Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски синоќа преку видео објава сподели дека континуирано се чистат улиците на Скопје. „Улиците се перат континуирано, јавните површини се одржуваат, а градот добива поубав и поуреден лик“, истакна Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук, притоа нагласувајќи во коментарите дека се води сметка за сите улици во сите општини. Градоначалникот порача дека градот заслужува ред, чистота и грижа секој ден. ...
По потекло благородник и близок роднина на Теофил, патријархот Александриски, по чијашто смрт самиот беше посветен за патријарх. За време на својот живот водеше три лути борби: со еретиците новацијани, со еретикот Несториј и со Евреите во Александрија. Новацијаните настанаа во Рим, а така се наречени по презвитерот Новацијан, нивниот ересоначалник. Се гордееја со својата добродетел, одеа облечени во бела облека, им забрануваа на другите брак ...
Изведбата на монументалното дело „Кармина Бурана“ од Карл Орф во Градскиот парк во Скопје беше оценета како еден од највпечатливите културни настани годинава. Илјадници посетители уживаа во спектаклот кој на едно место обедини повеќе од 200 музичари и хористи од Македонија, Бугарија и Грција. Меѓу оние кои го проследија настанот беше и телевизиската водителка Искра Мишиќ, која преку објава на социјалните мрежи упати пофалби за уметничката ...
Долгите колони и повеќечасовните чекања на границите меѓу земјите од Европската Унија и државите кои не се членки повторно ја отворија дебатата за односот кон граѓаните од регионот. Прим. спец. д-р Маја Кирјас, оториноларинголошки хирург на Универзитетската клиника за уво, нос и грло, преку објава на социјалните мрежи упати критика до европските институции, оценувајќи дека ваквиот третман е спротивен на вредностите за кои Европа со години се ...
Летото 2026 година носи силна енергија на промени, нови почетоци и можности за раст. Photo by Dominic Sansotta on Unsplash Јупитер се движи низ Лав, носејќи повеќе самодоверба, видливост и желба за живот, додека сезоната на Рак потсетува на важноста на емоционалната сигурност и блиските врски. За три хороскопски знаци, ова лето може да биде особено значајно – период во кој ќе почувствуваат дека работите конечно се движат во нивна корист. ...
Дел од жителите на скопската општина Карпош утре ќе останат без електрична енергија поради планирани работи во електродистрибутивната мрежа. Според информациите од ЕВН Македонија, прекинот е предвиден на 22 јуни 2026 година, во периодот од 09:00 до 14:00 часот. Без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улицата „Ангел Динев“, како и Основното училиште „Димо Хаџи Димов“. Со прекинот ќе бидат опфатени и дел од жителите на улицата ...
Денот носи пријатна и хармонична енергија благодарение на секстилот меѓу Месечината во Вага и Венера во Лав. Photo by shahin khalaji on Unsplash Овој аспект ги поттикнува добрите односи, искрените разговори и желбата да се поминува време со луѓето што ни значат. Ќе биде полесно да најдете заеднички јазик со другите, да ги надминете недоразбирањата и да создадете атмосфера на доверба и блискост. Денот е поволен за љубов, дружење, соработка и ...
На 21 јуни Сонцето влегува во знакот Рак и започнува период кој нè повикува да забавиме, да се свртиме кон своите чувства и да обрнеме повеќе внимание на луѓето и местата што ни даваат чувство на сигурност. Photo by Victoria Krivchenkova on Unsplash Раковите се познати по својата емотивна длабочина, интуиција, грижа за другите и силна поврзаност со домот и семејството. Иако често се опишуваат како чувствителни, нивната вистинска сила лежи ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – загрозување на сигурноста. Осомничениот 56-годишник подолг временски период психички и физички ја малтретирал сопругата и нивните две деца на возраст од 18 и 15 години. Иако постојано манифестирал агресивно однесување, домашните од страв не го пријавувале, се додека 15-годишната ќерка, не можејќи да ги издржи заканите, навредите и притисокот од ...
