Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски в понеделник ќе го посети францускиот претседател Емануел Макрон во Париз, објави Канцеларијата на францускиот претседател. Двајцата лидери ќе разговараат за „условите за праведен и траен мир“, по последните разговори во Женева и презентацијата на мировниот план на САД, соопшти Елисејската палата. Зеленски последен пат ја посети француската престолнина на 17 ноември. Минатата недела, САД му поставија ...
Унгарија ја разгледува можноста за купување удели во руски нафтени компании, кои беа погодени од неодамна воведените американски санкции. Оваа тема беше потврдена од официјални лица по средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан во Кремљ. Разговорите траеја речиси четири часа, при што се разгледуваше и обезбедување стабилно снабдување на Унгарија со руски гас и нафта, што останува стратешки значајно за ...
Во Австрија се случи неверојатна измама: 38-годишен Македонец и 30-годишна Романка успеале да ја измамат својата 81-годишна познаничка за неверојатни 120.000 евра. Двојката, родители на четири деца и со претходни судски пресуди, ја стекнала довербата на постарата жена, за потоа систематски да ја злоупотреби. Според австриските медиуми, парот прво побарал заем од 3.000 евра, но веднаш сфатиле дека можат да „издлабат“ многу повеќе од жртвата. ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата и понатаму ќе ги субвенционира сметките за електрична енергија за сите домаќинства и потрошувачи кои се на регулираниот пазар. Оваа одлука, според него, е клучна за да се избегне ценовен шок и драматичен раст на трошоците за граѓаните. Одговорајќи на новинарско прашање, Мицкоски истакна дека Регулаторната комисија е таа што ќе ја одреди конечната цена на електричната енергија, но Владата веќе ...
Зимата е пред врата, а многу возачи се соочуваат со дилемата дали да користат повеќесезонски гуми за полесна грижа или да преминат на зимски гуми, специјално дизајнирани за ладните периоди. Зимските гуми се препознаваат по симболот планина со снежинка и обезбедуваат сигурно прифаќање на снег и мраз. Газниот слој има многу ламели кои создаваат рабови за подобро прегризување, а гумата останува еластична дури и на многу ниски температури. Ова ...
Најмалку 19 лица го загубија животот кога брод се преврте на езерото Маи-Ндомбе во Конго поради силни ветрови, соопшти гувернерот на покраината Маи-Ндомбе. Инцидентот се случил во петокот вечерта додека бродот патувал од селото Кири кон Киншаса. Локалните власти наведуваат дека еден од двата мотори на бродот откажал поради бурните ветрови, што предизвикало превртување. Најпрво биле пронајдени девет тела, а уште десет следниот ден. Спасени се ...
Потрагата по 32-годишната инфлуенсерка од Грац, Штефани П., заврши трагично. По шест дена интензивно пребарување, австриската полиција потврди дека нејзиното тело било пронајдено во куфер на оддалечена локација во Словенија. Главниот осомничен, нејзиното поранешно момче, го признал злосторството за време на сослушувањето. Штефани П. исчезнала на 23 ноември, кога не се појавила на работа и престанала да контактира со своето семејство. ...
Шеесет и петгодишен маж од општина Јегуновце се сомничи дека извршил насилство врз две деца за време на училишен час, што го потресе локалниот образовен систем и ја загрижи јавноста. Инцидентот се случил во образовна установа во село во општина Камењане, каде што, според пријавата од полицијата, мажот насилно се однесувал кон двајца малолетници во неколку наврати за време на одржување на час. СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ќ.А. ...
Банките веќе ја започнаа исплатата на пензиите за ноември, а се очекува процесот да заврши до понеделник, први декември, информира денеска Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ПИОМ). Фондот уверува дека исплатата на пензиите е стабилна, редовна и загарантирана, отфрлајќи ги шпекулациите за наводни ризици во пензискиот систем. Во координација со Владата, Фондот ќе продолжи со редовна исплата секој први во месецот, практика што ќе ...
Обилните врнежи од дожд кои во последните денови го погодија источниот регион предизвикаа сериозни поплави на простории и дворови во повеќе објекти во Општина Чешиново-Облешево, вклучително и во селата Чешиново, Облешево и Чифлик, потврди директорот на ЦУК, Мухамед Али. Али нагласи дека, според информациите од градоначалникот на општината, локалната самоуправа со сите расположливи ресурси активно интервенира на терен. Во акциите учествуваат ...
Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и со вицепремиерот и министер за политички систем, Љупчо Димовски, денеска присуствуваше на свеченото отворање на Меѓународниот карате турнир „Гранд при Скопје“, што се одржува во спортската сала на ООУ „Антон Димитров“ во населбата Бутел, во организација на КК „Цветан Димов“. Овој голем спортски настан, втора година по ред се одржува во чест и во ...
Шеснаесетгодишно момче од село Кондово, скопско, синоќа беше брутално нападнато и претепано од четворица насилници. Според пријавата, на 28.11.2025 година околу 20:50 часот, момчето било физички нападнато на подрачјето на Бит Пазар од четири лица кои пристигнале со возило. Повредите беа толку сериозни што младото момче околу 02:20 часот следната ноќ било донесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана медицинска ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави целосно затворање на воздушниот простор над Венецуела и околните области. На својот профил на Truth Social, Трамп упати предупредување до авиокомпании, пилоти и трговци со дрога: „Ве молиме, сметајте го воздушниот простор над и околу Венецуела за целосно затворен“. Според извори на Ројтерс од 23 ноември, САД се подготвени да започнат нова фаза операции против Венецуела во наредните денови. Трамп е ...
Физичко-хемиските и микробиолошките анализи на водата од ОУ „Димо Хаџи Димов“ покажаа дека сите параметри се во рамките на референтните вредности и дека тешки метали не се пронајдени, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во средата, голем број ученици од прво до петто одделение пријавиле стомачни болки, меѓу нив и синот на премиерот Мицкоски. Претходните анализи на мостри од храна и работни површини покажаа присуство на фекални бактерии ...
Новата година носи свежа енергија, а правилното украсување на елката според принципите на фенг шуи може да донесе просперитет, здравје и хармонија во вашиот дом. Влегувањето во новата година е совршено време да внесете позитивна енергија и да го подготвите просторот за добрите работи што нè очекуваат. Китењето на елката е прекрасен семеен ритуал, особено уживан од најмладите, но според фенг шуи, елката може да биде повеќе од декоративен ...
Франција официјално воведува доброволен воен рок по речиси три децении, со програма долга 10 месеци. Првиот месец е резервиран за обука, а регрутите ќе добиваат плата, униформа и опрема. Претседателот Емануел Макрон го образложи чекорот како одговор на растечките безбедносни закани од Русија и на геополитичките промени во Европа. Во моментов, француските вооружени сили бројат околу 200.000 активни припадници и 45.000 резервисти, а се очекува ...
Пензионерите во Македонија се соочуваат со неизвесност околу најавеното линеарно зголемување на пензиите, откако Уставниот суд, под водство на судијката Добрила Кацарска, започна постапка за оценка на уставноста на оваа мерка. Како реакција, во понеделник, 1 декември, со почеток во 11 часот, пензионери од целата држава ќе протестираат пред Уставниот суд во Скопје. Контроверзата ја потресе македонската судска сцена, бидејќи линеарното ...
Со своите неверојатни 828 метри, Бурџ Калифа во Дубаи е највисоката зграда на планетата и едно од најимпресивните инженерски достигнувања во светот. Но она што малкумина го знаат е дека до самиот врв на ова архитектонско чудо успеале да стигнат само осум луѓе во историјата. Меѓу нив се наоѓа холивудската суперѕвезда Том Круз, кој за време на снимањето на „Неможно мисија – Протокол дух“ одлучи сам да ги изведе најопасните сцени, висејќи од ...
На 29.11.2025 година, околу 00:27 часот, во близина на стариот пат с. Блатец–Берово, кај местото познато како „Церо“, трактор „ИМТ 539“ управуван од З.С. (53) од село Блатец, излетал надвор од патот. Во несреќата, возачот го загубил животот, а смртта му била констатирана од страна на лекар. На местото на настанот веднаш била извршена увидна проверка од екипа на ОВР Виница за утврдување на причините за трагедијата и сите околности поврзани со ...
Украина објави дека успешно погодила и запалила два руски танкери што наводно се користеле за транспорт на нафта со цел да се заобиколат западните санкции. Нападот бил изведен со поморски дронови во Црното Море, а операцијата, според украинските извори, била спроведена од страна на Украинската безбедносна служба (СБУ) во соработка со украинската морнарица. Информациите за нападот ги потврдија и турските власти, кои соопштија дека се ...
