Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Во август 2025 година се издадени 280 одобренија за градење, што е за 1,8% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 524 милиони денари, што е за 8% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 179 (63,9%) се наменети за објекти од високоградба, 31 (11,1%) за објекти од нискоградба и 70 ...
Оваа недела носи енергија на расчистување, будење и повторно поврзување со она што ни е навистина важно. Photo by Vitaliy Rigalovsky on Unsplash Венера, планетата на љубовта и хармонијата, влегува во својот дом, знакот Вага и нè потсетува дека вистинската убавина лежи во рамнотежата, мирот и искрените односи. Во исто време, Плутон завршува долг ретрограден период и повторно се движи директно во Водолија, отворајќи врати кон иднината и ...
Оваа недела започнува со енергија на убавина, обновување и поврзување. Photo by Ekaterina Krusanova on Unsplash Венера влегува во Вага, нејзиниот дом, носејќи чувство на хармонија, елеганција и желба за мир во односите. Плутон повторно се движи директно во Водолија, па колективно чувствуваме дека нешто се поместува, како тежина што конечно почнува да се растопува. Се отвораат врати што долго беа затворени, а оние што знаат да препознаат момент ...
49-годишник е тешко повреден откако со трактор излетал од пат. - На 10.10.2025 околу 13:30 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на локален пат од с.Лубница кон с.Скоруша, на место викано „Сечков дол“, општина Конче, 49-годишниот В.Р. од село Лубница, управувајќи трактор „имт“ со приколка изгубил контрола и со тракторот излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип, ...
46-годишен маж од скопско пријавил дека во мај годинава, 18-годишен скопјанец извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. - На 09.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од скопско, пријави дека во мај 2025 година, 18-годишник од Скопје извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во денешниот полициски билтен. Полицијата презема мерки за целосно расчистување ...
Малолетник од скопски Сарај вчера бил нападнат од две лица, кои подоцна го удриле и со возило пред трговски центар. Според информациите на полциијата, на 10.10.2025 околу 16:00 часот во СВР Скопје, малолетник од село Сарај, скопско, пријави дека пред средно училиште на подрачјето на општина Сарај, скопско, бил физички нападнат од И.С.(18) од с.Глумово, општина Сарај и уште едно лице, при што едниот употребил тврд предмет. Според пријавеното, ...
Педесетгодишниот Б.М. од село Брест, општина Македонски Брод, вчера беше приведен од страна на полициски службеници од ОВР Македонски Брод. Тој е осомничен дека повеќепати телефонски се заканувал на Г.А. (47) од Македонски Брод со цел да ја поддржи неговата листа за претстојните локални избори. Според пријавата, последната закана се случила додека Г.А. го пријавувал случајот во полициска станица, а заканите биле слушнати од присутните полициски ...
61-годишна охриѓанка која управувала мопед е тешко повредени при судир со возило во Охрид. Како што соопштија од полицијата, вчера во 09:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосница од бул.„Туристичка“ со ул.„Стив Наумов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно патничко возило „фолксваген кеди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.И.(65) од Охрид и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од 61-годишната С.Д. од ...
Американец уапсен на еден граничен премин. Како што информираа од полицијата, на 10.10.2025 во 13:00 часот на Граничен премин Блато, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода В.П.(35) од САД затоа што при гранична контрола е констатирано дека евидира во системот со мерка „Задржи и извести“ по барање на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар. Лицето е предадено во Полициска станица Дебар за понатамошна ...
Според медиумите од регионот, 20-годишен боксер е осомничениот маж од Љубљана е мажот кој до смрт го претепал 38-годишниот Стојче Ѓоргиев од Грдовци, кочанско. Тој наводно се јавил во полиција сам или заедно со својот татко и рекол дека нокаутирал некого во центарот на главниот град. 20-годишникот во вторникот бил изведен пред истражен судија, кој по испрашувањето нареди да биде приведен. „Поради интересот на истрагата, која сè уште е во тек, ...
