Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Нови силни ерупции на вулканот Етна повторно го осветлија небото над Сицилија, додека огромни облаци од вулкански пепел и лава се издигнуваат над највисокиот активен вулкан во Европа. Италијанските власти веднаш издадоа предупредување за авионскиот сообраќај, иако засега нема прекини во летовите кон Катанија. Според италијанските медиуми, Етна влезе во нова фаза на засилена вулканска активност, при што над островот се формираа едни од ...
Европските авиокомпании и аеродроми побараа од Европската комисија привремено да ги суспендира новите биометриски проверки на границите на Европската Унија во текот на летната сезона, предупредувајќи дека системот предизвикува огромни гужви, повеќечасовни чекања и сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај. Во заедничко писмо испратено до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, водечките европски здруженија на аеродроми ...
Во изминатите 24 часа Министерството за внатрешни работи регистрирало осум случаи на семејно насилство низ повеќе градови во Македонија. Во неколку случаи осомничените биле приведени, а полицијата најавува соодветни пријави по целосното документирање на настаните. Еден од најзагрижувачките случаи е регистриран во Кичево, каде што полициски службеници ја лишиле од слобода 40-годишната Ј.С., откако било пријавено дека во алкохолизирана состојба ...
Општина Кавадарци започнува со имплементација на нов, современ проект кој значително ќе го олесни секојдневието на граѓаните и ќе ги модернизира општинските услуги. На колективните станбени згради ширум градот започнува поставувањето на информативни табли со QR-кодови, како дел од процесот за дигитализација на локалната самоуправа. Преку оваа иновација, граѓаните со само едно едноставно скенирање на кодот преку своите мобилни телефони, брзо и ...
Диего Диего Марадона уште во 2018 година предупредуваше дека Светското првенство во 2026 година би можело да стане повеќе комерцијален спектакл отколку чист фудбал. Денес, по бројните реакции за паузите за хидратација на натпреварите, неговата изјава повторно се споделува на социјалните мрежи и предизвикува нови дебати меѓу навивачите. Марадона тогаш јавно се спротивстави на одлуката Мундијалот да се одржи во САД, Канада и Мексико, оценувајќи ...
Тело на девојка на возраст од околу 20 години е пронајдено денеска во реката Велика Морава, во близина на селото Мијатовац. Според неофицијални информации, се сомнева дека несреќната девојка се удавила уште на 29 јуни. За неа, откако било пријавено дека исчезнала во реката, со денови интензивно се трагало. „Телото е пронајдено во атарот на селото кај Ќуприја. Извршен е увид на местото на настанот, а во тек е утврдување на идентитетот како и ...
Општина Кавадарци и локалните јавни претпријатија продолжуваат со активностите за поддршка на земјоделците и подобрување на руралната инфраструктура. Во моментов, на терен се одвива интензивно порамнување на полските патишта во Месната заедница Глишиќ. Градежните активности се реализираат со помош на соодветна механизација на ЈП „Комуналец“. Полесен пристап за земјоделците и механизацијата Главната цел на оваа акција е да се санираат ...
Мајката на 14-годишното момче кое на 22 јуни било тешко повредено во инцидент во скопската населба Ченто, Џељана Селими, реагира дека случајот не се третира со соодветна правна квалификација. Во изјава за „Слободен печат“, таа наведува дека од полицијата случајот засега се води како „насилство“, иако, според нејзините тврдења, околностите укажуваат на многу посериозно кривично дело. Таа посочува дека нападот бил брутален и дека, според ...
Министерството за внатрешни работи објави јавен повик за прием на 200 редовни ученици во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ при Полициската академија. Како што информираат од МВР, на конкурсот може да се пријават кандидати кои имаат завршено прва и втора година средно образование, а кои ги исполнуваат пропишаните услови за упис. Избраните ученици ќе го продолжат своето школување во полициското училиште. Меѓу основните критериуми се: ...
Осуденик од Казнено-поправната установа Затвор Штип бил итно пренесен во Клиничката болница во Штип по инцидент во затворот, информираат надлежните. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 30 јуни во 11:32 часот во СВР Штип било пријавено од болницата дека кај нив е донесено 39-годишно осудено лице од кавадаречко подрачје, кое било повредено во затворот. Од МВР наведуваат дека за случајот е известен јавен обвинител, а по ...
