Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Ако ова е заштитата на живеалиштето на волците, тогаш имаме сериозен проблем Оградата што се гледа на снимката не остава впечаток на безбедносен систем соодветен за чување диви животни. Напротив, отвора сериозни сомнежи дали воопшто биле обезбедени минималните стандарди за заштита и спречување на бегство. Под ваква ограда бега куче со 15 минути копање, а не волк, реагираат од Анима Мунди Безбедноста на диви животни не смее да се обезбедува со ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интрвјуто во емисијата „Вин-Вин“, на телевизија Телма, нагласи дека тој го направи првиот чекор за ставање на државниот интерес пред партиските разлики. Филипче потсети на периодот кога тој побара состанок со Мицкоски за реформите и доброто на државата, но Мицкоски не покажа интерес и подготвеност, и го злоупотреби обидот. „Јас се обидов многу брутално и драматично да направам дисконтинуитет во таа ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју во емисијата „Вин-Вин“, на телевизија Телма. Филипче посочи дека Мицкоски нема одговор на ниту едно од суштинските прашања поврзани со проблемите со кои се соочува државата и граќаните, и затоа, наместо решенија посегнува по закани и навреди. „Тоа му е само еден дел од фарсата, од циркусот кој што го прави затоа што нема одговор на вистинските прашања кои што му ги поставуваме секојдневно, ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија порача дека владата останува целосно посветена на европската интеграција, но дека процесот на проширување мора да биде кредибилен, предвидлив и заснован на објективни критериуми, а не на билатерални условувања. Осврнувајќи се на процесот на пристапување кон Европската Унија, Муцунски истакна дека ...
Страста и мотивот кај мене е подобар живот за луѓето и иднина за државата, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју во емисијата „Вин-Вин“, на телевизија Телма. Филипче, истакна дека неговата мотивација за политичкиот ангажман произлегува од длабокото уверување дека преку политиката може да се менува општеството и да се обезбедат подобри услови за живот за граѓаните. „Страста е успех односно победа и тогаш ја споделувам со ...
Секоја реконструкција не е реконструкција поради резултати, дали тие резултати биле добри или недоволно добри, или воопшто немало резултати, изјави вечерва премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски во „Отвореното студио“ на МРТВ. -Понекогаш рекунстукцијата се прави затоа што се менуваат приоритетите. Можеби тие приоритети пред две години имале една форма, после две години имаат друга форма и логично е да владините коалициони ...
Пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница постави пратеничко прашање до заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, во врска со хаосот во здравствениот систем. Лукаревска укажа на сериозните проблеми во здравството, меѓу кои недостиг на медицински кадар, незадоволство кај пациентите и вработените, лоши услови во здравствените установи и бројни скандали кои го нарушуваат функционирањето на системот. Лукаревска посочи ...
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница постави пратеничко прашање до министерката за образование Весна Јаневска, во врска со најавената оптимизација на образовниот систем и последиците врз наставниот кадар и учениците. Лукаревска укажа дека процесот се спроведува без доволна јавна дебата, со кратки рокови и бројни нејаснотии кои предизвикуваат загриженост кај наставниците, родителите и стручната јавност. Во прашањето, ...
Изградбата на новиот мега парк во Општина Бутел е во завршна фаза, а наскоро овој современ зелен простор ќе биде ставен во функција и предаден на користење на граѓаните. На површина од 8.000 квадратни метри, просторот кој со години беше запуштен и неискористен се трансформира во модерна зелена оаза, наменета за одмор, рекреација и дружење на сите генерации. Паркот ќе располага со богато хортикултурно уредување, пешачки патеки, детски ...
Македонија ја очекува нов топлотен бран, а за време на викендот и почетокот на следната седмица температурите на одделни места ќе достигнат и до 39 степени Целзиусови. Според прогнозата, утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи од 29 до 37 степени. Во Скопје ќе ...
Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ (Safe City) од денеска постепено започнува да се воведува и на подрачјето на СВР Охрид. По извршеното финално тестирање, стручни екипи денеска ги ставија во функција безбедносните камери на автопатската делница кај Ново Село во општина Дебрца. Од СВР Охрид информираат дека во наредниот период проектот ќе профункционира и на патниот правец меѓу селата Горенци и Требеништа, како и на останатите ...
Тригодишно момче го загуби животот во францускиот департман Вал д’Оаз, откако останало заробено во паркиран автомобил за време на силниот топлотен бран што ја погоди земјата, соопштија француските официјални лица. Детето било пронајдено во бесвесна состојба од неговите родители во возило паркирано пред семејната куќа, пренесува „Фигаро“. И покрај обидите на родителите и на итните служби да го реанимираат, момчето било прогласено за мртво во ...
Инвестициите во инфраструктурата и авиосекторот допринесоа за раст на туризмот во земјава и силен пораст на ависообраќајот. Направивме една амбициозна агенда, инвестираме сериозно и резултатите се видливи. Имаме раст од преку 32 % на бројот на патници од двата аеродроми, 28 нови дестинации и раст од околу 20 % на странски туристи, одговори заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, на пратеничко прашање на ...
Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, на денешната седница постави пратеничко прашање до министерот за финансии, Гордана Кочоска во однос на наодите од ревизорскиот извештај за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Митрески укажа на констатирано доцнење во префрлањето на средствата кон вториот пензиски столб, и покрај тоа што, како што наведе, придонесите навремено се пресметуваат и доставуваат од Фондот до трезорот. Митрески посочи дека ...
Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, на денешната седница постави пратеничко прашање до заменик-министерот за земјоделство Албрим Хоџа, во кое бара јасни и конкретни одговори кога ќе им се исплатат субвенциите на сточарите. Воедно, Митрески побара и објаснување кога ќе биде отворена апликацијата за субвенции за 2026 година, имајќи предвид дека вообичаениот рок веќе е пробиен. Во продолжение е интегралното пратеничко прашање на Митревски: „Ние ...
Ниту еден наставник нема да биде отпуштен од работа при оптимизирањето на училишната мрежа. Во законите предвидовме опции за оние наставници кои останале без ученици, со нивна согласност да бидат ангажирани како образовни асистенти во период од една година. Ништо не се прави насилно, исклучиво транспарентно, со согласност на наставниот кадар и во соработка со општините, УНИЦЕФ и Светска банка. Ова го истакна министерката за образование и ...
Популарниот синџир продавници „Пепко“ во Србија итно повлекува одреден производ од своите рафтови, откако надлежните институции утврдиле дека истиот претставува безбедносен ризик за потрошувачите. Станува збор за додаток кој при користење може да предизвика физички повреди. „Во Србија е издадено итно предупредување за потрошувачите откако надлежните институции наложија повлекување на еден производ од продавниците на „Пепко“. Станува збор за ...
Новото законско решение има за цел да ги зајакне законските гаранции за независно и самостојно управување со судскиот буџет, утврден во висина од 0,8% од БДП, со што се обезбедува финансиска и функционална независност на судството во согласност со европските стандарди. Со Предлог-законот се унапредуваат надлежностите на Судскиот буџетски совет, кој ќе има значајна улога во планирањето, управувањето и надзорот на средствата наменети за ...
Поради планирани технички зафати во електропреносната мрежа, утре дел од корисниците во општина Кисела Вода ќе останат без напојување со електрична енергија. Од ЕВН Македонија информираат дека прекинот ќе опфати една од главните улици во оваа населба. Според соопштението, утре (26.06.2026 година) во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците лоцирани на улицата „Борис Трајковски“ под број 10. Поради планирани технички ...
Во Венецуела е прогласена вонредна состојба откако два разорни земјотреси ја погодија земјата кратко по 18 часот по локално време во среда навечер. Земјотресите со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала предизвикаа уривање и оштетување на стотици згради, а најлоша е ситуацијата во крајбрежната држава Ла Гваира, која се наоѓа недалеку од главниот град Каракас. Оваа држава е прогласена за зона на катастрофа и едно од ...
