Цената на суровата нафта WTI (West Texas Intermediate) денес падна за над четири проценти, на 69,5 долари за барел, поради намалувањето на стравувањата од поширока војна на Блискиот Исток. Оваа ситуација на берзите претставува пресврт по скокот од седум проценти во петокот, во времето на првите израелски напади врз Иран, објави „Trading Economics“. „Trading Economics“ известува за пишувањето на одредени медиуми дека Иран сигнализирал интерес за ...

Најмалку четиринаесет лица загинаа, а 40 се повредени по руски ракетен и беспилотен напад врз Киев во текот на ноќта. Речиси деветчасовниот напад вклучува лансирање на голем број беспилотни летала „камикази“, како и крстаречки и балистички ракети врз главниот град на Украина. „Киев Индепендент“ известуваше за звуци на беспилотни летала, ракети и повеќекратни експлозии во текот на ноќта. Според последните извештаи, од 40 повредени, 30 се ...

Војската на Израел тврди дека го убила началникот на Генералштабот на вооружените сили на Иран. Доколку оваа вест биде потврдена, тоа ќе биде последен во серијата атентати на високи ирански воени функционери. „По изненадувачка можност во текот на ноќта, борбените авиони на воздухопловните сили го нападнаа седиштето во срцето на Техеран. И благодарение на прецизните разузнавачки информации тие го убиле Али Шадмани, главниот воен командант и ...

Во последно време, се чини дека сè повеќе луѓе бараат совет од „Чат ГПТ“ (ChatGPT) за секој аспект од нивниот живот – од готвење, пишување есеи, до љубовни проблеми или разговори за друштво. Џенифер Џеј, 38-годишна жена од Есекс, барала секојдневно совети од „Чат ГПТ“ и на крајот го отфрлила своето момче бидејќи вештачката интелигенција ја советувала да го стори тоа. Таа објасни како „Чат ГПТ“ станал еден вид советник за врски за неа, а дури и ...

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, оствари прва работна средба со директорот на Светската банка во Северна Македонија, Масимилијано Паолучи. На средбата беше нагласено дека Народната банка е кредибилна институција и столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјата. Двајцата соговорници ја истакнаа важноста на досегашната успешна соработка меѓу двете институции и изразија подготвеност за продлабочување на ...

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани опрема и средства за тетовирање, цигари, тутун, моторцикл, делови за прозорци и фалсификувана стока. ЦАРИНСКА УПРАВА: НА БОГОРОДИЦА И МЕЃУНАРОДЕН АЕРОДРОМ СКОПЈЕ СПРЕЧЕНИ ОБИДИ ЗА ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ И ТУТУН, НАД 5 ИЛЈАДИ АЛАТКИ ЗА ТЕТОВИРАЊЕ, МОТОРЦИКЛ, ФАЛСИФИКАТИ И ДРУГО •Царински службеници во Царинската ...

Како резултат на заложбите на Владата и МОН за унапредување на квалитетот на средното стручно образование, обезбедени се 50 милиони денари за 1.570 стипендии за новите ученици во дуално образование од септември. Во учебната 2025/2026 година учениците кои ќе се запишат во дуалните паралелки и ќе ги исполнат конкурсните услови, 9 месеци ќе добиваат по 3.500 денари, велат од Владата. „Реалниот сектор има потреба од стручни, квалификувани лица и за ...

На 17 јуни 2018 година, пред точно седум години, во малото село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското Езеро од грчка страна, Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа со кој се затвори долгогодишниот спор меѓу двете земји, Република Македонија го смени името во Република Северна Македонија, Грција призна македонски јазик и македонска националност, земјата стана членка на НАТО, а се интензивираше и билатералната соработка со Грција, ...

Уште еден земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.5 степени е регистриран ноќеска по полноќ во 00 часот и 48 минути во епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 102 километри југозападно од Скопје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала. Серија ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во западните, претежно планински региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. ...

