Од сите продадени градски автобуси во 2023 година во Европа, 36% се електрични, што е прв пат поголем удел во однос на автобусите кои користат дизел гориво. Анализата на организацијата Transport & Environment (T&E), покажува дека во тоа предничат Словенија, Данска, Холандија, Ирска и Финска. Со сегашната стапка на раст, уделот од 100% на новите градски автобуси со нулта емисија, би можело да се достигне до 2027 година. Исто така, се ...

Сјамен, крајбрежен град во југоисточна Кина, одамна е познат како „островот на чапјите“ бидејќи многу претставници на овој вид се размножуваат и се населуваат во оваа област. Секоја вечер, над две илјади чапји се собираат на познатото езеро Јуенданг и начичкани на гранките од дрвјата, мирно ги набљудуваат жителите на градот како свират, пеат, танцуваат или вежбаат. Денешниот Сјамен е како прекрасна градина. Секој што ќе дојде овде, без разлика ...

Столици кои претставуваат женска сила и индивидуална убавина претставени се во галерискиот простор на Јовановиќ во Њујорк. Пјер Јовановиќ, еден од најпознатите светски декоратори, соработувал со легендарниот моден дизајнер Кристијан Лубутен за да создаде серија столчиња инспирирани од историските музи, митологијата и филмот. Колекцијата вклучува работа на селекција на најдобрите во класата, историски француски занаетчии кои внимателно го ...

Изградбата на соларната елкетрана „Априлци“ е завршена, а приклучувањето на мрежа во полн капацитет е планирано за јуни. Оваа постројка во јужна Бугарија е најголем на Балканот и во Источна Европа. Електраната е составена од бифацијални панели со тракери, инсталирани на носачи високи 2,2 метри. Инсталираниот капацитет изнесува 400MW, а овозможен е преку 834.000 панели. Зад проектот стои компанијата Real States, на инвеститорката Гинка ...

Научниците од Универзитетот Кембриџ, осмислиле иновативна постапка за производство на бетон со многу ниски емисии на јаглерод, што би можело да биде клучно во борбата против климатските промени. Тимот ја користел технологијата која ја применуваат електролачните печки во рециклажата на челик, со цел истовремено да се рециклира цемент, кој е главната компомента на бетонот. Ова истражување покажало дека цементот е одлична замена за традиционално ...

Друштвото на архитекти на Нови Сад – ДаНС ги покани сите заинтересирани да ги пријават своите трудови за излагање на дваесет и четвртиот по ред Салон на архитектура во Нови Сад, кој ќе се одржи од 12. до 26. октомври 2024. година. Оваа биенална манифестација е најзначајниот настан што ДаНС го организира како редовна програмска активност, континуирано од 1993. година, а од 2016 година, новисадскиот Салон на архитектура стана изложба од ...

Ракетата Starship на компанијата SpaceX, повторно се врати на Земјата односно успешно се спушти во Индискиот океан, како што беше и планирано во текот на својата четврта по ред тест мисија по лансирањето од Тексас. Двостепеното летало, кое во текот на последниот обид во март се распадна, сега го „преживеа“ враќањето во Земјината атмосфера. И минатогодишните два тестни лета завршија со експлозии. Во меѓувреме, направени се низа подобрувања и ...

Кина ја приклучи на преносната мрежа соларната електрана со инсталирана моќност од 5.000MW, што е моментално најголема електрана од овој вид на светот. Електраната се простира на површина од 200.000 хектари, во пустинскиот регион на северозападна Кина. Очекуваното годишно производство е околу 6.000 GWh. Со овој нов рекорд, Кина продолжува да ја зацврстува својата позиција во секторот на соларна енергија во глобални рамки. Извештајот Renewables ...

Италијанското архитектонско студио Carlo Ratti Associati предложи нов проект за мостот Francis Scott Key во Балтимор, САД, откако се урна на 26. март оваа година, кога товарен брод удри во еден од столбовите под влијание на дефект. Предложениот проект, работен во соработка со францускиот градежен инженер Мишел Вирлож и градежната групација Webuild од Италија, ќе ја измени конструкцијата на мостот на реката Патапско, со цел да се избегнат можни ...

Покривот е еден од најважните елементи на куќата. Тој е штитот што стои меѓу вашиот дом и сите надворешни услови, невремиња и природни катастрофи. Кога станува збор за покрив, фокусот секогаш е на ќерамидите. Во Македонија преовладуваат три типови клима: умерено континентална, медитеранска и планинска. Планинската и медитеранската клима си имаат свои предизвици, меѓутоа континенталната, во нејзината умерена форма, е клима со значителни годишни ...

1.Вовед Морфологијата на урбаните простори се согледува низ изучување на формата и структурата на градот, положбата и функцијата на градот, особено на неговите изградени делови и отворените јавни простори како блокови, објекти, улици, плоштади, паркови и сл. Според тоа, урбаната морфологија овозможува согледување на многубројните аспекти и на суштината на изградените структури и јавните простори во градовите. 2.Анализа на урбаната морфологија ...

