Вчера околу 13 часот во Сремчица се случила тешка сообраќајна несреќа, при која возач на комбе удрил две и полгодишно момче. Малото дете итно било пренесено во болница со сериозни повреди на црниот дроб. Несреќата се случила додека детето било на тротоарот во придружба на својата баба, но во еден момент се одвоило од неа и се обидело само да ја премине улицата. Во тој момент комбето, управувано од М. М. (67), го удрило детето со предниот дел ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД би тргнале по погрешен пат ако продолжат да примаат имигранти кои, според него, ја носат „непотребната проблематика“ во земјата. Острите коментари дојдоа по медиумските извештаи за планирана имиграциска операција насочена кон сомалиската заедница во Минесота, пренесе BBC. „Не ги сакам во нашата земја, ќе бидам искрен со вас“, рече Трамп на состанок со кабинетот. „Со Сомалија, која е едвај ...

Во понеделник, 1 декември, во раните попладневни часови, на железничката пруга помеѓу селата Топлац и Кумарево се случи страшна несреќа, при што малолетникот Д. Т. од Бресница трагично загина. Според потврдените информации од Основното јавно обвинителство во Врање, патнички воз кој сообраќал од Северна Македонија кон Белград го прегазил телото на момчето. Веднаш по несреќата, надлежното обвинителство започнало истрага, собирајќи информации од ...

На 1 декември 2019 година, во кинескиот град Вухан започна нешто што тогаш изгледаше како уште една необична медицинска појава. Маж кој почувствувал нагло влошување на здравствената состојба подоцна ќе стане првиот познат пациент заразен со новиот коронавирус – вирус кој за само неколку месеци ја стави целата планета во состојба на невидена криза. Во првите денови, лекарите се соочија со мистериозни случаи на воспаление на белите дробови, за ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски јавно изрази загриженост дека САД би можеле да го изгубат интересот за посредување меѓу Киев и Москва, пренесе Sky News. На прес-конференција во Даблин со ирскиот премиер Мајкл Мартин, тој рече дека останува умерен оптимист, но дека загриженоста е реална. „Имаше малку оптимизам поради брзината на преговорите и јасниот интерес од американската страна. Тоа покажа дека Америка не се повлекува од ...

Густа магла утринава целосно ги прекри делниците кон Попова Шапка и планинскиот превој Стража, поради што Авто-мото сојузот и ЈП „Македонија пат“ упатија итен апел до возачите за максимална претпазливост. На патниот правец Гајре – Попова Шапка видливоста е драматично намалена – едвај 20 до 25 метри, додека на Стража варира меѓу 50 и 70 метри, што го прави возењето исклучително ризично. Надлежните потсетуваат дека ваквата густа магла најчесто ...

Во источниот авганистански град Хост се случи пострашна сцена која го шокираше светот. Илјадници луѓе се собраа на градскиот стадион за да ја видат јавната егзекуција на човек кој оваа година брутално ги уби 13 членови на сопственото пошироко семејство. Талибанските власти ја изведоа казната јавно, нагласувајќи дека е спроведена „според шеријатскиот закон“. Според полициските информации, меѓу присутните бил и еден од блиските роднини – ...

Синоќа, околу 23:20 часот, на автопатот А3 Брегана–Загреб–Липовац се случила тешка и морничава несреќа која го запрепастила целиот регион. Полицијата од Сисак соопшти дека во трагичниот настан животот го загубила 33-годишна жена, која била прегазена од камион додека се наоѓала на коловозот. Според првичните информации, 28-годишен возач управувал камион со загрепски регистарски таблички, движeјќи се по десната сообраќајна лента во правец кон ...

Во Крива Паланка избувна вистинска драма кога поранешниот сопственик на повеќе од 500 крави беше приведен по жесток судир со полицијата и инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство. Екипите дошле да го спроведат решението за одземање на добитокот, но мажот се спротивставил со силен отпор, проследен со вреќање и пoвисоки тонови, пред конечно да биде совладан и спроведен во полициската станица. Од Основното јавно обвинителство Куманово ...

Во Виена е убиен 21-годишен украински студент, кој претходно бил пријавен за исчезнат од неговите родители. Телото на младиот човек било пронајдено околу 00:30 часот во виенски округ, по пријава за пожар во Мерцедес со украински регистарски таблички. Пожарникарите го откриле на задното седиште дури откако огнот бил изгаснат. Истражувањата покажале дека местото на пожарот не било местото на убиството. Според анализа на последните часови од ...

