Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Вчера во 06:30 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Т.(43), постапувајќи по претходна пријава дека се обидел да изврши обљуба врз 40-годишна жена, која три дена престојувала во домот каде тој бил потстанар. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Вчера во 06:30 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Т.(43), постапувајќи по претходна ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево излезе со вонредни информации за моменталната состојба со времето на територијата на државата. Според официјалната радарска слика, во моментов се регистрирани локални дестабилизации на атмосферата со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи. Невремето во овие моменти е најизразено во северозападните планински региони во земјава каде има активни процеси. Паралелно, силен развој на ...
Денеска (26.06.2026) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на официјалното затворање на Регионалниот специјализиран квалификациски курс за К9 единици, организиран во рамките на проектот „Поддршка на националните власти на Република Северна Македонија во намалување на ризикот од пролиферација на оружје и злоупотреба на мало и лесно оружје“, што се одржа во Кампот за обука во Лазарополе. Во своето обраќање, министерот ...
Собранието го донесе Законот за судска служба, еден од најзначајните реформски законски решенија во областа на правосудството усогласен со Реформската агенда и Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028. Со донесувањето на Законот се надминуваат долгогодишните системски слабости на постојното законско решение и се создаваат услови за поефикасно функционирање на судовите, преку јасно препознавање на специфичната улога на ...
Лишени од слобода шест лица во Скопје и Битола во текот на изминатото деноноќие, затоа што кај нив при преглед е пронајдена дрога На 25/26.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.Ј.(33), И.А.(39), С.С.(24), А.А.(29) и А.Е.(18), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. На 26.06.2026 во 03:10 часот во Битола, полициски службеници од СВР ...
Собранието на денешната седница го донесе Законот за јавнообвинителска служба со што се прави значаен исчекор кон зајакнување на самостојноста, професионалноста и ефикасноста на јавното обвинителство. Новиот закон претставува суштинска реформа која воспоставува современ и функционален систем за управување со јавнообвинителската служба, усогласен со европските стандарди и реалните потреби на јавните обвинителства. Законот воведува посебен ...
Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во дебатата во емисијата „24 Анализа“, на ТВ24, нагласи дека најавената реконструкција на Владата не претставува суштинска промена, туку обид само козметички да се прикрие фактот дека по две години владеење резултатите изостануваат, и нема да донесе никаков напредок на државата. Тренчевска посочи дека наместо промена на политики и конкретни решенија за проблемите на граѓаните, јавноста повторно ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави најновите мерења на температурите во 14:00 часот (12:00 UTC) на територијата на целата држава, кои покажуваат значителен пораст на вредностите во сите градови. Според официјалните податоци, највисока температура денеска е измерена во Велес, каде живата во термометарот достигна до 35.7 степени. Веднаш зад него е Демир Капија со измерени 35.2 степени, додека во Штип, Гевгелија и Кавадарци се ...
Советничката во Општина Центар, Диана Ристовска Додевски, денеска упати остри критики до градоначалникот Горан Герасимовски и СДСМ, обвинувајќи ги за лошите услови за живот и инфраструктурниот хаос на улицата „Охридска“ во Маџир Маало. Според неа, локалната власт свесно дозволува деградација на просторот во општината за задоволување на партиски и бизнис интереси. „Улица „Охридска“ во Маџир маало, е само еден пример за тоа, како се работи во ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска на состанокот на Третиот управувачки комитет во рамките на Програмската рамка меѓу Сида и УНДП, истакна дека енергетската политика во земјава веќе не се однесува само на производство на струја. На состанокот присуствуваа и министерот за локална самоуправа, Златко Перински, амбасадорот на Шведска, Ола Солстром, како и постојаниот претставник на УНДП, Армен ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Согласност се издава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од ...
Вчера во 12:20 часот на улица „Питу Гули“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода К.Р.(79) од охридското село Коњско. Тој, претходно, на булевар „Туристичка“ во Охрид, управувајќи патнички автомобил „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода во која оштетил шест паркирани патнички автомобили, по што не застанал, туку продолжил да го управува возилото. По преземени мерки, тој е пронајден ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60) од село Волино, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Тој, во својство на градоначалник на општина Дебрца, свесно, со пропуштање на должен надзор и со несовесно постапување односно без потпишан договор, им овозможил на неколку правни субјекти во деловна зграда сопственост на општината на катастарска парцела во селото ...
Градоначалничката, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес оствари средба со Бојан Илиевски, победник на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд 2026“, упатувајќи му искрени честитки за големиот успех и за достоинственото претставување на Македонија на регионалната музичка сцена. На средбата беше истакнато дека Општина Кисела Вода е средина од која произлегуваат бројни млади, талентирани и успешни луѓе, а локалната самоуправа останува посветена ...
Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција упати серија обвинувања по повод две години од доаѓањето на Христијан Мицкоски и неговата коалиција на власт. Од опозициската партија обвинуваат дека во овој период граѓаните не виделе реализација на ветените проекти, туку се соочуваат со уназадување на стандардот. „Две години во кои граѓаните наместо резултати добија лаги, дефокус и закани. ...
Продолжува информативниот караван за презентација на мерките од Оперативниот план за вработување за 2026 година, денес средби во Куманово, Гевгелија и Кавадарци. Во Куманово пред поголем број заинтересирани невработени лица се дискутираше за можностите, деталите и начинот за аплицирање на трите јавни повици од мерката за самовработување (претприемништво). Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески се осврна за мерките во ...
