Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Жителите на скопската населба Нерези во општина Карпош по неколку децении ќе добијат нова и модерна водоводна мрежа, со што трајно ќе се реши долгогодишниот проблем со слабиот притисок на вода и честите дефекти во овој дел од градот. Увид во теренските градежни активности извршија Орце Ѓорѓиевски и Сотир Лукровски, кои истакнаа дека се врши целосна замена на старата и дотраена инфраструктура која одамна го надминала својот век на употреба. ...
Дваесет и шестгодишно момче со иницијали Ф. Б. загина во средата попладне откако било погодено од гром во непристапна планинска област помеѓу планините Букоши и Делоци, во близина на општина Сува Река. Локалната брза помош првично ја информирала полицијата дека добиле дојава од жителите на селото Деловац за лице кое било погодено од гром и не покажувало знаци на живот во месноста „Гури и Делоцит“. Веднаш по пријавата, патроли и истражители од ...
Шеесет и петгодишен работник со иницијали С. К. почина во четвртокот по тешка несреќа што се случила на градилиште на улицата Лука Ќеловиќа Требињац во белградската општина Савски венец, дознава „Телеграф.рс“. Според првичните информации, несреќата се случила кога работникот, под засега неутврдени околности, паднал низ вентилациона дупка на објектот од висина од околу 15 метри. Екипа на брза помош веднаш била повикана на местото на настанот, ...
УХМР ги измери темепратурите во 11 часот во градовите низ Македонија. Најсвежо е на Попова Шапка со 14 степени, додека најтопло во Гевгелија со 31 степен. Во Скопје во 11 часот се измерени 25 степени. Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа се очекуваат поинтензивни невремиња со обилен дожд (над 15 литри на квадратен метар), ветер посилен од ...
Според последните анализи на Европската комисија, уште еднаш се потврдува дека Македонија заедно со Албанија и со Црна Гора во нашиот регион е признаена како фронтранер по однос на постигнатите реформи согласно Реформската агенда, изави Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. -Според правилата на Планот за раст на Европската комисија, финансиската поддршка којашто се насочува кон земјите кандидати е условена од степенот на ...
Мицкоски се фали со „инвестиции во дигитализација и иновации“. Прашуваме: Кои инвестиции во дигитализација? Дали мисли на дата центри кои ќе го уништат електроснабдувањето во Македонија?, се вели во соопштението од СДСМ. -Дата центрите трошат огромни количини на електрична енергија – колку цели градови, во момент кога Македонија веќе има сериозни проблеми со производство на струја и секојдневно увезува. Додека граѓаните плаќаат високи сметки ...
ВМРО-ДПМНЕ упати сериозни обвинувања до опозициските партии СДС и Левица дека дејствуваат синхронизирано со цел да го кочат и блокираат донесувањето на новиот Изборен законик. На прес-конференција беше посочено дека опозицијата поднела десетици илјади амандмани за решение кое претходно со месеци се усогласувало меѓу партите. Портпаролот на владејачката партија, Валентин Манасиевски, изјави дека блокадите доаѓаат како резултат на ниската ...
Планот на албанската влада за реализација на луксузен туристички проект вреден 1,4 милијарди евра, поддржан од Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, предизвика сериозни реакции во Европскиот парламент. Дел од европратениците предупредуваат дека овој чекор може да го забави или целосно да го загрози патот на Албанија кон ЕУ. Најголеми критики предизвика најавената изградба на ексклузивни комплекси на островот Сазан и на ...
Истрагата за експлозијата што се случи во Монако, чија цел веројатно бил украинскиот олигарх Вадим Јермолаев, е фокусирана на жена во триесеттите години која живее во Германија. Весникот „Ле Фигаро“, повикувајќи се на свои информации, објави дека таа наводно го оставила пакетот со експлозиви пред неговата куќа. Четири дена по експлозијата во Кнежевството, истражителите се обидуваат целосно да го реконструираат текот на нападот врз основа на ...
