Поранешниот француски претседател Никола Саркози остана без орденот Легија на честа, највисокото одликување во земјата, откако лани му беше потврдена пресудата за корупција. Конзервативниот претседател, кој имаше еден мандат, се соочи со правни проблеми откако ја напушти функцијата во 2012. Во декември, највисокиот суд во Франција ја потврди неговата пресуда за злоупотреба на влијание и корупција, наредувајќи му да носи електронски уред на ...

По два дена обемна потрага, американската полиција го уапси 57-годишниот Венс Белтер, кој во саботата ги уби демократската пратеничка од Минесота Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг во нивниот дом, преправајќи се дека е полицаец. Во друг напад неколку километри подалеку, Белтер ги застрелал и ранил демократскиот државен сенатор Џон Хофман и неговата сопруга. Гувернерот на Минесота, Тим Волц, ги опиша нападите како политички мотивирани атентати. ...

Измените на Изборниот законик со кои се зголемува бројот на потписи за учество на граѓанските иницијативи на избори бил правен според примерот во Германија, им рекол претседателот на Собранието Африм Гаши на независните на средбата која ја имале. Како што велат од граѓанските иницијативи, точно е дека во Германија има скалест модел, но квотите се многу помали, за разлика од срамниот предлог на партиите од власта и опозицијата, кој е доставен на ...

Иранските проектили ги погодија Тел Авив и Хаифа ноќеска, при што загинаа најмалку пет луѓе и беа уништени домови. Најмалку 100 луѓе се ранети. Видеоснимки покажуваат проектили како летаат над Тел Авив и Ерусалим и се слушаат експлозии. Неколку станбени згради во густо населено подрачје на Тел Авив се уништени, стотици метри од огранокот на американската амбасада во градот. Оттаму кажаа дека нема повредени меѓу персоналот. Иранската ...

Израелските напади врз Иран досега убиле најмалку 406 луѓе, а ранети се 654, објави организацијата „Активисти за човекови права“ со седиште во Вашингтон, која долги години го следи регионот. Иранските власти досега немаат објавено официјален број на жртви. Израел интензивно го напаѓа Иран трет ден по ред и се закани со уште посилни напади откако некои ирански проектили ја пробија израелската противвоздушна одбрана, предизвикувајќи уништувања во ...

Доналд Трамп ставил вето на израелски план да се убие иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хаменеи, изјавија двајца американски функционери за „Ројтерс“. „Дали Иранците имаат убиено Американец досега? Не. Дотогаш, нема ни да збориме за елиминацијата на иранското политичко раководство“, рекол еден извор. Тој кажал дека високи американски функционери биле во постојат контакт со израелските власти во деновите пред да почне нападот врз Иран. ...

Вчеравечер за четири часа се случија три сообраќајки на автопатот кај Велес, во кои има петмина повредени. Поради сериозноста на повредите, тројца се пренесени во Клинички центар во Скопје. Сите повредени се странски државјани. „Во текот на вечерта имавме три интервенции за сообраќајки на автопатот во близина на Велес. Во првата имаше жена со повреда на главата и повредено дете. Во втората беше лице на мотор со скршница на нога и третата ...

До денес 22 лица побарале помош за напуштање на територијата на Израел и враќање во земјава по конфликтот меѓу Иран и Израел, соопшти Министерството за надворешни работи. Станува збор за македонски државјани, како и членови на нивните потесни семејства. „Во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата“, велат од МНР. Од Министерството додаваат ...

Годинашната Парада на гордоста во Скопје ќе се одржи на 21 јуни под паролата „Ќе (оп)стоиме заедно. Годинава нема да има концерт, туку протестен марш, бидејќи, како што велат организаторите од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, во изминатите месеци образовниот систем го брише секое спомнување на нивните идентитети и приказни. „Зголеменото насилство, омразата и исмевањето во училиштата не се случајни, тие се последица на ...

Владата сака да ја одземе реновираната сала „Партизан“ од владение на Општина Карпош. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, вели дека ваквата идеја на Владата е апсурдна и нема да дозволи да се одземе салата. „На седница на Генералниот секретаријат на Владата како точка на дневен ред се разгледувало предлог-одземање на спортската сала ‘Партизан‘, која ни беше доделена од Владата пред година и половина по завршувањето на ...

Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) потврди дека во првите денови на израелските воздушни напади биле оштетени две ирански нуклеарни постројки, каде што се врши збогатување ураниум. Иако Иран тврди дека збогатува ураниум исклучиво за цивилни намени, Израел смета дека неговата цел е производство на атомска бомба. „Израел делуваше зашто ако Иран не се запре, може да произведе нуклеарно оружје за многу кратко време. Тоа би можело да ...