Новата индустриска постројка на компанијата HDF Energy ќе произведува горивни ќелии користејќи ја технологијата PEM (мембрана за протонска размена), која веќе се користи кај автомобилите и автобуситеширум светот и позната е по својата ефикасност, издржливост и технолошка зрелост. Предпроизводната фаза и тестирањето на горивните ќелии би требало да почне во 2025 година, а индустриското производство во 2026 година, со цел фабриката најдоцна до ...

Бајковита и модерна колиба, куќа за одмор со кров од слама и стаклена доградба, создадена е со реконструкција на стара, трошна куќа на земјоделци од крајот на 19 век. Оригиналната форма на колибата е зачувана, а внатрешниот простор е променет во модерен, удобен и енергетски ефикасен ентериер. На северот на Германија, на брегот на Балтичкото море и во резерват на природа, каде што може да се видат диви коњи и елени, брачен пар од Хамбург купил ...

Денес, 6. јуни 2024, четврток, во 19:30 часот, во Мала станица разговор посветен на првата општествена градина „Бостание“ која се наоѓа во Ново Лисиче, во Општината Аеродром. Разговорот е дел од проектот под наслов Зошто Бостание? (кој отвора многу прашања поврзани со екологијата), со учество на Зорица Зафировска – уметник и активист која работи на уметнички истражувања со социјално-општествени тематики, научно-генетските достигнувања и ...

Во пресрет на претстојната туристичка сезона, во околината на Солун започнаа големи инфраструктурни работи на проектот Thessaloniki Flyover, поради што е можно туристите кои одат на одмор во Грција да им е потребно малку повеќе трпение на овој дел на патот, особено оние кои ќе летуваат на Халкидики. Започнати кон крајот на 2023 година, работите на обиколницата околу Солун (Periferiakos – Ring Road) и според најавите ќе трае околу четири ...

Липата е дрво кое е длабоко вкоренето во природата, но и во културата на многу народи. Позната по миризливите цвеќиња и пространата крошна, липата е дел од секојдневниот живот на многу луѓе. Липа или на латински “Tilia” опфаќа околу 30 различни видови широко распространети на улиците и парковите низ целата северна хемисфера на планетата Земја. Во Македонија растат три вида липи крупнолисна (Tilia plathyphyllos), ситнолисна (Tilia cordata) и ...

ААМ ги известува членовите дека процедурата за измени на Статутот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија е завршена и со тоа се исполнуваат сите услови да се распишат избори за Претседател на Управен одбор на ААМ. Мандатот на Претседателот на Собрание не е истечен, но на овие избори ќе се гласа и за нов Претседател, а неговата функција ќе стане важечка во октомври, откако ќе истече мандатот на сегашниот Претседател и ќе заврши изборот на ...

Иако NASA и Boeing во саботата требаше да го лансираат вселенското летало Starliner со екипаж, лансирањето е откажано само неколку минути пред закажаниот термин. Причините за овој потег засега не се соопштуваат. Овој пробен лет со екипаж, требаше да биде последен чекор потребен за да се покаже дека Starliner и порано имаше низа проблеми, а првиот е забележан уште во 2019 година, кога компанијата пријавила одредени проблеми со софтверот, што ја ...

Американскиот милијардер Larry Connor (74), кој своето богатство го стекнал со недвижности, соопштил дека планира подводно патување до местото на остатоците од „Титаник“, каде што подморницата „Титан“ пред една година трагично ја заврши својата експедиција. Connor е уверен дека до длабочината од 3.800 метри, каде се наоѓаат остатоците од бродот, може успешно да се стигне со соодветна технологија. Бизнисменот додал дека на овој свој проект работи ...

Како што беше случај со многу други технолошки еуфории (се сеќава ли некој на метаверзумот?), и оваа поплава на вештачка интелигенција (ВИ) ќе стивне наместо навистина да направи некоја тектонска промена за просечните корисници на компјутери. Секако зад себе ќе остави одредени алатки кои ќе им бидат корисни на архитектите и дизајнерите на ентериер. Според истражувањето на A/O Proptech, ВИ стартапите фокусирани на градежната индустрија оствариле ...

Даут пашин амам се наоѓа во центарот на Скопје, во близина на црквата „Св. Димитрија“, Камениот мост и Старата скопска чаршија, просторот кој што претставува историско јадро на градот. Амамот е од типот на двојни амами (машки и женски) и претставува пример на монументалната исламска профана архитектура од средината на 15 век. Изграден е во периодот од 1489 до 1497 година, како завештание на тогашниот везир на Румелија Даут-паша, висок ...

Изминативе неколку година изгубивме многу ценети колеги од Архитектонската Академијата при Асоцијацијата на архитекти на Македонија – АА, архитектите: Мимоза Несторова – Томиќ, Благоја Колев, Трајко Димитров, Георги Константиновски, Радован Раѓеновиќ и Миодраг Митровиќ. Асоцијација на архитекти на Македонија – ААМ и Архитектонската Академијата при Асоцијацијата на архитекти на Македонија – АА, за да се потсетиме на нивното дело и придонес во ...

