Во јуни наплативме приходи од 12,68 милијарди денари, со што поставивме нов рекорд во месечната наплата на приходи од основањето на Царинската управа, истакна директорот Бобан Николовски на денешната прес-конференција на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, организирана по повод двегодишен отчет од работата. На месечно ниво, во јуни, наплатата е зголемена за 37,9 милиони евра, што претставува раст од 22,5 проценти во споредба ...

Зелената транзиција долго време се доживуваше како скап и сложен процес, резервиран за големите компании со значителни финансиски ресурси. Но, според Јасна Пајковска, управителка на консултантската компанија Импакт Вајс Солушнс, реалноста е поинаква. Најголемите можности за заштеда често се кријат токму во сегментите што компаниите најмалку ги следат. Со алатката GreenProfit360, развиена во рамките на проектот „Забрзување на зелената ...

Во текот на вчерашниот ден, поради невремето и обилните врнежи во Скопје, беше регистрирано протекување на вода на нивото -1 од објектот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, каде што е лоциран Одделот за радиотерапија, информираат од Клиниката. Како превентивна мерка, додаваат, апаратите беа привремено исклучени. – По санирањето на протекувањето, просториите беа исчистени и дезинфицирани, а апаратите беа проверени од ...

14-годишно момче е тешко повредено во брутален напад што се случил на 22 јуни во скопската населба Ченто, информира 24инфо. Според тврдењата на неговото семејство, тој бил нападнат без никаква причина од три лица додека се движел кон улицата „Финска“. Напаѓачите најпрво го претепале, а потоа едно од лицата го избодело со нож седум пати во пределот на грбот. По нападот, момчето било оставено без свест, сè додека случаен минувач не го пронашол ...

СДСМ во коалиција со Левица поднесоа 13 илјади амандмани со цел да го спречат гласањето на нашинците во дијаспората, плашејќи се дека ја немаат нивната доверба и ова е силна порака кон нашинците од дијаспората. Се надевам, конечно Коалицијата СДСМ – Левица ќе се осмелат, ќе ги остават своите политички мотиви, ќе се вратат во Парламентот, се уште има време и оваа реформа да ја испорачаме. Јас сум убеден дека политичките интереси ќе ги остават ...

Сопственик на возило во Тетово пријавил оштетување на неговиот автомобил, при што полициската истрага открила проектил од непознат калибар. Според информациите од СВР Тетово, вчера Е.Д. (48) од гостиварското село Равен пријавил дека на улицата „Јане Сандански“ во Тетово забележал оштетување на предниот дел од неговото паркирано возило „Рено Каптур“, а полициските екипи под возилото, на заштитната маска, пронашле и подигнале проектил од ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) објави Јавен повик за прием на 200 редовни ученици кои имаат интерес за запишување во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ во Полициската академија. Кандидатите кои ќе имаат завршено прва и втора година средно училиште ќе можат да се пријават на јавен конкурс и, доколку ги исполнуваат предвидените услови, своето школување да го продолжат во средното полициско училиште. Секој од кандидатите треба да ...

Во тек се обуките за пилоти и техничари за воените повеќенаменски хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо“, од кои првите два треба да пристигнат до крајот на годината. – Пакетот предвидува обуката првин да биде таму, а како што ќе ги добиваме хеликоптерите, така дополнително ќе се дообучуваат пилоти и техничари. Тоа е во првата фаза. Кога ќе се стекнат со потребното искуство и потребните сертификати, тогаш нема никаков проблем таа ...

СДСМ Аеродром најостро го осудува бруталното врсничко насилство врз малолетно девојче во Аеродром. Сцените на тепање, понижување и снимање на насилството од страна на други малолетници се срам за општеството и доказ дека институциите сериозно потфрлаат во заштитата на децата, велат од СДСМ. Го повикуваме Министерството за внатрешни работи итно да го расчисти случајот и да ја утврди одговорноста на сите учесници и итно да истражи дали се точни ...

Алармираме за една исклучително сериозна ситуација која претставува директна закана по здравјето и безбедноста на пациентите и медицинскиот персонал. После невремето во Скопје поплавена е Клиниката за онкологија, исклучени се апаратите за радиотерапија. Протекла вода и во просториите каде се прима терапија со радиоактивен јод. Не станува збор за обична дождовна вода туку на избиена канализација!, изјави денеска портпаролката на СДСМ, Богданка ...