Научниците истакнуваат дека исхраната има огромно влијание врз здравјето на мозокот. Лошата храна може да ја зголеми воспаленоста и да го забрза когнитивното опаѓање, додека правилната исхрана ја намалува веројатноста за развој на деменција и Алцхајмерова болест. Според експертите, најкорисни намирници за мозокот се: Редовното вклучување на овие намирници во исхраната може да ја подобри меморијата, концентрацијата и когнитивното здравје, со ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција по вториот круг од локалните избори изјави дека не планира да поднесе оставка од функцијата претседател на партијата. Сепак, потврди дека Ана Чупеска поднела оставка од позицијата потпретседателка на СДСМ. Поради лошите резултати на изборите, оставка поднел и кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров, Костадин Ацевски, кој е и претседател на општинската организација на партијата. ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска води интензивни преговори со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стивен Виткоф, кои траат веќе три часа и засега нема најава за завршување. На состанокот присуствуваат и Јуриј Ушаков и Кирил Дмитријев од руската страна, како и Џаред Кушнер од американската делегација. Овој состанок е дел од интензивната дипломатска активност во последните две недели. Според изворите на ...

Градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, најави дека општините и Градот Скопје ќе учествуваат финансиски во проширувањето на системот „Безбеден град“ со цел да се зголеми опфатот на камерите и да се обезбедат побезбедни маала, јавни објекти, училишта и градинки. – Доколку Министерството за внатрешни работи нема можност да издвои средства за проширување на системот, ние како општини и Градот Скопје ќе помогнеме ...

Стотици научници предупредуваат дека светот влегува во „опасна зона“ и повикуваат на итна акција за да се спречи климатскиот систем да достигне критични точки од кои нема враќање. Во новата декларација, тие истакнуваат дека ако не се преземат брзи мерки, ќе биде предоцна да се запре забрзаното влошување на планетата. Научниците ги повикуваат светските лидери и носители на одлуки да „дејствуваат сега и да дејствуваат брзо“ за климатските ...

Бугарската влада објави дека ќе го повлече контроверзниот предлог-буџет за 2026 година по масовните протести што се одржаа во Софија и во други градови низ земјата. Десетици илјади граѓани излегоа на улиците, изразувајќи незадоволство од предлогот, за кој тврдеа дека се обидува да прикрие широко распространета корупција во владата. Некои демонстранти, со маски на лицата, се судрија со полицијата, претходно напаѓајќи ги просториите на ...

Ирачкото министерство за нафта објави дека ги поканило американските компании да поднесат понуди за купување на мнозинскиот удел во нафтното поле Западна Курна 2, кое моментално го управува рускиот гигант „Лукоил“. Победникот на тендерот ќе го замени „Лукоил“ како оператор на полето. Според извори, ExxonMobil веќе покажал интерес, а потенцијални кандидати се и BP, TotalEnergies, како и кинеската PetroChina, која управува со соседното поле ...

Во Албанија од денеска започна исплатата на новогодишниот бонус за пензионерите, објави министерката за економија и иновации, Делина Ибрахимај, на својот Фејсбук профил. „Од денеска почна исплатата на новогодишниот бонус во износ од 100 до 150 евра. Овој бонус е заслужена поддршка за над 760 илјади корисници. Од нив, 541 илјада пензионери кои примаат до 200 евра месечно ќе добијат по 150 евра, додека 221 илјада пензионери со примања над 200 ...

Владимир Путин порача дека не сака војна со Европа, но е спремен за неа ако Европа сака конфликт со Русија. Изјавата доаѓа само неколку часа пред средбата со американскиот специјален пратеник Стив Виткоф, каде ќе се разговара за американскиот план за крај на војната во Украина. Првичниот план имаше 28 точки, но по критиките од Киев и европските земји дека фаворизира Русија и ѝ дава премногу отстапки, беше ревидиран и намален во ...

Поранешен англиски репрезентативец и фудбалер кој играл во Премиер лигата е уапсен под сомнение за обид за силување, откако случајот бил пријавен од неговата поранешна партнерка, објави лондонскиот весник „Сан“. Без да се открие името на осомничениот, весникот наведе дека фудбалерот бил приведен на аеродромот „Станстед“ во Есекс. Поранешниот спортист, кој настапувал за репрезентацијата на Англија во 2010 година, бил уапсен на пасошка ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека е постигнат договор со САД за нов мировен план од 20 точки, кој има за цел да стави крај на војната со Русија. Најтешките прашања остануваат територијалните спорови и замрзнатите руски средства во Европа, како и обезбедувањето безбедносни гаранции за Украина, пренесува BBC. На прес-конференција во Даблин, заедно со ирскиот премиер Мајкл Мартин, Зеленски рече дека вчера имал разговор со ...

