Денес во 04:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Б. (54) од Скопје. На местото на настанот интервенирала Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, која успешно го изгаснала пожарот. Во инцидентот нема повредени лица. Извршен е увид од страна на надлежните органи и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. ...

Вчера во Скопје, на повеќе различни локации, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје ги лишиле од слобода Е.М. (34) и 17-годишен малолетник, двајцата од Скопје. Како што соопшти полицијата, при извршени контроли кај двете лица била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци Вчера во Скопје, на повеќе различни локации, полициски службеници ...

Неделата носи мешавина од преиспитувања и нови почетоци. Photo by Elmer Cañas on Unsplash Иако ретроградниот Меркур ќе ги забави плановите и ќе врати некои нерешени ситуации од минатото, неколку хороскопски знаци ќе успеат токму во овој период да направат значаен чекор напред. Полната Месечина ќе донесе резултати од вложениот труд, а моќните аспекти на Марс ќе дадат храброст да се направат промени што долго време се одложувале. Овие три ...

Неделата од 29 јуни до 5 јули носи важни промени и моменти за размислување. Photo by Mor Shani on Unsplash Ретроградниот Меркур во Рак ќе врати стари разговори, емоции и ситуации што сè уште не се целосно затворени, додека полната Месечина во Јарец ќе покаже каде конечно доаѓаат резултати и што е време да оставите зад себе. Во меѓувреме, Јупитер влегува во Лав и започнува нов едногодишен период исполнет со повеќе љубов, креативност, радост ...

Жената од скопското село Таор, која во петокот беше пријавена за исчезната, е пронајдена мртва на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци. Од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека според првичните наоди, станува збор за насилна смрт. Како што соопшти Обвинителството, дежурен јавен обвинител заедно со екипи на Министерството за внатрешни работи во текот на ноќта извршиле увид на местото каде што било ...

Во изминатите 24 часа полицијата постапувала по пет одделни случаи на семејно насилство, при што три лица биле лишени од слобода, а во неколку случаи жртви биле и малолетни деца. Една мајка пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг физички ја нападнал нивната малолетна ќерка, по што надлежните започнале постапка за целосно расчистување на случајот. Во друг случај, 56-годишен маж бил приведен поради сомнение дека физички ја нападнал својата ...

Секојдневните слики од скопските улици и булевари сведочат за една длабоко нездрава и опасна сообраќајна реалност со која се соочуваат жителите на главниот град. Најновите аматерски видеоснимки кои кружат на социјалните мрежи уште еднаш го соголија целосното отсуство на сообраќајна култура, прикажувајќи фрапантни прекршоци, непочитување на првенство на минување, возење во спротивна насока и загрозување на безбедноста на пешаците. Ваквите ...

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш ја покажа својата големина и блискост со регионот, упатувајќи јавни честитки и силна поддршка до македонската тенисерка Лина Ѓорческа за нејзиниот историски успех и пласманот во главната ждрепка на престижниот грен слем турнир Вимблдон. За време на официјалната прес-конференција во Лондон, српскиот тениски ас со воодушевување реагираше на веста за успехот на Ѓорческа, нагласувајќи дека е ...

Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во Скопје, на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“, улиците „Никола Парапунов“ и „Демир Трајко“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 26 јуни во 16:40 часот. Во судирот учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И. (66) од село Долно Свиларе, скопско, и ...

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска се очекува да биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Температурата ќе се движи од 13 до 38 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Според најавите, температурата ќе се движи од 20 до 38 ...

Денес Марс во Бик формира хармоничен секстил со Јупитер во Рак, носејќи можности за напредок, раст и конкретна акција. Photo by Ivan Lapyrin on Unsplash Ова е аспект што наградува иницијатива и подготвеност да се искористат шансите кога ќе се појават. Во исто време, Марс влегува во Близнаци и започнува период во кој идеите, комуникацијата и љубопитноста стануваат двигатели на акцијата. Во наредните недели ќе биде полесно да учите нови ...