Во нуклеарната електрана „Козлодуј“, неодмана е одржана официјална церемонија по повод имплементацијата на алтернативно гориво, во присуство на бугарскиот премиер, министерот за енергетика и амбасадорот на САД во Бугарија. Притоа во блокот 5, на оваа нуклеарна електрана, поставена е последната од првите 43 касети нуклеарно гориво на американската компанија Westinghouse. Планирано е блокот повторно да биде пуштен во работа на 9-ти јуни. Досега ...

Колку и да се голема инспирација за идните генерации архитекти, овие три куќи се и потсетник дека функцијата не смее по секоја цена да се подредува на револуционерната форма. Урош Мартиновиќ (Цетиње, 1918 — Белград, 2004) е српски архитект, профсор на Архитектонскиот факултет на Универзитетот во Белград. Во текот на својата богата кариера се занимавал со архитектонско и урбанистичко проектирање, истражувачка работа, теорија и историја на ...

Друштвото на архитекти Сплит ги објави резултатите од конкурсот за идејно урбанистичко-архитектонско решение на затворениот базен и сала со надворешни игралишта во рамките на спортско-рекреативниот центар Брда во Сплит. Целта на конкурсот беше да се најде висококвалитетно обликовно, функционално и економично решение за комплекс кој вклучува затворен базен, сала, терени на отворено, јавни објекти и затворен паркинг, а кој хармонично би се ...

Автомобилите, камионите и џиповите во САД стареат и достигнаа рекорден просечен век од 12,6 години. S&P Global Mobility, кој ги следи државните податоците за регистрација на возила низ целата земја, рече дека просечната старост на возилата се зголемила за околу два месеци во споредба со минатогодишниот рекорд. Просечниот животен век на еден автомобил е зголемен за три месеци во 2023 година. Со просечна продажна цена на нови возила во САД, ...

Европско – јапонскиот сателит Earthcare успешно е лансиран, и ќе следи како облаците влијаат врз климата. Мисијата Earthcare ќе користи ласер и радар за анализирање на атмосферата со цел утврдување на корелациите помеѓу климата и емисиите на стакленички гасови. Сателитот со маса 2,3 тони е лансиран од Калифорнија со помош на ракета на компанијата Space X. Проектот го предводи Европската вселенска агенција (ESA), која го опишала како најсложен ...

„Смислата на животот е да го пронајдеме својот дар. Целта на животот е да го дадеме“ Пабло Пикасо Пабло Руиз Пикасо починал на 91-годишна возраст на 8 април 1973 година во Mужен, Франција во својата резиденција Château de Vie. Вила на врв на рид со 35 соби, опкружена со три хектари зеленило, со поглед на Канскиот Залив и на планините Eстерел. Да се потсетиме на овој легендарен уметник, најзначајниот сликар на 20 век. Секој оној кој размислува ...

Градоначалникот на Општина Центар-Скопје иницираше организирање и спроведување конкурс за избор на идејно решение за административна зграда на Општина Центар Скопје. Согласно со тоа, Општина Центар достави Покана за делегирање на член и заменик член во Жири Комисијата за конкурсот до Комората на овластени архитекти и овластени инженери – КОАИ. КОАИ ја прифати Поканата и соодветно го распиша овој Конкурс за избор на член на Жири Комисија кој ...

Номинирана за наградата „Драго Галиќ“, која ја доделува Здружението на хрватски архитекти (УХА) за најуспешно остварување во областа на станбената архитектура, оваа зграда е создадена во многу специфичен контекст, што влијаело како на наејзиното архитектонско обликување, така и на наејзиното име. Станува збор за „Тесната куќа“ во загрепската Цветна населба, проект на локалното биро „Вулин & Илековиќ архитекти“, чиј проект идејно произлегол ...

Скопје

6ᴼ/6ᴼ
1.03
70%
1006

Белград

10ᴼ/10ᴼ
9.77
64%
993

Софија

1ᴼ/1ᴼ
6.17
64%
1007

Сараево

8ᴼ/8ᴼ
2.05
41%
1004

Љубљана

3ᴼ/1ᴼ
1.54
95%
999

Атина

19ᴼ/17ᴼ
1.79
63%
1014

Тирана

14ᴼ/14ᴼ
4.63
72%
1006

Подгорица

16ᴼ/14ᴼ
7.72
94%
1001
Currency

61.525

Currency

58.4097

Currency

73.9826

Currency

38.2806

Currency

41.9161

Currency

66.2135

Currency

8.11403

Currency

0.57959

Currency

0.37941

Currency

0.52651

Currency

1.6957

Currency

0.6922

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

497606 $

Рутениум

15369 $

Калај

28 $

Сребро

991 $

Злато

85886 $

Бакар

8 $

Паладиум

32604 $

Платина

30990 $

Родиум

147909 $

Цинк

95961 $