Еден пожарникар е повреден и итно пренесен на скопските Клиники по големиот пожар кој беснееше попладнево во скопската населба Кисела Вода, кај Рампа. -„Пожарот кој попладнево избувна во објект кај „Рампа“, благодарение на брзата, храбра и професионална интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, во рекордно време е ставен под контрола и локализиран. Со тоа беше спречено негово проширување кон околните објекти и избегната е ...

На 04.07.2026 година во 12:50 часот, во СВР Скопје од Итната медицинска помош Скопје било пријавено дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба е пронајден починат М.Ц. (24) од Скопје. Според пријавените информации, тој имал здравствени проблеми. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. На 04.07.2026 година во 12:50 часот, во СВР Скопје од Итната ...

Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола – длабок поклон за брзата реакција на пожарникарите, информираше на социјалните мрежи градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Пожарот кој попладнево избувна во објект кај „Рампа“, благодарение на брзата, храбра и професионална интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, во рекордно време е ставен под контрола и локализиран. Со тоа беше спречено негово проширување кон околните објекти и избегната ...

Се запали магацин или друг простор на Јужен Булевар, во Општина Кисела вода, во Скопје. На терен се екипи на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје кои почнаа со гаснење на пожарот, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. -Од запалениот објект се слушаа пукотници, најверојатно од електрична енергија. Црниот чад се гледа од далеку – информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Се запали магацин или друг простор на ...

Канада ќе изгради нафтовод за снабдување на Азија со еден милион барели сурова нафта дневно. Нафтоводот би бил долг повеќе од илјада километри од западниот брег на Британска Колумбија до пацифичкиот брег. Изградбата на нафтоводот треба да почне во септември следната година. Канада има можност што се пружа еднаш во животот. Можност што ќе ја одреди нашата иднина, изјави канадскиот премиер Марк Карни. Нафтоводот е дел од напорите на Карни да ја ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го става младиот човек во центарот на своите политики и создава услови младите да ја гледаат својата иднина дома, во своите општини, изјави Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. „Наш приоритет е развојот на локалната самоуправа. Силни општини значат подобри услуги, побрз развој и повеќе можности за секој граѓанин затоа што локалниот развој не може да биде успешен без вклучување на младите, нивното ...

Предложениот ребаланс на Буџетот не носи развој, не носи повисоки плати за работниците, не носи фискална стабилизација. Ребалансот на Буџетот е уште едно признание за сите промашени економски политики, и наместо да ги корегира, да ги промени, власта ги продолжува, изјави на Прес-конференција, Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Економијата ќе продолжи да тоне, доаѓа уште потежок и поскап живот за граѓаните. Овој ребаланс носи ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на дводневната посета на Државата Катар, денеска оствари средба со претседателот на Владата и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани. Во разговорите со претседателот на Владата беше потврдено одличното ниво на билатералните односи и беше реафирмирана заедничката определба за нивно понатамошно унапредување. Посебен акцент ...

Лага е дека СДСМ е против тоа дијаспората да гласа. СДСМ е против Мицкоски да гласа наместо дијаспората, обвинуваат од СДСМ. Сведоци сме на нов обид за изборен грабеж со гласовите од дијаспората на шефот на организираната криминална група, Христијан Мицкоски. Откако се спротивставивме и го блокиравме нивниот предлог за електронска кражба на гласовите од дијаспората, поради огромниот ризик од злоупотреби, сега се бара алтернативен метод за ...

Високата предност на партијата во последната анкета ја гледам како потврда за политиките и работата на Владата, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека неговиот фокус останува на реализација на проекти, реформи и исполнување на очекувањата на граѓаните. Одговарајќи на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник за изградба на нов објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци, Мицкоски рече дека ...

На 05.07.2026 во 00:50 часот, на булеварот „Ослободување“ во Кичево, приведен е Л.Б.(19) од кичевското село Бачишта, по претходна пријава дека во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување кон случајните минувачи. По извршено алкотестирање, кај него констатирани се 2,02 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 05.07.2026 ...

