Полицијата трага по непознат потпалувач, кој денеска подметнал пожар на возила кај бугарската Амбасада во центарот на Скопје. Според засега неофицијални информации, напаѓачот полил и запалил едно возило „сузуки витара“, а пожарот го зафатил и соседното возило, сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Македонија, по што побегнал. Вработените во обезбедувањето на Амбасадата за кратко го изгаснале пожарот. Полицијата е на терен. ...

Малолетник и тинејџер се тешко повредени при сообраќајка во радовишко. - На 14.06.2026 во 16:30 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека во село Ораовица, радовишко, на место викано „Манастирско место“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „априлија“ со радовишки регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од село Ораовица, радовишко и мотоцикл „хонда“ управуван од К.Т.(18) од село Подареш, радовишко. Во несреќата со тешки телесни ...

Во рамки на кампањата за вработување „Добра игра. Фер плеј“, Лидл Северна Македонија започнува со реализација на караван кој во текот на јуни ќе посети шест градови низ државата. Првата средба со заинтересираните кандидати ќе се одржи утре, 16 јуни, во 11.00 часот во „Штип Сити Мол“ во Штип. Преку караванот, заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се информираат за отворените работни позиции во логистичкиот центар на Lidl во Куманово, ...

Синоќа во 22:45 часот во село Палатица, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишиле од слобода З.Р.(67) од Палатица. Како што се наведува во полицискиот билтен, тој бил пријавен од Н.С.(40) од истото село дека околу 18:00 часот во дворот на основното училиште во селото физички го нападнал неговиот 11-годишен син, при што употребил и тврд предмет. Тој е задржан во полициска станица и по целосно расчистување на случајот ќе ...

СВР Струмица - ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Г.А.(55) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама при добивање кредит или друга погодност“, „злоупотреба на лични податоци“ и „фалсификување исправа“. Како што се наведува во полицискиот билтен, пријавениот, во периодот до 18.08.2022, спротивно на условите утврдени со закон и без согласност на лице од Гевгелија, телефонски ги прибирал, обработил ...

Апликација „МојДДВ“ на Управата за јавни приходи (УЈП) од денеска е повторно целосно функционална за сите граѓани. Корисниците можат непречено да продолжат со скенирањето на своите фискални сметки за да остварат право на поврат на дел од данокот на додадена вредност. Апликацијата беше во прекин неколку дена поради технички прилагодувања и неопходна надградба на целиот систем. По завршувањето на овие процеси, системот е повторно активен и ...

Вчера во 13:45 часот во Гостивар, полициски службеници ги лишиле од слобода 15-годишник од село Дебреше и Ф.Џ.(20) од Гостивар поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Во полицискиот билтен се наведува дека претходно, во ОВР Гостивар, Д.Ц.(44) од Гостивар пријавил дека околу 13:30 часот лицата биле затекнати во манастирот „Преображение Христово“ како одземаат пари оставени на иконите, по што ги вратиле парите. Според пријавеното, ...

50-годишна жена од Куманово прегазена на скопска крстосница. Се здобила со тешки повреди. - На 14.06.2026 околу 15:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Крушевска Република“ со ул.„Мирче Ацев“ во Скопје, патничко возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(56) од Скопје, удрило во 50-годишната С.Б. од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Б., констатирани во Комплекс ...

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) со големо задоволство ја информира јавноста дека Европската ракометна федерација (ЕХФ) официјално ја потврдила кандидатурата на нашата држава за организација на Европското првенство за мажи до 18 години – EHF EURO 2028. Како што посочија од РФМ, одлуката била донесена од страна на Извршниот комитет на ЕХФ на состанокот одржан пред два дена, а со тоа Македонија ја добила довербата да биде домаќин на ...

Спортскиот центар „Бранители“ во општина Ѓорче Петров ќе добие нова фитнес зона, сподели градоначалникот Александар Стојкоски во објава на социјалните мрежи. „Во рамки на спортскиот центар „Бранители“ поставуваме современ калистеника парк - нова фитнес зона на отворено, наменета за сите генерации, за рекреација, спорт и здрави навики. Продолжуваме да го комплетираме најголемиот спортски центар во Ѓорче Петров“, истакна Стојкоски. Тој посочи ...