СВР Охрид ја известува јавноста, посебно возачите на моторни возила дека од денеска, современиот систем за сообраќаен надзор „Безбеден град“ (Safe City), кој, официјално стартуваше од 01.02.2026 година, постепено се воведува и на подрачјето на СВР Охрид. Денеска, по извршеното финално тестирање, стручни екипи ги ставија во функција безбедносни камери на автопатската делница кај Ново село, општина Дебрца. Во наредниов период, се очекува ...
Бројот на патници на македонските аеродроми во Скопје и Охрид бележи постојан и сериозен раст, а очекувањата за годинава се дека ќе биде надминат нов рекорд во авиосообраќајот. Ова на денешната седница за пратенички прашања го истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на прашање од пратеничката Лидија Петковска од ВМРО-ДПМНЕ. „Ако пред неколку години беше успех два милиони патници да стигнат на ...
Поранешниот градски советник и позната јавна личност од Задар, Милан Драча (51), почина од тешките повреди што ги здобил во физичка пресметка која се случила доцна синоќа во населбата Бокањац. Според информациите од хрватските медиуми, инцидентот се случил во близина на локалните гробишта. Полицијата ја добила пријавата за тепачка меѓу двајца мажи во 23:44 часот. По пристигнувањето на местото на настанот, полициските службеници го пронашле ...
Вонреден метеоаларм е активиран на територијата на цела Србија поради силниот тропски бран кој започнува од утре, 26 јуни, а ќе трае сè до вторник, 2 јули 2026 година. Овој жежок бран веќе се движи и во правец на Македонија. Тамошниот републички завод (РХМЗ) информира дека најавените температури ќе се приближат до 40-тиот степен, што со себе носи сериозен ризик по здравјето на луѓето и околината. Според официјалните прогнози, веќе во петок ...
Едно лице е лишено од слобода и со две е извршен службен разговор од вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие На 25.06.2026 во 00:35 часот во СВР Скопје, 57-годишна жена пријави дека во објект на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот сопруг Е.К.. На 24.06.2026 во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со М.П.(19) и С.П.(42), двајцата од ...
На 24.06.2026 околу 21:10 часот во СВР Скопје, 50-годишник од с.Ласкарци, скопско, пријави дека околу 20:30 часот, по претходна расправија со неговиот брат Б.С. и неговиот син, Б.С. ја турнал сопругата на пријавителот, која во раце го држела седуммесечниот внук, по што детето паднало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 24.06.2026 околу 21:10 часот во СВР Скопје, 50-годишник од с.Ласкарци, скопско, пријави дека околу 20:30 ...
Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, по тројца возеле без возачка дозвола и под дејство на алкохол, а еден со активна забрана Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив по тројца управувале возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол, а еден со активна забрана. По едно лице во Скопје, ...
Дискотеката „Пулс“ во Кочани започнала со работа иако објектот не ги исполнувал минималните технички услови, обелодени денеска Обвинителството на рочиштето во судницата во КПУ Идризово. Доказите презентирани на денешното судење за кобниот пожар се обезбедени од Секторот за туризам и угостителство при Министерството за економија и труд. Денешното рочиште го одбележа и процедурален пресврт откако одбраната побара изземање на обвинителката ...
Кривична пријава за продолжено кривично дело во врска со „злоупотреба на службена положба“, „фалсификување службена исправа“ и „фалсификување или уништување деловни книги“ ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Г.К. (46) и Л.К. (54), двајцата од Прилеп за сторено продолжено кривично дело во врска со кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластувања“, „фалсификување службена исправа“ и „фалсификување или уништување деловни ...
Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа единаесетта седница на која беа разгледани преостанатите отворени прашања и предлози за измени и дополнувања на Изборниот законик, во насока на исполнување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР . Членовите на Работната група разменија мислења по доставените предлози од политичките партии , при што беше констатирано дека значителен дел од решенијата се усогласени и има висок степен ...