Денеска, во четири хрватски градови – Загреб, Риека, Пула и Задар – се одржаа протестни маршеви организирани од иницијативата „Обединети против фашизмот“, со цел јавно да се осудат екстремизмот, историскиот ревизионизам и говорот на омраза, пренесува Index.hr. Најмасовен беше маршот во Загреб, каде што присуствуваа неколку илјади луѓе. Во Риека и Пула се собраа околу илјада учесници, додека во Задар присуствуваа неколку стотици луѓе. Во ...

Обилните врнежи од дожд што во изминатиот период го зафатија Струмичкиот, Штипскиот и Кумановскиот регион предизвикаа повеќе проблеми на терен, а службите и денеска интервенираат за санирање на последиците. Според состојбата до 12:00 часот, најголеми оштетувања и критични точки се забележани во источните делови на државата. Во Струмичкиот регион, по дожделивиот период, засега нема пријавени материјални штети. Ситуацијата таму останува ...

Инцидентот што се случил во доцните вечерни часови во Куманово предизвикува загриженост кај јавноста. На 29 ноември 2025 година, во 12:25 часот, во Секторот за внатрешни работи Куманово било пријавено дека претходната ноќ околу 22:00 часот на улицата „Илинденска“, двајца тинејџери биле физички нападнати од група непознати лица. Нападнатите, идентификувани како Н.А. на возраст од 18 години и Б.Е. на 19 години, претрпеле физички напад кој ...

Во раните утрински часови на 30 ноември, околу 02:05 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес го приведоа 34-годишниот А.Р. од Велес на улицата „Никола Оровчанец“. При преглед на лицето, полициските службеници пронашле предмети за кои постоело сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Утврдено е дека А.Р. претходно влегол во станбена зграда и со употреба на подесен алат и физичка ...

Стотици луѓе загинаа и исчезнаа во Југоисточна Азија откако регионот го погодија некои од најсилните врнежи во изминатите децении. Монсуните, влошени од тропските бури, предизвикаа катастрофални поплави кои го погодија милиони луѓе во Индонезија, Малезија и Тајланд. Бројот на загинати на индонезискиот остров Суматра порасна на најмалку 417, при што се наредени евакуации. Во Тајланд досега има 170 загинати, а двајца во Малезија. Речиси 160 ...

Управата за јавни приходи (УЈП) започна контрола на приходите од странство на македонските граѓани кои оствариле приходи од работа, хонорари или други извори надвор од државата. Во првата фаза на проверка се опфатени приливите за периодот од јуни до крајот на 2020 година, а контролата ќе продолжи и со приходите од 2021 година до сега. Според УЈП, во периодот од јуни до декември 2020 година околу 4.000 физички лица не го пријавиле и не го ...

На 29.11.2025 година во 13:20 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, на место викано „Л’гот“, патничко возило „Пежо 206“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ф.К. (19) од Гевгелија, излетало од коловозот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека неговиот сопатник И.Д. (20) од Гевгелија имал повреди, констатирани во Општата болница Гевгелија. Извршен е увид од увидна ...

Од утре пензиите во Србија ќе бидат зголемени за 12,2 проценти. Првиот вицепремиер и министер за финансии, Синиша Мали, објави дека оваа година пензиите за сите пензионери ќе бидат зголемени еден месец порано, почнувајќи од декември, наместо од јануари. Првите зголемени пензии ќе бидат исплатени на почетокот на јануари, пред божиќните празници. Со претстојното зголемување, просечната пензија оваа година ќе изнесува околу 437 евра, додека во ...

Во изминатите денови полицијата во Охрид, Скопје и Струга интервенираше по пријави за семејно насилство. Инцидентите вклучуваат физички напади врз сопружници и закани кон членови на семејството, при што неколку лица се приведени. Инциденти во Охрид и Струга На 29 ноември 2025 година, во Охрид, М.Ц. физички го нападнала својот сопруг во семејниот дом. Претходно, на 28 ноември, во село во Струга, А.А. (39) бил приведен од полициското одделение ...

Линеарното зголемување е за усогласување со животниот стандард, вели директорот на Фондот за ПИОМ, Никола Мемов во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Тој смета дека тоа е исправно бидејќи цените подеднакво се покачени за сите. Мемов вели дека исплатата на пензиите ќе биде редовна и уверува дека не се размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање. „Има две иницијативи од граѓани доставено до Уставниот суд и ќе ...

Кина започна масовно производство на реплики во природна големина од напредните американски борбени системи што САД ги испорачуваат на Тајван. Оваа стратегија има една јасна цел: кинеските воени сили да вежбаат реални сценарија за напад врз Тајван, користејќи модели што речиси целосно ги реплицираат оригиналните американски системи. Новите снимки што се појавија во јавноста од Кина откриваат дека репликите не се обични макети, туку длабоко ...