На 01.07.2026 година во 19.20 часот, во ОВР Струга е пријавено дека, во угостителски објект лоциран на улицата „Маршал Тито“ во Струга, А.Ќ. од струшкото село Велешта, физички го нападнал А.А.(29) од селото Октиси. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 01.07.2026 година во 19.20 часот, во ОВР Струга е пријавено дека, во угостителски објект лоциран на улицата „Маршал Тито“ во Струга, ...

Африканскиот центар за контрола и превенција на болести денеска соопшти дека во Уганда е пријавен изолиран случај на марбург треска, хеморагична болест со висок ризик. Во соопштението на Министерството за здравство во Уганда се наведува дека ниту еден од контактите на заразеното лице не развил симптоми на вирусната болест и оти во моментов нема други активни случаи на марбург треската. Болеста, предизвикана од вирусот марбург, кој е ист вид ...

УХМР ги измери температурите во 11 часот во градовите низ Македонија. На Попова Шапка има најниска темперсатура од 15 степени, додека Гевгелија е најтопол град со 29 степени. Во Скопје се измерени 23 степени во 11 часот. За денеска, според прогнозата, на повеќе места се очекуваат интензивни врнежи, при што локално може да наврнат повеќе од 15 литри дожд на квадратен метар. Невремето ќе биде проследено со силни грмежи, ветер што повремено ќе ...

На 1 јули 2026 година, полициски службеници од ОВР Демир Хисар лишија од слобода четири лица од селото Обедник, општина Демир Хисар, по извршени претреси во нивните домови. Прво, во 10:10 часот, беа лишени од слобода Е.Р. (57) и Е.Р. (20). При претрес во нивниот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени три ловни пушки, сигнален пиштол, 170 парчиња муниција од различен калибар, како и други предмети. Потоа, во 09:45 ...

На 01.07..2026 година во 16:20 часот, на автопатскиот патен потег Охрид-Подмолје, кај клучката „Св. Еразмо“, патнички автомобил „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управуван од С.М.(70) од струшкото село Подгорци, излетал надвор од коловозот и удрил во метален електричен столб. Тој, како и две малолетни лица на 14 и 16 годишна возраст од селото Подгорци, се префрлени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде им биле констатирани тешки телесни ...

Во Полициска станица е извршен разговор со две малолетнички и нивни родители во врска со насилството во скопски Аеродром. Од МВР информираат дека на 01.07.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека на 30.06.2026 околу 22:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром нејзината 12-годишна ќерка била физички нападната од 14-годишна малолетничка која била заедно со нејзина другарка и кои претходно ја натерале во два ...

Енергетската безбедност денес претставува заедничка одговорност на регионот и може да се обезбеди само преку поврзана инфраструктура, усогласени политики и заеднички инвестиции, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница во Приштина. На состанокот, на кој учествуваа министри од регионот, претставници на Европската комисија и Секретаријатот на ...

Иако со месеци се работеше на консензус на сите политички партии за носење на нов Изборен законик, коалицијата на Венко Заев и Апасиев излезе повторно на виделина и со над 10 илјади амандмани здружено го блокираат реформскиот закон, односно Изборниот законик, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на партискиот портпарол Валентин Манасиевски. -Венко Заев и СДС свесни дека поддршката ја губат се повеќе и повеќе, ...

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека реформите доаѓаат со многу труд, работа и одговорност, и носат конкретни резултати. Еден од најважните приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Реформската агенда. Нејзиното спроведување е доказ дека Македонија конечно има јасен план, институционална дисциплина и политичка волја да испорачува резултати, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Драгана Бојковска, член на ИК на ...

Сопственик на возило во Тетово пријавил оштетување на неговиот автомобил, при што полициската истрага открила проектил од непознат калибар. Според информациите од СВР Тетово, на 1 јули Е.Д. (48) од гостиварското село Равен пријавил дека на улицата „Јане Сандански“ во Тетово забележал оштетување на предниот дел од неговото паркирано возило „Рено Каптур“, а полициските екипи под возилото, на заштитната маска, пронашле и подигнале проектил од ...

Во Полициското одделение Групчин било пријавено дека 11-годишно дете од Сараќино било каснато од куче додека се движело низ селото. Според информациите од полицијата, на 2 јули околу 00:20 часот, Р.С. од Сараќино пријавила дека претходната вечер околу 22:30 часот нејзиниот син бил нападнат од куче пред куќа на жител на селото. Како што е наведено, кучето било без надзор и не било соодветно врзано, при што детето се здобило со повреда на ...