На 04.07.2026 во 22:45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека А.Ј.(49) од Охрид, починал во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Тој, според пријавеното, претходно бил донесен со тешки телесни повреди, со кои се здобил при пад од кров на куќа, која ја градел на сопствена парцела лоцирана во близина на стариот пат Охрид-Струга. Полициски службеници извршија увид на местото на настанот. На 04.07.2026 во 22:45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека ...

Не се точни изјавите на Мицкоски дека нашите барања во Работната група за измена на Изборниот законик биле целосно прифатени. Напротив, нашите барања беа пред сѐ, една изборна единица и укинување на платеното политичко рекламирање и беа одбиени. Во текот на целиот процес за подготовка на Изборниот законик во Работната група, Левица беше конструктивна, целеше кон консензус и имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, велат од Левица. Една ...

Левичарите од Тему на чело со Димитар Апасиев алчни за пари го блокираат Изборниот законик за да се претстават како тврдокорни, изјави денеска Валентин Николовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Иако со консенсуз од сите политички партии беше прифатено она што Димитар Апасиев и Левица го бараа, а тоа е повеќе пари за финансирање на кампањата од Буџетот, левичарите од Тему денес тој договор го поништуваат. Пред граѓаните велат дека проблемот е во ...

Продолжува легализираниот рекет на Центарци, спроведуван од Герасимовски и СДС. Некомпетентните општински советници, избрани лично од Зоран Заев, цел месец бегаат од дебата и ја одложуваат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата за враќање на старите цени за паркинг маркици, за жителите на Општина Центар. Герасимовски и СДС, очигледно се решени да удрат по џебот на центарци, само за да ги трошат нивните пари на тендери за фирми блиски до ...

Стравот на Венко Заев и СДС е едноставен, тие знаат дека дијаспората нема да гласа за нив затоа што тие луѓе си заминаа од државата токму поради нивното катастрофалното раководење. Венко Заев и СДС денес панично го блокираат Изборниот законик со илјадници амандмани од една единствена причина, бидејќи стравуваат дека македонската дијаспора нема да им ја даде довербата, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Токму нивното катастрофално владеење, неспособноста, ...

Почна функционирањето на новиот состав на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје за новиот мандатен период (1 јули 2026 – 1 јули 2029) по конститутивната седница на Сенатот одржана на 23 јуни 2026. Универзитетскиот сенат ги извршува своите надлежности во согласност со законските и статутарните одредби на УКИМ. Како што објави Универзитетот, по спроведено гласање на конститутивната седница проф. д-р Владо ...

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 17 пожари на отворен простор, од кои еден е ставен под контрола, а 16 се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите на ЦУК, под контрола е пожарот во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Белица, каде што биле зафатени борова шума и ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во Општина Ѓорче Петров кај селото ...

Истражувањето на МКД.мк, спроведено од агенцијата Маркет вижн од 10 до 27 јуни покажува дека јавноста во Македонија е добро запозната со предлозите на законот за заштита од употреба на тутунски и сродни производи. Одговорите на 1.200 испитаници покажаа дека повеќе од 2/3 од населението ги поддржуваат предлозите на Владата за забрана на пушење на јавни места. На прашањето „Дали сте запознаени со предлозите на Законот за забрана за пушење на ...

Земјите-членки на Европска Унија денеска едногласно се согласија за отворање на уште еден кластер од претпристапните преговори со Украина и со Молдавија. Официјалното отворање ќе биде на Меѓувладина конференција на 14 јули. Договорот постигнат за отворање на Групата 6 – Надворешни односи, која ги вклучува Поглавјето 30 (Надворешни економски односи) и Поглавјето 31 (Надворешна, безбедносна и одбранбена политика), следи по официјалното ...

Вчерашната нарачана анкета на ВМРО-ОКГ и последната „анкета“ на нивниот партнер Максим Димитриевски објавена денес, се огледало на истата лажна реалност во која живее владејачката тендер коалиција, велат од СДСМ. Во анкетата на ВМРО-ОКГ, СДСМ е веќе втора партија, а ВМРО бележи нов пад од 3,5% за само два месеци. Во анкетата на Максим, ЗНАМ е прва партија во Македонија и посилна од ВМРО-ОКГ. Партија која повеќе не постои во ниту една сериозна ...

