Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Иако многумина веруваат дека туширањето за време на грмотевици е само старо народно предупредување, експертите велат дека ризикот е реален. Според лекарите, користењето вода додека трае силно невреме може да биде опасно, бидејќи молњата може да ја пренесе електричната енергија преку водоводните и електричните инсталации. Стручњаците предупредуваат дека опасност постои дури и во домови со современи пластични цевки, бидејќи водата содржи ...
Во Нови Сад денеска попладне е пријавено пукање на Булеварот на ослободувањето, по што на местото веднаш биле испратени повеќе полициски патроли. Според неофицијални информации, Итната медицинска помош ја известила полицијата откако на местото пронашла маж кој лежел во локва крв. Првичните сознанија укажуваат дека непознат маж бил застрелан во ногата, но засега не се познати околностите под кои дошло до инцидентот, ниту идентитетот на ...
Необична сцена ги изненади туристите на грчкиот остров Сими, откако голема морска фока се појави во плитките води во близина на плажата Маратунда и заплива само неколку метри од капачите. Нејзиното ненадејно појавување првично предизвика паника кај дел од присутните, па некои туристи веднаш излегоа од водата. Сепак, кога сфатија дека станува збор за фока, стравот брзо се претвори во воодушевување. Големото морско животно мирно пливаше покрај ...
Иако повеќето луѓе за својата крвна група размислуваат само кога им е потребна трансфузија или хируршка интервенција, бројни научни истражувања покажуваат дека таа може да биде поврзана и со ризикот од развој на одредени заболувања. Според досегашните анализи, нултата (0) крвна група е поврзана со најмал ризик од развој на некои видови рак, особено карциномите на дигестивниот систем. Научниците сметаат дека причината лежи во тоа што лицата со ...
Турција се искачи на второто место во Европа според инсталираниот капацитет за производство на електрична енергија од хидроцентрали, покажуваат најновите податоци на Меѓународното здружение за хидроенергија (IHA). Со речиси 23.294 мегавати инсталиран хидроенергетски капацитет, Турција ја надмина Франција, Шпанија и Италија, додека на европско ниво пред неа останува само Норвешка. На светската листа, Турција е рангирана на деветтото место, зад ...
Украина значително го зголемила опсегот на своите ракетни напади врз Русија, при што предупредувања за ракетна опасност годинава биле активирани во региони каде што живее повеќе од 70 проценти од руското население, покажува анализа на „Блумберг“. За разлика од почетокот на војната, кога нападите главно беа насочени кон пограничните области, сега украинските удари се изведуваат и стотици, па дури и илјадници километри во внатрешноста на ...
Полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот денеска лишиле од слобода 47-годишен жител на Тетово, откако бил затекнат како вози со драстично поголема брзина од дозволената на автопатот Гостивар–Тетово. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, возачот управувал патничко возило „Шкода“ со тетовски регистарски таблички и се движел со 177 километри на час на делница кај клучката Боговиње, каде што ...
Трагична несреќа се случила вчера во близина на кавадаречкото село Мрежичко, каде што 56-годишен жител на Кавадарци го загубил животот откако товарно возило излетало и паднало во провалија. Според информациите од МВР, несреќата се случила околу 13 часот при истовар на земја од товарно возило „ман“, кога камионот се превртел и завршил во провалија. Возачот И.К. се здобил со тешки повреди, од кои починал на местото на несреќата. Смртта ја ...
Хормоните имаат огромно влијание врз здравјето на косата, а нивниот дисбаланс може да доведе до проретчување, забавен раст и засилено опаѓање. Освен што го регулираат расположението и бројни телесни функции, тие директно влијаат и врз состојбата на фоликулите на косата. Еден од најважните фактори се андрогените, хормони кои, кај лица чувствителни на нивното дејство, можат да предизвикаат постепено намалување на фоликулите. Како резултат, ...
Силното невреме што го зафати Скопје предизвика нов инцидент во општина Аеродром, каде што дрво се откорнало од корен и паднало врз пешачка патека на улицата „Владимир Комаров“, непосредно до детско игралиште. За среќа, според досегашните информации, нема повредени лица, но паднатото дрво целосно ја блокира патеката и претставува потенцијална опасност за пешаците, особено за децата и родителите кои секојдневно го користат просторот. Жителите ...
