Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Левица не сака да го потпише предлогот од Левица за Изборниот законик, информира на ФБ пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. 1. Темата за измени на Изборниот законик беше отворена на лидерската средба во јануари оваа година. Сите партии/ коалиции, освен отсутната СДС, се согласија дека согласно реформската агенда до крајот на јуни ќе се поднесат предлог измените на Изборниот законик, со вметнување на препораките на ОДИХР. И ВМРО-ДПМНЕ, ...
Владата на Мицкоски го доведе во ризик еден од најважните столбови на социјалната сигурност – пензискиот систем, изјави на денешната прес-конференција, Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Нема пари во државната каса за исплата на пензии, а власта го загрози и вториот пензиски столб. Дупката во ПИОМ се продлабочува и достигна речиси 40%. Ова е резултат на расипничките политики на ВМРО и јасен доказ дека Владата нема решение како ...
Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ објави на неговиот фејсбук профил дека, како што вели, пред веќе извесното заминување од функцијата остава „средено и организирано“ Министерство, со буџет намален за повеќе од три пати во споредба со 2021 година и целосно укината програмата К-5. -Пред веќе извесното заминување од Министерството за односи меѓу заедниците, нека остане забележано дека од „сива зона” на системот ...
Прифатен предлогот и определна мерка притвор од 30 дена против С.Г., осомничен за кривично дело Убиство чл. 123 ст.2 т.3 ( при семејно насилство ). Преслогот е прифатен заради поатоење на основитњ од точка 1,2 и 3 односно опасност од бегство, влијание врз свесоци и сторување ново кривично дело, соопштија од Кривичниот суд. За потсетување, Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишен ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин на министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кестутис Будрис, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата, двајцата министри изразија задоволство од развојот на билатералните односи во изминатите три децении и ја потврдија заедничката определба за нивно понатамошно унапредување. Во разговорите беше ...
Министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кестутис Будрис, денеска во рамки на работната на државата истакна дека политиката на проширување ќе биде еден од врвните приоритети за време на литванското претседавање со Советот на Европската Унија, кое започнува на 1 јануари. Тој нагласи дека Литванија верува во силна Европска Унија како значаен геостратешки актер, оценувајќи дека Европа може да биде посилна само доколку продолжи со ...
Во рамки на иницијативата „Светла Општина Илинден“, Општина Илинден продолжува со модернизација на системот за јавно осветлување, при што во изминатиот период поставено е ново современо ЛЕД улично осветлување на повеќе локации со вкупна должина од околу 1.500 метри. Инсталирани се нови метални канделабри и енергетски ефикасни ЛЕД светилки на улица „32“ во н.м Илинден, во должина од 450 метри, на патниот правец Бујковци – Мршевци во должина од ...
Во рамките на серијалот „Две години понижување – ВЛЕН ништо“, денес ќе зборуваме за можеби најголемиот неуспех на ВЛЕН: неуспехот на европската идеја и начинот на кој тој неуспех им штети на Албанците. Ние Албанците во оваа држава отсекогаш сме биле двигател на евроатлантската ориентација на земјата. Тоа е така затоа што Европа е наша природна припадност, а европската интеграција отсекогаш била директно поврзана со индивидуалните и ...
Државното раководство на Македонија има многу јасно зацртано како државата треба да се вклучи во ЕУ и тоа јасно го кажува, истакна на прес-конференција членот на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. Интегрален текст: А тоа значи, намерата на Македонија не е само да почне преговори со Брисел и да се соочи со нова блокада како актуелната од официјална Софија, туку процесот да почне и успешно да заврши со целосно исполнување на европските ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште од првиот ден ги постави модернизацијата и дигитализацијата како клучни столбови на својата работа. Избравме конкретни реформи кои носат резултати и директно го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните. Една од тие реформи е системот „Безбеден град“, проект кој е целосно усогласен со европските стандарди и со приоритетите на ЕУ за подобро управување и поголема безбедност на патиштата, се вели во ...
