Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за појава на краткотрајно невреме со град, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има ...

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, поднел официјално барање до судот за одлагање на неговата едногодишна затворска казна, повикувајќи се на нарушени здравствени причини. Јакимовски требаше веќе да биде спроведен на издржување на казната за кривичното дело „бесправно градење“, откако Апелациониот суд ја потврди неговата првостепена затворска пресуда. Веднаш по издавањето на упатниот акт, тој доставил обемна ...

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, на денешната прес-конференција по повод две години од работата на ресорот ги презентираше клучните економски резултати, реализираните реформи и мерките за заштита на животниот стандард. Тој потенцираше дека во фокусот на министерството во изминатиот период биле вработувањето, поддршката на бизнисот и новите инвестиции. Дурмиши посочи дека наместо политички оценки, приоритет на прес-конференцијата ...

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, остро реагираше откако советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржа предлог-одлуката за вработување технички персонал во основните општински училишта. „Искрено, разочаран сум од тоа што го гледам. Советници да гласаат против подобри услови за децата во училиштата е навистина несфатливо. Денес се училиштата, утре ќе бидат градинките. Толку ли ви се важни партиските насоки? Сите ние ...

Управата за хидрометеоролошки работи попладнево информираше за брза дестабилизација на времето во неколку региони низ државата. Според последните согледувања на синоптичарите, регистрирани се врнежи и електрични празнења во западниот, северниот, но и во делови од скопскиот регион. Од метеоролошката служба излегоа со прецизни податоци за моменталните процеси на теренот. „Моментална состојба: Според радарска слика има врнежи од дожд и појава на ...

Управата за хидрометеоролошки работи ги објави официјалните податоци за температурите измерени во 11 часот (09:00 UTC) на 30.06.2026 година, кои покажуваат значително високи вредности во поголемиот дел од земјата. Според податоците од УХМР, најтопло е во Гевгелија каде се измерени 35.5 степени, како и во Велес со 34.9 степени. Високи температури се регистрирани и во Скопје на мерната станица Зајчев Рид каде се измерени 34.3 степени, во ...

Пороен дожд синоќа однесе редовен линиски автобус со возачот и тројца патници од патот во австриската долина Штанцертал. Сите четири лица беа успешно спасени од страна на пожарникарите, додека возачот со повреди веднаш е пренесен во болница, објави heute.at. Инцидентот се случил во понеделникот околу 20:20 часот, кога по обилните дождови дошло до неколку големи одронувања на камења и кал кои ги покриле државните патишта Б171 и Л68. На ...

Лишена од слобода професорка на универзитетот во Штип поради примање поткуп, побарала и примила пари од студент за да положи испит На 29.06.2026 во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Т.А.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“. Претходно, на 22.06.2026 К.Б.(26) од Турција, со привремен престој во Штип, студент на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавил ...

Посетителите на популарните плажи во САД се повикуваат на дополнителна претпазливост пред претстојниот викенд по повод Денот на независноста, поради враќањето на ајкулите во крајбрежните води. Одделот за заштита на животната средина на државата Њујорк (DEC) издаде ажурирани упатства за намалување на ризикот од средби меѓу луѓе и ајкули, предупредувајќи ги капачите дека дури 13 видови ајкули се вратиле во регионот, објави Дејли Меил. Нивната ...

Во емисијата „Анализа“ на ТВ 24 гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски кој истакна дека измените на Изборниот законик се резултат на повеќемесечен процес кој започнал уште во март и се темели на три клучни столба. Тој истакна дека првиот столб на измените е имплементацијата на препораките на ОБСЕ и ОДИХР, вториот е воведувањето електронско гласање за дијаспората, а третиот се однесува на финансирањето на политичките ...

На 29.06.2026 во 20:00 часот во с.Визбегово, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.Ш.(29) од Скопје. Претходно, во Центарот за азил во Визбегово, тој агресивно се однесувал и се заканувал со остар предмет на едно женско лице, по што со такси возило го напуштил местото. Набргу, по преземени мерки, возилото е запрено, лицето е лишено од слобода и кај него е пронајден и одземен ...

