Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Вчера во 17:35 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.У.(43) од Скопје, лице со здравствени проблеми, постапувајќи по претходна пријава дека во с.Горно Оризари, скопско, предизвикал пожар во плевна со сено. Нема повредени лица, а Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Вчера во 17:35 ...
Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денеска на прес-конференција во Владата презентираше отчет за двегодишната работа на Министерството за образование и наука (МОН). „Пред две години затекнавме катаклизма. Запревме понатамошен пад и со одговорно и посветено работење сега веќе го подигнуваме квалитетот на образованието и ја раздвижуваме науката“, истакна министерката Јаневска. Таа нагласи дека во изминатите две ...
Директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамед Али, официјално го потпиша договорот за реализација на повеќегодишниот проект G10231 – „Интероперабилен систем за командување со инциденти управуван од вештачка интелигенција за прекуграничен одговор при кризни и итни состојби (NICS-2)“, кој се спроведува во рамки на НАТО програмата „Наука за мир и безбедност“ (Science for Peace and Security – SPS). По многу години, за првпат ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа прес-конференција по повод две години од мандатот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на која ги презентираше клучните резултати и активности реализирани во изминатиот период. „Во изминатите две години работевме со јасна визија, јасни приоритети и една цел – посилна меѓународна позиција на државата, посилни партнерства и конкретни ...
Општина Центар ги обнови детските игралишта кај „Зебра“ во Капиштец и кај КАМ маркет во Дебар Маало, при што дотраените и оштетени реквизити се заменети со нови за да се обезбедат побезбедни и поквалитетни услови за игра и рекреација на децата. Градоначалникот Горан Герасимовски упати апел за зачувување на урбаната опрема , нагласувајќи дека јавниот простор е заедничка одговорност. „На барање на жителите побаравме засилено присуство на МВР на ...
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес оствари средба со фудбалерите и претставниците на Фудбалскиот клуб ”КУЛ”, по повод нивните одлични спортски резултати остварени во изминатата натпреварувачка сезона. Повод за средбата беше двојниот успех на клубот – шампионската титула во младинската категорија и пласманот на сениорската екипа во Третата фудбалска лига. Фудбалскиот клуб КУЛ ја одбележа сезоната со ...
УХМР ги измери температурите во 11 часот на територијата низ Македонија. Најтопло е во Велес, Гевгелија и Скопје со 30 степени. Најниска температура во 11 часот е измерена на Попова Шапка, 15 степени. Денеска се најавува нестабилно време со врнежи, грмежи и засилен ветер, поради влијание на циклон од југоисточниот дел на Балканот. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, на повеќе места ќе има дожд и електрични празнења, а ...
Три лица се пронајдени мртви во студентски дом во бугарскиот град Угарчин, јавуваат локалните медиуми. Жртвите во овој трагичен настан се две жени и еден маж. Според првичните информации, на настанот му претходел жесток конфликт меѓу неколку лица во објектот, кој наводно бил поврзан со нерасчистени лични односи и љубовен триаголник. Медиумите пренесуваат дека за време на расправијата, маж со криминално досие со нож нападнал возрасна жена и ...
Вработените во ЈУ Национален парк Пелистер спасија мала срна која била нападната. -Вработените во ЈУ Национален парк Пелистер Зоран Пројчевски – раководител на помошно-техничко одделение и ренџерот Неџип Сефедини спасија мала срна која беше нападната од куче бездомник. Подоцна со помош на емитирање на звуци малата срна беше повторно споена со својата мајка, напишаа од Националниот Парк. Вработените во ЈУ Национален парк Пелистер спасија ...
Образованието и науката се клучен двигател на развојот на државата, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната прес-конференција во Владата, на која презентираше отчет за сработеното во изминатите две години. Таа истакна дека во изминатиот период се реализирани низа реформи насочени кон унапредување на условите во основното, средното и високото образование, како и во научно-истражувачката дејност, со цел ...
Ели Панова, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка, во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ се осврна на реформската агенда и посочи дека бројните закони коишто се носат во Собрание, а коишто се дел од реформската агенда, се закони кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните. Таа додаде дека исплатените средства од страна на реформската агенда претставуваат признание дека ЕУ гледа дека државата има капацитет и е способна да ...