На 62-годишна возраст во Скопје почина Сашо Миленковски, истакнат македонски режисер – потврдија од Драмскиот театар – Скопје. – Со длабока тага се простуваме од Сашо Миленковски, истакнат македонски режисер, драматург и долгогодишен член на Драмскиот театар – Скопје, кој со својата исклучителна творечка визија остави неизбришлив белег во македонската театарска уметност. Во текот на својата богата кариера режира повеќе од педесет претстави во ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишен маж, осомничен за кривично дело убиство извршено при семејно насилство, и побара определување мерка притвор. Според Обвинителството, постои основано сомнение дека на 25 јуни во атарот на селото Летевци, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот својата сопруга. Тој, како што се наведува, вечерта ја зел жената од ...
УХМР ги измери температурите во 11 часот, а мерните единици покажаа над 30 степени. Најтопло е во Скопје-Зајчев Рид, Велес, Штип, Гевгелија, со 32 степени. 31 степени се измерени во Кавадарци и Демир Капија, како и Скопје- Петровец. Најниска температура во 11 часот е измерена на Попова Шапка 20 степени. Топлото време продолжува и денеска, со температури до 39 степени. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до ...
Продлабочување на политичките и економските односи, зајакнување на евроатлантската соработка и силна поддршка за европската интеграција на Северна Македонија беа во фокусот на денешната средба меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за надворешни работи на Литванија Кестутис Будрис, кој престојува во официјална посета на земјава. По средбата, двајцата министри оценија дека билатералните односи се ...
Министерството за култура и туризам изразува длабоко жалење по повод смртта на Владо Јаневски, еден од највлијателните македонски музички автори и изведувачи, кој со своето богато творештво остави неизбришлива трага во современата македонска музика. -Владо Јаневски беше уметник кој со својата исклучителна музикалност, препознатлива интерпретација и безвременски песни обедини генерации љубители на македонската музика. Неговото творештво, ...
Министерството за култура и туризам со длабока тага ја прими веста за смртта на истакнатиот македонски театарски режисер, драматург и културен деец Сашо Миленковски. -Со неговото заминување, македонската култура загуби еден од своите најзначајни и најавтентични театарски творци, чиј богат уметнички опус остави неизбришлива трага во современиот македонски театар. Во текот на својата повеќедецениска кариера, Миленковски реализираше повеќе од ...
Во парламентарна процедура во Црна Гора е доставен предлог за измени на Законот за работни односи со кој се предлага воведување право на продолжен викенд еднаш месечно за вработените. Новото законско решение веќе се наоѓа пред пратениците и предизвика голем интерес во јавноста. Предлогот, поднесен од Клубот на пратеници на Демократска Црна Гора, предвидува работниците да имаат слободен петок пред последниот викенд во месецот. Со тоа, ...
Единаесет лица го загубија животот во тешка авионска несреќа што се случи во градот Томблен, во североисточниот дел на Франција, соопштија попладнево од локалната префектура. Надлежните служби веднаш излегле на терен, но за жал, на патниците и екипажот им немало спас. Авионот бил во сопственост на училиште за падобранство, објави 4news.mk. Според првичните информации од теренот, сите лица кои се наоѓале во леталото загинале на лице место при ...
Се случува тотален распад на ЗНАМ. ЗНАМ беше вештачки создаден проект чија единствена цел беше да го ослабне СДСМ и да му обезбеди гласови на Мицкоски, стои во соопштението на СДСМ. Сега, кога таа функција е завршена, дојде време за нивниот крај. Во ЗНАМ во тек е последната битка за фотелји и тендери меѓу единствените што останаа, Горан Минчев и Максим Димитриевски. Веќе не му се потребни на Мицкоски, па меѓусебе се борат за последните ...
Македонската манекенка Дунавка Трифуновска, се огласи на Фејсбук, за да се прости од Владо Јаневски. -Си замина отако ми ги оствари сите желби, ме однесе секаде со тебе каде што ќе посакав, ми купи се што сакав, спиев до тебе кога јас сакам и ми ги откри тие тајни што ти ги сакаше. Знаев дека без тебе Скопје повторно ќе биде главен град на тагата. Исто како во нашиот спот за Скопје. Чаршија нема лик, а усти илјада…така ти напиша. Дунавка, ние ...