Шеесет и тригодишниот К.С. од Скопје бил пронајден починат во својот дом на подрачјето на општина Аеродром. Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 20 јуни во 21:45 часот. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје Шеесет и тригодишниот К.С. од Скопје бил пронајден починат во ...
Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција информираа дека во рамките на предметот поврзан со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се обезбедени уште четири лица кои претходно биле недостапни за органите на прогонот. Двајца од осомничените денеска биле изведени пред судија на претходна постапка. За едниот осомничен судот определил мерка притвор, додека за вториот се изречени мерки за обезбедување на присуство во ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.М. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 27 мај годинава на автобуска постојка во Куманово. По претходна расправија, пријавената фрлила мобилен телефон кон малолетничка, а потоа ја турнала, при што девојчето удрило во автобуската постојка. Од полицијата информираат ...
Дваесет и едногодишен мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на булеварот „Никола Карев“ во Скопје. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 20 јуни околу 19:15 часот, а во неа учествувале патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Л.Х. (48) од Куманово и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од ...
Еден пожарникар е повреден при интервенција на пожар што избувнал во скопското село Визбегово, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, на 20 јуни во 14:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Визбегово настанал пожар на сува трева, кој брзо се проширил и зафатил патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. При извршување на ...
Шеесет и шестгодишен државјанин на Бугарија е лишен од слобода во Скопје, откако бил пријавен дека следел жена и се самозадоволувал пред неа. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 21 јуни во 07:50 часот полициски службеници го привеле В.Н. (66) од Република Бугарија. Тој бил приведен по претходна пријава од 29-годишна жена, која пријавила дека околу 06:00 часот на подрачјето на Општина Аеродром ја следел и вршел ...
Неделата од 22 до 28 јуни е особено поволна за неколку хороскопски знаци кои ќе ја почувствуваат поддршката на планетите во важни области од животот. Photo by Roxxie Blackham on Unsplash Со почетокот на сезоната на Ракот, хармоничните аспекти на Венера и Сатурн, како и влегувањето на Марс во Близнаци, овие три знаци би можеле да имаат најмногу причини за задоволство во деновите што следат. Рак Сонцето влегува во вашиот знак и го означува ...
Неделата од 22 до 28 јуни носи промена на енергијата со почетокот на сезоната на Раковите. Photo by Lia Den on Unsplash Фокусот постепено се префрла од надворешните достигнувања кон емоциите, домот, блиските односи и чувството на сигурност. Во исто време, неколку важни аспекти нè потсетуваат да бидеме трпеливи со себе, внимателни во комуникацијата и подготвени да ги искористиме можностите кога ќе се појават. Кон крајот на неделата, ...
Центар за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека при вчерашната интервенција на пожар во селото Визбегово, Општина Бутел, во кој гореле дива депонија и сува трева, дошло до ненадејна експлозија, при што е повреден еден пожарникар. -Неговата состојба е стабилна и тој е вон животна опасност. Од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје информираат дека пожарникарот се здобил со повреди на ногата и увото и е пренесен во Комплексот клиники ...
Скопскиот Градски парк беше домаќин на незаборавен музички спектакл под отворено небо, кој преку моќта на класичната уметност успеа културно да ги поврзе и обедини трите соседни престолнини. Изведбата на монументалното ремек-дело „Кармина Бурана“ од Карл Орф привлече рекорден број посетители, кои уживаа во врвната интерпретација на стотици уметници на сцената. Овој голем културен настан беше реализиран како заеднички проект и редок пример на ...
По долги години континуирани реакции, поплаки и сериозно незадоволство од страна на граѓаните, главниот град конечно влегува во процес на решавање на еден од најголемите комунални проблеми. Надлежните најавија дека подготовките на терен се веќе во тек и дека во претстојниот период Скопје ќе добие три современи јавни тоалети. Овие нови санитарни објекти е предвидено да бидат поставени на три исклучително фреквентни и клучни точки низ градот, ...