Израелските одбранбени сили (ИДФ) изведоа офанзива врз Информативната мрежа на Исламска Република Иран (ИРИНН), која е под контрола на државниот радиодифузер ИРИБ, пренесоа израелските медиуми. Според изворите, програмата на државната телевизија на Исламска Република Иран е привремено стопирана. Оваа акција дојде откако израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, рече дека “иранскиот мегафон на пропаганда и поттикнување е на работ на ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници. Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум. Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската ...

Грците со гордост објавуваат дека најуспешниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, ќе се пресели во оваа земја со своето семејство и ќе започне ново поглавје во својот живот. Грчката веб-страница „Glow.gr“ подготви голем текст за Новак Ѓоковиќ, објаснувајќи ја позадината на неговата одлука да ја направи Атина своја нова база. „Неговата одлука не дојде туку така, туку е последица на неговата врска со Грција, која се зајакна со текот на ...

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот. „Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC. Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција. Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан. „Иран не ја ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за „Еј-би-си Њуз“ изјави дека не ја исклучува можноста за атентат на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хаменеи, тврдејќи дека таквиот потег нема да го ескалира конфликтот, туку ќе му стави крај. Прашан директно дали Израел ќе го гаѓа врховниот водач, Нетанјаху одговори: „Го правиме она што треба да го направиме. Веќе ги гаѓавме нивните врвни нуклеарни научници. Имаме уште работа на други ...

Има Договор за добрососедство, пријателство и соработка од 2017 година и во него има два протокола. Има преговарачка рамка од 2022 година, европски консензус на сите земји членки и од власта на Северна Македонија, така што Бугарија никогаш не поставила и не нема да постави услови надвор од тој договор, надвор од преговарачката рамка и надвор од двата протоколи. Ова го изјави бугарскиот претседател Румен Радев, одговарајќи на новинарско прашање ...

Оваа недела, во организација на Програмата „ЕУ за општините“, се одржува првиот ЕУ-МК Саем за одржлив локален развој и вмрежување. Целта на овој еднодневен настан, кој ќе се одржи во Скопје на 18 јуни 2025 година, е да се промовираат добри практики и успешни проекти финансирани од ЕУ, да се поттикнат нови партнерства меѓу општините, како и да се отвори простор за размена на искуства и идеи за понатамошен локален развој. Настанот ќе ги претстави ...

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека цел на воздухопловните сили бил центар за комуникација што го користат иранските вооружени сили за воени цели, откако беше извршен напад врз зградата на иранската државна телевизија. Во соопштението се наведува дека зградата била користена за воени активности „под превезот на цивилна акција“, и дека нападот „директно ги ослабнал воените способности на иранските сили“. „Пред нападот, ИДФ му обезбеди ...

Австралискиот државјанин со српско потекло Живан Радмановиќ (32) е убиен во вила на Бали, додека неговиот пријател е тешко повреден. Индонезиската полиција верува дека станува збор за пресметка помеѓу криминални банди. Австралиските медиуми објавија дека индонезиската полиција верува дека ги идентификувала маскираните напаѓачи одговорни за смртта на Радмановиќ, австралиски државјанин кој дошол на Бали од Мелбурн. Радмановиќ бил убиен во бањата, ...

Усвојувањето на законите за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија се клучни за наредните чекори во напредокот на Македонија кон декарбонизација и предизвиците што ги носи овој процес, посочи министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. -Ние сме во последните чекори од донесување на Законот за енергетска ефикасност и Законот за обновливи извори. Што значи дека кога ќе ги донесеме овие два закони, до ...

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп на прес-конференција за време на самитот на Г7 во Канада рече дека Иран сака да ги намали тензиите во конфликтот со Израел, но дека можеби е предоцна за преговори. На прашањето на новинарите дали видел или примил пораки преку посредници дека Иран сака да деескалира, Трамп одговори: „Да, тие сакаат да разговараат, но тоа требало да го направат порано. Иран не победува во оваа војна“. Трамп се појави ...