Денеска по полноќ, во 00:10 часот преку СВР Тетово, Ј.Т. од Тетово пријавил дека во неговиот угостителски објект во Тетово дошло малолетно женско лице, кое не знаело да каже од каде е. - Веднаш е постапено во однос на пријавата и полициски службеници во соработка со службеници од Центарот за социјални работи Тетово утврдено е дека се работи за А.М.(16) од Скопје за која во Полициската станица Бит Пазар на 30.09.2025 од нејзината мајка А.М.(51) ...
Уапсена е 30-годишна жена од гостиварско, од казиното каде што работела одзела пари. - На 10.10.2025 во 21:40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишија од слобода М.П.Ј.(30) од с.Волковија, гостиварско, постапувајќи по пријава од менаџерка во казино во Гостивар дека при контрола во казиното констатирала дека во касата фали промет од 816.297 денари и дека вработената М.П.Ј. си префрлила електронски кредит и ги потрошила ...
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција го претстави еден од седумте столбови на неговата изборна програма – „Скопје – град на слоеви, град на култура“. -Скопје е град што има историја, карактер и душа. Град што многу пати бил погоден, но секогаш успевал да се издигне, да се обнови и да продолжи напред. И секогаш, токму културата била таа што го чувала неговиот дух. Денес, кога ...
Вистински „стресе“ скандалот со директорот на скопската клиника за неврологија - Игор Кузмановски. Поради видеото со „шмркање бело“, тој беше разрешен од функцијата, а и јавно се извини за видеото. И таа доверба во здравството кое го имаа граѓаните, трагајќи по доктор кој ќе ги излечи, е „расклатена“. Со став во свој стил се огласи и познатата инфлуенсерка и гласноговорничка на секоја општествено значајна тема, Ина Многуфина, која порача дека ...
Обвинителството денеска информира дека во текот на ноќта и утринава од Основното јавно обвинителство од Гостивар се издадени повеќе наредби со цел откривање на сторителите кои вчера извршија грабеж во златара во близина на малиот пазар во Гостивар. Разбојништвото се случи вчера попладне, а случајот беше пријавен во полиција во 18:45 часот. Четворицата максирани лица со автоматско оружје го извршиле разбојништвото по што побегнале со БМВ без ...
Министерството за внатрешни работи го санкционираше возачот на министерот за здравство Азир Алиу, откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа опасно и недозволено возење низ центарот на Скопје. Според информациите од МВР, денеска полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со лицето Б.Б., поради видео објавено на 9 октомври на кое се гледа како на булеварот „Партизански одреди“ управува службено возило „Шкода“ ...
Вчера во 11:40 часот во село Стојаково, општина Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода С.Ф.(43) од село Стојаково. Со судска наредба извршен е претрес во неговиот дом, при што во близина на домот полициските службеници пронашле исечени стебла од растението канабис. По преземени мерки утврдена е и локацијата од каде се исечени истите, каде биле пронајдени и предмети за нивно одгледување. С.Ф. е задржан ...
Градоначалникот и кандидат за уште еден манадт во Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во интервјуто за „Слободен печат“ вели дека во наредниот мандат ќе се обиде да заврши голем број отпочнати или планирани проекти. – Сега почнавме да ја градиме градинката во Дексион, а отпочнуваме и со доградба на едно училиште, така што имаме голем фронт за работа, некои 21 километар и повеќе нови локални улици, патишта. Да не ставам долги рокови, но мислам ...
Бурни реакции во јавноста за скандалот со директорот на скопската клиника за неврологија - Игор Кузмановски. Поради видеото со „шмркање бело“, тој беше разрешен од функцијата, а и јавно се извини за видеото. Со став во свој стил се огласи и познатата инфлуенсерка и гласноговорничка на секоја оптествено значајна тема. Еве што порача: - Сега после вчерашниот скандал можеме да сфатиме дека докторов е сосема ок да продолжи да лечи пациенти ама не ...
„11 Октомври нека биде потсетник за нашата одговорност, да ја унапредуваме татковината со обединети сили, знаење и заедништво. Само така ќе обезбедиме стабилна и просперитетна иднина за генерациите што доаѓаат“, порачува министерот за за јавна администрација Горан Минчев во честитката упатена по повод 11 Октомври. – На овој ден се сеќаваме на храбрите мажи и жени кои, пред повеќе од осум децении, храбро се спротивставија на тиранијата и ги ...
