 31 декември 2022 година. Станува збор за првостепена одлука против која Дани Алвеш ќе поднесе жалба, но тешко дека ќе може значително да ја намали казната, бидејќи добил многу помалку отколку што побарале адвокатите на силуваната девојка (12 години), односно ...

41-годишна Македонка била избодена до смрт од нејзиниот сопруг пред нивниот 8-годишен син, пренесува германски „Билд“. Повредите на Македонаката, како што стои во написите биле толку тешки што искрварила до смрт. Постариот 16-годишне син на жртвата ја алармирал полицијата. Кога дошол дома околу 19 часот, неговиот помал брат стоел пред заклучената врата од станот. Тој бил целосно вознемирен и рекол дека мајка му била внатре и лежела на подот ...

Во честитката за 23 февруари, Денот на бранителите на татковината, ден пред втората годишнина од нападот на Украина, рускиот претседател Владимир Путин ги поздрави хероите. Според видео пораката што денеска ја објави руското претседателство, Владимир Путин ги поздравил „автентичните национални херои“. Тој додаде дека „во последните години компаниите од воено-индустрискиот сектор го зголемија производството и испораката на најбараното оружје на ...

Галатасарај испадна од Лига Европа, откако доживеа тежок пораз од Спарта во Прага. Чешкиот тим славеше со 4:1 и со вкупен резултат 6:4 се пласираше во осминафиналето. По натпреварот, веднаш откако главниот судија означи крај, веројатно испровоцирани од начинот на кој Спарта го прослави последниот гол постигнат во 97.минута, играчите и луѓето од стручниот штаб на Галатасарај започнаа тепачка. Летаа тупаници, некои од учесниците завршија на ...

Воениот кабинет на Израле денеска испраќа преговарачки тим во Париз. Тимот ќе го предводи шефот на Мосад, Дејвид Барнеа. Тие ќе разговараат за потенцијално примирје и ослободување на заложниците, пренесува CNN. На средбата доаѓаат и шефот на ЦИА, Бил Брнс и претставници од Египет и Катар. Одлуката да дојде на преговори, израелскиот воен кабинет ја донесе во текот на ноќта, откако американскиот координатор за Блискиот Исток Брет Мекгурк се ...

Руско беспилотно летало погоди комерцијална област во украинското црноморско пристаниште Одеса, при што загинаа три лица, соопшти украинскиот воен и регионален гувернер Олех Кипер. Војската соопшти дека Русија лансирала 31 беспилотно летало во Украина во текот на ноќта, а противвоздушната одбрана уништила 23 од нив. Во објава на апликацијата за пораки Телеграм, војската на Југот рече дека пресретнала девет беспилотни летала, но еден паднал во ...

Додека ДПМНЕ сее лаги и ги манипулира граѓаните, нивните пратеници со дипломатски пасош со новото уставно име им се посмеваат на граѓаните, велат од СДСМ. „Токму оние што прават шоу по границите, како пратеникот Миле Лефков од ДПМНЕ имаат дипломатски пасош со новото уставно име, изваден пред нешто повеќе од еден месец. Антонијо Милошоски исто така има дипломатски пасош со новото уставно име, Северна Македонија и многу други пратеници од ...

Вечерва, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев на Граничниот премин Богородица, ги пречека новите 140.000 обрасци за пасоши, демонстрирајќи го концептот „МВР за Граѓаните” на дело. Претходно, Бојмацалиев информираше дека покрај оваа пратка од 140.000 обрасци, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци, со што како што најави Бојмацалиев, бројката од 225.000 обрасци се комплетира. ...

Никола Јокиќ со 121. трипл-дал во кариерата влезе во историјата на НБА лигата. Јокиќ го предводеше Денвер до победата над Вашингтон 130:110. Во дербито Лука Дончиќ го растури Феникс. Јокиќ натпреварот против Вашингтон го заврши со 21 поен, 19 скока и 15 асистенции и стана третиот играч во историјата на лигата кој има најмалку еден трипл-дабл против секој тим во НБА. Претходно тоа им успеало само на Расел Вестбрук и Леброн Џејмс. Најефикасен во ...

Пратениците на СДС и ДУИ имаат шанса колку толку, да ја исправат својата грешка со пасошите и малтретирањето на целиот народ, затоа треба да се одважат и да гласаат за продолжување на нивната важност, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Граѓаните ги затворија во својата држава, направија отворен затвор од Македонија. Делеа пасоши свесно две и пол години, иако знаеле дека важноста ќе помине, пред истекот на датумот впишан на самите исправи. Народот доста ...

