Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска вети дека неговата земја ќе одговори на масовниот руски напад врз главниот град Киев, кој беше изведен во текот на ноќта. Ова се смета за еден од најмасовните руски напади врз Киев од почетокот на војната пред повеќе од четири години. Според последните информации објавени од Укринформ, кои се повикуваат на Државната служба за вонредни состојби, бројот на жртвите во главниот град се искачи на ...
Првиот ден од јули донесе нагло заладување во највисоките региони на Алпите, каде по рекордно високите температури во јуни, беа забележани обилни врнежи од снег. Продорот на студен фронт ја спушти снежната граница на 2.800 до 3.000 метри надморска височина, покривајќи ги со нов снег бројните алпски врвови и глечери во Швајцарија, северна Италија, западна Австрија и Германија. Во некои скијачки центри и населби на голема надморска височина ...
Шпанија и Франција се подготвуваат за нов бран екстремна топлина што би можел да ги донесе температурите до 44 степени Целзиусови во наредните денови, додека прелиминарните податоци покажуваат дека повеќе од 2.000 луѓе починале во јуни во овие две земји поради високите температури. Во исто време, здравствените власти во Германија проценуваат дека топлината придонела за смртта на повеќе од 800 луѓе од почетокот на годината до крајот на јуни, ...
Најмалку пет лица загинаа, а 16 се повредени во силна експлозија што одекна во преполно кафуле во центарот на Дамаск, јавуваат сириските државни медиуми. Според информациите од државната телевизија, експлозивната направа била поставена во објектот кој се наоѓа во непосредна близина на Палатата на правдата. Безбедносните служби веднаш излегле на терен, но до овој момент ниту една група или организација нема преземено одговорност за нападот. ...
Германскиот државен Институт „Роберт Кох“ денеска соопшти дека од почетокот на годината до топлотниот бран од крајот на јуни, од последица на топлото време починале повеќе од 800 луѓе. Најголемиот дел од регистрираните смртни случаи се забележани кај највозрасната категорија на граѓани. „До 21 јуни, повеќе од 800 луѓе починаа од топлото време, од кои 500 од нив биле над 85 години. Во возрасната група помеѓу 75 и 84 години, регистрирани се 190 ...
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во четврток, 2 јули 2026 година, во 13:06 часот, во островската група Додеканези во Грција. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во областа со географски координати на географска ширина 35,4168 и географска должина 27,3066, или 26 км од Карпатос. Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва во интервју на Тема на денот во централниот дневник на телевизија Сител нагласи дека нема амбиција да се кандидира за претседател на државата, но дека како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе предводи уште една голема победа над СДС на следните парламентарни избори. „Кога ќе завршам со овој дел од мојот живот како претседател на Владата ќе се вратам на факултет кај студентите, јас никогаш не кажав ...
Согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за постоење кризна состојба поради зголемените ризици од пожари на отворен простор и шумски пожари, денеска (02.07.2026 година) во Центарот за управување со кризи се одржа првата координативна седница на Главниот штаб за управување со кризи. На седницата присуствуваше директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамет Али, заедно со раководителот на Главниот штаб и преставници ...
Ирски државјанин се здобил со тешки телесни повреди во Мостар, откако била активирана пиротехничка направа за време на организирано гледање на фудбалскиот натпревар меѓу Босна и Херцеговина и САД. Од Кантоналната болница „Д-р Сафет Мујиќ“ информираат дека повредениот е со иницијали В. В. (роден 2002 година) и има сериозни повреди на десната рака. Лекарите веднаш извршиле итни хируршки процедури врз младиот човек, по што неговата здравствена ...
Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија, во гостување во централниот дневник во „Тема на денот“ на ТВ Сител вели дека за само две години просечната плата е зголемена за 8.000 денари, пензиите на пензионерите за 7.000 денари, растот на БДП од 1,8 проценти сега е 3,5 проценти, а во моментот се градат и шест автопатски делници, потенцирајќи дека Владата работи макотрпно и е насочена на реализација на проектите. ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „Тема на денот“ во Дневникот на Сител телевизија говорејќи за Изборниот законик истакна дека СДСМ и Левица се борат против Изборниот законик и против гласањето на дијаспората, затоа што се свесни дека ќе загубат на изборите. „Суштината е да обезбедиме поголема излезност на дијаспората, поголема комуникација меѓу татковината и дијаспората, затоа што целта ни е да ги вратиме тие луѓе, ...
Вчера во 04:40 часот, во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Г.Ф. (19) од Република Италија, бидејќи истата физички нападнала полициски службеник при извршување службени дејствија. При преземањето на службените мерки било констатирано дека лицето нема регулиран престој во државата. По целосно документирање на случајот, против Г.Ф. ќе биде поднесен соодветен поднесок. Вчера во 04:40 часот, во ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вечерва во интервју во централниот дневник на телевизија Сител нагласи дека нема амбиција да се кандидира за претседател на државата. Тој порача дека како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе предводи уште една голема победа над СДС на следните парламентарни избори. Мицкоски се осврна на своите идни планови по завршувањето на премиерската функција, испраќајки порака и до своите политички опоненти. „Кога ...
Во северна Грција за 1,8 степени, на југот, на Крит за 0,2 степени била повисока температурата во текот на јуни годинава, споредено со просечните температури во периодот 2010-2019 година, а во целата земја, минатиот месец биле измерени температури над просекот, јави дописничката на МИА од Атина. Според мрежата од 53 метеоролошки станици на порталот Метро на Националната опсерваторија во Атина, која работи непрекинато од 2010 година, јуни 2026 ...
Опасната риба-зајак или зајачка риба, што се појави во водите на Средоземното Море, има толку силни заби што може да пробијат лимена конзерва, или да одгризат прсте на човек, демонстрираат млади грчки рибари во видео објавено на мрежата „Икс“. Освен тоа, телото на го содржи силниот отров тетродотоксин, кој може да предизвика парализа или застој на органите за дишење. Се смета дека овој опасен вид риба мигрирал во Медитеранот од тропските ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска се обрати до младите со порака за политичка мобилизација и борба за иднината на државата. Тој во својот говор се осврна на актуелните општествени предизвици и причините поради кои младите луѓе се соочуваат со дилеми дали да заминат од земјава. Филипче потенцираше дека СДСМ дејствува како државотворна партија која во минатото носела клучни одлуки за просперитетот на татковината. Според него, во ...
Илјадници раселени Венецуелци спијат во преполни засолништа или на отворено без пристап до чиста вода и во ужасни санитарни услови по земјотресите од 24 јуни, кои според официјалните бројки убија најмалку 2.295 лица, а повредија повеќе од 11.000. Хуманитарните работници предупредија дека последиците од земјотресите ескалираа во сериозна медицинска криза која, доколку не се реши брзо, ќе однесе повеќе животи во наредните денови и недели. ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) го објави најновиот пресек на температурите и количините на врнежи измерени во 17 часот на мерните станици ширум државата. Највисока температура во 17 часот е измерена во Гевгелија каде се регистрирани 33,5 степени, по што следува Демир Капија со 32,6 и Кавадарци со 32,3 степени. Во Штип во истиот термин се измерени 32,1 степен, во Скопје (Петровец) 31,7 степени, додека во Велес живата во ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари серија одвоени средби со шефот на делегацијата на ЕУ и со амбасадорите на неколку влијателни европски земји во државата. На разговорите во министерството се дебатираше за клучните политички процеси и реформскиот напредок на земјава. „Денеска остварив одвоени средби со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, амбасадорот на Република Австрија, Мартин ...
