Сирија ќе се придружи на меѓународната коалиција за борба против Исламска држава и објави дека почнува нова ера во односите со САД откако Доналд Трамп го прими нејзиниот претседател Ахмед ал-Шара во Белата куќа. Тој стана првиот лидер на Сирија кој гостувал во Белата куќа откако земјата се здоби со независност во 1946 година. „Оваа посета беше дел од нова ера во која Сирија ќе соработува со САД“; кажа Ал-Шара, кој до неодамна беше означен ...

Доналд Трамп го нагости сирискиот претседател Ахмед ал-Шара во Белата куќа денеска, поздравувајќи го влегувањето на неговата земја во глобалната коалиција за борба против Исламска држава, предводена од САД. Ал-Шара пристигна во Белата куќа без вообичаената помпа што го следи доаѓањето на светските лидери, влегувајќи на страничен влез, каде што немало новинари, камери и фоторепортери, место на главната врата на Западното крило. Исто така, пред ...

Доналд Трамп се закани дека ќе го тужи Би-Би-Си и ќе бара отштета од милијарда долари поради тоа што негов говор бил монтиран во документарец прикажан на британската национална телевизија. Претседателот на Би-Би-Си, Самир Шах, се извини за „грешка во проценката“, откако вчера оставки поднесоа генералниот директор Тим Дејви и извршната шефица на вестите Дебора Тарнес. Во изминатите денови „Дејли телеграф“ известуваше за интерен документ ...

Поранешниот француски претседател Никола Саркози излегува на слобода неполни три недели откако почна да ја служи петгодишната казна за илегална шема за финансирање на својата кампања со пари од Либија. Судот во Париз се согласи со предвремено ослободување на Саркози од затвор, наредувајќи наместо тоа да биде ставен под судски надзор во исчекување на неговата жалба. Француските медиуми објавија дека тој ќе биде ослободен од затвор денеска. ...

На младите генерации мора да им се пренесе дека македонскиот јазик се зборува само овде, во независна Македонија и ќе постои сѐ додека ние го употребуваме, бидејќи најголем предизвик ни е употребата на странските зборови, рече директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, пред отворањето на 10. Отворени денови на Институтот. Јованова-Грујовска кажа дека иако веќе 80 години македонскиот ...

По реакциите на министерката за образование Весна Јаневска во неделата на панел-дискусија во Тетово, за упатените прашања и одговори на градоначалникот Билал Касами на албански јазик, без превод на македонски, ВЛЕН – коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ја нарече министерката фрустрирана. Преку соопштение со наслов „Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација“, ВЛЕН ја искара Јаневска што не знаела ни збор албански, во ...

Доналд Трамп изјави дека секој Американец, со исклучок на богатите, ќе добие најмалку 2.000 долари од приходите од новите царини собрани од неговата влада. „Дивиденда од 2.000 долари по лице (без луѓето со високи приходи) ќе им се исплати на сите“, рече Трамп. Од владата немаше појаснување како би се распределиле овие пари. „Оние што се против царините се будали. Земјата добива трилиони долари од царините и наскоро ќе почне да го отплаќа ...

Авторите на тритомникот за Кочо Рацин, Весна Мојсова-Чепишевска, Искра Хаџи Бошкова-Тасевска и Венко Андоновски, со Катица Ќулавкова како уредничка на изданието добија спомен-плакета на Општина Велес за 9 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, како признание за нивниот труд. Безмалку четири децении ѝ требаа на Македонија да издаде нов труд посветен на Рацин. Последен пат беше во 1987, кога е издаден шесттомник. Наградата ја примија ...

Обемно истражување за употребата на „парацетамол“ од страна на бремени жени не пронајде убедлива врска помеѓу вообичаениот лек против болки и шансите децата да бидат дијагностицирани со аутизам или АДХД. Објавувањето на трудот беше забрзано за да им се обезбедат сигурни информации на идните мајки и нивните лекари откако администрацијата на Доналд Трамп ги повика бремените жени да избегнуваат „парацетамол“, познат и како „тиленол“, тврдејќи ...

Американскиот Сенат усвои договор кој отвора пат за завршување на најдолгата блокада на владата во историјата на САД откако тој беше поддржан и од неколкумина опозициски сенатори. По преговорите кои се одржуваа викендов, седуммина демократски сенатори и еден независен им се придружија на републиканците и го изгласаа договорот. Гласањето е процедурален прв чекор кон постигнување компромис за финансирање на владата, која остана без пари на 1 ...