ДПМНЕ ги лаже граѓаните и создава уште поголем проблем со извадањето нови пасоши, оценуваат од владејачката СДСМ. Од една страна, како што велат, нивниот министер за внатрешни работи во техничката Влада целосно го заглавува процесот со погрешни одлуки и чекори. „Наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши го укина вадењето пасош без закажување. Тоа го пролонгираше целиот процес со месеци. Граѓаните со денови не можат да ...

Сончево и релативно топло со умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 17 степени. За време на викендот и во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со ...

Најмалку 4 лица загинаа во голем пожар кој зафати зграда во шпанскиот град Валенсија. Повредени се 14 лица, меѓу кои шест пожарникари и едно мало дете. Се уште се трага по 19 лица кои моментално се водат како исчезнати. Пожарот ја зафатил 14-катницата во населбата Кампанар и се проширил во соседната зграда. Пожарникарите ги извлекувале луѓето од балконот, додека силниот ветер го разгорел огнот. Valencia. Apocalyptic 🔥 not so far from home. ...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, седум за користење мобилен телефон при управување, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните ...

Неколку лица се повредени во Кина, во верижен судар во кој учествувале повеќе од 100 автомобили, јавија денеска кинеските државни медиуми. Како што се наведува, причината за верижниот судир што се случи на автопатот во кинескиот град Сужоу, во провинцијата Џиангсу на истокот од земјата, е мразот. Три лица се хоспитализирани поради повреди, а шест лица се здобиле со мали гребнатинки, соопшти сообраќајната полиција, пренесе Ројтерс Кинеската ...

Миле Свилар ја однесе Рома во осминафиналето во Лига Европа. Српскиот репрезентативец, син на легендарниот југословенски голман Ратко, во пенал серијата проти Феенорд забележа две одбрани и го елиминира Феенорд. Рома трет пат во низа од европските купови излезе како победник во пресметката со Феенорд. Вечерва во Рим, патникот во осминафиналето го решија пеналите, откако натпреварот по 120 минути тактичка борба заврши со 1:1. Идентичен беше ...

Фудбалерите на Спарта Прага, Олимпик Марсеј и Спортинг Лисабон се пласираа во осминафиналето од Лига Европа. Во престолнината на чешка, Спарта го декласира Галатасарај со 4:1 и со вкупни 6:4 избори место во осминафиналето. Чешката екипа веќе во осмата минута го доведе Пресијадо во водство, а во двомечот донесе израмнување. Но, во 16. минута Бардакчи израмни за Галатасарај и тоа беше се што фудбалерите на турскиот великан направија на овој ...

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Сан Франциско се сретна со Јулија и Даша Навални за да им изрази искрено сочувство за нивната загуба по смртта на Алексеј Навални во руски затвор. „Денеска се сретнав со Јулија и Даша Навални, најблиските на Алексеј Навални, за да изразам сочувство за нивната катастрофална загуба. Наследството на храброста на Алексеј ќе живее во Јулија и Даша и во безброј луѓе низ Русија кои се борат за ...

Нестварни реванши во Лига Европа вечерва се видени на стадионите во Фрајбург и Баку. Пласман во осминафиналето изборија Фрајбург и Карабаг. Карабаг и Брага одиграа нестварен меч, кој кулминираше во продолженијата, во кои домашниот тим со играч помалку постигна два гола. Брага победи во Баку со 3:2, но доживеа елиминација бидејќи Карабаг во првиот натпревар славеше победа 4:2. Откако Карабаг во 57.минута остана со фудбалер помалку, Брага ја ...

Откако Кремљ се огласи за изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека „Владимир Путин е луд кучкин син“, реагираше и самиот руски претседател. Путин рече дека изјавата на Бајден покажува зошто Кремљ верува дека за Русија Бајден би бил подобар американски претседател од Доналд Трамп, пишува Ројтерс. Тој искоментира и дека изјавата на Бајден е груба. 🇷🇺 Vladimir Putin responded to Biden, who called him a “crazy son of a bitch”. “For ...

