Европа се затоплува побрзо од остатокот од светот, а топлотните бранови стануваат сè почести, подолги и поинтензивни. Директорот на Хрватскиот државен хидрометеоролошки институт (ДХМЗ), Иван Гитлер, предупреди дека во иднина нè очекуваат уште потопли лета. Во гостувањето на Дневник Нова ТВ, тој образложи како климатските промени влијаат врз секојдневието и што може да се направи за да се подобри животот во градовите. „Иако климатските промени ...

Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) издаде низа итни предупредувања поради силен топлотен бран што во наредните денови ќе ја зафати земјата. Според најновите прогнози, се очекува период на екстремно високи температури кои ќе се движат од 32 степени на почетокот на бранот, до критични 39 степени за време на викендот и почетокот на следната недела. Особено изразено ќе биде во областа на Белград од 26 јуни до 2 јули, каде покрај топлите ...

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, на Фејсбук објави дека општината започнала со настава без мобилни телефони за повеќе внимание и знаење. -Нашата цел е училиштето да биде место каде што учениците ќе бидат целосно посветени на знаењето, наставата и својот личен развој. Токму затоа, во сите општински основни училишта на територијата на општина Гази Баба успешно се реализира наставата без користење на мобилни телефони за време на ...

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, каде напиша дека знае дека некој не сака да ја гледа државата успешна, споделувајќи видео од неговото обраќање вчера, во македонското Собрание. -Јас знам дека некој не сака да ја гледа успешна Македонија, не сака да ја гледа консолидирана, не сака да ја гледа како си ги завршува своите обврски и прави реформи. Прва е во Европската агенда за испорака во ...

Вчера (25.06.2026) околу 18:00 часот во Кочани полициски службеници од Мобилниот тим при Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, сопреле патничко моторно возило „Опел“ со кочански регистарски ознаки управувано од Р.А.(37) од Кочани. При извршената контрола било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола а при преглед на возилото биле пронајдени 1.848 парчиња брендирана роба (маици, ...

Тендер коалицијата на Христијан Мицкоски се распаѓа пред очите на граѓаните. Наместо Влада којашто работи за интересот на граѓаните гледаме отворена тепачка за фотелји, позиции и бизниси, која се заканува да премине во вистинска војна меѓу криминалните кланови, стои во соопштението од СДСМ. ЗНАМ, партијата која беше создадена и финансирана од Мицкоски, повеќе не постои. Преостанати се само двајца – Максим Димитриевски и Горан Минчев, кои сега ...

Бројот на жртви од двата последователни силни земјотреси што ја погодија Венецуела се зголеми на најмалку 188, изјави денеска претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез. Според најновите податоци од веб-страницата каде што се пријавуваат исчезнати лица по земјотресот, речиси 40.000 луѓе се пријавени како исчезнати, пренесува Скај њуз. Родригез соопшти дека 1.520 повредени лица се веќе хоспитализирани, додека околу 200 ...

Министерството за образование и наука го распиша Конкурсот за доделување на стипендии „Борис Трајковски“ за студии од втор циклус во рамки на Паневропската извршна МБА-програма на Универзитетот Јорк за академската 2026/2027 година. Конкурсот предвидува 20 стипендии за вонредни двегодишни студии со двојна диплома од Универзитетот Јорк и Универзитетот во Стразбур, кои се реализираат на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк во Солун. ...

Алекса Тешин (21) од Кикинда почина во Универзитетскиот клинички центар на Војводина во Нови Сад. И покрај напорите на лекарите да му го спасат животот, младиот маж кој по тешката сообраќајна несреќа со мотоцикл на 18 јуни веднаш беше префрлен од болницата во Кикинда во оваа здравствена установа, им подлегнал на повредите речиси една недела подоцна. Несреќата се случила на патниот правец меѓу Кикинда и Башаид, во близина на спортскиот ...

Уште еден тропски ден ја чека Македонија, но и цел регион. Според информациите од српските медиуми, топла воздушна маса од Западна Европа го шири своето влијание кон исток и ќе го зафати и нашето подрачје. Од денеска се очекува тропски бран со температури повисоки од 35 степени. Поради високите температури, Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) за денеска активираше портокалов и жолт метеоаларм. Температурата низ целата земја ќе ...

