Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
УХМР издаде метео-аларм за локално невреме на територијата на Македонија. Македонија и денеска ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса, која ќе донесе променливо облачно време со локални врнежи од дожд и грмежи. Според прогнозата, на повеќе места се очекуваат интензивни врнежи, при што локално може да наврнат повеќе од 15 литри дожд на квадратен метар. Невремето ќе биде проследено со силни грмежи, ветер што повремено ќе надминува 60 ...
Ретка и исклучително силна политичка изјава на социјалните мрежи сподели поранешната прва дама Меланија Трамп, отворено поддржувајќи ја радикалната одлука на американскиот Врховен суд за спортот. Врховниот суд пресуди дека сојузните држави имаат целосно право со закон да ги ограничат и забранат настапите на трансродовите спортисти во женските категории. Меланија Трамп јавно порача дека иако лично ја поддржува ЛГБТКИА+ заедницата, сепак мора ...
По насилното укинување на техничката Влада, Христијан Мицкоски сака со сила да воведува автократски модели. Ова го велат од опозициската СДСМ денеска преку соопштение упатено до јавноста. -Мицкоски сака изборен закон со кој никој нема да контролира околу 200.000 гласови. Сака гласовите на дијаспората што ќе пристигнуваат преку интернет да немаат никаква контрола. Додека нашите граѓани кои гласаат во татковината минуваат сериозна контрола пред ...
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи реагира дека на лидерската средба во фокус била темата за воведување на една изборна единица, а не електронското гласање на дијаспората, кое според него подоцна се појавило како клучно прашање и „црвена линија“ на ВМРО-ДПМНЕ во преговорите за новиот Изборен законик, се наведува во соопштението од ПП Левица. -„Чекај малце премиере… На лидерската средба зборевме за една ...
СДС и Левица по месеци разговори усогласувања и прифатени забелешки, денес го блокираат донесувањето на Изборниот законик и ги кочат реформските процеси. СДС и Левица учествуваа во креирањето на текстот, но денес поднесуваат десетици илјади амандмани со единствена цел да го блокираат донесувањето на Изборниот законик и да ги закочат реформските процеси. Ова го велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста. -Изборниот законик е усогласен со ...
Обилните врнежи што ја зафатија земјава во изминатото деноноќие беа најизразени во скопскиот регион, каде во населбата Црешево се измерени 74 литри дожд на квадратен метар. Високи количини се регистрирани и во Лисиче со 63 литри, како и во Гази Баба, каде наврнале 44 литри на квадратен метар. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до 8 часот утрово 32 литри на квадратен метар се измерени во Куманово, 29 во Крива ...
По вчерашната седница на Претседателството на ВРЕДИ, донесена е одлука претставници на коалицијата во Владата да бидат личности кои носат нова енергија, одговорност и посветеност во служба на граѓаните. Ова го наведуваат од партијата, преку соопштение упатено до јавноста. -За министер за правда е предложен универзитетскиот професор Џетон Шасивари, за министер за односи меѓу заедниците е предложен Агон Ферати, додека за министер за култура и ...
Силното невреме што вчера го зафати Куманово зад себе остави поплавени домови, деловни објекти и улици, а екипите на надлежните служби со часови работеа на отстранување на последиците. Денеска состојбата е ставена под контрола и повеќе нема активни интервенции. Според Регионалниот центар за управување со кризи, најголем дел од пријавите се однесувале на поплавени подруми и навлегување вода во станбени и деловни објекти, при што е причинета ...
Воздушниот транспорт во Северна Македонија бележи континуиран напредок преку инвестиции во безбедност, технологија и проширување на врските со нови дестинации. Кадрите на ВРЕДИ во институциите покажуваат дека со работа и посветеност можат да се постигнат стандарди кои до вчера изгледаа недостижни. Ова го велат од партијата ВРЕДИ преку соопштение упатено до јавноста. – Во таа насока, заменик-министерката за транспорт и врски, Калтрина Зеколи, ...
Четириесет и осумгодишен работник е тешко повреден при извршување на работни задачи во фирма на подрачјето на скопската општина Чаир. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 30 јуни околу 21:35 часот од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во СВР Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.К. (48). Според првичните информации, тој се здобил со повредите за време на извршување на работните обврски. ...