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски денеска изјави дека се работи на засилување на динамиката на средби со официјална Софија и оти сме подготвени за изнаоѓање на рационални решенија во рамките на европските вредности, но наше и да ставиме јасна црвена линија дека по однос на одредени прашања поврзани со идентитетските атрибути. -Наше е да нудиме решенија, но наше и да ставиме една јасна црвена линија дека по однос на одредени ...

Времето утре сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во западните, претежно планински региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Следните денови ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на ...

Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац, изјави дека иранската државна телевизија и радио „се пред исчезнување“, мислејќи на актуелниот израелски напад и претходно издадената наредба за евакуација на жителите од третиот кварт на Техеран. „Иранскиот мегафон на пропаганда и поттикнување наскоро ќе исчезне. Евакуацијата на околните жители започна“, рече Кац. Во зоната за евакуација се наоѓа и седиштето на иранската државна радио и телевизија ...

Жителите на Техеран го напуштаат главниот град по ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран, а очевидците јавуваат дека има големи толпи на излезните патишта. Редиците на бензинските пумпи во понеделникот беа долги километри, додека другите улици беа морничаво тивки, иако градот има повеќе од 15 милиони жители. Во саботата, израелскиот министер за одбрана Кац издаде строго предупредување до Иран и врховниот лидер на земјата, ајатолахот Али ...

Повеќе од 3.200 невработени лица досега се пријавиле за мерката за самовработување, информираше заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, за време на работна посета во општина Неготино. Таму, пред заинтересирани граѓани, беше презентиран Оперативниот план за вработување за 2025 година. Ристески ги охрабри сите невработени, особено младите до 29 години, да аплицираат за една од најатрактивните мерки – самовработување – чија примена ...

Најмалку 40 луѓе загинале денеска во израелско пукање, а половина од нив во близина на центарот за дистрибуција на помош на Хуманитарната фондација за Газа (GHF), соопшти Министерството за здравство во крајбрежната енклава. Претставници на Обединетите нации го осудија новиот систем за распределба на храна. Според болничарите, најмалку 20 луѓе биле убиени, а 200 други повредени во близина на центарот за дистрибуција на помош во Рафах. Израел ја ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ се обрати на јавноста од воздухопловната база Тел Ноф за време на посетата заедно со министерот за одбрана и началникот на генералштабот. Нетанјаху изјави дека Израел е „на пат кон победа“. Од воздухопловната база Тел Ноф ја повтори изјавата што денес повеќепати се слушаше од Израел – дека Израел „го контролира небото над Техеран“. Нетанјаху изјави и дека Израел има две цели во Иран – oтстранување на ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска на прес-конференција изјави дека вкупно 28 лица се пријавиле да бидат евакуирани од Израел и оти евакуацијата ќе се врши со владиниот авион. Истакна дека најдоцна до утрешниот ден, осум наши државјани, од кои четири деца, ќе заминат во Египет и со авион на Владата, придружени од безбедносен конвој ќе пристигнат во Скопје. -Веднаш по добиените информации за ескалацијата ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1022
weather icon

Белград

2ᴼ / 2ᴼ
2.57
93%
1024
weather icon

Загреб

6ᴼ / 2ᴼ
0.0
84%
1025
weather icon

Софија

7ᴼ / 4ᴼ
0.51
69%
1022
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.52
79%
1021
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 0ᴼ
0.51
97%
1025
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
2.57
74%
1020
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1021
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
81%
1021
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
86%
1020
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
95%
1024
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
81%
1021
Currency

61.545

Currency

52.6235

Currency

70.3767

Currency

34.9764

Currency

38.1116

Currency

65.893

Currency

7.44979

Currency

0.66279

Currency

0.33764

Currency

0.52436

Currency

1.23507

Currency

0.58084

Платина

53749.14

Цинк

3.26

Злато

135736.19

Родиум

256402.20

Иридиум

145787.60

Никел

467712.99

Калај

40.84

Сребро

2008.67

Бакар

10.84

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Паладиум

46650.73