Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
Целосна мобилизација на сите градски служби и јавни претпријатија е прогласена во Скопје, каде екипите ќе останат на терен во текот на целата ноќ за да ги санираат последиците од силното невреме. Поројниот дожд и ветерот кои го зафатија главниот град наложија итна и координирана реакција на терен со цел да се спречат поголеми материјални штети и да се заштитат граѓаните. Надлежните уверуваат дека се во постојан контакт со сите локални ...
Забрана за предавање и целосно одземање на патната исправа се бара за 38-годишна доцентка од Кочани, која е под истрага дека земала поткуп од 300 евра за да пушти студент. Коруптивната зделка се реализирала на 29 јуни во нејзиниот кабинет на Универзитетот во Штип, каде во индексот на студентот била впишана преодна оценка веднаш по оставањето на парите на масата. Обвинителството ја почна истрагата за кривичното дело примање поткуп, ...
Вистинска драма се случувала на Клиниката за онкологија во Скопје, откако по силното невреме целосно бил поплавен долниот кат каде се врши радиотерапија на најтешко болните пациенти, објави порталот „Скoпjе1“. Поради навлегувањето на водата, персоналот експресно и во паника ги исклучил сите скапи апарати за зрачење, со цел да се спречи катастрофа од струен удар и поголема материјална штета. Како што пишува порталот, во моментот на поплавата ...
Поради невремето кое во попладневните часови го зафати подрачјето на Град Скопје, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се примени повеќе пријави за поплави 1. Два подвозника со заглавени коли (пред кружниот тек во Бутел, бул.Србија во Кисела Вода). 2. Три кружни токови (кај Ист гејт, опш.Гази Баба; кај Мото Центар и Цементара, опш.Кисела Вода; кај Железара, опш.Гази Баба). 3. Улица Јордан Мијалков позади Дајмонд мол е ...
Општина Гази Баба веднаш го активираше Кризниот штаб по силното невреме кое попладнево го погоди главниот град. Градоначалникот Бобан Стефковски информираше дека сите надлежни општински служби се веќе излезени на терен за справување со последиците. Првиот човек на општината упати јавен повик до локалното население веднаш да ги пријави настанатите дефекти и материјални штети во нивните реони. „Ги повикувам сите граѓани да ги пријават сите ...
Поради невремето кое во попладневните часови го зафати подрачјето на Град Скопје, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се примени повеќе пријави од граѓани за поплавени подрумски простории, дворови на куќи, магацински простории, подвозници и кружни текови, како и за заглавени возила и други ризици и опасности предизвикани од обилните врнежи; соопшти ЦУК. „Според досега пристигнатите пријави, најпогодени се општините Кисела ...
Струмица е најновата клучна точка на инвестициската мапа на Lidl во земјава. Со денешното поставување на камен-темелникот, компанијата официјално ја започна изградбата на новиот маркет, кој не само што ќе ја прошири продажната мрежа, туку ќе донесе и директен поттик за локалната економија. Оваа инвестиција е дел од стратешкиот развој на Lidl во Македонија, насочен кон создавање нови работни места, поддршка на домашното производство и ...
Силното невреме кое попладнево го зафати Скопје предизвика сериозно оштетување на сообраќајната сигнализација во населбата Радишани. Жители и возачи алармираат дека еден од семафорите е откорнат и во моментов виси над самиот коловоз. Според дојавите од терен, оштетената конструкција претставува директна закана за возилата и пешаците кои поминуваат низ оваа крстосница. Силното невреме кое попладнево го зафати Скопје предизвика сериозно ...
Силното невреме проследено со пороен дожд кое попладнево го зафати Скопје предизвика сериозни проблеми во сообраќајот, а една од најкритичните точки е подвозникот на Булевар Србија. Булеварот Србија подвозник е целосно поплавен. Граѓани и возачи од терен алармираат дека нивото на водата под подвозникот е критично висока. Ваквата состојба предизвика целосен застој и оневозможено движење за автомобилите кои се движат по овој фреквентен булевар. ...