Најмалку девет лица загинаа откако 11-годишно момче со пикап удри во група будистички аџии на аџилак во североисточен Тајланд, соопштија локалните власти. Во аџилакот учествувале вкупно 35 верници од покраината Мукдахан, лоцирана на околу 600 километри североисточно од главниот град Бангкок. Петмина од нив починале на местото на настанот, додека четворица им подлегнале на повредите во болница. Според информациите од покраинската влада, 13 ...
Уапсени се трите лица осомничени за бруталниот напад на малолетно момче во скопската населба Ченто, кое беше претепано и избодено со нож, на 22 јуни годинава. Според тврдењата на неговото семејство, тој бил нападнат без никаква причина од три лица додека се движел кон улицата „Финска“ во населбата. Напаѓачите најпрво го претепале, а потоа едно од лицата го избодело со нож седум пати во пределот на грбот. По нападот, момчето било оставено без ...
Додека СДС со години зборуваа за реформи, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. -Преку исполнување на чекорите од Реформската агенда, досега се обезбедени 31,7 милиони евра од Планот за раст, токму во делот на дигиталната трансформација. Овие средства не се добиени по случајност, ниту поради празни политички ветувања. Тие се резултат на сериозна работа, исполнети реформи, донесени ...
Нашата визија е изградба на држава во која успехот нема да зависи од привилегии, туку од знаење, во која институциите ќе бидат вистински сервис на стопанството, а економијата ќе се темели на иновации, квалитет и конкурентност, порача премиерот Христијан Мицкоски на форумот за одржливост и отпорни бизниси. Тој истакна дека целта е држава која ќе биде доволно силна да се справи со кризи, но и доволно подготвена да ги искористи можностите што ...
Општина Чаир, во соработка со ЈП „Комунална хигиена“, вечерва спроведе акција за миење на главните сообраќајници на својата територија, со цел отстранување на наносите и нечистотиите оставени по неодамнешното невреме. Во акцијата беа ангажирани две цистерни кои ги миеја најфреквентните улици, со што се придонесе за враќање на чистотата и нормалното одвивање на сообраќајот. Од општината информираат дека вакви активности ќе продолжат и во ...
Кога луѓе кои со години работеа за СДСМ, како Петар Арсовски, почнуваат да ја продаваат „верата за вечера“, тогаш станува јасно дека не станува збор за анализа, туку за позиционирање, стои во соопштението од СДСМ. -Тие не ја предаваат само партијата. Тие ја предаваат идејата. Идејата за борба против организиран криминал, за европска и демократска Македонија, за земја во која младите ќе останат да живеат, а постарите ќе имаат достоинствен ...
Паднаа маските за коалицијата на Венко Заев и Апасиев. Со над 10 илјади амандмани, СДС и Левица свесно го блокираат носењето на новиот Изборен законик, закон на кој со месеци работеа политичките партии со цел да се постигне широк консензус, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. -На Венко Заев и СДС не им одговара македонската дијаспора да добие можност да гласа по електронски пат. Причината е едноставна, затоа што Венко и СДС знаат дека ја ...
На 2 јули 2026 година, во 04:40 часот, во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 19-годишната Г.Ф. од Италија. Според информациите од полицијата, таа физички нападнала полициски службеник при извршување службени дејствија. При преземањето на мерките било утврдено и дека лицето нема регулиран престој во државата. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок. ...
УХМР ги измери температурите во градовите низ Македонија, во осум часот, пред најавеното невреме. На Попова Шапка е најсвежо со 14 степени, додека најтопло е во Гевгелија со измерени 27 степени во осум часот утринава. Во Скопје се измерени 24 степени, според информациите на УХМР. Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа се очекуваат ...
Свети Наум Охридски е една од најзначајните личности во македонската духовна и културна историја. Како ученик на светите Кирил и Методиј и близок соработник на Свети Климент Охридски, тој оставил длабока трага во ширењето на словенската писменост, христијанството и просветителството. По Моравската мисија и престојот во Рим, Свети Наум дошол во Охридскиот крај, каде што на јужниот брег на Охридското Езеро го изградил манастирот што и денес го ...
Хорор ја потресе Македонија по веста дека 14-годишно момче било претепано и избодено со нож во скопската населба Ченто, на 22 јуни. Според тврдењата на неговото семејство, тој бил нападнат без никаква причина од три лица додека се движел кон улицата „Финска“ во населбата. Напаѓачите најпрво го претепале, а потоа едно од лицата го избодело со нож седум пати во пределот на грбот. По нападот, момчето било оставено без свест, сè додека случаен ...
Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа се очекуваат поинтензивни невремиња со обилен дожд (над 15 литри на квадратен метар), ветер посилен од 60 километри на час и можна појава на град. Температурите ќе се движат од 13 до 19 степени наутро, а дневните ќе достигнат од 22 до 34 степени. Во Скопје ќе има променливо облачно време со повремени ...
Пратениците денеска ќе ја продолжат работата во Собранието со продолжение на 104. седница, на која ќе се разгледуваат повеќе важни кадровски и законски прашања. Меѓу точките на дневниот ред се изборот на нов член на Судскиот совет, Предлог-законот за соодветна и правична застапеност во прво читање, како и измените на Законот за судовите, кои се предлагаат по скратена постапка. По завршувањето на 104. седница, ќе продолжи и 108. седница. На ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати на форумот „Претворање на одржливоста во конкурентност: Градење отпорни бизниси во неизвесен свет“, кој ќе се одржи во Скопје. Форумот е организиран од Канцеларијата на Обединетите нации, во партнерство со Стопанската комора и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а ќе ги обедини претставниците на институциите, бизнис-заедницата и меѓународните организации. Покрај ...
Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе биде организирана презентација на дел од новата опрема што Армијата ја доби преку Европскиот мировен фонд, со финансиска поддршка од Европската Унија. На настанот се очекува да присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, амбасадорот на Европската Унија Михалис Рокас и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Покрај презентацијата на новите ...
Поради закажани работи на електродистрибутивната мрежа, денеска ќе има привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од општините Илинден и Ѓорче Петров. Според информациите од ЕВН Македонија, од 8:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе останат потрошувачите во селата Текија, Дељадровци и Миладиновци во општина Илинден. Во општина Ѓорче Петров, прекин на снабдувањето е најавен од 9:30 до 14:30 часот за дел од ...
Вчера во 23:55 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Н.Ш.(38), постапувајќи по претходна пријава од неговиот братучед Е.Ш.(38) од Гостивар, дека околу 23:10 часот во Гостивар, по претходна расправија, физички го нападнал, при што употребил остар предмет. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. Вчера во 23:55 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија ...
Рускиот претседател Владимир Путин нареди зголемување на бројот на вработени во централниот апарат на Федералната служба за заштита (ФСО). Ова е четврти пат Путин да нареди проширување на оваа служба откако ја започна инвазијата на Украина. ФСО е директно одговорна за безбедноста на највисоките државни функционери, на претседателот и на неговото семејство, како и на најтесниот круг соработници на Кремљ, објави „Ди Телеграф“. Според новиот ...
Петгодишно момче загина во нападот на лавица во индиската држава Гуџарат, откако животното го грабнало од рацете на неговиот дедо и го одвлекло во шумата. Инцидентот се случи во селото Чатури, во округот Канба, во близина на планинскиот венец Гир. Според „Индија денес“, детето шетало со дедото кога лавицата се појавила од темнината и го одвлекла во блиската шума. Дедото веднаш повикал помош, а мештаните се обиделе да ја избркаат лавицата со ...
Спасувачките екипи рано денеска, 02.07.2026 година, успеаја да извлечат жив 43-годишен обезбедувач од подрумот на урнат трговски центар, со што заврши повеќедневната операција која стана симбол на надеж по двата силни земјотреси во Венецуела. Хернан Алберто Гил Флорес преживеа осум дена закопан под урнатините на трговскиот центар „Галеријас Плаја Гранде“ во истоимениот крајбрежен град во државата Ла Гваира, каде што бил заробен уште на 24 ...
Светската здравствена организација денеска прогласи крај на епидемијата на хантавирус поврзана со крузерот „Хондиус“, соопштувајќи дека не се пријавени нови случаи од 25 мај. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека и последното лице кое било под опсервација го завршило карантинот, има негативен тест и се вратило дома, што ѝ овозможи на здравствената агенција на ОН и официјално да прогласи крај на епидемијата. За ...