Играчки и облека од „Тему“ и „Шеин“ под сериозен надзор по шокантни резултати: тестовите откриваат високо ниво на ризик кај голем дел од производите Популарните онлајн платформи за брза и ултраевтина мода, како „Шеин“ и „Тему“, се најдоа во центарот на нови сериозни предупредувања, откако истражувања и лабораториски тестови покажале дека значителен дел од нивните производи не ги исполнуваат безбедносните стандарди. Според објавените наоди, ...
Општина Кавадарци продолжува со интензивно вложување во патната и комуналната инфраструктура низ целиот свој регион. Најнов доказ за тоа е успешното завршување на градежните активности во селото Долна Бошава, каде што целосно е уредена нова јавна површина. Како дел од поширокиот договор за модернизација и поплочување на улици во повеќе селски средини, во Долна Бошава комплетно се уредени 230 метри квадратни. Подобри услови за живот на ...
Во скопската населба Ченто се случил тежок и вознемирувачки инцидент во кој 14-годишно момче било сериозно повредено при насилен напад. Според првичните информации, случајот вклучувал употреба на остар предмет, по што малолетникот се здобил со повеќе повреди и паднал во состојба на онесвестување. Настанот предизвикал голем шок кај локалното население, особено поради фактот што жртвата е дете. Деталите за тоа како точно дошло до инцидентот сè ...
Во скопската населба Аеродром се случил сериозен инцидент на врсничко насилство во кој било пријавено дека 12-годишно девојче било изложено на понижување и физички напад од страна на други малолетни лица, информираат од надлежните институции. Според пријавата поднесена до СВР Скопје, настанот се случил во парк на 30.06.2026 година околу 22:00 часот, кога две малолетнички, заедно со други присутни, најпрво го присилиле девојчето во два наврати ...
Двајца жители на Холандија завршиле во кома откако користеле фалсификувани лекови за слабеење купени преку интернет, објавува NL Times, повикувајќи се на медицински извори и истражувања. Случајот веднаш предизвика сериозна загриженост кај здравствените власти, кои издадоа предупредување до јавноста да избегнува купување таканаречени „пенкала за слабеење“ од непроверени онлајн извори и социјални мрежи. Според информациите, еден од пациентите е ...
Еден момент на невнимание, заминување „само на минута“ или погрешна процена дека „не е толку топло“ може да имаат трагични последици. Автомобил паркиран на сонце, во кој е оставено дете без надзор, многу брзо станува „печка“, а за тоа дури не е ни потребно надворешната температура да биде екстремно висока. Последниот случај од Призрен, каде што мајка остави две мали деца заклучени во автомобил изложен на директно сонце, повторно го отвори ...
Цените на нафтата бележат нов пад во четврток, откако инвеститорите позитивно реагираа на првите знаци за напредок во индиректните разговори меѓу САД и Иран. Движењето на пазарот покажува дека геополитичката неизвесност постепено се намалува, што директно се одразува на вредноста на енергенсите. Според последните податоци, нафтата од типот Брент се спушти на 70,77 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI падна на 67,67 долари. ...
Со почетокот на летната туристичка сезона и големиот број патници од регионот што патуваат кон Грција, повторно се актуелизира предупредувањето за зголемен ризик од кражби, особено од возила со странски таблички. Најчеста мета на крадците се автомобили кои се полни со багаж и паркирани на прометни локации, како супермаркети, трговски центри, плажи и туристички паркинзи во популарните дестинации како Халкидики, Солун и Тасос. Според полициски ...
Единаесетгодишно дете од тетовското село Сараќино било нападнато и каснато од куче, информираат од СВР Тетово, при што случајот предизвика загриженост кај локалното население. Според пријавата, инцидентот се случил на 1 јули околу 22:30 часот, додека момчето се движело низ селото. Во еден момент, пред куќата на С.Ј., детето било нападнато од куче кое не било врзано и не било соодветно обезбедено. Животното го каснало детето во пределот на ...
Над Боденското Езеро, кое се наоѓа на тромеѓето меѓу Германија, Австрија и Швајцарија, денеска се формирал голем и впечатлив воден вртлог кој бил видлив околу 15 минути, соопшти Германската метеоролошка служба. Сцената брзо привлекла внимание бидејќи природниот феномен бил јасно забележлив од повеќе точки околу езерото, а локалните жители и очевидци го снимиле на видео кое подоцна се проширило на социјалните мрежи. Според метеорологот Кај-Уве ...
