Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје и екипи на Министерството за внатрешни работи, ноќеска вршеа увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, каде беше пронајдено безживотно тело на жена од Таор. Жената била пријавена за исчезната во петокот, по што беа преземени дејствија за нејзино пронаоѓање, информираа попладнево од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. По првичните ...

Центарот за управување со кризи соопшти дека на територијата на државата до 14:00 часот се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои три сè уште се водат како активни. Според официјалните информации, противпожарните екипи успеале да локализираат дел од жариштата, додека четири се целосно изгаснати. „Од активните пожари, првиот е на територија на село Гари, општина Дебар, каде горат ниска вегетација и нискостеблеста мешана ...

Три лица лишени од слобода, а со едно извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие На 28.06.2026 во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.С.(25) од село во Општина Старо Нагоричане, постапувајќи по претходна пријава дека на 27.06.2026 околу 18:30 часот физички ја нападнал неговата 26-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна ...

Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветановски, на денешната прес-конференција упати остри критики до министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, оценувајќи го неговиот двегодишен мандат како поразителен за безбедноста во државата. Опозицијата тврди дека наместо ветената правда и превенција, во земјата владее неказнивост и партизација на институциите. „Тошковски ветуваше правда. Велеше: „Брат да ми е, ќе одговара.“ По две ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа најави дека ќе поднесе оставка, без да прецизира кога точно ќе го стори тоа. Настапувајќи на митинг на владејачката Српска напредна странка (СНС) во Белград, пред илјадници приврзаници, тој изјави дека ќе остане на funkcijaта „уште неколку недели“. Српскиот шеф на државата пред присутните јасно ги соопшти своите понатамошни чекори во однос на претседателската функција. „Ова се моите последни ...

Полска ја засили својата подготвеност за вонредни состојби во саботата, бидејќи земјата беше погодена од врвот на еден од најинтензивните топлотни бранови во последните години. Се предвидува дека температурите ќе надминат 40 степени Целзиусови во делови од земјата, а властите се во состојба на готовност бидејќи се очекува во некои области да достигнат 43 степени. Официјалните метеоролошки служби веќе ги активираа безбедносните аларми за ...

Министерот за транспорт, Александар Николоски, информираше за текот на градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, посочувајќи дека овој стратешки проект, кој е дел од Коридорот 10Д, станува симбол на развојот на Пелагонија. Според неговите најави, на терен се работи сè поинтензивно со цел економски да се поврзе целиот регион и да се отворат нови можности за бизнисот и туризмот. „Со овој автопат патувањето од Скопје до Атина се намалува ...

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, на денешната прес-конференција упати критики до опозициската СДСМ, обвинувајќи ја партијата за лицемерство и свесно забавување на реформскиот процес во Собранието. Според неа, постои јасна разлика меѓу јавната реторика на опозицијата за европските вредности и нивните конкретни дејствија во законодавниот дом. „Наместо да придонесат кон усвојување на законските решенија што се дел од ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими постојаните делегати – амбасадори и претставници на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, предводени од претседателот на 43. Генерална конференција на УНЕСКО, Кондер М. Тала од Бангладеш. Предмет на разговарот беше заштитата на природното и културното наследство на Охрид и Охридскиот регион, низ призма на препораките на Комитетот. Претседателот и соговорниците ја информираа ...

Во рамки на панел-дискусијата „The EU and the Western Balkans: Resolving Unfinished Business Together“, одржана на Дубровник форумот, професорот на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Вашингтон и долгогодишен експерт за Југоисточна Европа, Едвард П. Џозеф, оцени дека Европската Унија прави грешка доколку врши притисок врз Скопје да спроведе договор без јасни гаранции дека Софија ќе го почитува неговиот дух и нема да поставува нови барања поврзани ...

Лишен од слобода маж од скопско поради сомнение за сторено кривично дело „убиство”, во врска со случајот лишени се од слобода уште три лица На 28.06.2026 во 01:20 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Г.(51) со престојувалиште во с.Таор, скопско, поради постоење основи на сомнение дека ја убил Ж.Г.(48). На 26.06.2026 С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила Ж.Г., со која живееле во иста куќа, а ...

Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Рената Младеновска, на денешната прес-конференција упати сериозни обвинувања до власта, тврдејќи дека Владата на Мицкоски систематски го уништува пензискиот систем во државата. Според неа, финансиската состојба е критична, со зголемен дефицит во државниот фонд и директна закана за идните пензионери. „Пари нема, дупката во ПИОМ е зголемена на 40%, а загрозен е и вториот пензиски столб. Гувернерот Трајко ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the Western Balkans: Resolving Unfinished Business Together“, во рамки на Дубровник форумот, посветена на европската перспектива на Западен Балкан и иднината на политиката на проширување. Во обраќањето, министерот ...

ОВР Струга поднесен кривична пријава против Ч.Д.(35) од струшкото село Шум, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“ по чл.201-а од Кривичниот законик. Пријавениот на 15.05.2026 година околу 12 часот, на локален пат во селото Заграчани, физички нападнал 10-годишник од истото село. ОВР Струга поднесен кривична пријава против Ч.Д.(35) од струшкото село Шум, поради постоење основи на сомнение за сторено ...

Времето утре сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец, соопшти УХМР. До вторник времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Под влијание на циклонска активност од вторник од попладневните часови, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има ...

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.С.(42) од струшко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“ по чл.201, став 1 од Кривичниот законик. Пријавената, во вечерните часови на 08/09.06.2026 година, ги оставала своите две малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа. Во координација со јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило ...

Лишени од слобода двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на патот Гостивар-Тетово, следуваат кривични пријави На 27.06.2026 во 11:30 часот на патот Гостивар- Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода В.М. (30) од с. Боговиње, затоа што со товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивен правец од дозволениот правец на ...

Екстремниот топлотен бран кој во изминатите денови ја зафати Западна Европа и предизвика десетици смртни случаи, сега незапирливо се шири кон источниот дел на континентот. Германија и Италија денеска се соочуваат со екстремно високи температури, а метеоролошкиот систем продолжува да се движи преку германската територија кон Полска, тестирајќи ги сите историски рекорди. Велика Британија, Франција, Швајцарија и Германија веќе забележаа рекордно ...

Спасувачките екипи во Венецуела извлекоа 11-годишно момче од урнатините повеќе од три дена по серијата разорни земјотреси што ја погодија земјата, информираат светските медиуми. Информацијата ја потврди привремената претседателка Делси Родригес, која соопшти дека детето било извадено живо во Карабаледа, во сојузната држава Ла Гуаира. Таа на социјалната платформа Икс објави и видеоснимки од спасувањето, нагласувајќи дека секој спасен живот е ...

Данскиот метеоролошки институт соопшти дека е регистрирана највисоката температура во земјата откако се вршат официјални мерења во државата, почнувајќи од далечната 1874 година. Националната метеоролошка служба преку социјалните мрежи ја потврди оваа вонредна состојба со прецизни податоци. „Со измерени 36,6 степени Целзиусови северно од градот Оденсе, го доживеавме најжешкиот ден некогаш забележан во нашата историја“, објави националната ...

Утринските часови донесоа високи температури низ целата земја. Според официјалните мерења на метеоролошките станици реализирани денеска во 11:00 часот (09:00 UTC), градот Велес ја проби границата со највисока измерена вредност на термометарот. Во Велес во 11 часот се измерени високи 33,2 степени Целзиусови, со што овој град стана најтоплата точка во државата во овој дел од денот. Веднаш зад него со високи температури во претпладневните часови ...

Германија денеска постави апсолутен рекорд на температура со измерени 41,3 степени Целзиусови, кои беа забележани во западниот град Сарбрикен, полажуваат прелиминарните податоци од метеоролошката служба (DWD). „Оваа вредност е достигната во Германија за првпат“ од почетокот на метеоролошките мерења, соопшти мрежната служба Блускај. Претходниот рекорд на температура од 41,2 степени Целзиусови беше забележан во Германија на 25 јули 2019 година. ...