Италија ја започна зимската сезона со драстична промена – од 1 ноември годинава, носењето заштитна кацига е задолжително за сите корисници на скијачките патеки. Ова правило важи за скијачи, сноубордери, санкачи, како и за еднодневни туристи кои ја посетуваат земјата. Со ова, Италија стана првата европска земја со универзална обврска за кацига за сите возрасти, со цел да се намали ризикот од сериозни повреди на главата. Што опфаќаат новите ...

Европската Унија се подготвува да основа заеднички Европски центар за критични минерали, кој ќе функционира како клучна точка за снабдување на ЕУ со стратешки метали. Иницијативата, дел од напорите на Унијата за економска сигурност и независност од глобални снабдувачи, ќе биде презентирана на почетокот на декември, кога ќе стане познато и дали земјите кандидатки, како Македонија, ќе бидат вклучени во планот. Еврокомесарот за индустрија, ...

Германската индустрија се соочува со сериозни проблеми во снабдувањето со суровини, а недостигот на чипови ја влошува веќе тешката состојба во производствениот сектор. Особено е критична ситуацијата во автомобилската индустрија, покажуваат податоците од Институтот за економски истражувања ИФО со седиште во Минхен. Според неодамнешното истражување на ИФО, 11,2% од анкетирани компании пријавиле проблеми во набавката на суровини за производство, ...

Во Македонија постои еден парадокс кој ги збунува и економистите и работодавците: и покрај тоа што има илјадници невработени, одредени сектори постојано се соочуваат со недостиг на работници. Според податоците на Државниот завод за статистика, во државата моментално има над 10 илјади слободни работни места, особено во услужните дејности, трговијата, подготовката на храна, преработувачката индустрија и сместувачките капацитети. Работодавците ...

За само еден ден, новиот систем „Сејф сити“ регистрирал неверојатни 110 илјади сообраќајни прекршоци во Скопје. Најголемиот дел од нив се прекршувања на дозволената брзина, што според Министерството за внатрешни работи покажува alarmantни навики кај македонските возачи. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека толеранција нема да има за никого, но дека периодот на тестирање ќе покаже дали системот треба да се коригира. Тој ...

Братот на сопственикот на дискотеката „Пулс“, Тодор Јованов, кој во случајот „Кочани“ се наоѓа како петтообвинет, денеска преку својот адвокат излезе со нова одбрана. Според обвинението, неговата улога во ноќта на трагичниот пожар била поврзана со продажба на билети на влезот во дискотеката, но Обвинителството навело дека тој имал и одговорност во безбедносните процедури на објектот. Неговиот бранител Александар Новаковски истакна дека ...

Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави видео од болница во кое се гледа како премиерот разговара со ранети израелски војници. По разговорот со војниците, Нетанјаху се обрати пред камера до другите израелски граѓани и зборуваше за можно решение со Сирија, кое, според официјалните лица, би можело да донесе „вечен мир“. „Ние сме посветени на одбраната на нашите заедници на границите, вклучително и северната, и на ...

Загледан во објективот на фоторепортерите, со белите „Најк“ патики со портокалови врвци и сината фасцикла во раце, човекот кој се смета за сериски убиец во Хрватска повторно се појави пред судот во Вараждин. Еден од најсуровите убијци во земјата, кој во судница изјавил „За мене, единственото решение е куршум!“ и „Се гледаме во пеколот!“, сега е во лисици и го очекува судење. Јутарни лист пренесува дека по 9 месеци од покренувањето на ...

Илјадници депонии низ Велика Британија и Европа се наоѓаат во поплавени рамнини, создавајќи сериозна закана за водата за пиење и заштитените области, доколку токсичниот отпад се испушти во реките, почвите и екосистемите. Ова е откриено преку првото обемно мапирање на депониите на целиот континент, спроведено од Гардијан, Watershed Investigations и Investigate Europe. Професорот Патрик Бирн од Универзитетот Ливерпул Џон Мурс нагласува: „Со ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
82%
1004
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
77%
1005
weather icon

Загреб

11ᴼ / 10ᴼ
1.03
79%
1006
weather icon

Софија

8ᴼ / 5ᴼ
4.12
86%
1005
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
0.97
93%
1005
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
95%
1006
weather icon

Атина

19ᴼ / 18ᴼ
5.14
55%
1006
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
6.69
51%
1008
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1007
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
4.12
88%
1003
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
78%
1004
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
3.6
70%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.03

Злато

159231.39

Родиум

336779.07

Рутениум

45750.51

Калај

46.91

Платина

67162.91

Иридиум

221848.72

Сребро

2460.50

Бакар

11.69

Цинк

3.25

Паладиум

546.56