По екстремно високите температури кои достигнаа до 40 степени Целзиусови, во регионот следува нагла промена на времето, а метеоролозите најавуваат дека бранот од силно невреме набрзо ќе пристигне и во Македонија. Вчерашниот ден беше најтопол од почетокот на годината во Србија, каде температурите во Кикинда и Чуприја го достигнаа 40-тиот степен, а во Белград беа измерени 39 степени. Поради екстремните горештини и високиот УВ индекс, издадено е ...

Хируршките сали во Клиничкиот центар се соочуваат со технички дефект поради кој се откажуваат однапред закажаните и помалку итни операции, алармираше денеска Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Таа обвини дека здравствениот систем е доведен до колапс. Според нејзините информации, во моментов се откажуваат оперативни зафати на неколку клучни клиники. „Откажани се операции на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, ...

Опозициските партии СДСМ и Левица здружено го блокираат донесувањето на Изборниот законик поради страв од ниските рејтинзи, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Според него, со ваквиот чекор директно се загрозува исполнувањето на обврските од европската Реформска агенда. Манасиевски појасни дека Изборниот законик со месеци се договарал и дека владејачката партија ги прифатила сите предлози на опозицијата, освен ...

Проширувањето на системот „Безбеден град“ продолжува во уште неколку градови низ државата со цел да се намали бројот на тешки сообраќајни незгоди, информираше денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски. Според партиските податоци, досегашната примена на системот веќе покажува конкретни резултати на терен. Како што се наведува во партиското соопштение, крајната цел е преполовување на смртните случаи и сериозните повреди на ...

Земјотрес со интензитет од 3,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во Босна и Херцеговина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Според официјалните извештаи, потресот се случил во 6:18 часот наутро по локално време, на длабочина од седум километри. Епицентарот на земјотресот бил лоциран на 14 километри источно од градот Зеница и 44 километри северозападно од главниот град Сараево. Од EMSC напоменуваат ...

Новороденче е пронајдено без знаци на живот во пренослив тоалет на музичкиот фестивал „Електрик Форест“ во американската држава Мичиген. Телото на бебето било откриено во неделата од страна на работник за одржување при рутинско чистење на тоалетите во кампот на ранчот „Дабл Џеј Џеј“ во Ротбери, каде што се одржувал четиридневниот фестивал на електронска музика, објавува „Сан“. Локалната полиција во моментов не ја соопштува точната возраст на ...

Собранието вчера одржа продолженија на три собраниски седници – 105, 106 и 108 на кои, пратениците изгласааа повеќе законски измени меѓу кои – Законот за работно ангажирање на лица, Законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија и Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, сите по скратена постапка. Во продлжението на 108. Седница Собранието со 58 гласа „за“ и шест „против“ го донесе ...

Скопје денеска повторно го покри црн чад откако вчера избувна голем пожар во околината на Визбегово. Според најновите податоци, преку добиена пријава за пожар на сува трева, пожарот се проширува кон куќите, кај Џиди Комерц во Шуто Оризари. Според првичните информации, наводно гори ѓубре, а не се познати детали за дали има повредени лица во пожарот. Известени е Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Скопје денеска повторно го ...

Жена била нападната од отровната риба-зајак, во јавноста позната и како лагокефалос, додека влегувала во морето на плажа во популарното грчко туристичко место Пефкохори на Халкидики. Повредената жена за грчката телевизија „АНТ1“ појаснила дека инцидентот се случил во плитките делови од водата, додека била во друштво со своите пријатели. „Реков: ‘Нешто ме гризе и не ме пушта’. Погледнав надолу и видов огромна риба. Знаев како изгледа ...

Дирекцијата за заштита и спасување објави дека е пронајдена опасна граната на границата со Грција. -Пиротехничарите на ДЗС предупредуваат дека гранатата може да има смртоносен радиус до 150 метри и дека е доволен само еден удар за да дојде до нејзино активирање и експлозија. ДЗС информира дека денес е пронајдена артилериска граната од 75мм од Првата светска војна во местото наречено „Ќупот“, југозападно од Гевгелија, во близина на државната ...

Венко Филипче нема политичка стратегија, визија, ниту план за развој на државата. Единствената политика која што ја нуди Венко Филипче и СДС е попустливиот пристап кон официјална Софија, сметајќи дека само така може да дојде на власт, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Интегрален текст: Македонија има јасна и принципиелна позиција за европската интеграција. Намерата на Македонија не е само формално отворање на преговорите со Европската ...