По денешното невреме што ја зафати Општина Бутел, Кризниот штаб и општинските служби се целосно мобилизирани и работат на санирање на последиците на најпогодените локации. Од Општината информираат дека екипите се на терен и интервенираат секаде каде што има потреба, со цел што побрзо да се отстранат штетите и да се обезбеди нормално функционирање. За граѓаните е ставен во функција и телефонскиот број 076 202 893, на кој можат да пријават ...
Основното јавно обвинителство во Штип отвори истражна постапка против 38-годишна доцентка на Универзитетот „Гоце Делчев“, која е осомничена за кривичното дело примање поткуп. Според Обвинителството, осомничената, како лице кое врши работи од јавен интерес, директно побарала 300 евра од студент за да му запише преодна оценка шестка на испитот. Како што се наведува, таа му кажала на студентот парите да ги остави на помошната маса во нејзиниот ...
Во Уганда е потврден нов случај на Марбург вирусна треска, една од најопасните заразни болести, поради што здравствените власти веднаш ги активираа протоколите за спречување на евентуално ширење на инфекцијата. Иако засега станува збор за изолиран случај, епидемиолошките служби веќе ги идентификуваат и следат сите лица кои биле во контакт со заразениот, со цел навремено да се спречи појава на нови инфекции. Марбург вирусот припаѓа на истото ...
Системот „Безбеден град“ наскоро ќе почне да ги опфаќа и возачите со странски регистарски таблички кои прават сообраќајни прекршоци додека транзитираат низ Македонија. Ова го најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за време на промоцијата на кампањата „Вози одморен“ на граничниот премин Табановце. Тошковски порача дека камерите веќе функционираат и ги евидентираат прекршоците, а следниот чекор е воспоставување систем преку кој ...
Тешка сообраќајна несреќа се случи на излезот од Охрид, во близина на локалитетот Помолие, каде што според првичните информации е оштетен најмалку еден патнички автомобил. Во силниот удар значително е оштетена и инфраструктурата покрај патот, при што искршени се неколку канделабри од уличното осветлување. Засега нема официјални информации дали во несреќата има повредени или загинати лица. На местото се очекува увид од надлежните служби, кои ...
Силното невреме што го зафати Скопје и предизвика поплави на повеќе улици донесе и една необична сцена која за кратко време стана хит на социјалните мрежи. На видео што се споделува на интернет се гледа маж кој, наместо да се обидува да ја избегне поплавената улица, одлучил ситуацијата да ја претвори во несекојдневно искуство. Тој легнал на душек за пливање и „запловил“ по водата на булеварот „Србија“. ВИДЕО Снимката брзо привлече внимание и ...
Британската актерска сцена остана без една од своите најголеми легенди. На 86-годишна возраст почина Пенелопе Кит, прославената актерка која со децении беше едно од најпрепознатливите лица на британската телевизија, театар и филм. Според информациите што ги објави нејзиното семејство, Кит починала во својот дом во Сари, по битка со ракот. Веста предизвика бројни реакции од колеги, пријатели и љубители на нејзината работа ширум светот. ...
Со поставување камен-темелник за новиот маркет во Струмица, „Лидл“ официјално ја започна реализацијата на својата голема инвестиција во Македонија, која според најавите изнесува околу 200 милиони евра. На настанот присуствуваше вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој истакна дека влезот на еден од најголемите светски трговски синџири е значаен сигнал за економијата и доказ дека земјата станува попривлечна за странски ...
Во рамките на манифестацијата „Кавадаречко културно лето 2026“, вечерва најмладите посетители ќе имаат можност да уживаат во детската театарска претстава „Магичниот куфер“. Претставата ќе започне во 20:00 часот на Градскиот плоштад во Кавадарци, каде организаторите најавуваат вечер исполнета со магија, смеа, интересни авантури и детска фантазија. Настанот е наменет за целото семејство, а организаторите ги покануваат родителите да ги поведат ...
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера попладне во Велес, кога трактор со приколка излетал од коловозот и удрил во ѕид од семејна куќа. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во СВР Велес околу 18:30 часот. На улицата „Сараевска“, трактор „ИМТ“ со велешки регистарски ознаки, управуван од 50-годишниот С.И. од велешкото село Бузалково, од засега неутврдени причини ја изгубил контролата, излетал ...