Заменик-градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, денеска ги прими најуспешните ученици - првенците на генерацијата 2025/2026 година, од десетте општински основни училишта. Во знак на признание за нивниот исклучителен успех, посветеност и вложен труд, Општина Карпош им додели парична награда во висина од 10.000 денари, како поттик за нивен понатамошен образовен развој. Како дополнително признание за постигнатите резултати, ...

67-годишник бил пронајден починат во својот дом во планинско село во општина Маврово и Ростуше во саботата вечерта. Живеел сам. - На 13.06.2026 во 21:00 часот во Полициското одделение Маврово е пријавено дека пред влезната врата од куќата во село Врбен бил пронајден починат Т.Ј.(67) од истото село, кој живел сам. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинитиел, телото на починатиот било дадено на обдукција, соопштија од полицијата. ...

Овој светител беше родум од Антиохија и живееше во времето на царевите Диоклецијан и Максимијан. Се подвизувше крепко на Ливанската Гора и имаше од Бога голем дар на чудотворство. Како архијереј тргна да го проповеда Евангелието. Кога дојде во Охрид, Еразмо го воскресна синот на некој човек и го крсти овој човек со името Анастас. Во таа прилика крсти и мнозина други незнабошци и ги разори идолските жртвеници во Охрид. Заради ова беше обвинет ...

Вчера во периодот од 16:00 до 24:00 часот на подрачјето на Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во сообраќајот. Притоа, беа преземени вкупно 219 мерки, од кои - 66 мерки за управување мотоцикл без кацига, шест мерки за возење со несоодветна категорија, 15 мерки за возење велосипед со помошен мотор без положен возачки ...

Денот носи комбинација од емоционална топлина и пријатни изненадувања. Photo by Simona Hantáková on Unsplash Венера во Лав создава хармоничен аспект со Уран во Близнаци, носејќи неочекувани, но позитивни пресврти во љубовта, пријателствата, партнерствата и договорите. Некои односи можат да се развијат во нова насока, а некои луѓе да ве изненадат на убав начин. Во исто време, Месечината влегува во Рак и го насочува вниманието кон домот, ...

Педесет и седумгодишен мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во скопската населба Аеродром. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 13 јуни во 11:10 часот во СВР Скопје. „На крстосницата од улиците „Васко Карангелски“ и „Матеја Матевски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Опел Мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од ...

Триесет и едногодишен скопјанец е приведен од полицијата откако бил пријавен дека физички нападнал двегодишно дете. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 13 јуни во 19:15 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.А. (31) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава. Според информациите од полицијата, инцидентот се случил околу 19:00 часот во двор од семејна куќа, каде што пријавениот физички нападнал ...

Неделата од 15 до 21 јуни носи динамична и интересна астролошка енергија. Photo by Hannah Skelly on Unsplash Венера во Лав создава можности за љубов, радост, креативност и поголема самодоверба, а нејзините хармонични аспекти со Уран и Нептун отвораат врати за пријатни изненадувања, нови можности и убави средби. Иако средината на неделата носи одредени тензии поради опозицијата со Плутон, многу знаци ќе успеат да ја искористат оваа енергија ...

Скопјани од 1 септември ќе можат да ја користат првата линија од проектот „Градски воз“, кој има за цел да обезбеди побрз и поефикасен јавен превоз и да придонесе за намалување на сообраќајниот метеж во главниот град. Според најавите од Македонски железници, прва ќе биде пуштена во употреба трасата Миладиновци – Транспортен центар Скопје. Возот ќе сообраќа преку Илинден и Маџари, а патувањето од почетната до крајната станица ќе трае околу 18 ...

Дали ја паметите Аркадија? За многу скопјани кои растеле во 90-тите и почетокот на новиот милениум, Аркадија не беше само сендвичара. Таа беше место на кое завршуваше вечерта, последна станица по диско, концерт или ноќно излегување, кога градот полека се смируваше, а гладот стануваше најважната работа на светот. Сместена на булеварот „Св. Климент Охридски“, тогашна ЈНА, Аркадија со години беше еден од најпрепознатливите локали во центарот на ...

Скопје е град кој постојано се обновува и повторно се измислува себеси, оценува Euronews во својата репортажа посветена на македонската престолнина, објавена во пресрет на 2028 година кога градот ќе ја носи титулата Европска престолнина на културата. Авторката на текстот го опишува Скопје како „град на меѓународната солидарност“, потсетувајќи на катастрофалниот земјотрес од 1963 година, по кој помош за обновата пристигнала од 78 земји ширум ...