Цигарите во Германија би можеле драстично да поскапат во следните неколку години. Германското Министерство за финансии планира постепено зголемување на даноците на тутунот, пренесува германската новинска агенција ДПА. Според нацрт-законот во кој увид имала агенцијата, просечната цена на пакување од 20 цигари би можела да се зголеми од околу 8,80 евра во 2027 година на околу 11,40 евра до 2030 година. Како дел од овие измени, даночната ...
УХМР издаде метео аларм за локално невреме низ Македонија. Се најавува нестабилно време со врнежи, грмежи и засилен ветер, поради влијание на циклон од југоисточниот дел на Балканот. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, на повеќе места ќе има дожд и електрични празнења, а локално се можни и поинтензивни атмосферски процеси проследени со обилни врнежи, силни налети на ветер и појава на град. Утринските температури ќе се ...
На 23.06.2026 во 16:25 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода К.И.(37) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 23.06.2026 во 16:25 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода К.И.(37) од Кочани. При претрес ...
Словенечкиот свештеник Роберт Емершич почина како последица од убод од оса, потврди парохијата „Свети Јосиф Работник“ во Раче на својата официјална Фејсбук страница. Инцидентот се случил додека тој ја служел светата миса во Планица. Од парохијата соопштија дека ненадејната смрт на свештеникот ги ставила во исклучително тешка ситуација. „Во недела, 14 јуни 2026 година, како гром од ведро небо, бевме погодени од веста дека нашиот пастор Роби ...
Тепачка меѓу двајца мажи во Задар заврши фатално, откако едно лице почина од повредите здобиени за време на инцидентот на плажа, соопшти локалната полиција. Инцидентот се случил синоќа во задарската населба Бокањац, по што полицијата веднаш излегла на терен по добиена пријава за физички пресметки. „По пристигнувањето на местото на настанот, полициските службеници пронашле повреден маж на земја“, соопшти полицијата. На повредениот 51-годишен ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оценува дека интерпелацијата поднесена од пратеничката група на Левица претставува, како што наведува, политички обид без суштински аргументи, чија цел е да се закочи процесот на справување со криминалот и корупцијата. Тошковски реагираше преку објава на социјалните мрежи, посочувајќи дека ова е трета интерпелација против него во период од две години и дека, според него, истата повторно е ...
Корисници ширум светот доцна синоќа пријавуваа сериозни проблеми со пристапот до повеќе популарни онлајн платформи, социјални мрежи и телекомуникациски услуги. Според податоците од платформите за следење на прекини во сообраќајот, регистриран е нагол скок на пријави кај десетици глобални сервиси. Проблемите се евидентирани кај големите платформи за забава и комуникација како Steam, Instagram, YouTube, X (Twitter), Facebook и Roblox. ...
Додека официјална Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои директно се оспоруваат македонскиот идентитет, јазик и историска посебност, Венко Филипче молчи и ја убедува македонската јавност дека нема причина за загриженост, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение интегрален текст: Наместо да бара цврсти гаранции и да ги брани националните позиции, Филипче однапред дава сигнали дека е подготвен за прифаќање на барањата кои ...
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески, кој учествува на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP) во Софија, порача дека е неопходно трајно решение за статусот на професионалните возачи и превозници во рамки на Шенген зоната. Во своето обраќање, Ристески истакнал дека ограничувањата поврзани со престојот на возачите во меѓународниот патен транспорт создаваат проблеми во секојдневното работење на ...
Во тек е планот за евакуација што треба да им овозможи на стотици бродови со околу 11.000 морнари, заглавени во Персискиот Залив, да испловат низ Ормуската Теснина, откако Иран и САД постигнаа договор за прекин на огнот, соопшти денеска поморската агенција на Обединетите нации. Почнавме да стапуваме во контакт со бродовите за да ја започнеме евакуацијата – изјави портпаролот на Меѓународната поморска организација (ИМО), без да наведе ...