Астролозите ретко се согласуваат околу иднината, но постои еден период што со децении привлекува особено внимание – јули 2026 година. Photo by Greg Rakozy on Unsplash Францускиот астролог Андре Барбо уште пред многу години ја опиша планетарната конфигурација во овој период како „најубавата на 21 век“, верувајќи дека таа може да означи почеток на нова фаза во развојот на човештвото. Иако никој не може со сигурност да предвиди како ќе се ...

По воспоставувањето на системот „Безбеден град” за само пет месеци бројот на загинати во сообраќајот е намален за 40 проценти, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Како што истакна Тошковски во отчетот за сработеното, евидентирани се 33 загинати лица, наспроти 55 во истиот период претходната година. Од 2 февруари до 22 јуни 2026 година преку „Безбеден град” се регистрирани и над 120.000 сообраќајни прекршоци, од кои ...

Поранешната депонија Вардариште, која со децении важеше за една од најголемите еколошки црни точки во Скопје, се наоѓа во фаза на интензивно одгасување и санација. Процесот се одвива со одлична динамика и согласно предвидениот проект, информираше градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Според неговите информации, на теренот веќе интензивно се поставуваат цевки, шахти и целокупната потребна инфраструктура, како дел од системскиот ...

Министерот за здравство Азир Алиу на јавната панел-дискусија посветена на органодарителството, што вчера се одржа во Гостивар, ги презентираше системските мерки и политики за унапредување на органодарителството, нагласувајќи дека станува збор за прашање кое бара доверба, човечност и зрелост на општеството. - Особено ми значи што денес за органодарителството зборуваме токму во Гостивар, во мојот роден град. Постојат теми кои не бараат само ...

Доцна синоќа, беше пронајдена исчезнатата 77-годишна Божа Каракушева, јавија членови на семејството. Каракушева, која боледува од деменција, исчезна вчера околу 08:30 часот, кога излегла од нејзиниот дом во Орешани. Последен пат била забележана во околината на Драчево, кај локалитетот Три Круши. Семејството изрази благодарност до сите кои помогнаа во потрагата. Доцна синоќа, беше пронајдена исчезнатата 77-годишна Божа Каракушева, јавија ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, појасни дека мерката за движење во шумите не претставува целосна забрана, туку воведување обврска за издавање дозвола и евиденција на движењето. Според него, граѓаните и понатаму ќе можат да влегуваат во шумски предели, но со претходно обезбедена дозвола, која има превентивна цел и служи за следење и намалување на ризикот од шумски пожари во летниот период. Мерката доаѓа во ...

На социјалните мрежи се појави снимка од безбедносна камера на која се гледа како жена бара чаша вода на шанкот од едно кафуле, а потоа ја краде чашата во која бил оставен бакшиш. Според информациите објавени заедно со видеото, настанот се случил вчера околу 18 часот. На снимката се гледа како жената прво бара вода, се разладува мавтајќи со рацете, испива неколку голтки, а потоа ја зема чашата во која вработените собирале бакшиш и си ...

Завчера пред полноќ државјанин на Чиле бил нападнат во скопски Центар. Еден од напаѓачите употребил и тврд предмет. - На 26.06.2026 во 03:50 часот во СВР Скопје, Л.Ф.Г.Р.(33) од Чиле пријави дека на 25.06.2026 околу 23:00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од две лица, при што едното од нив употребило тврд предмет, информираа од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Завчера пред полноќ државјанин на Чиле бил ...

Утрово повторно се создадоа долги колони на возила на граничниот премин Евзони, за влез во Грција, каде што гужвите значително се зголемуваат со почетокот на викендот и летната туристичка сезона. Според информации од терен, меѓуграничниот простор на преминот е речиси целосно исполнет, а возилата чекаат подолго од вообичаено за да ја преминат границата. Зголемениот прилив на патници кон грчките летувалишта доведе до заситување на капацитетите ...

