Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
На предлог на Министерството за здравство, Владата ја усвои информацијата за формирање Центар за итна медицинска помош Скопје, со цел воспоставување поефикасен и поодржлив систем за итен медицински одговор, скратување на времето на интервенција и унапредување на капацитетите за спасување човечки животи, соопштија од Министерството за здравство (МЗ). „Одвојувањето на Итната медицинска помош претставува значајна системска реформа насочена кон ...
Репрезентацијата на Канада ноќеска убедливо славеше над репрезентацијата на Катар, но покрај убедливата победа на домашната селекција, натпреварот беше одбележан и со стартовите на катарските играчи, кои добија црвени картони. Првиот црвен картон му беше доделен на Хомам Ал Амин во првото полувреме додека беше последен играч. Но, најстрашниот момент се случи во 53-тата минута кога Асим Мадибо со жесток удар му ја скрши ногата на Канаѓанецот ...
Од Царинската управа денеска информираа дека доктор и медицинска сестра сакале да криумчарат вкупно 199 вијали со ботокс, во вредност од 615 илјади денари, преку поштенска пратка декларирана како козметички примероци во вредност од 80 долари. Против нив е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје за сторени кривични дела, криумчарење и царинска измама, казниви согласно Кривичниот законик. Како што посочија од Царина, случајот бил откриен од ...
Скопје ќе добие јавни тоалети. Иако не се знае кога, градоналникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, откри дека подготовките се во тек. - Во подготовка се три современи јавни тоалети. Еден ќе биде поставен во Градскиот парк, еден на плоштадот „Филип Втори“, а еден во близина на Градскиот плоштад, сподели тој во коментар на социјалните мрежи откако граѓаните побараа решение на овој проблем. Проблемот со немањето јавни тоалети поодамна го потенцираат ...
Општина Карпош продолжува со реализација на проекти и активности насочени кон унапредување на условите за образование, физичка активност и здрав развој на учениците преку модернизација на училишната инфраструктура, нагласуваат од локалната самоуправа. „Во услови кога современите животни текови и растењето на трендот за зголемено користење на технологијата влијаат на намалената физичка активност кај децата и младите, Општина Карпош презема ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски информираше дека нивните екипи веќе втор ден активно собираат кабаст отпад и поголема количина смет на Кале. Тој додаде дека кабаст отпад се собира и во Буњаковец, Дебар Маало и на „50 Дивизија“. Исто така, посочи дека паралелно се спроведува и интензивно косење и уредување на зелените површини. „Апелирам за поголема одговорност кон хигиената, јавното здравје и просторот во кој живееме“, ...
Вчера во периодот од 16:00 до 01:00 часот на подрачјето на Град Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведе зајакната акциска контрола во сообраќајот, информираа од МВР. Од таму посочија дека биле преземени вкупно 168 мерки, од кои - 56 мерки за управување мотоцикл без кацига, шест мерки за возење со несоодветна категорија, 18 мерки за возење велосипед со помошен мотор без положен возачки испит, пет мерки ...
Некои љубовни приказни започнуваат како случајност, а завршуваат како песна. Токму таква е „Михаела“, најновото музичко остварување на Влатко и Златко Миладиноски, инспирирано од вистинска приказна и од чувствата кои остануваат врежани длабоко во срцето. Во новата балада, Влатко Миладиноски пее за љубовта како благослов, за средбата со сродна душа и за моментот кога два различни животни патишта се спојуваат во еден. Низ стиховите се ...
„Веропулос“ ДООЕЛ Скопје е казнет со 14.500 евра во денарска противвредност поради прекршување на правилата за фер трговија, односно за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи. Информацијата е објавена на веб-страницата на Комисијата за заштита на конкуренцијата, а произлегува од пресуда на Управниот суд, со која е одбиена тужбата на компанијата против решението на Комисијата. Со ...
Вчера во 15:30 часот во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода Б.К.(34) од Дебар. Од МВР информираат дека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од таму. Вчера во 15:30 часот во ...
Во доцните вечерни часови, сѐ до рано наутро, беше реализирана четвртата фаза од дезинсекцијата против комарци, од земја, на подрачјето на градот Скопје, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. „Ова е важна превентивна мерка за заштита на јавното здравје, спречување на ширење заразни болести и обезбедување поквалитетна животна средина за граѓаните. Активноста се спроведе согласно програмата и законските одредби кои произлегуваат од Законот ...
Поради изведување на градежни работи на пругата Скопје – Велес привремено нема да сообраќаат дел од патничките возови, информираа од Јавното претпријатие Инфраструктура. Јавното претпријатие Инфраструктура информира дека поради изведување на завршните градежни работи на пругата Скопје – Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково за потребите на проектот „Градски воз“, привремено од 22.6.2026 до 1.7.2026 година, нема да ...
Под слоганот „Сите нека знаат“, на 20 јуни во Скопје ќе се одржи Скопје Прајд 2026, настан посветен на човековите права, еднаквоста и достоинствениот живот на ЛГБТИК+ заедницата во земјава. Организаторите информираат дека Парадата на гордоста и оваа година ќе има карактер на протестен марш, преку кој ќе се испратат пораки за видливост, солидарност и отпор кон дискриминацијата. „Парадата на гордоста претставува протестен марш за човекови ...
Денот започнува со позитивна и самоуверена енергија. Photo by Outi Marjaana on Unsplash Хармоничниот аспект помеѓу Месечината во Лав и Сонцето во Близнаци носи можности да се истакнете, да бидете забележани и да се посветите на нешто што навистина ве радува. Можно е да добиете признание, поддршка или едноставно да почувствувате дека сте на вистинскиот пат. Подоцна, Месечината влегува во Девица и вниманието се префрла кон организацијата, ...