На 27.11.2025 година, околу 07:30 часот, пред училница во основно училиште во Куманово, малолетно дете било физички нападнато од страна на родител на негов соученик. Инцидентот беше пријавен во СВР Куманово на 28.11.2025 во 20:10 часот од страна на Л.С. (48) од Куманово, татко на нападнатото дете. Полицијата веднаш презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со нападот, со цел да се обезбеди безбедноста ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, според пишувањето на британскиот „Телеграф“, подготвува драматичен дипломатски потег што може да го промени текот на војната во Украина. Според информациите, Трамп е подготвен официјално да ги признае окупираните украински територии како дел од Русија, со цел да стави крај на конфликтот што трае со години. Овој предлог ќе биде пренесен лично до рускиот претседател Владимир Путин од страна на ...
Во Кочани вчера се случил сериозен вооружен грабеж кога две лица насилно влегле во фирма за финансиски услуги и ја нападнале вработената. Според информациите од полицијата, разбојниците упатиле закани со огнено оружје и ја принудиле работничката да им ја предаде готовината која се наоѓала во објектот. Според полицискиот билтен, инцидентот се случил на 28.11.2025 година во 18:08 часот, кога во ОВР Кочани била пријавена кражбата. Двете лица, ...
На 28 ноември 2025 година, на Граничниот премин Стар Дојран, три лица од грчко државјанство беа лишени од слобода поради основано сомнение за недозволено држење, изработување и тргување со оружје и експлозивни материи, согласно член 396 од Кривичниот законик. При извршена гранична контрола за влез во Република Северна Македонија, во координација на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, царински службеници и ...
Додека светот стравува од масовни хакерски напади, граѓаните на Македонија најчесто стануваат жртви на поевтини, но подмолни измами. БИРН објави извештај за дигиталните права и нивното прекршување на Балканот, откривајќи дека економските измами и пирамидалните шеми се најчести во земјава. Според извештајот, дури 38,5% од прекршувањата во дигиталниот простор се поврзани со економски криминал, што ја прави оваа категорија најбрзо растечка. ...
Грчките земјоделци до крајот на 2025 година ќе добијат вкупно 3,7 милијарди евра, објавија Агенцијата за европски земјоделски субвенции (ОПЕКЕПЕ), Министерството за земјоделство и Министерството за финансии на Грција. Овој износ е најголем во споредба со претходните години. Според кабинетот на вицепремиерот Костис Хаѕидакис, од ОПЕКЕПЕ ќе бидат исплатени 3,3 милијарди евра за 2025 година, наспроти 2,7 милијарди лани. Повеќето средства се од ...
ЈП Водовод и Канализација известува дека на 30 ноември 2025 година (недела) поради технички зафат на булеварот Александар Македонски б.б, корисниците од бул. Александар Македонски, улиците Палмиро Тољати и Маџари, населбата Методија Андонов Ченто, село Сингелиќ, како и дел од корисниците од ул. 808 и бул. Киро Глигоров ќе останат без вода, од 05:00 часот па се до завршување на работата. Намален притисок во водоснабдувањето ќе имаат жителите ...
Папата Лав XIV ја посети Сината џамија во Истанбул во саботата, започнувајќи интензивен ден исполнет со средби и литургии со турските верски водачи, како и миси за малата католичка заедница во земјата. За време на посетата, тој покажa длабока почит кон исламските верски правила, соблекувајќи ги чевлите пред да влезе во џамијата. Раководителот на турската дирекција за верски прашања, Дијанетот, му ја покажa на папата високата ќерамидна купола ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изложи контроверзна визија за иднината на Украина, сугерирајќи дека по војната таа би требало да постои главно како тампон-држава меѓу Русија и НАТО, јави ДПА. Во интервју за весникот „Ди Велт“, Орбан посочува дека неизбежно ќе бидат направени територијални отстапки кон Русија, а големината и капацитетите на украинските вооружени сили ќе бидат намалени. Овие коментари следат по неговата контроверзна посета на ...
На 29 ноември 2025 година во 01:10 часот, во СВР Охрид се приведени двајца охриѓани, Г.М. (52) и Р.М. (65) од селото Пештани. Тие претходно, на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, кај населбата „Св. Стефан“, вербално ги навредувале полициските службеници, а потоа и физички нападнале, додека полицијата преземала службени дејствија. При извршен алкотест, кај Г.М. е утврдено присуство на алкохол од 1,63 промили, а кај Р.М. 0,53 промили. По ...