Вознемирувачка снимка од брутално врсничко насилство врз малолетно девојче, за која се наведува дека е направена во скопската населба Аеродром, предизвика силен бран на реакции во јавноста, осуди од граѓани и барања за итна реакција од надлежните институции. На видеото, кое брзо се прошири на социјалните мрежи, се гледа малолетно девојче опкружено од група врсници, додека е изложено на навреди, влечење за коса и физички напади. Посебно ...
Познатиот адреналински пар Ангела Николау и Иван Кузнецов повторно го привлече вниманието на светската јавност, откако се искачија на врвот на Емпаер Стејт Билдинг во Њујорк, каде што се свршија, а веднаш потоа беа приведени од полицијата. Инцидентот се случил на 1 јули, кога 33-годишната Ангела и нејзиниот 32-годишен партнер се искачиле на антената на легендарниот облакодер, на височина од околу 443 метри. Целата нивна авантура ја ...
НАСА ги претстави најновите детали од својот амбициозен проект за изградба на постојана база на јужниот пол на Месечината, инвестиција проценета на околу 20 милијарди долари. Доколку плановите се реализираат, ова ќе биде првото место надвор од Земјата каде астронаутите ќе можат долгорочно да живеат и работат, отворајќи ново поглавје во истражувањето на вселената. Идната база ќе има клучна улога во програмата „Артемис“, преку која НАСА планира ...
Ричард Пресон, татко од Оклахома, ја загуби својата петнаесетгодишна ќерка, Лија Пресон, поради опасен тренд прикриен како „предизвик“, на кој наседнаа бројни деца и тинејџери. Ожалостениот татко ги повикува родителите да обрнат повеќе внимание на тоа што нивните деца гледаат на социјалните мрежи. Лија Пресон (15) завршила на интензивна нега откако го пробала виралниот „Бенадрил предизвик“. Предизвикот се заснова на земање прекумерна количина ...
Необичен случај од Загреб привлече големо внимание на јавноста откако постара жена поставила детски базен на улица, бидејќи, како што објаснила, во дворот немало доволно простор за него. Снимките и фотографиите брзо се прошириле на социјалните мрежи, а приказната предизвика бројни реакции. Базенот бил поставен меѓу паркирани автомобили, веднаш до оградата на нејзиниот дом, и таму стоел околу две недели. Иако жената тврди дека не претставувал ...
Двајца пациенти го загубија животот, а најмалку 34 лица се повредени во пожар што избувна рано утринава во болница во германскиот град Лудвигслуст. Инцидентот предизвика голема мобилизација на спасувачките служби, додека во тек е целосна евакуација на здравствената установа. Според првичните информации, огнот најпрво избувнал во една болничка соба, а потоа се проширил кон покривната конструкција на Одделот за радиологија. Дојавата до ...
Четири лица се уапсени во американската држава Охајо откако полицијата открила 16 деца кои живееле во исклучително тешки и нехумани услови во куќа во селото Хамден. Неколку од децата биле во сериозна здравствена состојба и веднаш по нивното пронаоѓање им била укажана итна медицинска помош. Акцијата ја спровеле истражители од Бирото за кривични истраги на Охајо заедно со припадници на локалната канцеларија на шерифот. По влегувањето во куќата, ...
Тетовец е лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува автомобил со дури 177 километри на час на магистралниот пат Гостивар–Тетово, на делница каде што максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, прекршокот бил регистриран вчера околу 18 часот на клучката кај Боговиње. Полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при Секторот ...
Министерството за внатрешни работи продолжува со превентивни активности низ повеќе градови во државата, насочени кон зголемување на безбедноста во сообраќајот, заштита од пожари и спречување на имотни деликти. Полициски службеници од СВР Велес, Полициската канцеларија Градско и Полициското одделение Чашка спроведоа едукативни активности за превенција од шумски и пожари на отворен простор. На граѓаните им беше укажано на важноста од внимателно ...
Членови на кабинскиот персонал предупредуваат дека една од најчестите грешки што ја прават патниците е влегувањето боси во тоалетот на авионот. Во поткаст на BBC со водителот Мартин Луис, стјуардеса која работи за една светска авиокомпанија објасни дека ова може да претставува здравствен ризик. Таа посочи дека течностите на подот во авионските тоалети не секогаш се вода, туку често можат да бидат урина, повраќаница или други телесни течности ...