Голема количина на вода се акумулираше на коловозот во близина на скопската населба Усје, како последица на обилните врнежи од дожд кои попладнево го зафатија главниот град. Граѓаните од овој дел на Скопје веќе алармираат за сериозни проблеми на терен, пренесе Скопје 1. Според информациите од Скопје 1, високото ниво на водата во овој потег значително го отежнува нормалното одвивање на сообраќајот. Возачите кои транзитираат низ оваа локација ...
Силно невреме попладнево го зафати главниот град, каде за кратко време падна голема количина на дожд. Интензивните врнежи веднаш предизвикаа сериозни проблеми во одвивањето на сообраќајот на критичните точки низ Скопје. Возачите се соочуваат со огромни потешкотии при движењето, а на некои места сообраќајот е во целосен прекин. Во Чаир има кола заглавена во вода. Силно невреме попладнево го зафати главниот град, каде за кратко време падна ...
Силно невреме проследено со интензивни врнежи од дожд и град попладнево го погоди главниот град. Покрај силниот ветер и поројниот дожд, на повеќе локации низ скопските населби е забележано паѓање на град со различна големина. Врнежите од град предизвикаа потешкотии во одвивањето на сообраќајот, а возачите беа принудени да ги запираат своите возила под надвозниците и во близина на дрворедите. Силно невреме проследено со интензивни врнежи од ...
Пет лица лишени од слобода, со едно извршен службен разговор, вкупно осум пријави за семејно насилство во последното деноноќие На 30.06.2026 во 21:30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода З.Д.(38) од Прилеп бидејќи упатувал закани кон неговиот татко. Според пријавеното, додека се заканувал, си нанел и повреда со стаклен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 30.06.2026 во 20:10 часот во ...
Вчера во 19:00 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Н.(68), по претходна пријава дека во домот упатил закани кон неговиот 40-годишен син и неговото семејство, при што со тврд предмет се обидел да го нападне неговиот малолетен внук. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. Вчера во 19:00 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Н.(68), по ...
Поради силното невреме кое во текот на денешниот ден го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со службите и јавните претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза интервенција на терен, доколку има штети, поплави или потреба од итна реакција, соопшти градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. Во постојана координација сме со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и сите надлежни институции, истакна ...
Вчера во 10:00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода В.К. (52) од Куманово, кој бил баран по судска наредба за издржување казна затвор за сторено кривично дело – „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од КЗ. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната. Вчера во 10:00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода В.К. (52) од ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот Горан Ангеловски, денеска на граничниот премин Табановце, со министерот за внатрешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ и вршителот на должност директор на Агенцијата за безбедност во сообраќајот на Република Србија Бранко Стаматовиќ, официјално ја означија првата заедничка превентивна акција „Вози одморен“. Кампањата ...
СДСМ нема да дозволи носење на Изборниот законик во форма што отвора сериозни сомнежи за злоупотреби, нерегуларности и нарушување на легитимноста на изборниот процес, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, нагласувајќи дека партијата ќе го блокира законот. „Токму овој начин на гласање на дијаспората, кој што го предлага Христијан Мицкоски да се имплементира кај нас, не е ниту европски, не е ниту ...
Јавната администрација не се менува со најави, туку со конкретни решенија, системски промени и работа на терен. По две години работа, Министерот за јавна администрација Горан Минчев ги презентираше резултатите од реформскиот процес насочен кон создавање професионална, ефикасна и модерна администрација, која ќе биде поблиска до граѓаните и подобро подготвена да одговори на нивните потреби. „Не ветувавме реформи, туку работевме на нивно ...