Возач од Тетово е лишен од слобода откако бил фатен како вози со брзина од 177 километри на час на делница каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот е евидентиран вчера околу 18 часот на патниот правец Гостивар – Тетово, кај клучката Боговиње. Брзината била измерена од полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот со специјално возило ...
УХМР ги измери температурите во градовите низ Македонија во осум часот утринава. Според податоците од УХМР, утрово најсвежо е во Радовиш каде се измерени 15 степени, а највисока температура е измерена во Гевгелија, 22 степени. Во Скопје утринава во осум часот се измерени 17 степени. Македонија и денеска ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса, која ќе донесе променливо облачно време со локални врнежи од дожд и грмежи. Според ...
Во Секторот за внатрешни работи Струмица денеска свечено ќе бидат пуштени во употреба нови простории наменети за разговор со деца кои се во судир со законот. На отворањето е најавено присуството на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој ќе има свое обраќање пред присутните. Предвидено е на настанот да се обратат и амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Сулстром, шефот на Мисијата на ОБСЕ, Килиан Вал, како и директорот на Бирото ...
Државна делегација предводена од заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска ќе престојува во Штип, каде ќе ја посети подрачната канцеларија на Агенцијата за вработување. Во посетата ќе учествуваат и градоначалникот на Штип Иван Јорданов, директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, Даниела Димовска, како и заменик-директорката на Агенцијата за вработување Весна Пешова. Како ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во работна посета на Општина Неготино, каде ќе присуствува на отворањето на реконструираната улица „29 Ноември“. Во рамки на посетата, претседателот на Владата ќе изврши и увид во тековните градежни работи за изградба на нов кружен тек на крстосницата што ги поврзува улиците „Маршал Тито“, „Партизанска“, „Даме Груев“ и „Христо Ботев“. По обиколката на локациите, предвидено е Мицкоски да се ...
Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, денеска дел од жителите на Општина Ѓорче Петров ќе бидат без снабдување со електрична енергија. Според информациите од ЕВН Македонија АД, прекинот е предвиден во периодот од 9:30 до 14:30 часот и ќе ги опфати домаќинствата и останатите корисници на улиците „Ѓурчин Кокале“, „Мечкин Камен“, „Македонска Преродба“ и „Борис Сарафов“. Поради планирани технички зафати на ...
Македонија и денеска ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса, која ќе донесе променливо облачно време со локални врнежи од дожд и грмежи. Според прогнозата, на повеќе места се очекуваат интензивни врнежи, при што локално може да наврнат повеќе од 15 литри дожд на квадратен метар. Невремето ќе биде проследено со силни грмежи, ветер што повремено ќе надминува 60 километри на час, а можно е и појава на град. Утринските температури ќе се ...
Сообраќајот низ земјава утрово се одвива без поголеми пречки, а коловозите на поголемиот дел од патиштата се суви. Според надлежните, сите државни патни правци се целосно проодни. Возачите сепак се предупредуваат на зголемена внимателност на делниците што минуваат низ клисури и планински усеци, каде поради природни процеси е можна појава на помали одрони. Од ЈП „Македонија пат“ апелираат учесниците во сообраќајот да ја приспособат брзината на ...
Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје вечерва се одржа традиционалниот свечен прием по повод одбележувањето на големиот јубилеј, 250-годишнината од американската независност. Настанот, кој традиционално се организира неколку дена пред самиот официјален празник 4 јули, собра голем број гости, меѓу кои дипломати, претставници на политички партии, градоначалници, како и јавни личности и новинари. Вршителката на должноста ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски од Даблин упати јасна порака дека Украина ги има целосно исполнето сите неопходни услови за отворање на преостанатите пет преговарачки кластери со Европската Унија. Тој изрази силна надеж дека овој клучен чекор во евроинтегративниот процес на неговата земја ќе се реализира во најскоро можно време. Зеленски пред присутните потенцираше дека брзото зачленување на Украина во европското семејство не е ...