Денес времето ќе биде сончево и топло. Во попладневните часови во крајните северозападни делови ќе има услови за појава на слаб локален дожд, грмежи и ретка појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен северен ветер. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Од понеделник следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од ...
„Ризница на постоењето – од документ до историја“ е насловена изложбата по повод 75 години постоење на Државниот архив на Република Северна Македонија, која ќе биде отворена вечер од 20:30 часот во Музејот на македонската борба за самостојност, со што ќе почне и годинашното, 47. издание на манифестацијата „Скопско лето“. Изложбата ги опфаќа најзначајните документи кои се чуваат во Државниот архив - централен дел и неговите девет одделенија ...
Од утре до 1 јули, времено нема да сообраќаат дел од патничките возови во земјава и тоа од Скопје во правец кон Велес, Гевгелија и Битола, поради завршни градежни работи за проектот „Градски воз“. - Поради изведување на завршните градежни работи на пругата Скопје-Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково за потребите на проектот ‘Градски воз’, привремено од 22 јуни 2026 до 1 јули 2026 година, нема да сообраќаат неколку ...
Денес започнува сезоната на Раковите, период што го насочува вниманието кон домот, семејството, емоционалната сигурност и она што ни носи убави чувства. Photo by Andrey K on Unsplash Во исто време, Месечината влегува во Вага и носи потреба за мир, рамнотежа и подобри односи со луѓето околу нас. Првата четвртина на Месечината поттикнува важни прилагодувања и одлуки, особено кога станува збор за партнерства, соработки и лични врски. Денот ...
Пронајден 19-годишникот кој вчера прегази 3-годишно девојче во Визбегово и избега. - Во врска со сообраќајната несреќа случена на вчера околу 19.00 часот во село Визбегово, скопско, во која патничко возило удрило во детски велосипед управуван од тригодишно девојче од Скопје кое се здоби со тешки телесни повреди констатирани во Комплекс клиники “Мајка Тереза” по што возачот го напуштил местото на настанот, СВР Скопје презеде мерки за ...
67-годишник од Штип се обидел да бакне малолетничка од Штип додека таа се движела покрај реката Брегалница. - На 19.06.2026 година во 16:00 часот, во СВР Штип, по наредба на јавен обвинител, било задржано лицето С.М.(67) од Штип. Претходно, 48-годишна жена пријавила дека на 18.06.2026 година нејзината 16-годишна ќерка, додека се движела покрај реката Брегалница во Штип, според пријавеното била пресретната од машко лице кое најпрво започнало ...
Дедо од скопско село настрадал од соседот. Бил нападнат со тврд предмет, по што завршил во болница. - На 19.06.2026 околу 23:30 часот во СВР Скопје, С.С.(71) од село Мршевци, скопско пријави дека околу 18:00 часот во дворното место во село Мршевци, поради нарушени меѓусоседски односи, со употреба на тврд предмет, бил физички нападнат од неговиот сосед Д.А., при што му нанел повреди, констатирани во Јавната здравствена установа “Св. Наум ...
Вчера во 21:30 часот, на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на кичевското село Другово, товарно моторно возило „ивеко“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од В.А. (31) од Кичево, при разминување удрило во велосипед управуван од И.С. (52) од село Другово. Велосипедистот со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Кичево, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По насока на јавен обвинител, ...
По повод Меѓународниот ден на јогата, Индиската амбасада во Северна Македонија организира јавен настан што ќе се одржи на 20 јуни, од 10:00 до 12:00 часот, кај Школка во Градскиот парк во Скопје. Денот на јогата, 21 јуни, е воведен од Обединетите Нации во 2014 година, со поддршка од рекордни 175 земји. Годинешниот Меѓународен ден е под мотото „Јога за здраво стареење“. На настанот ќе присуствува и учесниците ќе ги поздрави амбасадорот на ...
Вчера околу 12:00 часот во СВР Скопје е пријавена сообраќајна несреќа на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, во која учествувале товарно возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.И. (31) од Скопје, и мотоцикл „хонда“, исто така со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.С. (41) од Скопје. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Јавната здравствена установа ...