Бесплатен спортско-едукативен камп за учениците од социјален ризик и талентирани спортисти од Кисела Вода! Ова денеска на Фејсбук го објави градоначалничката Бети Стаменковска- Трајкоска. -Утрово од Општина Кисела Вода ги испратив нашите талентирани млади спортисти и учениците од семејства во социјален ризик на бесплатен летен спортско-едукативен камп во Охрид! Тие ќе престојуваат во одморалиштето „Детски радости“ во Свети Стефан, каде им се ...

Голем пожар зафати болница во северниот германски град Лудвигслуст, во близина на Шверин, при што загинаа две лица, а повеќе од 30 се повредени. Локалните власти потврдија дека несреќата се случила во раните утрински часови, предизвикувајќи итна евакуација на целиот објект. Жртвите се пациенти, пожарот почнал од болничка соба Според првичните информации од истрагата, огнот избувнал во една од собите за пациенти, по што брзо се проширил на ...

Тешка несреќа се случи во Македонија кога возач удри во бандера и повреди двајца малолетници. Според информациите на СВР – Охрид, вчера во 16:20 часот, на автопатскиот патен потег Охрид-Подмолје, кај клучката „Св. Еразмо“, патнички автомобил „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управуван од С.М.(70) од струшкото село Подгорци, излетал надвор од коловозот и удрил во метален електричен столб. За жал повредени биле двајца малолетници на возраст ...

Богатиот малтешки бизнисмен, обвинет дека го нарачал убиството на Дафне Каруана Галиција, се појави пред судот денеска, девет години по смртта на новинарката која истражуваше корупција на малиот медитерански остров. 44-годишниот Јорген Фенех е обвинет за соучество во нејзиното убиство и за злосторничко здружување. Негираше вина во исказот пред судот. Доколку судот го прогласи за виновен, му се заканува доживотен затвор. Новинарката Каруана ...

Лути демонстранти запалија центар за третман на заболени од ебола во источниот дел на Демократска Република Конго, при што загина еден полицаец, а други двајца беа повредени, соопштија официјални лица. Неколку пациенти со ебола, заедно со луѓе кои покажуваат симптоми на смртоносниот вирус, избегаа од центар за третман во селото Бафвабанго, во покраината Итури, изјави за ДПА Џозеф Пемамакуве, главен здравствен службеник на локалниот здравствен ...

Државниот завод за ревизија (ДЗР) објави конечен извештај за финансиското работење и усогласеноста на ЈЗУ Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија за 2024 година, во кој се утврдени слабости во повеќе сегменти од работењето. Ревизорите констатирале недостатоци во управувањето со залихите, спроведувањето на јавните набавки и наплатата на побарувањата, како и значително оптоварување на Клиниката поради голем број итни ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на социјалната мрежа Фејсбук објави дека Горан Герасимовски ќе го номинирам за нов потпретседател на партијата. -„СДСМ дополнително се зајакнува. Со задоволство ги информирам членовите дека Горан Герасимовски ќе го номинирам за нов потпретседател на #СДСМ. Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изненади со позитивен тон кон Техеран, изјавувајќи дека Соединетите Американски Држави во моментов „многу добро се согласуваат со Иран“. Ваквиот остар пресврт во реториката следува веднаш по завршувањето на најновите преговори и технички состаноци кои двете дебатирачки страни ги одржаа во Доха. Шефот на Белата куќа пред новинарите јавно ги пофали постигнатите резултати, нагласувајќи дека процесот за ...

Реформите кои ги спроведува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати. Дигитализацијата носи конкретни резултати за граѓаните и крај на бирократијата и чекањето по шалтери. Дигиталната трансформација е обврска кон граѓаните. Државата мора да работи брзо, ефикасно и без бирократски лавиринти, а институциите конечно да бидат во служба на народот, а не обратно, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. – Преку Националниот портал за ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
4.34
21%
1012
weather icon

Белград

32ᴼ / 32ᴼ
2.96
28%
1016
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
0.51
29%
1015
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
3.72
41%
1015
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.94
32%
1015
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 32ᴼ
0.93
35%
1017
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
5.81
41%
1011
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
4.82
34%
1014
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
3.23
37%
1013
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 29ᴼ
3.13
37%
1017
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 31ᴼ
1.34
25%
1017
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 26ᴼ
7.16
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.6614

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Злато

139576.04

Алуминиум

3.28

Паладиум

43628.56

Родиум

278103.96

Цинк

0.00

Платина

56038.75

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Сребро

2044.16

Калај

56.36

Бакар

13.23

Кобалт

56.29