Четириесет и деветгодишен мотоциклист загина на местото на настанот во сообраќајна несреќа што вчера се случи на улицата „Доне Божинов“ во Куманово. Според официјалното соопштение на СВР Куманово, несреќата била пријавена околу 12:46 часот во текот на вчерашниот ден. Во судирот учествувале патничко моторно возило марка „сеат“, со кое управувал А.А. (64) од Куманово, и мотоцикл управуван од Д.С. (49). Од здобиените тешки повреди, мотоциклистот ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува политики насочени кон модернизација и дигитализација, со цел да обезбеди поефикасни институции и повисок степен на безбедност за граѓаните, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Текстот ви го пренесуваме интегрално: Системот „Безбеден град“, е еден од најзначајните проекти во таа насока, кој е усогласен со европските стандарди и претставува важен чекор кон подобрување на безбедноста во сообраќајот. За ...

Комората за интегрирано приватно здравство (КИПЗ) стана дел од Сојузот на стопански комори, со што приватното здравство добива организиран и институционален глас во рамки на бизнис-заедницата во земјава. Од КИПЗ оценуваат дека со членството во ССК се зајакнува позицијата на секторот, кој отсега ќе може поактивно да учествува во креирањето на економските и здравствените политики. Иницијаторката на идејата, Татјана Велиновска – Димовска, ...

Српската пејачка Маријана Томиќ почина на 39-годишна возраст по тешка болест. Веста за нејзината смрт беше објавена на Фејсбук страницата „Музички легенди на Зрењанин“, каде што нејзините колеги ѝ упатија последно збогување. Маријана почина во саботата, на 27 јуни, само еден ден пред својот 40-ти роденден. Пејачката од Зрењанин со години настапувала на бројни прослави, а оние што ја познавале ја паметат по нејзиниот препознатлив глас, ...

Скопскиот градоначалник преку Фејсбук објава информираше дека преку 220 фонтани за пиење вода се ставени во функција низ Скопје. -Скопје мора да биде град кој мисли на своите граѓани, особено во летниот период, кога високите температури бараат основни услови за разладување, движење и нормално функционирање. Со години, поради неажурност, ситни дефекти и негрижа, голем дел од фонтаните за пиење вода низ градот беа оставени надвор од функција. ...

Најавената реконструкција на Владата на Мицкоски е само замена на Курто со Мурто и ништо повеќе. Замена на неколку имиња во Владата нема да донесе никаква промена за граѓаните, затоа што проблемот се политиките на оваа неспособна и криминална власт, стои во соопштението на СДСМ. Ви го пренесуваме интегрално: Економијата е во сериозна криза, буџетскиот дефицит е речиси целосно потрошен за само шест месеци, нема пари ниту за пензии, јавниот ...

Пожарникарите во Украина се борат со голем пожар во зоната околу нуклеарната централа Чернобил, кој, според денешното соопштение на Украинската национална служба за управување со вонредни состојби, бил предизвикан од падот на украински беспилотни летала. Надлежните служби информираат дека нивото на радиоактивност во оваа област се следи континуирано поради катастрофата од 1986 година и дека во моментов истото се наоѓа во нормални граници. ...

Македонскиот пејач и автор, Владо Јаневски, кој почина на 66-годишна возраст по кратко боледување, ќе биде погребан во среда, на 1. Јули, на Градските Гробипта во Бител. Ова го соопштија од Авалон продукција на социјалната мрежа Инстаграм. -Добивме информација од семејството на Владо Јаневски и презедовме обврска истата да ја споделиме со пошироката јавност. Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Владо за последен пат, ќе можат тоа да го ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
3.68
27%
1013
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
2.82
37%
1015
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
0.34
32%
1015
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
2.68
44%
1016
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
5.55
37%
1015
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 26ᴼ
0.96
69%
1015
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
4.92
44%
1011
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
2.34
43%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.04
39%
1013
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
3.13
40%
1016
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
1.79
27%
1016
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
6.3
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.1732

Currency

71.6614

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Злато

139576.04

Бакар

13.23

Сребро

2044.16

Алуминиум

3.28

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Паладиум

43628.56

Калај

56.36

Платина

56038.75

Родиум

278103.96