Синоќа во 20:30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.Е.(59) од Тетово. Од МВР информираат дека 59-годишниот Ш.Е. бил уапсен, постапувајќи по претходна пријава од неговата 50-годишна сопруга дека по кратка расправија во семејниот дом се обидел физички да ја нападне. Тој е задржан во полициска станица и при извршена проверка, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,03 промили ...
67-годишен жител на ресенско Грнчари бил пронајден починат покрај превртен трактор на земјен пат во атарот на селото. Како што информираа од СВР Битола, случајот во ОВР Ресен бил пријавен завчера околу 21:25 часот. На местото бил пронајден 67-годишниот Ф.К. од село Грнчари, кој лежел покрај превртениот трактор. Лекар констатирал смрт на лицето, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција со цел да се утврдат точните ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода 11 лица кај кои била пронајдена дрога. Од МВР споделија детали за сите настани: Вчера во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.А.(30), В.С.(26) и Љ.С.(25), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и ризли. Исто така вчера во 16:00 часот во ...
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се огласи по денешната акција во која беше приведен поранешниот претседател Илчо Ѓорѓиоски и откри дека утврдената штета во периодот од 2015 до 2019 година надминува 2,5 милиони евра. Во соопштението, ФФМ посочува дека случајот бил пријавен до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција уште во 2019 година, по што била спроведена истрага од Управата за финансиска ...
Четири жени од Кавадарци се степале среде улица во Кавадарци. - На 17.06.2026 во периодот од 17:25 до 17:40 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги привеле И.С.(32), С.С.(31), 30-годишната С.С. и 30-годишната С.С., сите од Кавадарци, затоа што на ул.„Браќа Џунови“ во Кавадарци го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, соопштија денеска од полицијата во дневниот билтен. По документирање на настанот, ќе ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски сподели дека денеска заедно со градоначалникот на општина Сарај, Мухамед Елмази и министерот за животна средина Мухамед Хоџа, го посетиле просторот покрај реката Вардар, на патот кон селото Рашче, место за кое вели дека до вчера било дива депонија, а денес веќе се чисти и се подготвува да добие сосема нов лик. „Овој запуштен простор ќе прерасне во голем, модерен и уреден парк, со хортикултурно и ...
Од Скопската зоолошка градина информираат дека денеска во слават двоен роденден на нивните морски лавови Кан и Гете. Од таму посочија дека Кан е роден на 16.06.2008 година во Хрватска, а Гете на 18.06.2018 година во Германија и денеска заедно ги прославуваат нивните родендени и им посакуваат уште многу здрави, весели и разиграни години во Скопје ЗОО. „Нашите посетители секој ден имаат можност одблизу да ги запознаат морските лавови преку ...
Вчера во 19:20 часот во Велес полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Т.(30) од Велес. Како што се наведува во полицискиот билтен, 30-годишниот С.Т. бил уапсен постапувајќи по претходна пријава дека на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес, по кратка расправија, упатил закани на А.Ј.(24) од Велес и неговата сопруга М.Ј., при што употребил остар предмет. С.Т. бил приведен во полициска станица, а предметот бил пронајден и одземен. ...
36-годишник од скопско е тешко повреден во сообраќајната несреќа што се случи вчера изутрината кај клучката Радишани. - На 17.06.2026 во 05:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје „Мајка Тереза“, кај клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(36) од село Петровец, скопско и товарно возило „даф“ со скопски регистарски ознаки, ...
Млад маж се обидел да влезе во стан на 33-годишна жена во скопски Аеродром, а подоцна и во станот на нејзината сосетка. - На 17.06.2026 во 15:20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.А.(30) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 14:00 часот се обидел да влезе во стан на 33-годишна жена, а потоа се обидел да влезе и во станот кај нејзината 34-годишна ...
Синоќа околу 19:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот од Градско кон Скопје се движи патничко возило „мерцедес“ кое било со регистарски таблички од друго возило. Како што се наведува во полицискиот билтен, возилото не застанало на знак за запирање и на клучка Миладиновци се вратило назад и продолжило по земјен пат во село Блаце, општина Петровец, каде што удрило во дрво, по што возачот го напуштил местото. По пребарување на ...
ВМРО ДПМНЕ синоќа во Струмица го одбележа 36 роденден на партијата. На свеченоста, пред присутните членови и симпатизери претседателот на партијата и премиер Христијан Мицкоски испрати неколку пораки и најави промени кои, како што рече, почнуваат од утре со реконструкцијата на Владата. Мицкоски нагласи дека го следи феноменот кај дел од ешалоните на власта кои се однесувале спротивно на принципите на Владата и на кои, како што рече ...
Три девојки се повредни отккао со четирицикл излетале од коловоз во тетовско. Од СВР Тетово информираат дека вчера во 13:00 часот било пријавено дека четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од Е.Т. (25) од селото Селце, излетал од коловозот. Во несреќата возачката се здобила со тешки телесни повреди, додека нејзините сопатнички Е.Б. (18) и В.Т. (20), исто така од селото Селце, се здобиле со телесни повреди. Повредите биле ...
Синоќа во 22:00 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Р.(54) од Гостивар. Како што се наведува во полицискиот билтен, 54-годишниот гостиварец бил уапсен, постапувајќи по претходна пријава од И.И.(60) од Гостивар дека околу 21:00 часот физички го нападнал него и неговиот син во казино, при што употребил и метален предмет и спреј за очи. Тој е задржан во полициска станица и по ...
31-годишна тетовчанка осомничена дека креирала лажни профили со фотографии од машко лице. Во полицискиот билтен се наведува дека СВР Тетово поднело известување против лицето С.Х.(31) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Пријавената, подолг временски период на социјална мрежа креирала лажни профили со фотографии од машко лице. 31-годишна тетовчанка осомничена дека креирала ...