Неделата од 15 до 21 јуни носи интересен спој на промени и стабилизација. Photo by claudia lam on Unsplash Венера во Лав создава атмосфера во која односите, љубовта, самодовербата и личните желби доаѓаат во преден план, додека нејзините аспекти со Уран, Нептун и Плутон ќе поттикнат многумина да се соочат со неочекувани пресврти, важни сознанија и подлабоки вистини. Првата половина од неделата бара флексибилност и отвореност кон нови ...

Полицијата го приведе лицето осомничено за сквернавење на гробни места на Градските гробишта Бутел, откако претходно беше пријавено дека со метален предмет оштетил 11 гробови. Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 13 јуни во 17:50 часот на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.К. (24) од Скопје. Скопје Инфо претходно објави дека вработен ...

Тревникот пред зградата Коце Металец 2 во скопската населба Железара синоќа се претвори во необична оперска сцена, каде фестивалот „Комшилук“ ја донесе „Травијата“ од Џузепе Верди директно меѓу зградите, балконите и соседите. Наместо во театарска сала, операта беше изведена на отворено, во срцето на маалото, пред бројна публика составена од станари, случајни минувачи и љубители на уметноста. Настанот беше дел од овогодишното издание на ...

Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Кисела Вода и Карпош, како и населбата Кадино. Според најавата, од 08:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Банско“ во општина Кисела Вода. Од 09:00 до 11:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија е планиран за дел од улицата „10“ во Кадино. Во истиот термин, од 09:00 до 11:00 ...

На 13 јуни Венера, планетата на љубовта, убавината, задоволството и вредностите, влегува во знакот Лав, каде што ќе внесе повеќе топлина, страст и желба за искрено изразување на чувствата. Photo by Seljan Salimova on Unsplash Лавот е знак кој знае да сака со целото срце. Тој не се крие зад маски, не игра игри и не се плаши да покаже што чувствува. Кога Венера патува низ овој огнен знак, љубовта станува погласна, поотворена и подраматична. ...

Ова е еден од најважните денови во месецот за нови почетоци, идеи и планови. Photo by Clay Banks on Unsplash Младата Месечина во Близнаци отвора врата за нови можности, разговори, проекти и одлуки кои можат да имаат долгорочно значење. Во исто време, хармоничниот аспект со Сатурн во Овен помага овие идеи да не останат само желби, туку да добијат конкретна форма. Денес не е доволно само да сонувате за иднината – време е да направите прв ...

На 14 јуни небото ни ја носи младата месечина во Близнаци, почеток на нов лунарен циклус кој ја активира комуникацијата, учењето, љубопитноста и размената на идеи. Photo by Bernd Dittrich on Unsplash Младата месечина секогаш означува нов почеток, а во знакот Близнаци таа нè повикува да размислуваме поинаку, да поставуваме прашања и да бидеме отворени за нови можности кои можеби претходно не сме ги забележувале. Близнаците се знак на ...

20-годишник од Карбинци пријавил дека бил ограбен на паркинг простор. Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 21:57 часот во СВР Штип, Б.С.(20) од село Карбинци пријавил дека во 21:30 часот на паркинг простор во Штип, едно лице физички го нападнало и му ги одзело прехранбените производи од возилото, кои претходно си ги купил. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип и се преземаат мерки за ...

Ноќеска во 01:47 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово Скопје било пријавено дека претходно околу 19:15 часот во установата бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу осудениците К.Д. и Б.М.. Како што се наведува во полицискиот билтен, при инцидентот Б.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
2.39
24%
1014
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
3.19
30%
1018
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
1.4
35%
1018
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
4.24
38%
1015
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.66
34%
1016
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 29ᴼ
1.9
46%
1018
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
8.49
44%
1012
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
6.18
20%
1012
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
0.96
30%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 28ᴼ
2.68
43%
1018
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 29ᴼ
2.68
31%
1019
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
7.9
100%
1013
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Злато

139576.04

Алуминиум

3.28

Калај

56.36

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Бакар

13.23

Платина

56038.75

Цинк

0.00

Сребро

2044.16

Рутениум

53852.50

Родиум

278103.96

Паладиум

43628.56