Силното невреме што го зафати Скопје предизвика сериозни проблеми и на Клиниката за онкологија, каде што беше поплавен долниот кат на објектот во кој се изведуваат третманите со радиотерапија за пациентите со малигни заболувања. Директорот на Клиниката, Игор Стојковски, потврди дека веднаш по настанот биле исклучени сите апарати за радиотерапија, со што, како што посочи, била спречена каква било поголема опасност. Тој нагласи дека установата ...
Патниците кои патуваат преку Меѓународниот аеродром „Скопје“ отсега ќе имаат побрзо и поедноставно искуство при безбедносната контрола. Благодарение на новите CT скенери, повеќе нема потреба лаптопите, таблетите, мобилните телефони, парфемите и другите течности да се вадат од рачниот багаж при проверката. Аеродромскиот оператор „ТАВ Македонија“ инвестираше околу еден милион евра во нов современ систем за безбедносна контрола, кој вклучува два ...
Градските служби се ставени во состојба на целосна подготвеност откако силното невреме го зафати Скопје. Кризниот штаб, јавните претпријатија и надлежните институции се мобилизирани и интервенираат на повеќе локации со цел навремено справување со последиците и заштита на граѓаните. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека поради силното невреме кое го зафати главниот град, Кризниот штаб е во постојана координација со сите ...
Со поставување на камен-темелникот за новиот маркет на „Лидл“ во Струмица, официјално започна реализацијата на еден од најголемите трговски проекти во Македонија, вреден околу 200 милиони евра. На свеченоста присуствуваше вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој истакна дека доаѓањето на еден од најголемите светски трговски синџири претставува силна порака дека Македонија станува сè поатрактивна дестинација за странски ...
Иако документарниот филм за Меланија Трамп не ги исполни очекувањата на кино благајните, поранешната прва дама на САД сепак заработила повеќе од 10 милиони долари од проектот. Информацијата е објавена во финансискиот извештај на американскиот претседател Доналд Трамп, каде е наведено дека приходот произлегува од лиценцирањето на ликот и правата на Меланија за потребите на документарецот. Филмот, насловен едноставно „Меланија“, започна да се ...
Бројот на потврдени случаи на заболени од ебола во Демократска Република Конго се зголеми на 1.333 лица, вклучувајќи и 399 смртни случаи, покажуваат најновите податоци на владата на таа земја. Најновиот извештај ги опфаќа случаите на заболени од ебола кои се официјално потврдени заклучно со вторникот. Според информациите кои ги пренесе Ројтерс, сите случаи на заболени се регистрирани во источните провинции на Конго – Итури, Северен Киву и ...
Две лица загинаа при пад на лесен авион на поле во Есекс, соопшти британската полиција. До падот на двоседот од типот „Цесна“ (Cessna) дошло во текот на вчерашното попладне, набрзо откако авионот полетал од аеродромот Норт Вилд на планирано „кратко патување“, јавува Скај Њуз (Sky News). Идентитетот на жртвите сè уште не е соопштен, а истрагата за причините кои довеле до оваа трагична несреќа е во тек. Две лица загинаа при пад на лесен авион ...
Во моментов во државата вкупно 240 пациенти се на листите за чекање за трансплантација на органи, покажуваат најновите податоци од здравствениот систем. Најголем број од пациентите чекаат трансплантација на бубрег – 168 лица. Покрај нив, 37 пациенти чекаат срце, 12 пациенти се на листа за трансплантација на црн дроб, додека 23 лица очекуваат трансплантација на рожници. Здравствените власти најавуваат нов законски модел за органодарителство, ...
Во близина на селото Мрежичко се случи смртоносна несреќа при работа, во која животот го загуби 56-годишен маж, откако товарно возило паднало во провалија. Според информациите од МВР, несреќата се случила додека се извршувал истовар на земја од камион „ман“ со кавадаречки регистарски таблички. Од засега непознати причини, возилото изгубило стабилност и завршило во провалија. Возачот, 56-годишен жител на Кавадарци, починал на самото место од ...
Со полагање свежо цвеќе пред спомен-бистата во селото Марена, викендов достоинствено беше оддадена почит и беа одбележани 25 години од трагичната смрт на македонскиот војник и бранител, Блашко Толев. На настанот присуствуваа членови на неговото семејство, претставници од локалната самоуправа, здруженија на граѓани и голем број сограѓани кои се поклонија пред неговото вечно почивалиште. Неговиот подвиг, храброст и предвремена жртва во воениот ...