Македонскиот државјанин осомничен за убиството на жена на грчкиот остров Крит, го разоткриле противречностите во исказите кои ги дал на полицијата. Како што јавува Прототема, Миско Л. обвинет за убиството на Ставрула Левентаки на Крит, дал многу противречни искази, па така, кога полицајците го прашале кога последен пат ја видел Ставрула, тој одговорил: „Ја видов на денот кога се смета дека исчезнала, на 29 мај 2026 година. Дојде сама во мојот ...
Триесет и четиригодишна жена од пробиштипското село Трипатанци е повредена при извршување работни задачи во приватна компанија во индустриската зона во Кочани. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 22 јуни околу 13:50 часот, кога од Итната медицинска помош во Кочани известиле дека кај нив била донесена повредената Ј.С. (34). Според првичните информации, жената се здобила со телесни повреди додека била ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека односите со Соединетите Американски Држави треба да се вратат во нормала, по минатонеделната јавна расправија со американскиот претседател Доналд Трамп. „Немам намера дополнително да ја разгорувам оваа расправија“, изјави Мелони во интервју. Како започна спорот? Тензиите ескалираа во петокот, кога Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа. Ова ...
Владимир Ѓорчев, долгогодишниот член на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук се прости од градоначалникот на Бревеница, Јовица Илиевски, кој ненадејно почина. -Јовица, ќе ни недоостсуваш на сите. Беше добар, вистински добар човек. Заедно поминавме многу кампањи, куќи, состаноци… Многу ги сакаше Брвеница и Македонија. Бог да го прости. Најдлабоко сочувство до семејството, напиша тој. Причините за смртта засега не се објавени. Илиевски беше позната политичка ...
Во изминатите 24 часа, заклучно со 8 часот утрово, во повеќе делови од земјата се регистрирани врнежи од дожд со различен интензитет, покажуваат податоците од метеоролошките мерења. Најмногу дожд наврнал во Битола, 26 литри на метар квадратен, по што следуваат Демир Капија со 24 литри, Виница со 21, Лазарополе со 17 и Берово со 14 литри. Во Крива Паланка се измерени 13 литри, во Гевгелија 8, додека во Скопје – Петровец 2 литри на метар ...
ВМРО-ДПМНЕ се простија од градоначалникот на Бревеница, Јовица Илиевски, кој ненадејно почина. -Со длабока тага и неверување ја примивме веста за ненадејната смрт на Јовица Илиевски, претседател на Општинскиот Комитет Брвеница и градоначалник на општината. Јовица беше работлив, чесен и скромен човек, целосно посветен на луѓето и на општината што ја водеше. Функцијата ја разбираше како обврска кон граѓаните, а довербата што ја доби ја ...
Смртоносен топлински бран ја зафати Европа, а научниците предупредуваат дека во текот на оваа недела досегашните температурни рекорди не само што ќе бидат достигнати, туку и сериозно надминати. Ова е веќе втор екстремен топлински бран што руши рекорди во последните два месеца, со реална опасност националните максимуми на старите мерења да паднат уште пред почетокот на јули, кој традиционално важи за најтопол месец во годината. Ситуацијата е ...
Премиерот Христијан Мицкоски на социјалната мрежа Фејсбук се прости од градоначалникот на Бревеница, Јовица Илиевски. -Со длабока тага ја примив веста за ненадејната смрт на Јовица Илиевски, градоначалникот на општина Брвеница. Јовица беше работлив, чесен и скромен човек, целосно посветен на луѓето и на општината што ја водеше. Функцијата ја разбираше како обврска кон граѓаните, а довербата што ја доби ја оправдуваше со работа, со присуство и ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, се прости од својот колега и пријател Јовица Илиевски, градоначалник на Општина Бревеница. -Со огромна тага ја примив веста за ненадејната смрт на мојот драг пријател, колега и пред сѐ голем човек, Јовица Илиевски. Јоцо, сите сме во шок и неверување. Тешко е да се прифати дека повеќе не си меѓу нас, но уште потешко е да се најдат зборови за човек како тебе. Зад себе остави ведар дух, искрена ...