По информацијата дека се запалени две возила, од кои едно во сопственост на скопскиот адвокат Асмир Алиспахиќ, од МВР потврдуваат дека настанот се случил завчера после полноќ. -На 25.06.2026 година во СВР Скопје е пријавено дека околу 02:20 часот на подрачје на Бутел има опожарени две возила ,,пасат” со скопски регистарски ознаки сопственост на А.А.(42) од Скопје и „мерцедес” со велешки регистарски ознаки сопственост на М.М.(37) од Скопје. ...

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен ...

Тригонот меѓу Месечината во Стрелец и Сатурн во Овен денес создава одлична комбинација од ентузијазам и дисциплина. Photo by Yoann Boyer on Unsplash Не е доволно само да сонувате за иднината, туку и да направите нешто конкретно за да ѝ се приближите. Овој аспект носи трпение, зрелост и способност да се гледа пошироката слика без да се изгубат од вид практичните чекори. Денот е поволен за поставување цели, правење планови и носење одлуки што ...

Како дел од своите општествено одговорни активности, „Sport Life“ обложувалниците донираа средства за поддршка на две организации кои работат со деца со развојни потешкотии – Здружението „Отворете ги прозорците“ и SLP.BOJAN – Центар за логопедија, специјална едукација и рехабилитација. Донациите се наменети за набавка на асистивна технологија, рехабилитациски помагала и дидактички материјали кои ќе придонесат за поквалитетна поддршка на ...

Извлечен е среќниот добитник на големата наградна игра на „СКОПСКО “, создадена за уживање, дружење и опуштени моменти. Наградната игра „Скопско за уживање. Награди за опуштање.“ траеше од 25 мај до 21 јуни и за прв пат се реализираше преку апликацијата „СКОПСКО “, каде што учесниците имаа шанса да освојат дневни, неделни и главна награда. Среќниот добитник Ристо Проданов, беше извлечен во понеделникот и својата награда ја подигна во Пивара ...

Полицијата поднесе кривична пријава против З.Н. (60) од селото Волино, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“. Според МВР, пријавениот, во својство на градоначалник на општина Дебрца, со пропуштање на должен надзор и несовесно постапување, односно без потпишан договор, им овозможил на неколку правни субјекти во деловна зграда во сопственост на општината, лоцирана на ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Согласност се издава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од ...

Пет лица побарале лекарска помош по пожар што избувнал во поткровје на станбена зграда на подрачјето на скопската населба Центар. Според информациите од МВР, пожарот бил пријавен денеска по полноќ, околу 02:25 часот. При обид со противпожарни апарати да го локализираат огнот, двајца скопјани, на возраст од 54 и 49 години, вдишале чад и биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. По интервенцијата на екипа ...

Полицијата го приведе 31-годишниот П.Н. од Велес, по пријава дека физички нападнал 71-годишна велешанка и ја скршил влезната врата од нејзиниот дом. Според информациите од МВР, настанот бил пријавен на 25 јуни во 18:55 часот. Пријавителката навела дека П.Н. дошол пред нејзиниот дом и ја побарал нејзината ќерка, која не била дома, по што физички ја нападнал пред и во домот. По преземени мерки било констатирано дека П.Н. бил под дејство на ...

Уапсен 43-годишник кој се обидел да силува жена во скопско. - На 25.06.2026 во 06:30 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Т.(43), постапувајќи по претходна пријава дека се обидел да изврши обљуба врз 40-годишна жена, која три дена престојувала во домот каде тој бил потстанар, информираа од МВР. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Уапсен 43-годишник кој се обидел да ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.28
50%
1015
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
3.06
72%
1016
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.06
69%
1018
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.26
44%
1016
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.01
57%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.76
94%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
47%
1010
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.69
38%
1012
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
3.4
52%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
5.36
63%
1013
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
66%
1019
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
1.09
87%
1010
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Платина

56038.75

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Сребро

2044.16

Бакар

13.23

Паладиум

43628.56

Алуминиум

3.28

Злато

139576.04

Родиум

278103.96

Калај

56.36