Поместувањето на стрелките на часовникот или зимското сметање на времето, во 2025 година ќе започне ноќта помеѓу саботата и неделата, на 25 и 26 октомври, кога во 3 часот наутро ќе ги вратиме часовниците за еден час назад, односно на 2 часот. Специфичноста е што оваа промена е најрана во споредба со претходните години, а на 26 октомври часовниците последен пат се сменија пред 11 години. Зошто е тоа така? Зимското сметање на времето е фиксно и ...

Дрога пронајдена кај 66-годишник од Охрид. Кривично ќе се гони. СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.К.С.(66) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 18.04.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории кај пријавениот, при што се пронајдени и одземени марихуана и ...

При претрес во Скопје лишени се од слобода турци и узбекистанци за фалсификување дозволи за престој и други службени документи. Како што информираат од МВР, ноќеска (21.10.2025) во 01.30 часот, полициски службеници Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.З.(30), З.А.(26), Е.С.О.(20) и ...

За да се исчисти Скопје од смет ќе треба да се почека уште неполни две недели! Имено, преполните контејнери од кои ѓубрето се прелева и на тротоарите и пешачките и вело-патеките, па дури и на коловозите, и натаму „го красат“ главниот град. Сеуште актуелната градоначалничка Арсовска ја нема, а решение на овој проблем се очекува да донесе новиот градоначалник на Град Скопје, кој ќе се знае на 2.ноември. Жителите револтирани, споделуваат ...

Нереализирањето на цензусот во општините Гостивар и Врапчиште е најјасниот одговор на политичките акробации што со месеци се правеа во име на Албанците, но за лични интереси, велат во партиското соопштение од Коалицијата ВРЕДИ. Од таму велат дека ова е, пред сè, порака до Арбен Таравари, а потоа и до Исен Шабани, кои помислиле дека Албанците ќе ги следат во нивните политички игри, менувајќи ги принципите како ситни пари. „Иако се обидуваат да ...

Кандидатот за градоначалник на Сопиште од ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски, извојува најголема победа во првиот круг на овие локални избори со освоени 80,2% од гласовите на жителите со право на глас. Од запишаните 5.483 гласачи во оваа општина, на гласање излегоа 2.937 жители, а за него гласаа 2.524. Тој на жителите на Сопиште им вети нов резервоар за вода, како еден од посериозните проекти на кои ќе работи во претстојниот мандат покрај многуте ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со владина делегација ќе присуствува на Самитот за Западен Балкан, кој оваа година се одржува во Лондон, Велика Британија. Претседателот, заедно со вицепремиерот Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска, како и министерот за евроинтеграција Орхан Муртезани ќе учествуваат на голем број ...

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски кој пред два дена беше избран и доби нов мандат од граѓаните на оваа општина, повторно му упати збори на оџата од Бутел 2, за кого претходно имаше изјавено дека повикувал да се гласа против него. „Оџата од Бутел 2 не собра сила да честита за победата. Добро, можеби го погоди големиот пораз па затоа би му предложил нешто. Тој и така има желба да стане политичар, еве следните избори го чекам него ...

Провалник влегол и украл пари од стан во скопската населба Гази Баба, а го нападнал и сопственикот на станот, кој го фатил на дело, соопшти МВР. „На 19.10.2025 во 18:00 часот во СВР Скопје, Д.П.(74) од Скопје пријавил дека околу 16:00 часот во неговиот дом на подрачјето на Гази Баба затекнал едно лице кое претходно насилно влегло и одзело пари и кое физички го нападнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата. ...

Државната изборна комисија синоќа ги соопшти официјалните резултати од првиот круг на изборите локалните избори, што се одржаа на 19 октомври, на кои се избраа советите во 80 општини и во Градот Скопје. Градоначалници се избрани во 43 општини, во 33 ќе има втор круг на 2 ноември, а во 4 општини изборите ќе почнат од почеток, затоа што не е исполнет цензусот од 30 отсто излезност. Коалицијата Твоја Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 33 ...