Видео-снимка која прикажува случај на врсничко насилство меѓу малолетници во скопската населба Аеродром, во текот на денешниот ден се прошири на социјалните мрежи. Материјалот за кратко време стана предмет на бројни реакции од страна на јавноста. На видеото е прикажано малолетно девојче кое е клекнато на колена, додека неколку други девојчиња физички и вербално го напаѓаат. Инцидентот се случува во присуство на поголема група малолетници кои ...
Вчера во СВР Велес е пријавено дека околу 13:00 часот во близина на село Мрежичко, кавадаречко, при истовар на земја од товарно возило „ман“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.К.(56) од Кавадарци, возилото се превртело и паднало во провалија. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал И.К., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци. Од страна на алпинистички тим од Специјалната антитерористичка ...
По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Примање поткуп. „Според обвинението, обвинетиот, како службено лице – директор на Државниот инспекторат за земјоделство, во март годинава директно побарал и прибавил значителна имотна корист за себе за да изврши службено ...
Новиот мост „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје, кој со години беше надвор од употреба поради нерешени имотно-правни односи, конечно ќе биде пуштен во сообраќај. Процесот е придвижен откако градските и општинските власти го решија долгогодишниот проблем со експропријација на куќите на самата траса. На терен веќе започна расчистувањето на булеварот „АСНОМ“, со што се отвора патот за целосно поврзување на сообраќајната инфраструктура. ...
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа прес конференција заедно со националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска, на која информираа за имплементацијата на модулот во системот Мојтермин за евидентирање на волјата на граѓаните да бидат органодарители. Со денешната прес-конференција заокружуваме еден од најчовечките, најсмелите и најуспешно финализирани процеси што ги водевме во здравството. Со ...
По дестабилизацијата на времето во Кичевско и Преспа, Управата за хидрометеоролошки работи регистрираше развој на нови нестабилни облачни маси во уште неколку региони низ државата. Синоптичарите предупредуваат дека интензивните атмосферски процеси попладнево се селат и во источниот дел на земјата. „По Кичево и Преспа Нестабилна облачна маса има и источно од Свети Николе каде има јак пороен дожд, ретки грмежи, засилен ветер и наместа можна ...
Во Струмица денеска беше поставен камен-темелник за изградба на нов маркет од германскиот малопродажен синџир „Лидл“. Оваа инвестиција се очекува да донесе директна поддршка за пласманот на домашното земјоделско производство на странските пазари. Министерот за транспорт, Александар Николоски, преку социјалните мрежи порача дека овој проект има стратешко значење за целиот струмички регион. Според него, влезот на овој бренд значително ќе ја ...
Опозициските партии СДСМ и Левица преку поднесување на десетици илјади амандмани вршат блокада на предложените измени на Изборниот законик во Собранието, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Според него, овој законски текст претходно бил предмет на повеќемесечни меѓупартиски договори и усогласувања. Од владејачката партија посочуваат дека мотивот за ваквиот чекор на опозицијата е поврзан со нивните очекувања за претстојниот ...
Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, од денеска и официјално ги продолжува своите редовни работни активности и обврски во локалната самоуправа. Од општината информираат дека и во периодот на неговото отсуство, институцијата функционирала професионално, непречено и согласно утврдената динамика на администрацијата. Тековните проекти и услугите кон граѓаните се реализирале континуирано, со цел да не се почувствува застој во ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска појасни дека владејачката партија е подготвена да излезе во пресрет на барањата на опозицијата за измени во Изборниот законик. Единствениот услов кој не се прифаќа е укинувањето на предложеното електронско гласање за македонската дијаспора. Воедно, првиот човек на Владата категорично ги отфрли медиумските написи кои го поврзуваат овој изборен модел со негова лична политичка агенда. Мицкоски јавно порача ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево излезе со вонредна информација за нагла дестабилизација на временските прилики во делови од државата. Силни атмосферски процеси веќе се регистрирани во два региона. Според официјалното известување од метеоролозите, невремето е проследено со интензивни врнежи и електрични празнења. „Поинтензивна нестабилност има североисточно од Кичево и јак пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на ...