Во четврток, православните верници го одбележуваат празникот Воведение во храмот на Пресвета Богородица, во народот познат како Пречиста, кој се слави на 4 декември и е еден од најзначајните празници во православната традиција. Според црковното предание, на овој ден Пресвета Богородица, придружувана од родителите Јоаким и Ана, за првпат стапила во храмот во Ерусалим. Родителите заветувале дека ако добијат дете, тоа ќе го посветат на Бога. ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро го критикуваше Израел за она што го нарече „систематско уништување на образовната инфраструктура и масакр врз цивили“ во Газа, предупредувајќи дека ваквите акции ги поткопуваат напорите за одржување на кревко примирје. На церемонијата по повод доделувањето на наградите „Илим Јајма“ во Истанбул, Ердоган изјави дека 80 проценти од образовните установи во Газа – вкупно 668 училишта – се погодени од ...

Свети Григориј, нарекуван втор Мојсеј, бил роден од угледни, но незнабожни родители. Најпрво ги изучувал елинската и египетската философија, но откако ја согледал нивната залудност, се обратил кон христијанските учители, особено кон Ориген во Александрија, кај кого поминал неколку години и примил Крштение. Чист по душа и тело, Григориј се посветил целосно на Христос и се повлекол во пустина, каде извршувал мачни подвизи. Славата за неговите ...

Швајцарците денеска излегуваат на референдум за тоа дали да воведат данок на наследство од 50% за супербогатите, во време кога владите ширум светот се соочуваат со прашањето како да го оданочат огромното богатство. Овој референдум е еден од најконтроверзните во поновата швајцарска политичка историја и ја отсликува глобалната дилема меѓу земјите што се обидуваат да привлечат богати семејства со фискални олеснувања и оние што сакаат да воведат ...

Локални избори се одржуваат денеска во српските општини Неготин, Мионица и Сечањ. Во Неготин и Мионица се редовни избори, додека во мала банатска општина Сечањ се организираат вонредно. Сите три општини се традиционални упоришта на владејачката Српска напредна странка (СНС) и нејзините коалициски партнери, кои се на власт повеќе од десет години. Атмосферата пред овие локални избори е помирна во споредба со изборите во Заечар и Косјериќ во ...

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави податоци за бројот на заболени и починати од ХИВ/СИДА во 2025 година, пред Светскиот ден за борба против СИДА на 1 декември. Иако бројот на нови случаи е намален за 25,5% во однос на лани, Македонија бележи поголема инциденца во однос на светскиот просек, со 2,1 заболени на 100.000 жители (светскиот просек е 5,3 на 100.000). До 27 ноември се регистрирани 38 нови случаи, а починале 8 лица. Најголем дел ...

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека денеска поради два одделни зафати на водоводната мрежа, повеќе скопски улици и населби ќе останат без вода или ќе имаат намален притисок во снабдувањето. Првиот дефект е на ул. Бутелска б.б, кај сервис „Топал“ (ф-400 мм), при што без вода ќе останат корисниците на улиците Хо Ши Мин, Марко Крале, Призренска, Петар Манџуков, Александар Бујнов, Краишка, Коле Канински, како и Бутелска – од крак 1 ...

Најмалку четворица луѓе загинаа, а 14 други се ранети во масовно пукање што се случи на детска роденденска забава во Стоктон, Калифорнија. Инцидентот се случи во локален ресторан, а полицијата соопшти дека напаѓачот е во бегство. „Веруваме дека пукањето било планирано, иако мотивот засега не е познат. Меѓу жртвите има и возрасни и деца“, соопшти полицијата, додавајќи дека состојбата на повредените се уште не е потврдена. Канцеларијата на ...

Во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во Влае избувна епидемија на норовирус, при што 13 ученици побарале медицинска помош, а 4 од нив биле хоспитализирани, но се во стабилна состојба. Институтот за јавно здравје потврди дека седум анализирани примероци биле позитивни на вирусот. Како се пренесува норовирусот? Норовирусот е високо заразен и лесно се шири во затворени простории како училишта и градинки. Најчесто се пренесува преку ...

Во текот на 28 и 29 ноември 2025 година, на повеќе локации низ Скопје, полициски службеници од СВР Скопје спровеле координирана акција при која биле лишени од слобода пет лица. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, уапсени се Д.К. (29) од Република Словенија, О.О. (30) од Република Турција, како и три лица од Скопје со иницијали М.И. (39), Р.Ш. (42) и К.К. (43). При приведувањето, полицијата пронашла и одзела марихуана, ...