Младата месечина во Вага носи енергија на нови почетоци, партнерства и рамнотежа, но квадратот со Јупитер создава внатрешна напнатост помеѓу желбата за одмор и чувството дека треба нешто да се промени. Photo by Brandon Zacharias on Unsplash Денот бара трпение, искреност и храброст да се направи чекор кон нешто ново, без да бегаме од себе. Овен Денес младата месечина во Вага ви носи потреба да воспоставите нова рамнотежа во односите — не само ...

Докторот гинеколог Ненад Лазаров остро реагираше на изјавата на лидерот на опозицијата Венко Филипче, кој денеска изјави дека „не планира да поднесе оставка“, нагласувајќи дека има „огромен број на луѓе до кои допираат пораките на СДСМ“. Во објава на социјалните мрежи, Лазаров упати критика до Филипче, потсетувајќи на трагедијата во модуларната ковид-болница во Тетово, кога животот го загубија 14 лица. „Ти веќе не си лидер на опозиција и ...

Според кандидатот за градоначалник на Општина Центар од ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, Центарци јасно ја покажале насоката во која сакаат да се движи општината. Потврдено е, оценува тој, опозициското расположение против локалната власт предводена од СДСМ. „Одиме понатаму – од утре продолжуваме со нашата приказна за подобар Центар! Резултатите од првиот круг покажаа дека сите опозициски гласови се гласови против Герасимовски и неговото неработење. ...

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес оствари средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити и со кандидатот за градоначалник на Скопје од Коалицијата ВРЕДИ, Башким Бакиу. Од нив добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Скопје, поддршка која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред, истакна Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски им се заблагодари на сите кои ја препознава визијата и ја дадоа довербата и ...

Поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од Локалните избори 2025, а врз основа на извештаите од извршениот мониторинг над изборното медиумско претставување, Советот на Агенцијата на денешната 15 седница одлучил да поведе прекршочни постапки против ТВ 24 Вести и ТВ Вистел. Двете телевизии на 19 октомври при известувањето за време на вториот ден од изборниот молк, емитувале изјави од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, ...

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција зборувајќи за состојбата со изборните резултати во Карпош, посочи дека противкандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е на црната листа на САД. „И да не забораваме тој е веќе осуден од Основниот суд за криминал во општината, така што тој е човекот којшто е нашиот противкандидат во Карпош и затоа сум убеден дека во Карпош имаме убедлива победа“, кажа Николоски. Посочи дека е ...

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во октомври се зголемени за 467 денари во споредба со септември, покажуваат податоците што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија. Според пресметките на ССМ, синдикалната минимална кошница за октомври изнесува 65.544 денари и во споредба со септември изнесуваше 65.077 денари е зголемена за 467 денари. Најзначаен пораст е забележан кај трошоците за храна и пијалоци, кои во октомври ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на вчерашната прес-конференција изјави дека СДСМ во првиот круг од локалните избори победи во 3 општини, води во десетина и во вториот круг влегува во дваесетина општини. - Најпрво, сакам да упатам честитки за добро организираниот изборен ден. Денот помина мирно. Имаме некои одредени забелешки за изборниот процес. Тие забелешки се дадени до соодветните институции — ...

Во пет од десет скопски општини ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе имаат мнозинство во советот. Мнозинство советници ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат во општина Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров и Кисела Вода. Интересно е тоа што во Општина Сарај во прв круг победи Мухамет Елмази од ВРЕДИ, додека мнозинство во советот ќе има НАИ. Во Советот на Општина Аеродром, според обработени 99,90 проценти од гласовите, мнозинство ќе има ВМРО-ДПМНЕ со 15 советници. Во ...

Софија Куновска, поранешна советничка и пратеничка од СДСМ, е позната како жесток критичар на партијата. По повод изборните резултати од локалните избори праша: „Можно ли е СДСМ во првиот круг да победил на локалните избори, а членството да не може да ја препознае победата?“ Куновска, преку објава на својот фејсбук профил, праша ако на ваков резултат умеат да бидат волку арогантни, какви ли би биле кога навистина би победиле, алудирајќи на ...