На 74-годишна возраст почина Виктор Вилис, препознатливиот водечки вокал и коавтор на легендарната американска диско група Village People. Музичарот роден во Тексас беше клучна фигура во подемот на групата кон глобална слава во текот на 1970-тите години. Вилис беше коавтор на некои од најголемите хитови во поп-историјата, меѓу кои „YMCA“, „Go West“ и „In The Navy“, кои станаа неизбришлив дел од светската поп-култура. Покрај по музиката, ...
Иранската нуклеарна програма е целосно вратена со децении наназад и економски девастирана благодарение на директните и координирани американски воени напади врз нејзините клучни постројки. Оваа шокантна проценка ја изнесе американскиот потпретседател Џеј Ди Венс за време на неговото официјално обраќање пред војниците стационирани во поморската воздушна база во Вирџинија. Венс истакна дека според податоците на американските разузнавачки ...
Пет лица се повредени, меѓу кои една жена која се наоѓа во критична состојба, по серија координирани напади со запаливи направи во Солун. Цел на нападите во раните утрински часови биле објекти поврзани со високи функционери на владејачката партија Нова демократија. Според информациите на грчкиот медиум „Прототема“, напаѓачите користеле мотоцикли за брзо да се оддалечат од локациите. Најсериозни последици се регистрирани за време на третиот ...
Вистински потоп и енормна количина на воден талог од дури 74 литри на квадратен метар наврна во изминатите 12 часа во скопското село Црешево, кое беше најпогодено од невремето. Веднаш по него, според официјалните мерења, најкритично било во Општина Гази Баба каде се регистрирани 44 литри, по што следат Крива Паланка со 29 и Берово со 22 литри дожд. Огромни количини вода паднаа и во Струмица и на Зајчев Рид каде се измерени по 18 литри, додека ...
По силното невреме кое го зафати Скопје, благодарение на брзата, координирана и навремена реакција на службите, состојбата во градот за рекордно кратко време се нормализира, уверува скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. -Се перат улиците, се чистат земјените наноси, се отстрануваат паднатите гранки. Екипите на јавните претпријатија, надлежните институции и Кризниот штаб остануваат на терен и во текот на целата ноќ, со цел навремено да се ...
Романската престолнина синоќа беше погодена од силно невреме проследено со црвена временска тревога, за кое метеоролозите проценуваат дека е меѓу најразорните во изминатите четири децении. Според официјалните извештаи, едно лице го загуби животот во округот Илфов кога дрво паднало врз неговиот автомобил, а причинета е и огромна материјална штета. Врнежите кои траеле околу 12 часа достигнале количества кои вообичаено паѓаат за месец и ...
Трагична несреќа се случила вчера во близина на кавадаречкото село Мрежичко, каде што 56-годишен жител на Кавадарци го загубил животот откако товарно возило излетало и паднало во провалија. Според информациите од МВР, несреќата се случила околу 13 часот при истовар на земја од товарно возило „ман“, кога камионот се превртел и завршил во провалија. Возачот И.К. се здобил со тешки повреди, од кои починал на местото на несреќата. Смртта ја ...
Промоција преку медиуми од таканаречената Орбанова мрежа и тајна координација од сенка за создавање лажна опозиција е новата политичка стратегија на власта, обвинуваат вечерва од СДСМ преку вонредно соопштение. Според тврдењата на Бихаќка, зад проектот наречен „ЗНАМ 2.0“ директно стои премиерот Христијан Мицкоски, кој уште од декември минатата година се обидувал да протне ваква платформа со цел да предизвика внатрешни поделби. Како главен ...
Заглавени автомобили во целосно потопени подвозници, блокирани кружни текови и вода која навлегла длабоко во Амфитеатарот на МАНУ ја одбележаа драматичната попладневна бура што ја парализираше државата. Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 е затрупан со стотици пријави за поплавени куќи, подруми и деловни објекти во скопските населби Кисела Вода, Автокоманда и Чаир. Сериозна закана од прелевање и поплавување на дворови во моментов ...
Краткото, но интензивно невреме проследено со силни громови и електрични празнења предизвика серија пожари и технички дефекти во струмичкиот регион. Поради силината на ударите, повеќе противпожарни тимови беа истовремено распоредени на терен во неколку населени места каде што штетите беа најголеми. Молњите и настанатите куси споеви буквално запалија електрични столбови и кабли во селата Моноспитово, Куклиш и Горни Балдовци, оставајќи делови ...