Компанија со седиште во Хјустон денеска ќе се обиде да го приземји првото американско вселенско летало по 50 години на Месечината, како дел од напорите на НАСА да го отвори патот за комерцијалните вселенски летала да ги вратат астронаутите на сателитот на Земјата до крајот на деценијата. Ако се оди според планот, Intuitive Machines полека ќе го приземји својот шестоаголен робот Одисеј во близина на јужниот пол на Месечината. Контролорите на ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц го поддржа Марк Руте како генерален секретар на НАТО. Холандскиот премиер во заминување е „извонреден кандидат“, според портпаролот на Шолц, Штефен Хебестрајт. „Канцеларот Шолц го поддржува назначувањето на Марк Руте за нов генерален секретар на НАТО“, објави Хебестрајт на платформата „Икс“, наведувајќи го „огромното искуство на Руте, неговата голема експертиза во безбедносната политика и неговите силни ...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер, во 12.коло во Лигата на шампионите, вечерва доживеака пораз во Кил 29:23 (19:10). Шампионот на Македонија и Целје се единствените тимови беа освоен бод во досегашниот тек од лигата. Еурофарм Пелистер одигра ужасно прво полувреме. Фаворитот Кил натпреварот го отвори со предност 6:1, потоа беше и 11:4, а во финишот на првиот дел разликата беше двоцифрена (17:7). Во второто полувреме македонскиот шампион го ...

Фудбалерите на Динамо Загреб се пласираа во осминафиналето, во Конференциската лига. Во реваншот во Загреб, Динамо одиграа 1:1 со Бетис и со вкупни 2:1 го елиминира шпанскиот тим. Бетис поведе преку Седрик Бакамбу. Камерунецот во 38.минута ја искористи асистенцијата на Руибал и со петица го совлада голманот на Динамо. Претходно капитенот на Динамо, Бруно Петковиќ ја погоди стативата. ...

Унгарската владејачка партија Фидес го номинираше претседателот на Уставниот суд, Тамаш Суљок, за нов претседател на земјата, на местото на Каталин Новак, која поднесе оставка овој месец, објави денеска владиниот портпарол на „Икс“. Новак, долгогодишен сојузник на конзервативниот премиер Виктор Орбан, поднесе оставка на 10 февруари по силниот јавен притисок за помилување на човек осуден за помагање при прикривање на сексуална злоупотреба во ...

Тони Крос по три и пол години се враќа во германската репрезентација! „Луѓе, кратко и безболн: Во март повторно ќе играм за Германија“. Зошто? Затоа што селекторот ме повика, затоа што сум подготвен за тоа и затоа што сум сигурен дека овој тим може да направи многу повеќе на Европското првенство отколку што мислат повеќето“, напиша Крос на Инстаграм. Крос последен пат играше за Германија на Европското првенство во 2020 година кога Англичаните ...

Велика Британија денеска објави нов пакет санкции против Русија во обид да го ограничи воениот арсенал и финансирањето на воената машина на претседателот Владимир Путин. Новиот пакет мерки вклучува повеќе од 50 поединци и субјекти и е последен во низата координирани напори на Западот да и нанесе удар на руската економија. „Нашиот меѓународен економски притисок значи дека Русија не може да си ја дозволи оваа нелегална инвазија. Нашите санкции ...

Соединетите Американски Држави и Велика Британија денеска го поддржаа холандскиот премиер во заминување Марк Руте да го наследи Јенс Столтенберг на местото генерален секретар на НАТО, ставајќи го во силна позиција да ја преземе таа функција. Наследникот на Столтенберг, откако ќе поднесе оставка во октомври, ќе ја преземе функцијата во клучен момент со задача да ја задржи поддршката на членките на НАТО за скапата одбрана на Украина од руска ...

Скопје

19ᴼ/19ᴼ
1.54
30%
1016

Белград

16ᴼ/14ᴼ
1.03
49%
1018

Софија

18ᴼ/15ᴼ
8.23
38%
1015

Сараево

19ᴼ/19ᴼ
8.21
29%
1015

Љубљана

19ᴼ/14ᴼ
0.23
72%
1016

Атина

26ᴼ/23ᴼ
4.12
45%
1012

Тирана

21ᴼ/21ᴼ
5.14
43%
1015

Подгорица

23ᴼ/19ᴼ
1.54
32%
1016
Currency

61.5333

Currency

55.346

Currency

73.7352

Currency

38.2389

Currency

40.841

Currency

65.3448

Currency

7.85261

Currency

0.59418

Currency

0.38477

Currency

0.52571

Currency

1.61635

Currency

0.65951

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

546752 $

Рутениум

14726 $

Калај

33 $

Сребро

1009 $

Злато

85105 $

Бакар

9 $

Паладиум

31672 $

Платина

31536 $

Родиум

152733 $

Цинк

98882 $