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за молк по објавувањето на документот со чувствителни информации од страна на Бугарија. Петрушевски истакна дека по дипломатскиот преседан со кој беа загрозени безбедносните информации за претседателот Христијан Мицкоски и неговото семејство, јавноста очекувала јасна осуда и извинување ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за емисијата „Вин-Вин“ на телевизија Телма, посочи дека новата програмска рамка на СДСМ е поставена инклузивно и дека во неа се издвоени неколку клучни сфери кои се од интерес на граѓаните и на кои следната влада ќе треба да им посвети најголемо внимание. „Процесот на подготовка на програмската рамка беше работен многу инклузивно. Идентификувавме неколку главни теми, околу кои што сметам ...
Вчера во 12:00 часот во Полициското одделение Теарце било пријавено дека настанал пожар на нива на регионалниот пат Тетово–Јажинце, во атарот на село Теарце, при што била опожарена сува трева. Пожарот бил целосно локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. По преземени мерки од полициски службеници било констатирано дека пожарот го предизвикал Г.Ц.(55) од с.Теарце. Тој е лишен од слобода поради сомневање за сторено ...
Утрово во осум часот во ОВР – Неготино било пријавено дека на автопатот Демир Капија – Гевгелија, после тунел Т-2, П.З., 58-годишник од Република Србија, управувајќи товарно возило „мерцедес“ со приколка со српски национални ознаки, изгубил контрола и приколката се превртела на коловозот. Во несреќата настанала само материјална штета – рекоа од СВР – Велес. Оттаму додадоа дека увид извршила увидна екипа од ОВР – Неготино. За време на увидот, ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ предизвика големо внимание во јавноста со презентацијата на два нови роботи, наречени Милутин и Драгутин, кои се облечени во автентична српска национална носија и со традиционална шајкача на главите. Овие современи технолошки изуми веднаш станаа главна атракција откако пред присутните ја демонстрираа својата специјална програма – традиционалното српско оро „Моравац“. Српскиот претседател ја искористи оваа ...
Времето утре сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе ...
Десетици граѓани упаднаа во неколку продавници кои беа уништени во двата разорни земјотреси што ја погодија Венецуела, по кои следуваа уште триесет последователни потреси. Качувајќи се на покривите на урнатините и движејќи се низ уништените улици, групи луѓе влегоа во објектите во Ла Гваира за да земат храна, лекови, но и бела техника и апарати за домаќинство, пишува венецуелскиот „Ефекто Кокујо“. Еден од ограбените објекти беше и познатиот ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервјуто за „Вин-Вин“ на Телма рече дека Владата на Христијан Мицкоски намерно ги манипулира граѓаните околу европскиот процес, ширејќи стравови наместо да работи за државните интереси, стои во партиското соопштение. Филипче истакна дека власта свесно ги искривува фактите од преговарачката рамка и европските документи, претставувајќи ги како закана наместо како можност за Македонија. „Ги толкуваат ...
Грчката влада воведува финансиски поттик за рибарите кои ќе ја ловат инвазивната риба лагоцефалос, позната и како „зајачка усна“, во обид да го намали нејзиното ширење и да го заштити морскиот екосистем. За секој уловен килограм од оваа риба ќе се исплаќа субвенција од 5,33 евра. Мерката ја најави министерот за рурален развој и храна, Маргаритис Схинас, по состанокот со претставници на рибарските организации, нагласувајќи дека грчкото ...
Германски лекар призна за убиствата на 12 пациенти, речиси една година откако започна неговото судење во Берлинскиот регионален суд. 40-годишниот лекар за палијативна нега првично е обвинет за убиство на вкупно 15 пациенти – 12 жени и тројца мажи – во периодот помеѓу септември 2021 и јули 2024 година. Според обвинението, тој на жртвите, на возраст меѓу 25 и 87 години, им давал смртоносна мешавина од разни лекови додека работел за служба за ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има мали услови за локална ...
Масовна тепачка на хотелски базен: Девојка (13) удрена со тупаница во лицето, скршен нос Девојка (13) од Велика Британија била удрена со тупаница во лицето за време на масовна тепачка на хотелски базен, при што ѝ бил скршен носот и завршила во болница. Ужасни крици можело да се слушнат покрај базенот додека десетици туристи скокнале да ѝ помогнат на тинејџерката, објави „Сан“. На шокантната снимка, толпи туристи натопени со сонце се гледаат ...
Бројот на жртвите по двата катастрофални земјотреси што ја погодија Венецуела се зголеми на најмалку 235 лица, додека спасувачките екипи неуморно трагаат по преживеани под урнатините. Според официјалните податоци, околу 4.300 лица се повредени, а десетици илјади сè уште се водат како исчезнати. Министерот за здравство, Карлос Алварадо, соопшти дека во болниците низ земјата веќе се хоспитализирани повеќе од 1.500 повредени граѓани. ...
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева во гостување на емисијата „Анализа’’ на Телевизија 24, се осврна на случувањата на собраниската седница за пратенички прашања, каде што како што напомена, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговори на поставено прашање на пратеникот Венко Филипче во однос на тоа дали се чувствува виновен за одредени политики, премиерот јасно и децидно кажа дека се чувствува виновен за тоа што луѓето како ...