Објавувањето на доверлива дипломатска комуникација од страна на Бугарија е скандал без преседан и директен удар врз безбедноста и достоинството на Македонија. Тоа е сериозен дипломатски скандал и чин кој отвора низа прашања за одговорноста, професионалноста и почитувањето на меѓудржавните односи, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Бугарското МНР тврди дека документот е за далечното минато, но без разлика на обидите на бугарското ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју на МРТ по повод две години од мандатот на владата, истакна дека позади провокациите кои се случија изминатиот период станува збор за организирана бугарска кампања во нашата држава, кои имаат за цел промоција неприфатливи работи, преку еден или двајца политички ликови, се вели во соопштението од Владата. „Ниски страсти и организирана кампања која овој период е забележлива. Ние сме ...

Од Шпанија и Франција до Италија, Германија и Велика Британија, екстремните температури го нарушуваат секојдневниот живот на милиони луѓе, а последиците веќе се чувствуваат низ целиот континент. Најтешко погодена е Шпанија, каде што националниот систем за следење на смртноста проценува дека дури 212 смртни случаи во изминатите денови можат да се поврзат со екстремната жештина. Во многу региони температурите надминуваат 40 целзиусови степени, ...

Малолетниот М.М., кој на 13-годишна возраст го уби својот другар Андреј Симиќ, на 26 јуни ќе сведочи преку видеоврска пред Вишиот суд во Ниш. Кривично неодговорниот малолетник М.М., кој како 13-годишник го уби својот соученик Андреј Симиќ (13) во семејната куќа во Нишка Бања, на 26 јуни ќе биде сослушан пред Вишиот суд во Ниш во судскиот процес против неговите родители, М.М. и М.М.М., кои се обвинети за тешко дело против општата безбедност и ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не очекува промени во преговарачката рамка за членство во Европската Унија, оценувајќи дека таков чекор е можен само со согласност од сите земји членки. Во интервју за Отвореното студио на Македонската радио-телевизија, по повод две години од мандатот на Владата, Мицкоски рече дека Франција и Германија работат на предлог со кој би се забрзал процесот на европска интеграција на Западен Балкан. – Не ...

Украина изврши нови напади врз анектираниот полуостров Крим, при што загинаа најмалку две лица, соопштија локалните власти назначени од Москва. Претседателот на Крим поставен од Москва, Сергеј Аксјонов, изјави дека една од жртвите е малолетно лице. Според него, уште две лица се повредени во нападот што се случил во околината на градот Симферопол. Жртви се пријавени и во руската погранична Брјанска област. Вршителот на должноста гувернер на ...

Тинејџер (15) од околината на Метковиќ почина вчера во Универзитетската клиничка болница во Мостар (БиХ) откако во вторникот падна од електричен тротинет. Момчето по падот се здоби со тешки повреди на главата, а лекарите се бореа со сите сили за неговиот живот. Според достапните информации, а како што пишува Дубровник дејли, група деца си играа во околината на Метковиќ. Едно дете дојде на електричен тротинет, по што момчињата се менуваа во ...

Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниte премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...

УХМР ги измери температурите во осум часот наутро, на територијата на Македонија. Мерните станици покажаа дека најтопло утринава е во Кавадарци со 26 и во Скопје со 25 степени. Најниска температура утрово е измерена на Попова Шапка, 17 степени. Сончево и многу топло, па невреме. Вакво време предвидуваат синоптичарите за денеска, петок, 26 јуни 2026 година. Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има ...

Собранието денеска треба да ја почне 108-та пленарна седница, по што ќе продолжи со работа на 106-та седница. На 108-та седница пратениците ќе одлучуваат за Дополнетиот предлог-закон за парничната постапка, Предлог-законот за високи раководители, Дополнетиот предлог-закон за користење на енергијата од обновливи извори и Дополнетиот предлог-закон за оружјето, сите во второ читање. На дневен ред е и Предлог-законот за изменување и дополнување ...