Примероците од вода земени за микробиолошка анализа од 43 мерни места во Скопје се во согласност со Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје во неделниот извештај. Секторот за санитарна контрола во периодот од 22 до 26 јуни извршил земање на 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во градот. Примероците ...
Франција регистрираше околу 1.000 дополнителни смртни случаи за време на рекордниот топлотен бран што ја зафати Европа, соопшти француската агенција за јавно здравје. Според прелиминарните податоци на надлежните институции, најголем дел од жртвите се лица постари од 65 години, но здравствените власти предупредуваат дека конечниот биланс најверојатно ќе биде значително повисок. Главната причина за ваквите црни прогнози е што сè уште не се ...
Во 2024 и 2025 година беа направени значајни чекори во спроведувањето на Реформската агенда, кои се дел од процесот на усогласување со европските стандарди и исполнување на обврските од Планот за раст на ЕУ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Европските институции го препознаваат напредокот на Македонија и затоа и оваа година Македонија ќе биде лидер во регионот по Планот за раст. СДС не гласаше ниту за едно од законските решенија што се дел ...
Пејачката Тијана Дапчевиќ се огласи на Инстаграм, каде сподели емотивна објава за Владо Јаневски. -Другарче мое…мирно патувај кон вечноста..многу ќе и недостасуваш на твоја “Тијанисимо” ..ме искрши💔, напиша Тијана. View this post on Instagram A post shared by Tijana Dapčević (@tijana.dapcevic) Македонската музичка сцена вчера изгуби едно од своите најголеми и најпрепознатливи имиња. По кратко боледување, на 66-годишна возраст почина ...
ВЛЕН одбележа 24 месеци владеење под мотото „Транспарентност и отчетност“, докажувајќи дека промената е можна кога постои волја. Пред две години, ВЛЕН презеде голема одговорност: да ја врати довербата на граѓаните во политиката што работи. Не со зборови и бескрајни оправдувања, туку со одлуки што се спроведуваат, проекти што се реализираат и резултати што го подобруваат секојдневниот живот на граѓаните, стои во соопштението на ВРЕДИ. Во текот ...
На 28.06.2026 во периодот од 17:00 до 23:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи и Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување спроведоа акциска контрола на подрачјето на град Битола, со цел санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата изречени се вкупно 58 ...
Измените на Изборниот законик, кои до петокот беа усогласувани од членовите на работната група, би можеле денеска да се најдат на собраниска седница како предлог на пратеници. Предлогот треба да биде потпишан од пратеничките групи и формално доставен до Собранието, што според извори од владејачкото мнозинство би можело да се случи уште денеска. Собранието денеска треба да започне нова седница, па дневниот ред би можел да се дополни со нови ...
Македонската пејачка Тамара Тодевска се прости од својот колега и пријател, Владо Јаневски. -Премногу направено, дадено и оставено… стиховите на кој никој не остануваше рамнодушен ќе бидат потврда за твојата вечност и големина. Ми беше чест што те познавав. Патувај мирно, драг мој Владо, напиша Тамара на Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) Македонската музичка сцена вчера изгуби едно од ...
Македонскиот пејач Дарио Панковски се прости од Владо Јаневски преку емотивна објава на социјалната мрежа Фејсбук. -Јаневски мајсторе, толку многу години заедно на сцена и толку многу работи сме поминале заедно, што би можел книга да напишам. Некогаш се сложувавме, понекогаш и не, но исклучително многу се почитувавме како блиски колеги. Ти мене Панковски, јас тебе Јаневски, така си се обраќавме кога ќе се видевме, к’о бајаги официјално, а у ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постојано работи да ја зајакне меѓународната позиција на Македонија, работи на развој на економијата и на подобрување на животниот стандард на граѓаните, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од друга страна, од СДС и од опозицијата се трудат да и штетат на Македонија. Кога во прашање се доведуваат државни интереси, без разлика дали станува збор за власт или опозиција, треба да се бранат истите. Дипломатскиот ...