По неколкуте стабилни денови, од средината на следната седмица се очекува промена на времето со услови за локални врнежи од дожд, најмногу во североисточните делови од земјата. До вторник времето ќе биде претежно стабилно, со сончеви периоди и умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и умерен северен ветер, кој ...
Вчера во центарот на Гостивар се случила дрска разбојничка кражба во златара. Неколку вооружени и маскирани лица влегле во објектот, ограбиле значителна количина злато и пари, а потоа со црн џип побегнале во непознат правец. Разбојниците, за да го отежнат движењето на полициските екипи, фрлиле бодликави жици на повеќе локации во центарот на градот. „На 10.10.2025 година во 18:45 часот во СВР Тетово, В.П. од Гостивар пријавил дека четири ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а в долж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер. Во североисточните делови ќе има услови за локален слаб дожд, информираа утрово од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје ќе преовладува сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Според метеопрогнозите, од вторник во земјава ќе преовладува стабилно ...
Лишен од слобода крадец во Кавадарци. Денеска (10.10.2025) во 12:40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Л.С.(44) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на 08.10.2025 во 14:30 часот извршил „разбојничка кражба“. Како што информираат од МВР, тој се сомничи дека одзел производи кои биле поставени пред продажен објект во Кавадарци, по што бил забележан од вработена во маркетот. Таа се упатила кон него да ...
Балканската музичка ѕвезда Северина викендов настапува во Велес, таа е специјална гостинка на овогодинешната манифестација „Питијада“. Традиционалниот фестивал на велешка пита (пастрамајлија) и вино по вкус на сите генерации ќе се одржи од 10 до 12 октомври во Велес! Музичката програма ќе ја збогатат и Кате и Ѓоко Ѓорчев, Пајак, Мики Секуловски. Северина настапот во Велес за претстојната сабота го најави и на својот инстаграм профил. View this ...
Кривично ќе се гони 35-годишен маж од Виница затоа што физички нападнал полицајци на должност. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против У.М.(35) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 03.08.2025 во угостителски објект во Виница, пријавениот физички нападнал двајца полициски службеници кои вршеле ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска најави бесплатни Wi-Fi зони во Ѓорче Петров. „Со градоначалникот Александар Стојкоски и пратеникот Бојан Стојановски го најавивме проектот за бесплатни WI-FI зони каде граѓаните ќе имаат пристап до бесплатен интернет. Првата таква во паркот Ѓорче Петров, вели Андоновски во својата Фејсбук објаба. Тој посочи дека нивната заложба како министерство е да овозможат на граѓаните да ...
„Планот за Водно” е составен од мерки и политики кои имаат за цел заштита на овој дел од Скопје и овозможување на подобри услови за рекреација и спорт на сите граѓани – посетители, истакна професорот Горан Марковски кој е кандидат за градоначалник на Скопје. Тој ја посочи заложбата за продолжување на жичарата, но и изградба на јавни тоалети (на почетокот, на Средно Водно и на врвот). Дополнително, истакна дека до Средно Водно во текот на ...
ЈСП Скопје ги известува корисниците дека утре (сабота) по повод државниот празник 11 Октомври - Ден на народното востание, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Дежурна ќе бидат билетарницата и центарот за персонализација на Транспортен центар, која ќе работи од 8 до 14 часот. Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-18 часот, при што од 17-17:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 17:45 ...
Репрезентацијата на Белгија е вечерашниот ривал на најдобрата македонска фудбалска репрезентација. Дуелот се игра во Гент, а воедно е натпревар од групата Ј. Македонската репрезентација како првопласирана влегува во пресрет на последните три натпревари, додека втората Белгија има бод помалку, но и натпревар повеќе за одигрување. Избраниците на селекторот Благоја Милевски од среда се во Гент, а синоќа одржаа и тренинг на теренот каде вечерва се ...