Две деца се повредени во белградската населба Земун откако врз нив паднал куп на наредени градежни блокови, пренесуваат регионалните медиуми. Несреќата се случила рано утрово, во моментите додека децата си играле во непосредна близина на едно градилиште. Според првичните и неофицијални информации до кои дојде српски „Телеграф“, децата за време на играта случајно удриле во наредените блокови, по што градежниот материјал се урнал директно врз ...

Тешка сообраќајна несреќа се случила во текот на вчерашниот ден на улицата „Војводе Степе“ во Чачак, во која патничко возило удрило директно во угостителски објект. Според првичните информации, жена која управувала со автомобилот изгубила контрола над возилото, по што излетала од коловозот и завршила во ресторанот. Еден од очевидците на настанот за регионалната агенција „РИНА“ го опишал моментот на ударот: „Слушнавме дека зад воланот има ...

Додека ЗНАМ се распаѓа и последните двајца преостанати во партијата се тепат за министерски фотелји, раководството организира караван низ Македонија под слоганот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“. Ова е очајнички потег во момент кога Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на ЗНАМ 2.0, нов сателит кој ќе му послужи за следните избори за разбивање на гласовите на опозицијата, бидејќи ЗНАМ повеќе не постои ниту во ...

СДС постојано зборува за европски вредности, но кога ќе дојде време да покаже нешто на дело, ги нема никаде. Не е проблем ако опозицијата има различно мислење, туку тоа што од СДС цело време зборуваат за тие европски вредности и за реформи, а кога ќе дојде време да гласаат за законските решенија во Собранието не гласаат. Не гласаа за ниту едно законско решение, ниту во 2024, ниту во 2025 година, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Притоа, ...

Македонија денеска ја зафаќа бран на сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, максималните дневни температури во земјава ќе се движат во интервал од 13 до 38 Целзиусови степени. Во Скопје се очекува слична временска прогноза. Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, додека ќе дува слаб до ...

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Д.(39) и А.Д.(46) од струшкото село Радолишта и против еден малолетник од селото Франгово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“ по член 201-а од Кривичниот законик. Пријавените, на 03.05.2026 околу 18 часот, во училишен двор на основно училиште во Струга, физички нападнале две малолетни лица, при што им нанеле телесни повреди. ОВР Струга поднесе ...

Вчера во 16:00 часот во СВР Струмица е пријавено дека на ул. „Стив Наумов“ во Струмица, В.К. (40) од Струмица управувајќи патничко возило „фоксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, удрил во паркирани возила „пежо“, „цитроен“ и „форд“, сите со струмички регистарски ознаки. При тоа, В.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен е увид од екипа на СВР Струмица, а при тоа е констатирано дека ...

Вчера во 22:30 часот во ПС Гевгелија е добиена пријава од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, дека кај нив со возило на Итна медицинска помош Гевгелија бил донесен С.П. (32) од Скопје, кој, според пријавеното, се здобил со повреди од струен удар, додека извршувал работни задачи на викенд- куќа во с. Николиќ, општина Дојран, сопственост на А.Н. од с. Кадино. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера во 22:30 часот во ПС ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.51
36%
1014
weather icon

Белград

27ᴼ / 27ᴼ
2.51
46%
1016
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
0.32
43%
1015
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.36
49%
1016
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
4.96
47%
1016
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 22ᴼ
0.3
83%
1016
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
4.02
46%
1011
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.67
51%
1013
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.52
47%
1013
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
43%
1017
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
0.89
34%
1017
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
5.44
100%
1012
Currency

61.5217

Currency

53.1732

Currency

71.6614

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Родиум

278103.96

Кобалт

56.29

Платина

56038.75

Алуминиум

3.28

Иридиум

252383.36

Паладиум

43628.56

Сребро

2044.16

Злато

139576.04

Бакар

13.23

Рутениум

53852.50

Калај

56.36

Цинк

0.00