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе ја почне амандманската расправа за Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, за кој се поднесени вкупно 31 амандман. Во меѓувреме, Комисијата за финансирање и буџет ќе ја продолжи амандманската расправа по Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри. Седница денеска ќе одржи и Законодавно-правната комисија, која ќе разгледува прашања од својата ...

Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, денеска ќе престојува во работна посета на Гостивар, во рамки на иницијативата за доближување на Европската Унија и процесот на евроинтеграција до локалните заедници. Посетата ќе започне со средба со градоначалникот Валбон Лимани и членовите на Советот на Општина Гостивар. На состанокот ќе се разговара за придобивките од членството во Европската Унија, како и за ефектите од ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре ќе учествува на 19. Дубровник форум, кој се одржува во Дубровник, Хрватска. Во рамки на Форумот, Муцунски ќе биде еден од говорниците на панел-дискусијата „The EU and the Western Balkans: Resolving Unfinished Business Together“, посветена на европската интеграција на земјите од Западен Балкан, актуелните предизвици и можностите за унапредување на соработката ...

Жителите на улицата „Никола Парапунов“ и делови од улиците „Разловечко востание“ и „Вич“ во општина Карпош вечерва ќе останат без вода поради зафат на водоводната мрежа, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 18 часот, поради санација на два затворачи на улицата „Никола Парапунов“, а ќе трае до завршување на работите. Според најавите од претпријатието, водоснабдувањето се очекува да биде ...

Корисниците на булеварот „Борис Трајковски“ – крак 10 во општина Кисела Вода денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа. Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, добиени од ЕВН Македонија АД, прекинот во снабдувањето со електрична енергија ќе трае од 9 до 12 часот. Корисниците на булеварот „Борис Трајковски“ – крак 10 во општина Кисела Вода ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ќе присуствува на свеченото затворање на Регионалниот специјализиран квалификациски курс за К9 единици, што ќе се одржи во кампот за обука на Министерството за внатрешни работи во Лазарополе. На церемонијата, покрај министерот Тошковски, обраќања ќе имаат и амбасадорот на ОБСЕ, Килиан Вал, како и министерот за одбрана Владо Мисајловски. Од Министерството за внатрешни работи информираат ...

Заменик-народниот правобранител Соња Трифуновска денеска на прес-конференција ќе го претстави Годишниот извештај на Народниот правобранител – Национален превентивен механизам (НПМ) за 2025 година. Во извештајот се опфатени наодите и констатираните состојби во местата за лишување од слобода, меѓу кои полициските станици, казнено-поправните установи и психијатриските болници. Од Канцеларијата на Народниот правобранител информираат дека ...

Сончево и многу топло, па невреме. Вакво време предвидуваат синоптичарите за денеска, петок, 26 јуни 2026 година. Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. Во ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата прави се што е во рамки на нејзината надлежност за да се открие и казни корупцијата, но, посочува оти таа не е таа што треба да суди и пресудува, туку да спроведе истрага и случајот да го поткрепи со докази, а потоа се е во рамките на судската власт. Смета дека ако менталитетот на луѓето кои треба да обезбедат владеење на правото остане заробен во личните интереси, тогаш тешко ќе оди овој процес. ...

Четиринаесетгодишно момче ја загуби битката за живот по тешките повреди на главата кои ги здобило при пад од електричен тротинет во близина на Метковиќ. Според информациите од хрватските медиуми, несреќата се случила во вторникот додека група деца си играле во близина на канал за наводнување. Едно од децата дошло со електричен тротинет, по што малолетниците почнале да се менуваат во возењето. Кога дошол редот на 14-годишниот Карло Жувелек, ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.31
38%
1015
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
1.87
53%
1016
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.61
42%
1016
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
2.75
48%
1018
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
3.72
54%
1017
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
0.92
87%
1017
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
3.58
49%
1012
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
0.99
54%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.32
46%
1014
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 23ᴼ
3.58
48%
1017
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
1.79
38%
1017
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
4.94
100%
1015
Currency

61.5217

Currency

53.1732

Currency

71.6614

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Злато

139576.04

Иридиум

252383.36

Бакар

13.23

Паладиум

43628.56

Алуминиум

3.28

Платина

56038.75

Калај

56.36

Цинк

0.00

Сребро

2044.16

Родиум

278103.96

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50