Новиот министер за здравство Азир Алиу, кој е доктор по информатички науки, рече дека негова задача е да менаџира со здравствениот систем за да нема листи на чекање, а не да оперира. На денешната прва прес-конференција по стапување на функцијата најави отчетност во работењето и дигитализација на здравството за да се реши проблемот со листите на чекање за операции и терапии. „Јас сум доктор по информатички науки, не сум лекар, но позицијата што ...

Безмалку четири децении ѝ требаа на Македонија да издаде нов труд посветен на Кочо Рацин. Последен пат тоа се случи во 1987, кога е издаден шесттомник. Годинава се издава тритомник, по иницијатива на Коста Кипровски и Ана Заковска, приватни стопанственици, кои целосно финансиски го помогнале издавањето. Првиот том за биографијата на Рацин е покриена од Весна Мојсова-Чепишевска, томот за поезијата на Рацин е изработена од Венко Андоновски, а за ...

Ќе се забранат 173 странски веб страни за обложување. Министерството за дигитална технологија достави барање до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за забрана на нови нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа. Постапката се води според член 114 од Законот за електронски комуникации. Страните се забрануваат бидејќи немаат лиценци во државата, не плаќаат данок за обложување, а ниту граѓаните плаќаат данок на добивката. Министерот за ...

Доналд Трамп си ја оствари желбата за голема воена парада откако речиси 7.000 војници, над 100 тенкови и роботски кучиња парадираа по улиците на Вашингтон, за да се одбележат 250 години од основањето на американската војска. Парадата се совпадна со 79. роденден на Трамп, кој ја следеше од специјално поставена трибина близу Белата куќа. „Секоја земја ги слави своите победи. Време е и Америка да го прави тоа. Американските војници се борат, борат, ...

Израел и Иран меѓусебно се ракетираа и ноќеска, како што конфликтот влезе во третиот ден. Најмалку осум луѓе загинаа, вклучувајќи деца, откако Иран лансираше повеќе од 100 балистички проектили кон Израел и спасувачките екипи и натаму ги пребаруваат урнатините на уништените станбени згради. Иран изведе две серии напади, чија мета беа и Тел Авив, Ерусалим и Хаифа, но жртви има во градовите Бат Јам близу Тел Авив и Тамра во северниот дел на ...

Израелската војска кажа дека веќе 40 часа непрекинато го напаѓа Иран и досега биле погодени повеќе од 150 мети. „Дури и во овој момент, израелските пилоти напаѓаат и изведуваат обемни удари во разни делови на Иран. Фокусот во изминатите 24 часа беше Техеран“, изјави портпаролот на војската Ефи Дефрин. Израел вчера ја започна операцијата „Исправен лав“, во рамките на која биле погодени и три ирански нуклеарни постројки, каде што се врши ...

Со врачувањето на наградите во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, синоќа заврши 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Аплаузи, воздишки и силни пораки за изградба на нов театар и реновирање на зградата на постоечкиот, што е затворен, но и за одличната организација на фестивалот, чиј квалитет од година в година расте. „Прилеп е град-театар, Прилеп е местото на фестивалот, Прилеп е фестивалот. ...

Бенјамин Нетанјаху кажа дека Израел ќе ги напаѓа сите позиции и мети на иранскиот режим, ден откако беше лансирана операцијата „Исправен лав“, чија главна цел е да се спречи Иран да развие атомска бомба. „Му нанесовме тежок удар на главниот ирански локалитет за збогатување ураниум и ако биде потребно, повторно ќе го нападнеме. Има голема закана и од балистички проектили и затоа презедовме акција за уништување на иранските капацитети за нивно ...

Пратеничката од Минесота Емерита Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг се убиени во нивниот дом, додека во друг инцидент се застрелани државниот сенатор Џон Хофман и неговата сопруга. Гувернерот Тим Волц ги опиша нападите како чин на политички мотивирано насилство. Волц кажа дека Хофман и неговата сопруга биле застрелани повеќепати дома и дека веќе се оперирани. Пукањата се случија во Бруклин Парк и Чемплин, соседни градови на Минеаполис. „Јас сум ...

Иран денеска ја потврди смртта на уште двајца свои високорангирани генерали во израелските воздушни напади, кои почнаа вчера. Иранската државна телевизија кажа дека станува збор на Голамреза Мехраби, заменик-шефот на военото разузнавање и Мехди Рабани, заменик-шефот на воените операции. Израелската војска вчера објави дека убила повеќе од 20 ирански воени заповедници и дека погодила подземен команден центар каде што претставници на ...

На ѕидот на спортската сала во средното училиште „Ѓоце Стојчевски“ во Тетово е нацртан голем мурал со ликот на фудбалерот Недим Бајрами. Роден во Швајцарија, Бајрами игра за Глазгов Ренџерс и за репрезентацијата на Албанија. Неговиот татко по потекло е од Тетово, а мајка му е од Гостивар. Општина Тетово, која беше организатор на промоцијата, во поканата за настанот назначи дека „на Бајрами му се изразува посебна благодарност за достигнувањата и ...