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски кој влегува во вториот круг од трката за прв човек на Градот, денеска им се заблагодари на сите граѓани за секоја подадена рака и за огромната доверба во првиот круг од локалните избори. - Резултатот е јасен и недвосмислен, Скопје гласаше за работа. Скопје гласаше за визија, за конкретни проекти и за одговорно работење. Скопје избра иднина! Оваа победа и водство во првиот ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.Ѓ.(57) и Ј.Ѓ.(27), двајцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 29.09.2025 во атарот на село Жидилово, кривопаланечко, пријавените упатувале закана на вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство додека извршувале службени дејствија, известија ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат непроменети и се на исто ниво како што беше утврдено со одлуката од 13.10.2025 година. Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,00 ден/лит, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 75,00 ден/лит. Од друга страна, малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит. Со оваа промена, ...

Две млади жени се повредени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Дебар-Струга. Вчера во 15:45 часот во ОВР Дебар е пријавено дека на регионалниот пат Дебар-Струга, во близина на место викано „Сушара“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 31-годишната Г.В. од Битола и патничко возило „опел“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од 23-годишната Ф.К. од Дебар. Во ...

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле два одделни пожари, потврди Министерството за внатрешни работи. Првиот пожар избувнал околу 09:50 часот во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба, а вториот околу 16:38 часот во викенд-куќа во село Долна Матка, сопственост на Ј.Д. (71) од Скопје. Во двата случаи пожарите биле изгаснати од екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, повредени лица нема, а увид извршиле екипи ...

Скопската полиција вчера го уапсила 45-годишниот Б.М. од Скопје, кој прво се заканувал на сопствениот брат, а потоа со тврд предмет му го оштетил возилото. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (19.10.2025) во 10:00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.М.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека упатувал закани на неговиот 46-годишен брат, а потоа со тврд предмет му го оштетил ...

Diamond Mall ја започна својата роденденска прослава со повик до граѓаните на заедничка хумана мисија, посветена на грижа за напуштените животни и поттикнување на нивно вдомување. Наместо класична прослава, Diamond Mall преку низа активности сака да ја подигне свесноста за грижата за бездомните животни и да ги поттикне граѓаните повеќе да вдомуваат улични кучиња. Роденденските активности стартуваат на 20 октомври, кога во трговскиот центар ќе ...

Полицијата со детали за случајот со скопјанецот кој се обидел да го убие сопствениот брат. Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 09:50 часот во Марино, го лишиле од слобода 37-годишниот Д.Т. од село Марино, скопско, затоа што на 18.10.2025 околу 22:30 часот во селото, по претходна расправија, физички го нападнал неговиот брат А.Т.(40) од истото село, информира МВР. При нападот употребил дрвен предмет и му нанел тешки телесни повреди. По ...

На вчерашните локални избори, владејачката ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број гласови и за советнички листи на ниво на целата држава, а според податоците на Државната изборна комисија, втора е СДСМ. Според првичните неофицијални резултати, ВМРО-ДПМНЕ има околу 301.000 гласа за советнички листи на државно ниво, односно во сите 80 општини. СДСМ пак, заостанува за повеќе од половина од гласовите што ги освои ВМРО-ДПМНЕ, за советници од опозициската ...

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, најави дека се зголемува зборот на хигиничари кои денеска ќе работат во две смени, сабајле и навечер со цел одржување на хигиената на највисоко ниво. Тој, потенцираше дека и механизацијата што се изнајмува целосно се пушта во погон. „Утрово, но и од она што го видовме викендов повторно е хаотично со сметот. Уште денеска се фаќаме за работа, продолжуваме со одржување на хигиената на највисоко ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
89%
1023
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
1.03
92%
1023
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
71%
1023
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
2.53
83%
1022
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
95%
1023
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
5.81
75%
1016
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
72%
1019
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
66%
1021
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
94%
1022
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 5ᴼ
0.89
83%
1023
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1019
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
76%
1023
Currency

61.64

Currency

52.9026

Currency

70.5558

Currency

35.1006

Currency

38.2267

Currency

65.7739

Currency

7.47463

Currency

0.68891

Currency

0.34038

Currency

0.52501

Currency

1.24174

Currency

0.58842

Родиум

255598.44

Калај

40.49

Сребро

1876.20

Алуминиум

2.91

Никел

473258.99

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Паладиум

46361.38

Злато

134976.58

Бакар

10.96

Иридиум

145787.60

Платина

52864.82