Фирмите во Скопје ќе добијат посебни контејнери или канти за фрлање на отпадот за да не се трупаат садовите во кои се одлага ѓубре од домаќинствата, рече градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на завршувањето на 72-часовното чистење на градот. Тој кажа дека акцијата која се спроведуваше во изминативе три дена успешно е завршена, но констатирани се одредени проблеми поради кои контејнерите се затрупани со отпад. Покрај фирмите кои ги трупаат ...

Генералниот директор на Би-Би-Си, Тим Дејви и извршната шефица на вестите Дебора Тарнес поднесоа оставки поради документарец во кој бил монтиран говор на Доналд Трамп. За Би-Би-Си се врзуваат низа обвинувања дека не успеал да одржи политичка неутралност во своето известување, вклучително и околу Трамп, војната помеѓу Израел и Хамас и трансродови прашања. Во изминатите денови „Дејли телеграф“ известуваше за интерен документ изработен од ...

Министерот за образование Радован Фукс потврди дека наскоро ќе се воведе забрана за користење мобилни телефони во школите во Хрватска, што во една анкета го поддржале 90% од граѓаните. Тој најави нов правилник, со кој ќе се забранат телефоните во основните училишта, како за време на наставата, така и на одморот. „Наскоро може да се очекува нов правилник кој дефинитивно ќе ја забрани употребата на телефоните во основните школи на и вон ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека е подготвен да се сретне со американскиот државен секретар Марко Рубио, но дека Русија нема да се откаже од своите основни услови за завршување на војната во Украина. Напорите на Доналд Трамп да посредува во завршувањето на војната досега беа неуспешни и тој минатиот месец ненадејно го откажа планираниот самит со Владимир Путин во Будимпешта. Кремљ во петокот ги отфрли извештаите ...

Македонската академија на науките и уметностите избра 14-мина нови членови на своето 21. Изборно собрание, додека во редовни членови ги промовираше економистот Изет Зеќири и геологот Блажо Боев. За нови дописни членови се избрани проф. д-р Гордана Лажетиќ во Одделението за општествени науки, проф. д-р Мирко Тодоровски и проф. д-р Димитар Трајанов во Одделението за технички науки, проф. д-р Александар Узунов во Одделението за ...

Триесет и седум тони храна запленила и униптила Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изминатава недела. Како што соопштија од АХВ, станува збор за огромна количина јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи и разни зачини кои биле без соодветни декларации, а на дел од нив рокот на употреба им бил истечен од една до две години. „За овој сторен прекршок, на операторот со храна му е изречена мерка привремена забрана за работа и ...

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ преку донации собра уште 11 милиони денари, кои се распределини на 137 лица кои беа повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март. Средствата се од компании, здруженија, групни акции и од хуманитарни настани организирани во земјата и странство. На фејсбук профилот на „Супорт Кочани“ се вели дека од вкупната сума од 10.944.793 денари, еден милион се за данок, а останатите се еднакво распределени ...

Повеќе од 1.400 летови во САД биле откажани вчера откако на авиокомпаниите им беше кажано да го намалат сообраќајот поради рекордно долгата блокада на владата. Речиси 6.000 летови биле одложени, илјада помалку во однос на петокот. Ова следува откако Федералната агенција за воздухопловство (ФАА) објави дека ќе го намали авиосообраќајот за 10% на 40-те најпрометни аеродроми во земјата зашто контролорите на летање веќе со недели работат без ...

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе го продолжи проектот Брз автобуски превоз (БРТ), кој беше почнат во време на ексградоначалникот Петре Шилегов, но стопиран во мандатот на Данела Арсовска и блокиран од советнците на ВМРО-ДПМНЕ. За овој проект, Владата во времето на СДСМ зеде кредит од Европската банка за обнова и развој од 70 милиони евра. „Со ребалансот на буџетот, кој наредната недела ќе биде на дневен ред на седница на Советот ...

Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара, кој е поранешен борец на Ал-Каеда, пристигна во Вашингтон во официјална посета, само два дена откако САД го тргнаа од листата на глобални терористи. Тој утре ќе се сретне со Доналд Трамп во Белата куќа, 11 месеци откако неговото бунтовничко движење го собори режимот на Башар ал-Асад. Неколку часа пред доаѓањето во САД беше објавено дека сириските безбедносни сили уапсиле над 70 членови на Исламска држава, ...

Делот на улица Македонија кај хотелот „Бристол“ е во мрак. Не работи ниту едно улично светло, единствена светлина доаѓа од Музејот на Град Скопје. Слична е состојбата и на скверот Јардан. Иако станува збор за локации во строгиот центар на градот, и таму не работи уличното осветлување поради градежни работи за изградба на зграда. Туристичките работници велат дека ова е срамно со оглед дека автобусите ги оставаат туристите на улицата пред ...