Лишени од слобода три лица под сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност на територија на скопски Чаир Денеска (02.07.2026) на ул. “Јадранска магистрала” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Џ.Џ., А.А. и Ф.Љ. поради основи на сомнение за сторено кривично дело “предизвикување на општа опасност” по член 288 од КЗ. На 01.07.2026 околу 23:20 часот во ПС Чаир е пријавено дека во отпад за ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, го најавија почетокот на реконструкцијата на двете клучни сообраќајници во овој дел на Скопје. Проектот опфаќа реконструкција на повеќе од 2,2 километри улици, каде ќе биде поставен нов асфалтен коловоз, како и обнова на речиси 4 километри тротоари за пешаците. Како клучна фаза од градежните работи се наведува изградбата на нова ...
Електронскиот надзор сè почесто се применува како алтернатива на издржувањето затворска казна во македонскиот правосуден систем. Во моментов, вкупно десет осуденици во земјава ја издржуваат својата казна во домашни услови со примена на електронска алка. Од Управата за извршување на санкциите информираат дека веќе започнало и спроведувањето на десеттата судска одлука со која се применува овој специфичен систем за надзор. Официјалните податоци ...
Врсничкото насилство може да запре само со заеднички ангажман на институциите, наставниците, заедницата, но пред сѐ со поголема грижа и посветеност на родителите во воспитувањето на децата. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на едукативниот панел за родители одржан денеска во општина Гази Баба. Министерката се осврна на неодамнешните немили настани и посочи дека насилството е сериозен аларм за целото општество. ...
Министерката за финансии зборува за пренасочување на европски средства кон „реформски лидери“, велат од СДСМ. „Прашуваме: За кои реформи? За оние кои Мицкоски ги најави дека ќе бидат завршени до 1 јуни, а за кои повеќе никој не зборува? За реформите за кои добија грејс период од една година уште во 2025 и не се исполнија? Што е сега со роковите? Што е направено од реформската агенда? Македонија е во опасност да остане надвор од седумгодишниот ...
Безбедноста е процес кој бара визија, континуирана работа и силно партнерство со локалната самоуправа и граѓаните. Затоа, Министерството за внатрешни работи продолжува посветено да инвестира во унапредување на безбедносниот систем и создавање посигурна иднина за сите. За време на посетата на СВР Струмица, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, оствари работна средба ...
Времето утре ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, соопшти УХМР. Попладне повторно ќе биде нестабилно наместа со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. До средината на следната работна седмица следува период на стабилно и претежно сончево време. Во сабота ќе дува ...
Поради реализација на планирани технички зафати во електропреносната мрежа, утре дел од корисниците во Скопје и околината ќе соочат со привремен прекин во снабдувањето со струја, соопшти ЕВН. Без електрична енергија утре во период од неколку часа ќе останат жителите на три скопски села. Прекинот во селата Текија, Дељадровци и Миладиновци ќе започне наутро во 08:30 часот и ќе трае до 15:30 часот. Покрај овие населени места, планиран прекин е ...
На 30.06.2026 во 11:32 часот во СВР Штип од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено поправната установа Затвор Штип бил донесен 39 годишен осуденик од кавадаречко. Според пријавеното, во установата 59 годишен осуденик од струмичко извршил обљуба врз оштетениот. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава. На 30.06.2026 во 11:32 часот во СВР Штип од Клиничка болница Штип ...
На 02.07.2026 во 01:00 часот полициски службеници од ОВР Демир Хисар на ул.„Битолска” во Демир Хисар ги лишија од слобода Г.С.(41) и Т.И.(37) двајцата од с.Арвати, ресенско. Имено, при преглед на возило „пежо“ со ресенски регистарски ознаки управувано од Г.С. пронајдени се две ловни пушки во футрола за кој лицата не носеле дозволи за поседување на оружје и 16 парчиња муниција. По документирање на настанот против истите ќе следува соодветен ...
Вчера во 16 20 часот, на улицата „Иван Трпески“ во Кичево, лишена од слобода била Ј.С.(40) од Кичево. Од МВР информираат дека 40-годишната Ј.С. била уапсена по претходна пријава дека во семејниот дом, во алкохолизирана состојба физички ја нападнала нејзината малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Вчера во 16 20 часот, на улицата „Иван Трпески“ во Кичево, лишена од слобода била Ј.С.(40) од ...