Во ноќен напад со руски дрон врз градот Вишгород во Киевската област, една личност го загуби животот, а 11 други се повредени, меѓу кои и едно дете, соопшти началникот на Киевската воена управа, Микола Калашник. Според неговите информации објавени на Телеграм, шестмина од повредените се хоспитализирани, додека спасувачките екипи продолжуваат со евакуација на станарите од погодената висококатница. Пожарникарите сеуште се борат со пожарот кој ...

На 28 ноември 2025 година, околу 09:40 часот, на Граничниот премин Долно Блаце, полициските службеници привеле лице со иницијали Д.М. (29) од Република Косово. Приведувањето се случило при редовна гранична контрола, кога било утврдено дека за ова лице постои активна меѓународна потерница. Според информациите од МВР, системската проверка покажала дека Д.М. е евидентиран со мерка „апси“, издадена по барање на Секторот за меѓународна полициска ...

На YouTube каналот на B13 Podcast се случи невиден скандал, откако најгледаното видео во живо со Ритко – епизода која постави рекорди на платформата – доби страјк од сопственикот на песната што во еден момент беше пуштена во емисијата. Иако истата песна постои на стотици видеа на YouTube, токму на видеото на Боки13 беше поднесен пријавата. Според објавените снимки и видео-докази на YouTube каналот на Боки13, веднаш по страјкот се јавиле лица ...

Бројот на мигранти што пристигнуваат на Балеарските Острови во Шпанија забележа значително зголемување во изминатиот месец. Само во последните два дена, на островите пристигнале 19 бродови со околу 360 лица, соопштија шпанските власти. Пристигнувањата преку западната медитеранска рута, главно на бродови од Алжир, се зголемиле за 27% помеѓу јануари и октомври во споредба со истиот период минатата година, објави „Ројтерс“. Интересно е што ова ...

„На човекот му се потребни четири прегратки дневно за да преживее. Осум прегратки дневно ни се потребни за да се одржуваме, а дванаесет на ден за да напредуваме“ – Вирџинија Сатир Овие зборови можат да звучат како преувеличување, но ако се потсетиме дека кожата е нашиот најголем орган и дека нежниот допир е еден од првите и најсилни впечатоци по раѓањето, станува јасно зошто прегратките се толку важни. Кога бебето плаче, мајката го зема во ...

Во светот на љубовта, некои врски се мирни пристаништа, додека други се како бурни мориња – полни со страст, предизвици и незаборавни моменти. Астрологијата открива дека комбинацијата на одредени хороскопски знаци создава токму таква динамика, каде што линијата помеѓу љубовта и конфликтот е неверојатно тенка. Овие парови не можат еден без друг, а истовремено едноставно не можат да се избегнат. Овен и Скорпија Кога огнениот Овен и водената ...

Украина официјално ја презеде одговорноста за нападот врз два руски нафтени танкери во Црното Море, кои според Киев се дел од т.н. „фантомска флота“ што Русија ја користи за заобиколување на западните санкции. Според извор од украинската служба за безбедност (СБУ), танкерите „Kairo“ и „Virat“ биле погодени со дронови во заедничка операција на СБУ и украинската морнарица. Бродовите се движеле кон Новоросијск, каде требало да го дополнат ...

Хонгконг денеска започна тридневен период на жалост по катастрофалниот пожар во областа Тај По, кој однесе најмалку 128 животи, што претставува најсмртоносна трагедија од ваков вид во градот во последните речиси осум децении. На почетокот на жалостa беше одржано триминутно молчење, а знамињата на Кина и Хонгконг беа спуштени на половина копје. Граѓаните можат да положат цвеќе и да се запишат во книги на сочувство на отворените меморијални ...

КМФ Кеги Моби Велес го очекува еден од најтешките натпревари во сезоната. Во рамките на Првата футсал лига, во Велес гостува актуелниот шампион КМФ Форца, тим кој минатата сезона ја освои титулата со доминантни настапи и високи резултати. За КМФ Кеги Моби - Велес, овој натпревар носи посебна тежина. Екипата има силна желба да ја задржи победничката низа на домашен терен и да продолжи да ја гради својата позиција во врвот на табелата. Играчите ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1005
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
2.06
83%
1006
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
0.51
80%
1006
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
3.09
87%
1006
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.1
92%
1006
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
96%
1007
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
5.36
66%
1007
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
67%
1009
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
93%
1008
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
4.12
88%
1005
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
83%
1005
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
3.09
79%
1006
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

46.91

Алуминиум

3.03

Иридиум

221848.72

Бакар

11.69

Цинк

3.25

Сребро

2460.50

Платина

67162.91

Кобалт

64.04

Паладиум

546.56

Родиум

336779.07

Рутениум

45750.51

Злато

159231.39