Албанските погранични власти на преминот Муриќан, лоциран на албанско-црногорската граница, приведоа француски државјанин при обид за нелегален транспорт на човек. При рутинска контрола на возилото, полициските службеници откриле дека во патничкиот куфер се наоѓа скриена жена. „Уапсен е Том Хаак, 26-годишен, со француско државјанство. При преглед на неговото возило на граничниот премин Муриќан, службите на граничната полиција пронашле куфер ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец со брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 21, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Денес во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната ...

Тимот за интервентна кардиологија при ГОБ „8ми Септември” воведе нова, иновативна метода – „CoroFlow” – софистициран софтверски медицински систем за прецизна проценка и детектирање дисфункција во микроциркулацијата на срцевиот мускул, информира Министерството за здравство. Во објавата на Министерството за Фејсбук се наведува дека оваа метода овозможува попрецизна проценка на состојбата на коронарната микроциркулација, што придонесува за ...

– Дирекцијата за заштита и спасување во моментов има двајца професионално вработени, релативно помлади пилоти и еден постар пилот. Додека четвртиот постар пилот, којшто беше во понапредна возраст од 66-67 години, со којшто ДЗС имале договор, ова лето не лета од негови лични причини, истакна денеска директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, кој одговараше на новинарско прашање колку пилоти се вработени и дали ќе се набавуваат нови ер трактори. -Во ...

Непознати сторители вчеравечер ги оштетиле влезни врати на спортската сала во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров и одземале два противпожарни апарати, кои потоа биле употребени во дворот на училиштето каде биле запалени учебници. Според информациите од МВР, вчера во 13:35 часот во СВР Скопје од училиштето било пријавено дека во временски период од 04:00 до 05:00 часот на 03.07.2026 со употреба на физичка сила биле оштетени ...

На денешната седница на Комисијата за финансирање и Буџет се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јулија Тушевска која истакна дека со овој ребаланс на Буџетот се врши пренасочување на средствата каде што е најпотребно, односно кон проекти и политики кои ќе дадат реален ефект за граѓаните и економијата. „Со овој ребаланс се врши пренасочување на средства таму каде што се најпотребни. Средствата не остануваат заробени во позиции кои ...

„Оваа недела бевме сведоци токму од податоците што ги добивме од подготовката на материјалите од Владата и од Министерството дека Македонија забрзува. Имаме податоци за раст на БДП од 3,1 каде што сите оние потребни документи ни укажуваат дека ќе имаме до 3,5 до крајот на годината. Вкупни приходи од 374,9 милијарди коишто ќе бидат зголемени на 379,5 милијарди, зголемување од 4, а 575 милијарди или 4 милијарди 575 милиона, 1,26 зголемување. ...

На Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби се лабораториски потврдени два случаи на Западнонилска треска. Двајцата пациенти се хоспитализирани, под континуиран медицински надзор и се лекуваат согласно современите медицински препораки. Нивната здравствена состојба внимателно се следи, информира директорот на Инфективна д-р Фадил Цана. Тој додава дека западнонилската треска е вирусно заболување кое се пренесува преку ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска упати честитки до Соединетите Американски Држави и до американскиот народ по повод 250-годишнината од независноста. -Искрени честитки до Соединетите Американски Држави и до американскиот народ по повод 250-годишнината од независноста. Нашето пријателство, стратешко партнерство и сојузништво продолжуваат да се зацврстуваат врз основа на споделени вредности и ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
4.01
20%
1013
weather icon

Белград

32ᴼ / 32ᴼ
3.04
37%
1016
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
0.56
30%
1016
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
5.25
38%
1015
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
4.61
32%
1015
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 32ᴼ
0.96
43%
1017
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
6.71
43%
1012
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
5.37
28%
1013
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
3.02
27%
1012
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 29ᴼ
2.24
40%
1017
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 31ᴼ
1.79
26%
1017
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 26ᴼ
7.14
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.6614

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Калај

56.36

Родиум

278103.96

Иридиум

252383.36

Платина

56038.75

Паладиум

43628.56

Злато

139576.04

Сребро

2044.16

Алуминиум

3.28

Бакар

13.23