1 Едно е сигурно за овие, последниве избори, а тоа е дека сосем се истроши и испразни од значење зборот „историски“. За волја на вистината, почна да се празни уште од почетокот на новата власт на ВМРО-ДПМНЕ по ланските претседателски и парламентарни избори, кога за сѐ што ќе направеа велеа дека е историско по сто пати на ден. Арно ама, овој пат некако не им беше за фалба дека нивниот кандидат Орце Ѓорѓиевски стана градоначалник на Скопје со ...

Данската влада објави дека постигнала договор за забрана на социјалните мрежи за сите под 15 години, засилувајќи го притисокот врз големите технолошки компании. Овој потег би им дал право на некои родители да им дозволат на своите деца пристап до социјалните медиуми од 13-годишна возраст. Засега не е јасно како ќе се спроведе таквата забрана. Официјални лица и експерти велат дека ваквите ограничувања не секогаш функционираат. Во секој случај, ...

Кина го пушти во служба својот најнапреден носач на авиони „Фуџијан“, неколку дена по големата церемонија надгледувана од кинескиот лидер Шји Џинпинг. „Фуџијан“, третиот кинески носач на авиони, е опремен со електромагнетен катапулт што ќе им овозможи на авионите да тргнуваат со поголема брзина. Ова е значаен чекор напред за Кина, која ја има најголемата морнарица во светот во однос на бројот на бродови. Кина ја проширува својата морнарица со ...

Американскиот научник Џејмс Вотсон, нобеловецот кој ја откри структурата на ДНК, почина на 97 години. Во едно од најголемите откритија на 20. век, тој ја идентификуваше двојната спирална структура на ДНК во 1953 година заедно со британскиот научник Френсис Крик, поставувајќи ја основата за брз напредок во молекуларната биологија. Тие ја поделија Нобеловата награда за хемија во 1962 година со Морис Вилкинс. „Ја откривме тајната на животот“, ...

Бугарскиот парламент усвои законски измени за ставање на големата рафинерија на „Лукоил“ во Бургас под државна контрола по санкциите што САД ги воведоа за рускиот нафтен гигант. Покрај „Лукоил“, Доналд Трамп воведе санкции и за „Роснефт“ поради одбивањето на Владимир Путин да ја заврши војната во Украина. „Лукоил“ ја поседува рафинеријата „Нефтохим“, која е најголема на Балканот, од 1999 година. „Американските санкции, што ќе стапат во сила ...

За девет месеци, односно од јануари до септември годинава, на патарините низ државата наплатени се 58 милиони евра, соопшти Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесувал 401.971.971 денар, а во летните месеци, кога е највисока фреквенција на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни. Најпрофитабилна е наплатната станица ...

Балканскиот рис e критично загрозен подвид кој живее исклучиво на Западен Балкан. Досега се регистрирани четириесетина возрасни единки во природата, при што меѓу неговите последни засолништа е и Шар Планина. Еколозите велат дека иднината на балканскиот рис е сериозно загрозена, а како главни причини за ова ги наведуваат загубата на живеалишта, криволовот и ниската генетска разновидност. Сакајќи да придонесе за заштита на рисот и за подобро ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска официјално го прими извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата за 2025 година од евроамбасадорот Михалис Рокас. На заедничката прес-конференција, Рокас рече дека во клучните области, судството и борбата против корупцијата, трета година по ред не е забележан значителен напредок. „Нема напредок во однос на судските реформи и борбата против корупција, ова останува од суштинско значење да се ...

Српскиот парламент усвои закон со кој се отвора можност за реализација на контроверзен градежен проект во Белград предводен од Џеред Кушнер, зетот на Доналд Трамп. Неговата фирма „Афинити партнерс“ сака да гради луксузен хотел и станбен комплекс на местото на некогашниот генералштаб на југословенската војска, кој беше бомбардиран од НАТО за време на воената интервенција во 1999. Иако уништена и напуштена оттогаш, зградата во центарот на ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1016
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
3.13
62%
1016
weather icon

Загреб

19ᴼ / 17ᴼ
1.03
56%
1017
weather icon

Софија

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
49%
1015
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.32
57%
1015
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
68%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
57%
1019
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
45%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
42%
1014
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
1.54
50%
1016
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
1.03
63%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
52%
1018
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

38.0527

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Родиум

319899.93

Рутениум

51376.89

Сребро

2583.47

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.50

Платина

66101.93

Калај

54.78

Злато

151875.00

Паладиум

48065.37

Бакар

12.64