За големите луѓе и малку зборови се многу, за малите луѓе и многу зборови се малку, кажа Венко Андоновски во инспиративната беседа за Кочо Рацин на 62 Рацинови средби во Велес. Таа траеше 20 минути, а аплаузот потоа долго одекнуваше во салата на Велешкиот театар. Тој призна дека ретко му се случува кај некои писатели при секое читање да открива нови моменти. Таков бил случајот со Достоевски и Кафка, но и со Рацин. Подготвувајќи се за тритомникот ...

Иран ги предупреди САД, Велика Британија и Франција дека нивните бази и бродови во региони ќе бидат напаѓани ако помагаат да се запрат иранските воздушни напади врз Израел, објавија иранските државни медиуми. Британската влада веќе кажа дека на ниеден начин не го помага Израел во новата воена операција, додека САД признаа дека му помогнаа на Израел во пресретнувањето на иранските проектили и дронови вчера. „Израел има право на самоодбрана, но за ...

1 Ги ислушав обвиненијата за пожарот во Кочани кој однесе 62 жртви, меѓу кои и шест деца. Речиси сѐ што набројуваше државниот обвинител Љупчо Коцевски како делчиња од веригата на непостапување на институциите, од локално, до државно ниво, се поклопува со примерите што секојдневно ни ги праќаат читателите во рубриката „Пријави корупција“. По трагедијата од 16 март, добивме десетици пријави со писмата што ги испраќале по градоначалници, општински ...

Скопско Дебар Маало ќе се затвора за коли од петок во 18 часот до понеделник во 6 часот наутро. Општина Центар изработи сообраќајно решение со коe низ Дебар Маало ќе се постават рампи за да се забрани влез на возила и да се реши проблемот со големите гужви и паркирани коли насекаде. Сообраќајното решение предвидува во првата фаза да се постават рампи на четири влезови во Дебар Маало и тоа на улиците Орце Николов, Ленинова, 29 Ноември и на ...

Иран кажа дека разговорите со САД за иранската нуклеарна програма станале безначајни откако Израел вчера почна со воздушни напади, чија мета се и нуклеарни постројки. Шестата рунда разговори е закажана за утре во Мускат (Оман), но Иран вели дека сѐ уште не решил дали ќе испрати претставници. „Другата страна, САД, делуваше на начин што ги прави разговорите безначајни. Не можете да тврдите дека преговарате, а во исто време му дозволувате на ...

По тримесечна истрага, Обвинителството поднесе обвинение за тешки дела против општата сигурност“ против 34 физички и три правни лица за катастрофалниот пожар во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 лица, над 150 беа со тешки повреди и 50-ина со повреди. Меѓу загинатите имаше и 6 деца. За 11 лица е запрена постапката, бидејќи засега нема доволно докази. Меѓу нив се ексминистрите за економија Дритон Кучи и ...

Црвен килим на кој ќе се сопнете од камен или велосипедски патеки од „Тему“, вака советниците од „Поинаку“ и Левица ги нарекоа новите велосипедски и пешачки патеки на улиците Васко Карангелевски и Партизанска во Битола, коментирајќи ги пропустите на изведувачите. „На црвениот килим ќе се сопнам од камен. Ете, вака изгледаат 500.000 евра наши пари“, вели претседателката на Советот, Габриела Илиевска, од независната граѓанска иницијатива „Поинаку“ ...

Најмалку тројца луѓе загинаа во Израел во иранските ракетни удари, кои уследија како одмазда за вчерашните израелски напади врз Иран, со кои започна операцијата „Исправен лав“. Иран синоќа лансираше стотина балистички проектили кон Израел, при што имаше експлозии и во Тел Авив и Ерусалим, а ноќеска го нападна централниот дел на земјата. Притоа се повредени повеќе од 20 луѓе, додека спасувачките екипи продолжуваат да ги пребаруваат урнатините на ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
71%
1029
weather icon

Белград

5ᴼ / 2ᴼ
2.57
93%
1030
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
100%
1029
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
69%
1029
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.98
82%
1029
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 0ᴼ
0.51
72%
1029
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
5.81
70%
1024
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
58%
1024
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
58%
1025
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
82%
1028
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
2.57
91%
1030
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.63
66%
1026
Currency

61.545

Currency

52.3988

Currency

70.1759

Currency

34.8585

Currency

38.0297

Currency

65.7832

Currency

7.42832

Currency

0.65978

Currency

0.3366

Currency

0.52442

Currency

1.2307

Currency

0.57921

Никел

464385.38

Родиум

256402.20

Цинк

3.32

Злато

139455.71

Сребро

2065.03

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Платина

57093.34

Алуминиум

2.89

Иридиум

145787.60

Бакар

10.99

Калај

40.69